стипендии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 10:18:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стипендии – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Гази Баба доделува стипендии на талентирани ученици, спортисти и ученици со посебни потреби https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-stipendii-na-talentirani-uchenitsi-sportisti-i-uchenitsi-so-posebni-potrebi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-stipendii-na-talentirani-uchenitsi-sportisti-i-uchenitsi-so-posebni-potrebi/#respond Tue, 10 Oct 2023 10:18:57 +0000 https://kurir.mk/?p=887391

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски информира дека општината објави јавен повик за доделување на стипенции на талентирани ученици, ученици спортисти и ученици со посебни образовни потреби. -Со цел директна финансиска поддршка на талентираните ученици, учениците спортисти и учениците со посебни образовни потреби, општина Гази Баба распиша јавен повик за доделување на 25 стипендии на талентирани ученици, 25 стипении на ученици спортисти и 5 стипендии на ученици со посебни образовни потреби. Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа општина Гази Баба, откри градоначалникот. Стипендијата се исплаќа од први до петти во текот на месецот за претходниот месец, девет месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од месец октомври од тековната календарска година заклучно со месец јуни од наредната календарска година. -Оваа година општина Гази Баба го зголеми бројот на талентирани ученици и ученици спортисти, а за прв пат се опфаќаат и учениците со посебни образовни програми. Реализацијата на овој проект е уште еден доказ дека општина Гази Баба се грижи за сите! Ги повикувам жителите на општина Гази Баба да аплицираат, напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-gazi-baba-dodeluva-stipendii-na-talentirani-uchenitsi-sportisti-i-uchenitsi-so-posebni-potrebi/feed/ 0
Групација „ЛИМАК“ ги поддржува жените во стем-областите преку иницијативата GLOBAL ENGINEER GIRLS во Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupatsija-limak-gi-poddrzhuva-zhenite-vo-stem-oblastite-preku-initsijativata-global-engineer-girls-vo-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupatsija-limak-gi-poddrzhuva-zhenite-vo-stem-oblastite-preku-initsijativata-global-engineer-girls-vo-severna-makedonija/#respond Tue, 21 Mar 2023 12:16:24 +0000 https://kurir.mk/?p=814529

Групацијата Лимак, заедно со стратешките партнери - Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), обезбеди стипендии за 20 студентки кои студираат на инженерските факултети, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG). Овие студентки се запишани на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за информатички технологии на државните универзитети од целата земја. Главна цел на иницијативата Global Engineer Girls (GEG) е да обезбеди поддршка за девојките и младите жени и да го зголеми нивното учество во СТЕМ-областите, каде што историски доминираат мажите. Преку своите активности Global Engineer Girls (GEG) има за цел да го намали родовиот јаз во СТЕМ-областите во Северна Македонија и да ја зголеми родовата еднаквост во општеството. Оваа иницијатива се стреми да ги поттикне компаниите да заземат проактивен пристап кон справувањето со родовиот јаз во нивниот домен на работа и во нивните организациски структури. Од 169 студентки по инженерство кои се пријавија за програмата за време на тринеделниот период за пријавување, кој почна на 19 декември 2022, успешните кандидатки беа избрани врз основа на нивните академски достигнувања и вклученоста во дополнителни активности. Избраните студентки стипендиите ќе ги користат како поддршка за време на студирањето. Покрај стипендии, иницијативата Global Engineer Girls (GEG) обезбедува и опсежна програма за менторство, како и обуки за развој на вештини и можности за практикантска работа. Сите учеснички ќе имаат свои ментори – искусни професионалци, кои ќе им помагаат на младите жени-инженери кои често се соочуваат со потреба за промена на состојбите и со родови предрасуди, да ги следат и остварат своите амбиции. Првите обуки ќе започнат во мај и ќе вклучуваат различни работилници за стекнување меки вештини, кои ќе ги унапредат вештините на учесничките за комуникација, тимска работа, градење релации, решавање проблеми и нивните лидерски способности. Во текот на летниот период, учесничките ќе имаат можност да стекнат поголемо знаење од областа на зелената енергија и градежништвото, истовремено добивајќи и практично инженерско знаење преку пракса по нивен избор. Ова ќе биде можност за учење преку искуство што на девојките ќе им обезбеди непроценлива шанса да ја подобрат својата конкурентност на пазарот на труд и да изградат клучни професионални релации. „Со задоволство ѝ посакуваме добредојде на првата група учеснички во Global Engineer Girls North Macedonia. По големиот успех на проектот во Турција и во Кувајт, со проширувањето на иницијативата во две нови земји: Северна Македонија и Косово, се истакнува нејзината меѓународна перспектива. Реализацијата на иницијативата GEG во Северна Македонија е значајно, затоа што отвора нови можности жените и девојките да развиваат кариери во СТЕМ-областите и дава поширок придонес кон заложбата за родова еднаквост“, изјави Ебру Оздемир, претседателка на Групацијата Лимак и основачка на Global Engineer Girls. УНДП е партнер на иницијативата GEG North Macedonia и активно е вклучена во активности за родова еднаквост преку својата канцеларија во земјава. „Економското зајакнување на жените и девојките е една од стратешките цели во работата на Програмата за развој на Обединетите нации. Во тој правец, УНДП веќе долги години работи со Министерството за образование и наука и приватниот сектор во реализација на неколку програми со цел обезбедување квалификувана работна сила, како и преквалификација и доквалификација на невработените лица, особено на младите. Ова партнерство со МОН, GEG иницијативата и Групацијата Лимак е од особено значење, преку кое ќе се поддржат студентки запишани на СТЕМ факултетите, како нова движечка сила на пазарот на трудот. Драго ни е што ќе имаме можност да понудиме бесплатни обуки во Центарот СкиллсНекст во Тетово преку кои девојките ќе добијат дополнителни вештини за поефикасно вклучување на пазарот на трудот“, истакна Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП во државата. Министерството за образование и наука е стратешки партнер на иницијативата со намера да се намали родовиот јаз, кој земјава годишно ја чини 16 % од БДП. „Како држава можеме да бидеме горди што има повеќе девојки и жени од Република Северна Македонија со успешна СТЕМ кариера, и тие се инспиративни модели за младите да се посветат на учење, наука и истражувања. Впрочем, последниот извештај на УНЕСКО покажува дека нашата држава е лидер во Европа според бројот на жени истражувачи“, истакна министерот Шаќири, додавајќи дека Владата и Министерство за образование и наука со конкретни политики, мерки и инвестиции стимулираат што повеќе девојки и жени да ги одберат СТЕМ областите. Global Engineer Girls е меѓународна филантропска иницијатива која започна да се реализира во 2015 година во Турција. Поттикната од организациската култура на Групацијата Лимак и личните заложби на претседателката на групацијата Ебру Оздемир за зголемување на застапеноста на жените во СТЕМ-областите, GEG има за цел да ги инспирира следните генерации жени-инженери.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupatsija-limak-gi-poddrzhuva-zhenite-vo-stem-oblastite-preku-initsijativata-global-engineer-girls-vo-severna-makedonija/feed/ 0
Стипендии за студирање и професионално усовршување во Хрватска за 2023/2024 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipendii-za-studirane-i-profesionalno-usovrshuvane-vo-hrvatska-za-2023-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipendii-za-studirane-i-profesionalno-usovrshuvane-vo-hrvatska-za-2023-2024-godina/#respond Tue, 21 Feb 2023 14:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=803227

Министерството за образование и наука известува за можноста за добивање стипендија за студирање и професионално усовршување на високообразовните установи во Хрватска за академската 2023/2024 година. Рокот за доставување на апликациите е 20 март 2023 година (хартиена верзија) во архивата на Министерството за образование и наука на Републикa Македонија, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје. Потребно е апликацијата со сите барани документи да се испрати на електронските адреси: [email protected] и [email protected] Во објавата на веб-страницата на МОН се наведени линкови на кои се достапни информации за критериумите и условите за остварување на правото на стипендија и контакт за прашања и дополнителни информации.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipendii-za-studirane-i-profesionalno-usovrshuvane-vo-hrvatska-za-2023-2024-godina/feed/ 0
Околу 2700 студенти ќе добијат покачување на стипендиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-2700-studenti-ke-dobijat-pokachuvane-na-stipendiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-2700-studenti-ke-dobijat-pokachuvane-na-stipendiite/#respond Fri, 27 Jan 2023 15:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=792957

Околу 2700 студенти, корисници на стипендии од изминатите академски години, ќе добијат покачување на средствата, односно наместо досегашните 3000 денари, овие студенти во иднина ќе земаат стипендии во висина од 6050 денари. Со оваа одлука МОН одговори на барањата на студентите и уште еднаш ја потврди заложбата за еднаквост и грижа за оваа категорија граѓани. Од МОН информираат дека студентите корисници на оваа категорија стипендии, во текот на идната недела ќе бидат информирани за начинот и постапката за регулирање на ова право.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-2700-studenti-ke-dobijat-pokachuvane-na-stipendiite/feed/ 0
Осигурителни компании доделија стипендии на 12 студенти од Економски факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osiguritelni-kompanii-dodelija-stipendii-na-12-studenti-od-ekonomski-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osiguritelni-kompanii-dodelija-stipendii-na-12-studenti-od-ekonomski-fakultet/#respond Thu, 26 Jan 2023 10:41:10 +0000 https://kurir.mk/?p=792220

Студентите Илија Васиљески, Александар Николовски, Бојана Величковиќ, Габриела Козарова, Сара Крстиновска, Ивона Серафимовска, Моника Алексиќ, Андреја Палигорова, Благица Пупуноска, Кристина Стоилковска, Пале Ѓорѓиева и Анета Манева добија стипендии во вредност од по 1 000 евра од 10 осигурителни компании. Деканот на економскиот факултет Предраг Трпески, денеска на доделувањето на стипендиите, истакна дека осигурителните компании на овој начин ќе се приближат до студентите на економскиот факултет, за кој рече дека претставува изворот од каде осигурителните компании треба да го црпат човечкиот капитал. Изрази надеж дека стипендираните студенти ќе придонесат за развој на десетте компании. Крсте Шајноски им порача на студентите овие стипендии да им бидат мотив и поттик да размислуваат за градење иднина односно кариера во осигурителниот сектор. Директорот на Триглав осигурување Ѓорѓе Војновиќ изрази надеж дека стипендираните студенти ќе бидат и идни колеги. -Говорот ќе го започнам со самокритичност кон нас како осигурителен сектор, требаше порано да ни текне. Позитивниот резултат ќе биде мотив за продолжување на оваа иницијатива и во иднина, изјави Војновиќ. Во оваа иницијатива која се случува за првпат учествуваа компаниите Триглав живот Сава осигурување, Кроација неживот, Халк осигурување, Граве неживот, Кроација живот, Еуролинк, Триглав неживот, Кроација живот и Граве.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osiguritelni-kompanii-dodelija-stipendii-na-12-studenti-od-ekonomski-fakultet/feed/ 0
МОН и Владата го зголемуваат бројот на ученички стипендии кои ќе се доделат годинава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-i-vladata-go-zgolemuvaat-brojot-na-uchenichki-stipendii-koi-kje-se-dodelat-godinava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-i-vladata-go-zgolemuvaat-brojot-na-uchenichki-stipendii-koi-kje-se-dodelat-godinava/#respond Thu, 22 Dec 2022 14:51:10 +0000 https://kurir.mk/?p=779169

На иницијатива на Министерството за образование и наука, а со одлука на вчерашната владина седница, бројот на стипендии кои се доделуваат на учениците од средните училишта во учебната 2022-2023 година значително се зголемува. Од МОН информираат дека се обезбедени дополнително средства за оваа намена, а целта е да се мотивираат и да се поддржи образованието на што поголем број средношколци кои аплицираа на конкурсите за доделување на стипендиите. -Согласно одлуката, бројот на стипендии за социјална поддршка на ученици од предвидените 900, се зголемува на 1318. Наместо 120 стипендии за ученици со посебни потреби, ќе бидат доделени 168. Вкупно 167 стипендии ќе се доделат на талентирани ученици – спортисти, односно 17 повеќе од првично предвидените. За талентираните ученици од областите на природните и техничките науки ќе се доделат 115, наместо како што беше првично предвидено да се доделат 100, додека за учениците кои реализираат наставни програми од дефицитарни струки наместо 240, ќе се доделат 267 стипендии, се наведува во соопштението од МОН. Министерството за образование и наука известува дека веднаш по излегувањето на Одлуката во Службен весник, на веб страната www.mon.gov.mk ќе бидат објавени и резултатите за сите категории на стипендии согласно новите квоти, a учениците ќе добијат насоки за понатамошно постапување. 

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-i-vladata-go-zgolemuvaat-brojot-na-uchenichki-stipendii-koi-kje-se-dodelat-godinava/feed/ 0
Важна вест за студентите: Се доделуваат 3.000 стипендии – дознајте ги деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-studentite-se-dodeluvaat-3-000-stipendii-doznajte-gi-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-studentite-se-dodeluvaat-3-000-stipendii-doznajte-gi-detalite/#respond Fri, 18 Nov 2022 16:13:48 +0000 https://kurir.mk/?p=763048

На интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, објавен е конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2022-2023 година. Предвидено е да бидат доделени вкупно 3.000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории, кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области. За прв пат ќе се доделат 30 стипендии за студенти кои се запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки. Новина се и 15те стипендии за додипломски студии за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик).  Исто така, 15 стипендии се предвидени за прв пат и за студентите запишани на додипломски студии по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија. Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки се предвидени 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика. За студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности се предвидени 15 стипендии. Предвидени се и 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех. 30 стипендии ќе се доделат на студенти запишани на студиски програми по хемија, 20 на студенти запишани на физика и 20 за студиските програми по математика. Предвидени се и 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование. Во Конкурсот се наведени сите услови, критериуми и потребните документи за аплицирање со цел остварување на правото на користење на секоја категорија на стипендии. Оваа година аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и хартиени апликации преку архивата на МОН, нема да се прифаќаат. Рокот за аплицирање започнува денес и трае до 5.12.2022  година. Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми  по хемија, физика и математика, како и новите за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazna-vest-za-studentite-se-dodeluvaat-3-000-stipendii-doznajte-gi-detalite/feed/ 0
Во недела завршува аплицирањето за стипендии за средношколци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-zavrshuva-apliciranjeto-za-stipendii-za-srednoshkolci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-zavrshuva-apliciranjeto-za-stipendii-za-srednoshkolci/#respond Fri, 11 Nov 2022 09:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=759028

Рокот по конкурсите на Министерството за образование и наука за стипендии за ученици во средно образование во учебната 2022/2023 година истекува в недела, 13 ноември. Девет видови стипендии се со месечен износ од 3.500 денари и корисниците ќе ги добиваат за време на учебната година. Стипендиите за ученици Роми се распределени во четири категории со месечни износи од 800 до 2.200 денари. Илјада и петстотини стипендии се за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови, согласно програмите за стручно образование од јавните средни училишта. Петстотини стипендии се наменети за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење. Ќе бидат доделени 900 стипендии за социјална поддршка на ученици во јавните средни училишта. За ученици кои се од наставни програми од угостителско-туристичката струка, електротехничка, градежно-геодетска, земјоделско-ветеринарна, машинска и текстилно-кожарска струка МОН ќе додели 240 стипендии. За талентирани ученици спортисти се наменети 150 стипендии, за ученици со посебни потреби ќе бидат доделени 120 стипендии. Сто стипендии се за талентирани ученици од средното образование од областите на природните и техничките науки, 50 стипендии за талентирани ученици од областа на уметностите и 50 стипендии за ученици – деца без родители. Вкупно 920 стипендии ќе бидат доделени за средношколци Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година. Овие стипендии се распределени во четири категории и се со различен месечен износ, од 800 до 2.200 денари. Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање. Постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk. Учениците кои немаат можност да аплицираат електронски, треба да пополнат хартиена пријава (евидентен лист) и да ја достават потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука – директно или по пошта – препорачана пратка со повратница на адреса бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-nedela-zavrshuva-apliciranjeto-za-stipendii-za-srednoshkolci/feed/ 0
Стипендии за студенти по повод Националниот ден на осигурувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipendii-za-studenti-po-povod-nacionalniot-den-na-osiguruvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipendii-za-studenti-po-povod-nacionalniot-den-na-osiguruvanjeto/#respond Tue, 01 Nov 2022 06:17:14 +0000 https://kurir.mk/?p=753502

По повод Националниот ден на осигурувањето – 1 Ноември, на Економскиот факултет при УКИМ во Скопје денеска ќе биде склучен трипартитен Меморандум за соработка со кој прв пат осигурителни компании ќе доделат девет стипендии на студенти во вредност од по 1.000 евра. Во рамки на настанот ќе се одржат и две панел дискусии на актуелни теми од областа на осигурувањето, а Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ќе додели и награда на млад истражувач за најдобар труд од областа на осигурувањето. На дебатите ќе учествуваат проф.д-р Предраг Трпески, декан на Економски факултет, проф.д-р. Крсте Шајноски, претседател на Совет на експерти на АСО и Ѓорѓе Војновиќ, претседател на Здружение на финансиски организации и директор на „Триглав осигурување“. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stipendii-za-studenti-po-povod-nacionalniot-den-na-osiguruvanjeto/feed/ 0
Објавени добитниците на стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии за МБА-програмата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-dobitnicite-na-stipendii-boris-trajkovski-za-postdiplomski-studii-za-mba-programata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-dobitnicite-na-stipendii-boris-trajkovski-za-postdiplomski-studii-za-mba-programata/#respond Fri, 28 Oct 2022 08:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=751652

Министерството за образование и наука на својата веб-страница ги објави добитниците на стипендијата „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за Паневропската извршна МБА-програма на Универзитетот Јорк за академската 2022/2023 година. Доделени се пет целосни и 15 делумни стипендии за вонредни двегодишни постдипломски студии, кои се реализираат во Солун, со двојна диплома – од Универзитетот Јорк во Обединетото Кралство и Универзитетот во Стразбур во Франција. Според Конкурсот кој беше објавен во септември, стипендии се доделуваат за насоките: Општ менаџмент; Маркетинг; Финансии; Менаџмент во логистика; Менаџмент во здравство и Менаџмент на човечки ресурси и можеа да се пријават стручни лица од различни профили и бизнис-менаџери вработени во компании од приватниот и од јавниот сектор. Вкупната школарина за МБА-програмата е 14.890 евра по студент. На најдобрите пет кандидати (според критериумите наведени во Конкурсот и според ранг-листата изготвена од Комисијата за избор) 50 проценти од школарината ќе им биде покриена од Универзитетот (7.445 евра за студент) и 50 проценти од Владата на Република Северна Македонија. За останатите петнаесет кандидати, 50 проценти од школарината ќе биде покриена од Универзитетот (7.445 евра за студент), а останатите 50 проценти кандидатот ќе ги плаќа самиот, на рати во текот од две години (7.445 евра за студент). По успешно завршување на дуалната МБА-програма, студентите ќе добијат две дипломи за извршни мастер студии по деловна администрација – од Универзитетот Јорк и од Универзитетот во Стразбур.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaveni-dobitnicite-na-stipendii-boris-trajkovski-za-postdiplomski-studii-za-mba-programata/feed/ 0