стево педаровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 09 Apr 2023 07:42:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стево педаровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пендаровски со честитка по повод Велигден https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-chestitka-po-povod-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-chestitka-po-povod-veligden/#respond Sun, 09 Apr 2023 07:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=822007

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар. Дозволете ми на сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар да им го честитам најголемиот христијански празник – Велигден. Годинава Велигден се празнува во време на голема неизвесност и на човечки страдања предизвикани од бројни кризи, воени жаришта, елементарни непогоди и социјални неправди. Особено се погодени најранливите меѓу нас. Велигденската порака нѐ поттикнува, да се поистоветуваме со оние коишто страдаат и со длабока хуманост, солидарност и со емпатија да се застапуваме за мир, за социјална правда и за општество со еднакви можности за сите. Повикани сме да ги поткрепиме оние на коишто им е најпотребна помош, бидејќи малите чекори на добрина можат да направат големи промени во заедницата. Христос воскресна! Навистина воскресна!, се вели во честитката од претседателот Пендаровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-so-chestitka-po-povod-veligden/feed/ 0