стевче антовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Nov 2022 12:11:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стевче антовски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Антовски: На криминалите во РЕК Битола им нема крај https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-na-kriminalite-vo-rek-bitola-im-nema-kraj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-na-kriminalite-vo-rek-bitola-im-nema-kraj/#respond Mon, 28 Nov 2022 12:11:11 +0000 https://kurir.mk/?p=767570

На скандалите и криминалите во РЕК Битола никако да им дојде крајот. После нашето обелоденување на криминалниот тендер за ископ на јаглен, додека невешто се трудат да ги оправдаат своите афери, ги повикуваме да објаснат како ги поделиле 7-те милиони евра повеќе, истакна на денешната прес-конференција Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Антовски: Да потсетиме, РЕК Битола склучува коруптивен договор во висина од 20.000.000 евра. на тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, а само за споредба кога имало конкуренција за истата намена во 2021 година РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку. Бројките се немилосрдни. Кога имало конкуренција цените биле далеку пониски. Ете на пример во минатото кога имало негативно наддавање за тендер, цената на јагленот по GJ(гига џул) достигнувала цена од 99 денари/GJ (единечна цена во која се наплаќа донесениот јаглен во сооднос квалитет и количина). Напротив, кога немало наддавање во 2021 година цената била неверојатни 130 денари на тендерот кој го договориле во четири очи со фирмата која ја фаворизираат. За истата услуга во 2022 година цената достигнала до 153 денари со ДДВ, повторно на тендер кој е договорен во четири очи! Ете затоа тендерите стануваат се поскапи, а РЕК Битола тоне се повеќе. Лакомоста на раководството на РЕК Битола не завршува тука. Криминалот е многу поголем при реализација на овие тендери, кога истиот камион неколку пати поминува на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен, т.е. истиот товар се наплаќа и фактурира неколкукратно, па оваа цена неколкукратно ја надминува цената по GJ. Но, ова е само еден од начините за испумпување на средства од РЕК Битола. Денес ќе објавиме зошто синдикалниот лидер на РЕК Битола Менде Фидановски молчи и нема ниту збор за бројните афери поврзани со РЕК Битола, за теророт, за отпуштањата, за немањето ХТЗ опрема. Зошто нема ниту збор од него за уништувањето на компанијата и за туркањето во загуба?! Зошто од синдикатот нема ниту збор за потенцијалното затворање на работните места во ЕЛЕМ! Менде Фидановски откако е главен синдикалец има наплатено 1.200.000 евра од РЕК Битола на име тендери, преку сопствената семејна компанија која до 2020 година била водена од неговата сопруга. Истата таа од 2020 година е вработена во РЕК Битола, во службата за деловно техничка апликација како организатор на обработка. Сега семејната фирма со еден вработен КОМПАКТ МСФ ДООЕЛ Битола, ја води нивниот син Мартин Фидановски. Договорите кои ги објавуваме сведочат за тоа како преку семејната фирма на синдикалниот лидер Менде Фидановски „КОМПАКТ МСФ“ ДООЕЛ Битола се испумпуваат народни пари од РЕК Битола. Фирмата учествува на тендер во РЕК Битола и го добива тендерот. За тоа сведочат договорите од 21.6.2022 година и од 26.8.2022 година. Разликата од оние договори од 2020 година е што тогаш тие се потпишувани од сопругата на Менде, а во 2022 година од синот, бидејќи како награда, сопругата на Менде веќе е вработена во РЕК Битола. Неколку пати предупредуваме дека во РЕК Битола безмилосно се краде. Ги повикуваме истражните органи да реагираат по допрен глас за лица кои ги крадат нашите и вашите пари. ПРЕМНОГУ Е! Одговорност ќе има за сите! Избори што побргу и нова влада за да се престане со раскрчмувањето и крадењето во РЕК Битола!, рече Антовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-na-kriminalite-vo-rek-bitola-im-nema-kraj/feed/ 0
Антовски: РЕК Битола склучила коруптивен договор – за истиот тендер оваа година платила 7 милиони евра повеќе од минатата година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-rek-bitola-skluchila-koruptiven-dogovor-za-istiot-tender-ovaa-godina-platila-7-milioni-evra-povekje-od-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-rek-bitola-skluchila-koruptiven-dogovor-za-istiot-tender-ovaa-godina-platila-7-milioni-evra-povekje-od-minatata-godina/#respond Sun, 27 Nov 2022 10:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=767140

Македонската енергетика предводена од криминалната матрица на СДСМ и ДУИ која сигурно ја носи државата во распад, го достигнува дното со измами, рекетирање и енормно осиромашување на македонскиот народ. Минатата зима имавме прогласено кризна состојба во енергетиката која поради незнаењето, криминалот, како и енормната партизираност на енергетските компании, не чинеше неверојатни 171 милиони евра, директни средства од Буџетот на Република Македонија, кои се префрлија во државната компанија- Електрани на Македонија, вели на денешната прес-конференција Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ. Посочува дека годинава состојбата е уште полоша. За неполн месец увезена е електрична енергија за околу 20 милиони евра! -Дека состојбата во ЕЛЕМ е алармантна доказ е и следното: на 22.11.2022 година во РЕК Битола се склучува коруптивен договор во висина од 20.000.000 евра. На тендерот со еден понудувач „Марковски- компани“, која е фирма миленик на директорот Ковачевски за договори во четири очи, понудила точна сума - токму колку што планирале од РЕК Битола да потрошат. Најстрашно е што кога имало конкуренција во претходната 2021 година за истата услуга на истиот оглас во договор од 24.06.2021 година во РЕК Битола платиле 13.000.000 евра што е за 7.000.000 евра помалку. Кога на минатиот тендер имало наддавање и повеќе понудувачи, цената од планирани 13.500.000 евра паднала на 13.000.000 евра т.е. имало намалување од половина милион евра. Како е можно за истиот тендер минатата година РЕК Битола да платила 13.000.000 евра а оваа година 20.000.000 евра, цели 7.000.000 евра повеќе. Меѓутоа лакомоста и криминалот во РЕК Битола не завршува тука. При реализација на овие тендери истиот камион неколку пати поминува на вага со товарениот материјал без да го истовари на депониите за јаглен кои во рудниците во БРОД ГНЕОТИНО не се обезбедени, ниту пак некој ги контролира и истиот товар се наплаќа односно се фактурира неколкукратно. Испорачаната количина на јаглен е неколкукратно помала бидејќи се испорачува еден товар, а се наплаќа повеќепати, се наплаќаат повеќе фактури за истиот товар. Директен резултат на ваквиот хаос е цената на струјата која ја плаќаат компаниите во Македонија, која е една од највисоките во Европа. Почитувани, ова е сликата за македонската енергетика раководена од СДСМ и ДУИ. Електроенергетскиот систем на Република Македонија е изграден со НАРОДНИ ПАРИ, кои сега безмилосно се трошат поради погрешното менаџирање и профит на поединци. Ова нема да помине неказнето. нагласи Антовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-rek-bitola-skluchila-koruptiven-dogovor-za-istiot-tender-ovaa-godina-platila-7-milioni-evra-povekje-od-minatata-godina/feed/ 0
Антовски: Владата ја креираше енергетската криза и општините мака мачат со ликвидност, но ги спроведуваат и ветените проекти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-vladata-ja-kreirashe-energetskata-kriza-i-opshtinite-maka-machat-so-likvidnost-no-gi-sproveduvaat-i-vetenite-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-vladata-ja-kreirashe-energetskata-kriza-i-opshtinite-maka-machat-so-likvidnost-no-gi-sproveduvaat-i-vetenite-proekti/#respond Sat, 05 Nov 2022 15:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=756245

Енергетската криза која трае повеќе од една година е директна последица од недомаќинското и нестручното работење на Владата. Политиките кои Владата ги води од доаѓање на власта се директна последица и не ја гледам владата како решение, туку како продуцира проблеми, рече Стевче Антовски, член на Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Според него проблемите ги започна самата Влада со усвојување на тн. зелено сценарио за до 2040 година, според кое треба да се исфрлат фосилните горива од употреба за прозиводство на енергија. -Кога Владата започна да го реалзиира ова сценарио кое е нереално за нашата ситуација и воопшто не одговара на состојбата на нашата енергетика и дојдовме до ова лошо сценарио. Ветија инвестиции во обновливи извори на енергија, а тие се симболични. Поважен процес според мене е затворање на термоцентралите и тие престана да вложуваат во нивно одржување и бевме сведоци на секојдневни хаварии во РЕК Битола. Тоа води кон несоодветно искористување на рудниците. Има и нестручно работење со хидроцентралите, рече Антовски. Последиците од енергетската криза, додаде Антовски, ги чувсвтува и локалната самоуправа. -Довербата граѓаните ја дадоа на лица од ВМРО-ДПМНЕ, но имаме енергетска кризна состојба, економска криза и сметките за струја се енорми. Со тоа нарушена е ликвидноста на буџетите на општините. И прашање е како да обезбедите нормален процес и дополнително да ги реализирате проектите, кажа Антовски укажувајќи дека Владата е должна на помогне во ваква ситуација.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-vladata-ja-kreirashe-energetskata-kriza-i-opshtinite-maka-machat-so-likvidnost-no-gi-sproveduvaat-i-vetenite-proekti/feed/ 0
Антовски: Народот ќе плаќа поскапа струја затоа што власта го уништи РЕК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-narodot-kje-plakja-poskapa-struja-zatoa-shto-vlasta-go-unishti-rek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-narodot-kje-plakja-poskapa-struja-zatoa-shto-vlasta-go-unishti-rek/#respond Mon, 27 Jun 2022 10:36:24 +0000 https://kurir.mk/?p=696281

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОМЕ за периодот јули-декември 2022 година достави понуда со која ќе се покријат 100% потребите на ЕВН ХОМЕ на регулираниот пазар на електрична енергија, по цена од 48 евра/MWh. Оваа цена е за 17% поголема од досегашната цена која изнесуваше 41 евра/MWh, истакна на денешната прес-конференција Стевче Антовски, член на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Посочи дека ова е доволен доказ дека нẻ чека ново големо зголемување на цената на струјата од јули годинава. -Срамно е што одговорните лица на СДСМ оправдувањето за новото покачување на цената го бараат во поскапите цени на енергенсите на берзите. Кога веќе сакаат да прават споредби на производната цена на АД ЕЛЕМ со цените на берзите, нека кажат за потрошените 200 милиони евра добиени од буџетот во последните 7 месеци за купување на електрична енергија од берзите поради неможноста на АД ЕЛЕМ да произведува домашна електрична енергија. Дали новото покачување на струјата е директна последица на најниското домашно производство на електрична енергија за 2021 година од 3200 GWh? Раководството на АД ЕЛЕМ наместо да се правда и да го релативизира новото покачување, да објасни како од општествена одговорна компанија стана загубар со 17 милиони евра за 2020 година, со 23 милиони евра за 2021 година и е еден од најголемите должници во државата кон своите доверители, вели  Антовски. Како што истакна денеска сите компании што произведуваат електрична енергија во светот остваруваат големи профити, поради високите цени на берзите. Само нашата домашна компанија за производство на електрична енергија АД ЕЛЕМ генерира загуби. -Наместо целосно исправни и ремонтирани производни капацитети со навремен и доволен ископ на јаглен, Владата на СДСМ само за пет години успеа да го уништи РЕК Битола во целост. Без правилно и навремено одржување и модернизација, со чести хаварии и пожари во блоковите, со поплавени рудници и тендери во четири очи, без нови наоѓалишта и откопи на јаглен јасно е дека ЕЛЕМ секоја година ќе произведува сẻ помалку и помалку електрична енергија. Исто така, потсетуваме на непланското користење на водата од нашите акумулациите на хидроцентралите, додека СДСМ се фалеше дека продавале струја на берзите и оствариле профит, но за жал кога цената на берзата е најниска во летните периоди. Таа е почитувани, вистината за состојбата на АД ЕЛЕМ. За да го оправдаат криминалот во енергетиката, СДСМ смисли интересно „зелено“ сценарио, според кое иднината на македонската енергетика е во обновливите извори на енергија. И додека најбогатите европски земји се враќаат кон јагленот како гориво, нашите енергетски експерти од СДСМ нẻ втурнаа во енергетска катастрофа, која тешко дека набргу ќе ја надминеме. Да не заборавиме дека со СДСМ на власт, струјата се покачи за повеќе од 50 % во период од летото 2020 година до сега, а енергетските компании станаа најголеми загубари. Не се доволни ни лагите на Регулаторот, кој се обидува да го сврти вниманието на јавноста од вистинскиот ценовен шок кој што ќе се случи на 1-ви јули, со таканаречените блок тарифи за домаќинставата. Тоа се приказни за оние кои што не знаат дека енергетското цунами наречено СДСМ не може да донесе добро за Македонија. Како што ни го урнаа идентитетот со промената на името, така ја урнаа економијата и енергетиката, истакна тој. Вели, доста ни е од оправдувања и постојани покачувања на цената на струјата. На Македонија и треба правилен развој на енергетиката, со цел да може правилно да се развива и стопанството. Потребни се избори, за што побрзо заминување на СДСМ од власт, за спас на Македонија! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-narodot-kje-plakja-poskapa-struja-zatoa-shto-vlasta-go-unishti-rek/feed/ 0
Антовски: Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зошто за власта има тендери и криминал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-nov-blok-vo-rek-ne-raboti-za-narodot-nema-parno-zoshto-za-vlasta-ima-tenderi-i-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-nov-blok-vo-rek-ne-raboti-za-narodot-nema-parno-zoshto-za-vlasta-ima-tenderi-i-kriminal/#respond Fri, 14 Jan 2022 11:38:38 +0000 https://kurir.mk/?p=619319

Нов блок во РЕК не работи, за народот нема парно зашто за власта има тендери и криминал. Во сред зима делови од Скопје немаат парно, неизвесно е дали утре ќе има греење, затоа што никој од неспособната влада на чело со пиунот Ковачевски не преземале мерки за набавка на евтин гас, кога тоа го правеа владите на државите во регионот и Европа, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Атновски од ВМРО-ДПМНЕ. -Неспособноста која владата ја има сега граѓаните ќе ја плаќаат преку буџетот, но и со тоа е неизвесно дали ќе има греење. Како што се неспособни и го загрозија греењето, така се неспособни и го загрозија снабдувањето со електрична енергија. Блок 3 на РЕК Битола, повторно е надвор од функција, повторно трансформаторот не работи. Станува збор за истиот трансформатор којшто се запали во ноември, а беше наводно минат низ процес на ремонт. Сега пред неколку дена истиот трансформатор го исфрла цел Блок 3 на РЕК Битола од употреба. Поправката на овој трансформатор од технички аспект е многу дискутабилна. Со техниката не се игра и истата не трпи импровизации. Веднаш после синхронизација на блокот се активирала заштитата на блок трансформаторот и Блок 3 е повторно надвор од погон, вели Антовски. Тој додава дека првите контроли и надзор од стручните лица укажуваат на внатрешен дефект на трансформаторот. Негова поправка во вакви случаи трае повеќе од една година. -Ова значи дека Блок 3 во РЕК Битола најмалку една година ќе биде надвор од употреба. А, тоа пак значи дека ТЕЦ Неготино ќе произведува струја за 170 евра за MWh, а ќе ја продава за 41 евро по MWh на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ уште долго време. Што значи тоа? Дополнително загадување на животната средина за подолг временски период, дополнително загадување на воздухот, дополнително нарушување на здравјето на граѓаните на државата. Повеќе од јасно е дека СДСМ ја уништува енергетиката во Македонија, повеќе од јасно е дека СДСМ нема капацитет, нема идеја, нема решенија како да се справи со кризите кои што ги наметна во нашата држава. Несериозноста, лукративноста и инаетењето не водат кон подобро. Итно мора да замине сето раководство во енергетскиот сектор, како Васко Ковачевски, и наместо плетење легенди за „шампиони“ да се посвети внимание за катастрофата во којашто ја втурна државата. Фактите се јасни. Оние кои ја втурнаа Македонија во енергетска криза не може да бидат дел од решението. Треба да си заминат што поскоро за тоа што наскоро ќе го осетат гневот на народот на сопствена кожа, вели Антовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-nov-blok-vo-rek-ne-raboti-za-narodot-nema-parno-zoshto-za-vlasta-ima-tenderi-i-kriminal/feed/ 0
Антовски: СДСМ предлага половични решенија, владата треба да го плати гасот, се друго е лага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-predlaga-polovichni-reshenija-vladata-treba-da-go-plati-gasot-se-drugo-e-laga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-predlaga-polovichni-reshenija-vladata-treba-da-go-plati-gasot-se-drugo-e-laga/#respond Thu, 13 Jan 2022 09:59:36 +0000 https://kurir.mk/?p=618766

Во економијата, во финансиите и бизнисот нема половични решенија, во случајов, или владата ќе плати за гас, или ќе ги остави радијаторите студени! Се друго е евтин партиски пи ар, политички купи ден продај, да потсетиме во време на актуелна кризна состојба заради лукративност и неспособноста, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните се смрзнуваат, тие тераат пи-ар. Популистичките полумерки нема да ги решат проблемите. Исто како и за струјата, сега се нудат половични решенија за централното греење. Во економијата, финансиите, бизнисот нема половични решенија- во случајов, или владата ќе плати за гас, или ќе ги остави радијаторите студени! Се друго е лага! Лукративноста и неспособноста на СДСМ ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, граѓаните плаќаат скапи енергенси, фирмите и општините многукратно повеќе. Лукративноста и неспособноста за струјата ги осиромашува и граѓаните и општините. И сега дополнително се нуди половично решение за греењето на гас. Барајќи од општините и градот Скопје да плаќаат за да го спасуваат парното во Скопје, уште еднаш покажаа дека се целосно изгубени од реалноста. Ги потсетуваме, тоа се истите општини и градот Скопје, кои СДСМ поради неспособност да ја решат енергетската криза, ги втурнаа во банкрот. Фалејќи се дека се справиле со кризата со електричната енергија, за која милуваат да кажат дека не ја покачиле цената на струјата за повеќе од 30-40 %, ама затоа од Буџетот ќе испумпаат 200 милиони евра за компанијата АД ЕЛЕМ. Истите тие ги заборавија и општините и компаниите и сите оние кои се на слободниот пазар, иако прогласија енергетска кризна состојба до јуни 2022 година. Ама за да им бараат пари на општините и градот Скопје, не ги заборавија, вели Антовски. Тој додава дека не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи, почнувајќи од електричната енергија, гасот и топлинската енергија. -Едно е јасно, со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Потребни се итни предвремени парламентарни избори за заминување на СДСМ од власт . Сето ова е потребно бидејќи во енергетиката се наталожија толку многу проблеми кои што СДСМ не се способни да ги решат. СДСМ може само да креира проблеми, но не и да понудат решенија. Со СДСМ Македонија нема иднина, вели Антовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-predlaga-polovichni-reshenija-vladata-treba-da-go-plati-gasot-se-drugo-e-laga/feed/ 0
Антовски: Нова партизација на Регулаторната комисија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antovski-nova-partizacija-na-regulatornata-komisija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antovski-nova-partizacija-na-regulatornata-komisija/#respond Wed, 12 Jan 2022 10:57:17 +0000 https://kurir.mk/?p=618347

Неодамна на страната на Собранието беа објавени материјали за Предлог за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Од приложените документи се гледа дека на 27.12.2021 година владата на Заев и Ахмети испратила документ со којшто се предлага тоа да биде Мерита Дема, кадар на ДУИ. Дури во дописот во точка 2 е цитирано дека согласно Законот за енергетика за член на РКЕ се избира државјанин на Република Македонија кој во последните 15 години пред именувањето има најмалку десет години работни искуство во енергетиката, односно во обезбедувањето на водни услуги, изјави на денешната прес конференција, Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ ги приложува оргиналните документи од страната на Собранието, каде јасно се гледа следното: Мерита Дема е родена на 29.6.1990 година, дипломирала на 8.11.20212, а прво вработување и било на 14.3.2013 година. За потсетување денес сме 12.1.2022 година со што наведениот услов во Законот за енергетика целосно е прекршен. Мерита Дема во последните 15 години не можела да има 10 години искуство во енергетиката, поради својата возраст, дипломирање и прво вработување кое било во март 2013 година. Дали со ова грубо кршење на Законот за енергетика, Заев му се заблагодарува на својот коалиционен партнер ДУИ што му ја спаси власта? - Како може некој кој го нема потребното работни искуство да се избере за член на такво независно тело, во кое се регулуираат цените на струјата, гасот, нафтата, парното греење и водата? - Дали Заев намерно одбира вакви кадри кои потоа за возврат ќе потпишуваат секакви зголемувања на цените на електричната енергија, за да може да се реализираат тендерите на кланот Заеви во РЕК Битола, прашува Антовски. Тој додава дека ова е класично прекршување на законите од владата на СДСМ ДУИ. - Ова е класичен пример за партизација на институциите како Регулторната комисија која треба да биде независно тело. Ова е типичен пример за причина зошто е потребен рестарт со менување на власта. Без тоа ќе функционираме како најкорумпирана држава во која нема владеење на правото и законите, туку само бизнис интереси на СДСМ и ДУИ. Затоа се потребни се нови избори за да ставиме крај на ова зло кое и се случува на Македонија, дециден е Антовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antovski-nova-partizacija-na-regulatornata-komisija/feed/ 0
Антовски: Владата да најде механизам за затоплување на Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-vladata-da-najde-mehanizam-za-zatopluvanje-na-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-vladata-da-najde-mehanizam-za-zatopluvanje-na-skopje/#respond Mon, 10 Jan 2022 10:38:13 +0000 https://kurir.mk/?p=617484

Среде зима и среде енергетска криза, владата мора да изнајде механизам и да им помогне на компаниите за топлинска енергија да испорачаат греење на домаќинската и институциите, ова преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ. -Владата за тоа има можност со самото тоа што веќе таков чекор презеде во секторот за снабдување со електрична енергија, од Буџетот ќе се испумпаат 200 милиони евра за ЕЛЕМ. Трите компании БЕГ, Топланата Скопје Север и ЕСМ енергетика, во интререс на граѓаните не смеат да бидат жртви на несовесно работење и долгови. Почитувани, во 21 век под изговор на т.н. „оптимизиран“ режим, скопјани не ја добиваат потребната топлинска енергија. И покрај покачената цена од 14%, Скопје останува со ладни грејни тела. Зошто РКЕ молчи за овој проблем?, прашува Антовски. Тој исто така прашува и дали навистина компаниите испорачуваат топлинска енергија според Правилата за снабдување и Мрежните правила за дистрибуција на топлина? -Според овие акти во период од 6 до 22 часот во секој дом треба да се постигнува температура од 20 +1 степени целзиусови. Зошто Владата одбира да помогне само на ЕСМ, а не на сите оние кои имаат проблеми со зголемување на цените на сите енергенси, вклучувајќи го и БЕГ и Топлификација Скопје-Север? Срамно е што државата дозволува граѓани корисници на греење од Топлана Север, да бидат жртви на долг од институција како Општина Чаир, и да ги остави без греење среде зима. За потсетување, во ек е енергетска кризна состојба. Цената на природниот гас на којшто работат трите топлани, компании за обезбедување централно греење во Скопје, е неколукратно поскапен. Државата мора да се грижи за своите граѓани, притоа редовни плаќачи на сметките за греење. Едно е јасно! Со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Се наталожија толку многу проблеми во енергетиката кои повеќе од јасно е дека СДСМ нема капацитет институционално да ги реши овие проблеми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-vladata-da-najde-mehanizam-za-zatopluvanje-na-skopje/feed/ 0
Антовски: СДСМ ја уништи македонската енергетика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-ja-unishti-makedonskata-energetika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-ja-unishti-makedonskata-energetika/#respond Sun, 09 Jan 2022 11:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=617164

Не постои сегмент во енергетиката кој СДСМ не го уништи. Вонредно ја зголемија цената на струјата за 9,5%. Ја укинаа дневната евтина тарифа за домаќинствата. Компаниите кои набавуваат струја на слободниот пазар каде струјата е 5 до 6 пати поскапа се оставени сами на себе. Го поскапеа парното за 14%. А, во најголем дел од градот или воопшто не греат или пак не се постигнува доволно загревање. Компаниите кои го користат природниот гас како енергенс, поради енормниот пораст на цената на гасот, имаат огромни финансиски проблеми. Поскапе и метанот за 120%, што доведува до тешкотии во работењето на ЈСП во Скопје, чии автобуси користат метан, истакна на денешната прес конференција Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ. Тој истакна дека не постои сегмент во енергетиката кој не го уништи СДСМ. - АД ЕЛЕМ не е во состојба да ги исполни своите законски обврски кон ЕВН ХОМЕ за што ќе се потрошат повеќе од 200 милиони евра пари од Буџетот за увоз на електрична енергија. СДСМ мора да престанат да ја лажат македонската јавност дека имаме доволно сопствено производство на електрична енергија. Зошто ако е така, Владата носи одлуки за префрлање на пари од Буџетот на сметката на ЕЛЕМ за увоз на електрична енергија? Наместо увоз на скапа струја, требаше да се погрижат за нашите рудници и да отворат нови со кои ќе имаме сопствен јаглен, требаше да отвораат нови инвестиции и нови работни места, за да имавме сега струја со ниска цена од сопствен јаглен, посочи Антовски. Тој вели дека е јасно дека со државата владеат криминално - мафијашки кланови кои ги користат државните институции за сопствени потреби и се спремни да уништат сé, што сме го граделе децении наназад. - Едно можеме да кажеме со сигурност! Со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Зошто Владата одбира да помогне само на ЕСМ, а не на сите оние кои имаат проблеми со зголемување на цените на сите енергенси? Секој нареден ден на оваа криминална власт значи поголем пораз за Македонија. Потребно е итно заминување од власт на СДСМ, потребни се итни предвремени парламентарни избори затоа што народот тоа го бара, додаде Антовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-sdsm-ja-unishti-makedonskata-energetika/feed/ 0
Антовски: Со СДСМ и ДУИ нема иднина за македонската енергетика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-so-sdsm-i-dui-nema-idnina-za-makedonskata-energetika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-so-sdsm-i-dui-nema-idnina-za-makedonskata-energetika/#respond Tue, 04 Jan 2022 12:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=615940

Доста СДСМ го лаже и го убедува народот за покачувањето на електричната енергија. Вистината е дека го клекнаа енергетскиот систем на колена и граѓаните ќе плаќаат над 15% поскапа струја поради нивните криминали, неспособност и неодговорност, ова денеска преку прес-конференција го истакна Стевче Антовски од ВМРО-ДПМНЕ. -АД ЕЛЕМ не е во состојба да произведува електрична енергија. Ископ на јаглен во РЕК Битола речиси и да нема, работи едвај со два блока, хидроакумулациите се целосно празни. РЕК Осломеј е надвор од погон. Проблемите во енергетиката нема да исчезнат со лажните пресови на Бихачка. На народот му е јасно! Зголемувањето на цената на електричната енергија и укинувањето на ефтината тарифа преку ден, ќе предизвикаат осиромашување на домашниот буџет за повеќе од 15 %. Сето ова во комбинација со веќе поскапените цени на храната во маркетите е повеќе од доволен доказ дека СДСМ ја пеплоса Македонија. Само да потсетиме. Зголемувањето на цените во маркетите во голем дел се должи што истите тие набавуваат електрична енергија на слободниот пазар, каде цените се 5-6 повисоки од порано. А, сето ова се случува бидејќи СДСМ мислеше само на тендерите во РЕК Битола, наместо се погрижи за кризната состојба да помогне на големите потрошувачи и да ја спаси домашната економија, вели Антовски. Тој додава дека како новогодишна честитка на скопјани дополнително им се испорача и повисока цена на парното за 14 проценти. -И тоа не е сẻ! Во АД ЕСМ по налог на генералниот директор Васко Ковачевски со Одлуката за принуден одмор на вработени кои не се неопходни во процес на производството, се отвори пандорината кутија за испуштање на вработените на принуден одмор со 70% од плата, а подоцна и трајно губење на работните места. Сега се отвара дилемата дали е ова вовед во намалување на бројот на вработени како предуслов да ги спасат своите сопартијци и да се ослободат од неистомислниците? Времето ќе го покаже одговорот на ова прашање. Едно е јасно! За да се спаси она што е останато, неопходни се промени. Потребни се предвремени избори, после кои на местото на оние кои што ја уништија енергетиката, ќе дојде стручна раководна гарнитура предводена од ВМРО-ДПМНЕ која знае да решава проблеми и да управува со енергетиката. Колку побрзо се случи тоа, толку побрзо Република Македонија ќе ги реши енергетските проблеми, вели Антовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/antovski-so-sdsm-i-dui-nema-idnina-za-makedonskata-energetika/feed/ 0