стево пендаросвки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 May 2022 08:49:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стево пендаросвки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Честитка од Пендаровски по повод 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-24-maj-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-24-maj-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/#respond Tue, 24 May 2022 08:48:22 +0000 https://kurir.mk/?p=680830

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Почитувани сограѓани, Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, и посакувам овој голем празник да го поминеме во добро здравје, мир и хармонија, во љубов и во радост. Денот посветен на солунските браќа, кои не само што ги поставија темелите на духовноста и на писменоста кај словенските народи туку и инаугурираа идеи и дела исполнети со хуманост и со човекољубие и коишто имаат почитувачи и следбеници ширум светот, за нас е повеќе од празник. Ние имаме особен долг и благодарност кон нивното дело, кое е наш духовен и културен темел, но и светоглед и залог за иднината. Св. Кирил и Методиј се и треба да ни останат патоказ за тоа како да истраеме и како индивидуи и како нација. Почитувани, И единаесет века по упокојувањето на Св. Кирил и Методиј, поборниците за вистината и неуморните заштитници на послабите и на обесправените, сѐ уште се живи нивните дела и нивните мисли, но, за жал, живи се и догмите против коишто се бореа. Сѐ уште има такви коишто си земаат за право да имаат ексклузивитет врз општите и заеднички добра и се обидуваат да ги потчинуваат и условуваат останатите. Напредокот и добросостојбата се можни само со споделување на заеднички вредности, со давање и со помагање, а не со алчност, себичност и со доминација. Токму тоа најдобро го покажа делото на Св. Кирил и Методиј. Нека ни е честит 24 Мај, Денот на Св. Кирил и Методиј, пишува Пендаровски во својата честитка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chestitka-od-pendarovski-po-povod-24-maj-denot-na-seslovenskite-prosvetiteli-sv-kiril-i-metodij/feed/ 0
Пендаровски за „Анадолија“: Брисел и европските партнери одговорни за одложувањето на процесот на интеграција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-anadolija-brisel-i-evropskite-partneri-odgovorni-za-odlozuvanjeto-na-procesot-na-integracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-anadolija-brisel-i-evropskite-partneri-odgovorni-za-odlozuvanjeto-na-procesot-na-integracija/#respond Tue, 22 Jun 2021 11:10:50 +0000 https://kurir.mk/?p=526595

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека раководството на Европската унија и европските партнери се одговорни за одложувањето на процесот на интеграција на таа земја и Турција, кои со години имаат статус на кандидати. „За жал, европските приказни за обете земји не се успешни. Никој не е виновен, би сакал да барам вина од нас, но не можам да избегнам да зборувам за голата вистина. Нашите европски партнери и Брисел се одговорни за тоа“, изјави Пендаровски за турската новинска агенција Анадолија. Турција започна преговори за полноправно членство во ЕУ во 2005 година и досега не се направени поголеми чекори кон таа цел. Пендаровски додаде дека Северна Македонија чека во процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 16 години од 2005 година. „Се уште го чекаме почетокот. Чекаме почеток на преговори, а не за влез во ЕУ. Заедно со долгогодишните несогласувања што ги имаме со соседна Грција, друг проблем се блокадите што доаѓаат од нашиот источен сосед Бугарија“, рече Пендаровски. Тој додаде дека, спротивно на традицијата на интегративните процеси, некои историски теми постојано се ставаат на маса. „Се обидуваме да ги надминеме блокадите на некој начин и да го започнеме процесот на преговори што е можно поскоро. Во овој контекст, можеме само да изразиме надеж. Нашата единствена надеж е да го започнеме процесот што е можно побрзо и дека, по неговото завршување, можеме да станеме полноправна членка. Се разбира, Северна Македонија и Турција се дел од обединета Европа, не само во географска, цивилизациска, културна и економска смисла, туку и во секоја друга смисла“, нагласи Пендаровски. Пендаровски рече дека економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција е засилена во изминатите 10 до 12 години. „Денес Турција е во првите 10 инвеститори во земјата. Најновите статистички податоци покажуваат дека Турција е на шестото место на таа 10 листа на најголеми инвеститори во Северна Македонија“. „И обемот на трговија меѓу нашите земји е помеѓу петтото и седмото место на таа топ 10 листа, што значи дека Турција е еден од најважните инвеститори во земјата“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-anadolija-brisel-i-evropskite-partneri-odgovorni-za-odlozuvanjeto-na-procesot-na-integracija/feed/ 0