стихозбирка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 08:20:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стихозбирка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Европа го зборува мојот мајчин јазик“, нова стихозбирка од Веле Смилевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropa-go-zboruva-mojot-majchin-jazik-nova-stihozbirka-od-vele-smilevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropa-go-zboruva-mojot-majchin-jazik-nova-stihozbirka-od-vele-smilevski/#respond Fri, 09 Dec 2022 08:20:15 +0000 https://kurir.mk/?p=772938

„Европа го зборува мојот мајчин јазик“ е насловот на новата поетска книга на Веле Смилевски во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е посветена на европските поети, добитници на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, чии опуси се објавени на македонски јазик. Покрај насловната песна, книгата ги содржи циклусите „Кула Вавилонска“, „Настани отаде песните“, „Зборообразувачки настани“, „Азбучни илуминации“ и „Зборлести зборови“. Книгата, во обем од 200 страници, во посебен оддел донесува и авторски белешки и коментари со наслови: „Пригодна песна“, „Разминување“, „Расправа за О-то скитничко“, „Континуитет“ и „Песната палимпсест“. Веле Смилевски (1949) е поет, романсиер, литературен критичар, есеист, книжевен истражувач. Доктор по филолошки науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Бил научен советник во Институтот за македонска литература (1985-2013) и професор на Студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (1982-2013). Бил руски стипендист на Универзитетот Ломоносов во Москва (1989-1990) и лектор по македонски јазик и литература на Карловиот универзитет во Прага (1994-1997). Ги извршувал функциите: Претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (1989); Претседател на Друштвото на писателите на Македонија во три мандати: 2000 – 2002, 2002 – 2004 и 2014-2018. Бил член на редакцијата на литературното списание „Разгледи“ и уредник во издавачката куќа „Мисла“. Сега е уредник во издавачката куќа „Дијалог“ и главен и одговорен уредник на Македонски книжевен гласник „Синтези“. Автор е на поетските книги: „Слика што согорува“ (1974), „Кафез“ (1978), „Диши длабоко“ (1985), „Одзив на здивот“ (1987), „Икра во славината“ (1989), „Подвижни точки“ (1990), „Гребнатинки“ (1995), „Педесет песни“ (2000), „Педесет допевања“ (2005), „Совршена тишина“ (2009), „Час по поезија“ (2010), „Забранета книга“ (2011), „Век за самување“ (поема, 2012), „Век за приказ“ (2013), „Песната палимпсест“ (2017), „Европа го зборува мојот мајчин јазик“ (2022). За своето поетско творештво добитник е на повеќе признанија, меѓу кои: наградата на Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов” за најдобра поетска книга во Македонија за 2005 година, за стихозбирката „Педесет допевања”, наградата „Браќа Миладиновци” на јубилејните 50-ти Струшките вечери на поезијата, за најдобра поетска книга објавена меѓу два поетски фестивала, за стихозбирката „Забранета книга” (2011), маградата „Григор Прличев” за најдобра поема во 2012 година за поемата „Век за самување”. Добитник е на Државната награда „11 Октомври” за животно дело од областа на уметноста и културата (2012).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/evropa-go-zboruva-mojot-majchin-jazik-nova-stihozbirka-od-vele-smilevski/feed/ 0
Промоција на стихозбирката „Ноќни луѓе“ од хрватскиот поет Иван Херцег https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-nokjni-lugje-od-hrvatskiot-poet-ivan-herceg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-nokjni-lugje-od-hrvatskiot-poet-ivan-herceg/#respond Thu, 27 Oct 2022 06:05:21 +0000 https://kurir.mk/?p=750996

Книгата „Ноќни луѓе“ – избор песни од хрватскиот поет Иван Херцег во препев на Владимир Мартиновски и во издание на „ПНВ Публикации“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана во бифето на Младинскиот културен центар. – Поетскиот избор „Ноќни луѓе“, во кој се поместени шеесетина песни од неговите седум поетски книги (…) на македонските читатели им овозможува да го откриваат раскошниот поетски свет на Иван Херцег, во кој преку јазикот на поетските слики едновремено се соочуваме со бескрајните (и прилично мрачни и загадочни) пространства на Вселената, но и со неодгатливото во секој од нас, вели Мартиновски кој ќе го претстави творештвото на Иван Херцег на промоцијата, на која разговорот ќе го модерира Јулијана Величковска. Во најавата за промоцијата се наведува дека Иван Херцег е еден од најистакнатите поети кои во хрватската поезија влегоа во 1990-тите години. Темелната нишка на неговата еминентно лирска и рефлексивна поезија, досега објавена во повеќе стихозбирки и наградена со неколку книжевни награди, уште од почетокот е неоегзистенцијализмот, кој не е примарно последица на некои трагични општествени случувања, туку е интимен и тивок.
Настанот е дел од нововостановената меѓународна соработка на „ПНВ Публикации“ и „Скопскиот поетски фестивал“ со Хрватското друштво на писателите (ХДП) и фестивалот „Стихот во регионот“ (Stih u regiji) од Загреб. Иван Херцег (1970, Крапина, Хрватска) е поет, раскажувач и уредник. Дипломирал хрватски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Извршен уредник е на списанието „Поезија“, уредник е на Библиотеката „Поезија“ на ХДП и организатор на книжевниот фестивал „Стихот во регионот“. Живее и работи во Загреб. Поезија објавува од 1994 година, кога ја објавил првата поетска книга „Нашите други имиња“. Ги објавил и стихозбирките „Ноќ на асфалтот“, „Снимки на земните воздишки“, „Ангели во жалост“, „Неправилности“, „Кога ќе дојде Вавилон“, а во печат му е и поетската книга „Нулти живот“. Поезијата му е преведена на десетина јазици. Автор е и на збирката кратки раскази „Голи“. Херцег членува во Хрватското друштво на писателите и во Хрватскозагорското книжевно друштво и е добитник на повеќе книжевни награди.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-nokjni-lugje-od-hrvatskiot-poet-ivan-herceg/feed/ 0
Промоција на стихозбирката „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-sloboda-a-od-ana-golejshka-dzikova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-sloboda-a-od-ana-golejshka-dzikova/#respond Thu, 29 Sep 2022 05:50:08 +0000 https://kurir.mk/?p=738807

Во кафе-книжарница „Буква“, вечер од 20 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Слобода А“ од Ана Голејшка Џикова. – Истовремено исполнета со љубов и страв од неизвесност, погодена од реални проблеми и притисоци под кои сите сме натиснати: живот во пандемија, под влијание на пропаганди и општа хистерија, притисоци што повторно ја будат бунтовничката во Ана, онаа што единствено може да живее од и за слободата, вели за стихозбирката, македонската поетеса Снежана Стојчевска. Ана Голејшка Џикова (Скопје, 1987) дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Автор е на стихозбирките: „Љубов на улица“ (2013, Култура) и „ Напишан дом“ (2018, Антолог); на сликовниците за деца: „Веселата зграда“ (2019, Арс Ламина) со илустраторот Драган Китановски-Драш, „Лисичката плетачка“ (2020, Арт и арт студио Батев) и „Лепчето што расте“ (2020, Арт и арт студио Батев), обете со илустраторката Иванка НиБа. Нејзините песни се препеани на српски, на турски, на германски и на англиски јазик. Песните и кусите раскази се објавени во неколку антологии, а редовно објавува и во периодиката. Учествувала на бројни поетски читања и фестивали во земјата и во странство. Со поетот Ѓоко Здравески ги основаа и ги водеа книжевните читања „Астални проекции“ во Скопје и коавтори се на монографијата „Астални проекции“ (2018, Бегемот). Голејшка е член на организацискиот одбор на „Скопски поетски фестивал“ и член е на ВИС „Тркалезна маса“ од Скопје. Промотор на стихозбирката ќе биде Снежана Стојчевска, модератор Јулијана Величковска, додека за музиката ќе се погрижи дел од ВИС „Тркалезна маса“. Изданието е поддржано од Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-sloboda-a-od-ana-golejshka-dzikova/feed/ 0
Објавена стихозбирка „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“ со 18 автори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirka-mladi-poetski-pera-stihovite-gradat-mostovi-so-18-avtori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirka-mladi-poetski-pera-stihovite-gradat-mostovi-so-18-avtori/#respond Sun, 21 Nov 2021 11:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=597908

„Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“ е насловот на најновата тријазичната збирка поезија во која се поместени песни од автори на возраст од 16 до 35 години. Книгата е подготвена во рамки на истоимениот проект на Здружението за култура „КРИК 094“ Гостивар. -Задоволството да се создаде квалитетна збирка поезија од млади автори, со различен стил и сензибилитет, е навистина големо. Дотоколу повеќе што песните се објавени на македонски, албански и на турски јазик. Сето тоа води кон афирмирање на младите поети, сплотување на различните култури и јазици преку стиховите, велат од Здружението. Во книгата се застапени: Стефан Марковски, Катерина Гогова, Давид Берат, Андреј Ал-Асади, Даниел Ѓорѓески, Бесјона Јусуфи, Мери Берат, Рина Јанкуловска, Мартина Даниловска, Гордана Балеска Трифуноска, Дејан Крстески, Даница Среткоска, Софија Тодороска, Ана Трпевска, Павлина Атанасова, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска и Рената Пенчова. Во текот на претстојната недела, стихозбирката ќе им биде доставена на застапените поети и поделена во јавни библиотеки. Проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови“ се реализираше со поддршка на Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirka-mladi-poetski-pera-stihovite-gradat-mostovi-so-18-avtori/feed/ 0
Објавена стихозбирката „Спомени“ од Ристо Маџунков https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirkata-spomeni-od-risto-madzunkov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirkata-spomeni-od-risto-madzunkov/#respond Tue, 15 Jun 2021 10:56:35 +0000 https://kurir.mk/?p=523692

Стихозбирката „Спомени“ од македонскиот поет Ристо Маџунков е објавена во издание на „Современост“. Збирката содржи 70-на песни, од кои најголемиот дел претставуваат поетски минијатури – искри на мудроста со три до четири стихови. – Автобиографското во спомените на Ристо Маџунков логички има првостепено значење во поетското писмо како радост и вознес од една и како поразија од друга страна. Спомените како синоним на самопроверка и превреднување едноставно ја испишуваат дефиницијата за етичките и естетски димензии на автохтоноста на творечката лабораторија на поетот. Неговата песна е кратка, јасна, мудра, читлива, едноставна и отворена за дијалог со читателите. Патот од едната до другата страна, изоденоста од субјектот/автор до колективот/читателите е прав и рамен. Пораката како тенденција е неретко нема, нечујна воздишка оти смртта е ништо, ама животот е мисла и смисла на космосот, велат издавачите на стихозбирката. Ристо Маџунков е роден на 24.05.1948 година во Струмица. Од 2006 година живее и работи во Торонто, Канада. Покрај „Спомени“, автор е и на поетските книги: „Семки“ (Современост, 2019), „Вечен збор“, второ преработено издание (Антолог, 2018), „Прашинки“ (Антолог, 2017), „Капки“ (2 Август, 2014), „Глас во пустина“ (НИП 21, 1994), „Вечен збор“, прво издание (НИП 21, 1992).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/objavena-stihozbirkata-spomeni-od-risto-madzunkov/feed/ 0
Промовирано петтото издание на стихозбирката Метрички карван https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promovirano-pettoto-izdanie-na-stihozbirkata-metrichki-karvan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promovirano-pettoto-izdanie-na-stihozbirkata-metrichki-karvan/#respond Sun, 09 Dec 2018 11:56:25 +0000 https://kurir.mk/?p=137726

Пред љубителите на поезијата во Гевгелија, синоќа беше промовирано петтото издание на стихозбирката „Метрички карван“ под покровителство на Националната установа градска библиотека „Гоце Делчев“. Збирката, според модераторот Магдалена Стојмановиќ, претставува компилација на творби од 12 поети од градот домаќин и исто толку поети од Струга сплотени во желбата да остават авторска трага токму во оваа збирка. Промоторот на стихозбирката, Александар Прокопиев, ја истакна благородната намера на збирката која според него тежнее да ја спои креативноста на луѓето од различни краеви на Македонија кои до сега или не се познавале или се познавале само преку своите авторски изблици. Стихозбирката „Метрички карван“, чии уредници се Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров, првпат беше публикувана во 2014 година со поети од Гевгелија и Кавадарци, по што следеа изданијата на збирката со поети од Струмица, Велес, Битола и годинава од Струга. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promovirano-pettoto-izdanie-na-stihozbirkata-metrichki-karvan/feed/ 0
Промоција на стихозбирката „Плисок“ на Олга Панкина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-plisok-na-olga-pankina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-plisok-na-olga-pankina/#respond Thu, 29 Mar 2018 05:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=34029

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска напладне ќе биде промовирана новата стихозбирката „Плисок“ на руската поетеса и преведувачка од руски на македонски јазик Олга Панкина. На македонските читатели Панкина досега им беше позната со поетските книги „Предзимје“ и „Паралелни светови“. Таа е автор на проектот „Библиотека на литературата на Македонија“ во чии рамки ги приреди и ги преведе на руски јазик антологиите „Македонски раскази“, „Современа македонска драма“ и „Современа македонска поезија“. Иницијатор е на едицијата „Македонскиот роман на 21 век“ која од 2014 година се реализира во Москва. Автор е на преводите на руски јазик на 60 книги од македонски писатели. За поезијата на Олга Панкина во ДПМ ќе зборуваат Соња Стојменска Елзесер и Ефтим Клетников.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/promocija-na-stihozbirkata-plisok-na-olga-pankina/feed/ 0