Стив Бенон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 17:40:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стив Бенон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Советникот на Трамп осуден на четири месеци затвор поради непочитување на Конгресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetnikot-na-tramp-osuden-na-chetiri-meseci-zatvor-poradi-nepochituvanje-na-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetnikot-na-tramp-osuden-na-chetiri-meseci-zatvor-poradi-nepochituvanje-na-kongresot/#respond Fri, 21 Oct 2022 17:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=749192

Американскиот десничарски популист Стив Бенон, некогашен стратег на поранешниот претседател Доналд Трамп, денеска е осуден на четири месеци затвор затоа што одби да соработува со конгресмените кои го истражуваа минатогодишниот напад врз Капитол од страна на поддржувачите на Трамп. Судијата на Окружниот суд Карл Николс, исто така, му нареди на Бенон да плати казна од 6.500 долари. Тој беше осуден од поротата во јули по две точки од обвинението за непочитување на Конгресот – затоа што не сведочел и не ги обезбедил бараните документи. Бенон (68) беше клучен советник во претседателската кампања на републиканецот Трамп во 2016 година, а во текот на 2017 година беше главен стратег на Белата куќа. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetnikot-na-tramp-osuden-na-chetiri-meseci-zatvor-poradi-nepochituvanje-na-kongresot/feed/ 0
Советник на Трамп осуден за непочитување на Конгресот, неговиот адвокат најави жалба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetnik-na-tramp-osuden-za-nepochituvanje-na-kongresot-negoviot-advokat-najavi-zalba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetnik-na-tramp-osuden-za-nepochituvanje-na-kongresot-negoviot-advokat-najavi-zalba/#respond Sat, 23 Jul 2022 08:04:32 +0000 https://kurir.mk/?p=709189

Советникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Стив Бенон вчера е осуден за непочитување на Конгресот, бидејќи одби да учествува во истрагата за нападот врз Капитол Хил на 6 јануари. По четиридневно судење, американскиот Федерален суд го осуди Банон затоа што одбил да сведочи и да достави одредени документи до конгресната комисија. Нему му се заканува затворска казна од две години. Изрекувањето на пресудата е закажана на 21 октомври. Адвокатот на Банон најави жалба. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sovetnik-na-tramp-osuden-za-nepochituvanje-na-kongresot-negoviot-advokat-najavi-zalba/feed/ 0
Трамп: Апсењето на Бенон е многу тажна работа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-apsenjeto-na-benon-e-mnogu-tazna-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-apsenjeto-na-benon-e-mnogu-tazna-rabota/#respond Thu, 20 Aug 2020 17:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=393214

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека апсењето на неговиот поранешен советник Стив Бенон е многу тажна работа. – Тоа е многу тажна работа за годподинот Бенон. Изненадувачки е, истакна Трамп, при тоа додавајќи оти од почетокот не му се допаѓал проектот „Градиме ѕид“. Покрај Бенон, приведени се уште три лица поради проневера на парите на донаторите на кампањата „Градиме ѕид“, со која требаше да се соберат пари за изградба на ѕид на границата помеѓу САД и Мексико. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-apsenjeto-na-benon-e-mnogu-tazna-rabota/feed/ 0
Бенон: Америка ќе ја покоси револуција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benon-amerika-kje-ja-pokosi-revolucija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benon-amerika-kje-ja-pokosi-revolucija/#respond Fri, 07 Sep 2018 07:49:56 +0000 https://kurir.mk/?p=97474

Америка се движи кон револуција која ќе ја „покоси како срп трева“, предвидува во новиот документарен филм Стив Бенон, поранешниот главен советник на американскиот претседател Доналд Трамп. - Ако на некој начин не се дозволи прераспределба на богатството, во оваа земја ќе има револуција, изјави човекот кој се смета заслужен за победата на Доналд Трамп, во серија разговори со Ерол Морис, режисер на документарниот филм „Американска дарма“ кој премиерно беше прикажан на фестивалот во Венеција. - Ќе имаме уште една финансиска криза, секој паметен го гледа тоа... Мислам дека е потребно радикално реструктуирање. Тоа не може да биде борба со перници. За таква промена требаат „убијци“, објаснува Бенон. - И затоа Трамп е претседател. Беше јасно дека доаѓа некој како него, вели Бенон. Тој тврди дека „празноверниот“ Трамп бил на пат кон катастрофален пораз пред тој му ја преземе кампањата. Призна дека употребил „џиу-џицу“ маневри во односите со јавност со цел Трамп да го спаси од пропаст откако во јавност излезе неговата изјава за жените - „само грабнете ги за п....“ Во тоа било вклучено и доведувањето на жената која го обвини Бил Клинтон за силување на клучна телевизиска дебата. Тој сепак одби да каже дали дали бил вмешан во објавувањето на електронската пошта на Хилари Клинтон преку Викиликс, што ја врати предизборната кампања во насока што ја сакал Трамп. Поранешниот уредник на десничарскиот портал Бреитбар вели дека не го познавал Трамп, но оти веднаш го видел неговиот потенцијал. Во кампањата максимално поедноставиле низа популистички слогани: „Изградете ѕид“, „Уништете ја исламска држава“, „Бегајте од Ирак и Иран“. Тој го советувал Трамп веднаш по влезот во Белата куќа да „удри со чекан“ во вид на низа извршни одлуки, вклучувајќи ја и контраверзната „забрана за муслиманите“. - Ако ги потурите медиумите со пет работи одеднаш, три ќе поминат. Тие не можат да сварат се одеднаш, вели Бенон. Тој откри и дека Трамп може да биде наивен, откривајќи дека американскиот претседател „навистина мислел дека Њујорк тајмс ќе му посака се најдобро кога ќе стане претседател“. За себе вели дека е само еден од советниците во Белата куќа, „но оној чие лаење е најгласно“. Тој тврди дека не е лут поради тоа што Трамп го отпушти во август минатата година откако повеќе „не бил во милост“. - Не го сфатив тоа лично. Така се наредија работите, објаснува Бенон. Тоа е дел од неговото верување во Дарма, хиндуски концепт за должност и судбина кои владеат со вселената. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benon-amerika-kje-ja-pokosi-revolucija/feed/ 0
Бенон: Балканот би можел да добие многу поважно место https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benon-balkanot-bi-mozel-da-dobie-mnogu-povazno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benon-balkanot-bi-mozel-da-dobie-mnogu-povazno-mesto/#respond Fri, 03 Aug 2018 05:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=83992

Стив Бенон, поранешниот стратег на американскиот претседател Донаклд Трамп, кој е најзаслужен за неговата победа на претседателските избори, тврди дека Балканот во новото геостратешко опкружување би можел да добие многу поважно место на светската сцена. - Европа е многу важна за претседателот Трамп и очигледно многу важна за САД, бидејќи вие сте мајка-цивилизација од која настана новиот свет, посочи Бенон во интервју за Радио телевизија Република Српска (РТРС). Тој додаде дека Балканот ќе стане важно место на светската сцена, каде во новото геостратешко опкружување, Кина, Иран и Турција формираат некој вид сојуз. Бенон посочи и дека смета оти Студената војна не е завршена. - Мислам дека е многу важно тоа што се случи во Хелсинки, тоа е позитивно. Понудата на Путин да го посети Вашингтон исто така е позитивна, по што Путин го покани претседателот Трамп во Русија. Мислам дека на таков начин треба да се комуницира. Либералите во нашата земја и прогресивните луѓе секогаш сакаат да разговараат.  Од тоа произлезе Дејтонскиот мировен договор, наведе Бенон. Тој во интервјуто за РТРС се осврна и на Џорџ Сорос, оценувајќи оти тој е „татко на целото зло“, кој со американски пари се обидува да го смени изгледот на Европа. - Формира невладини организации кои се поврзани со левичарските медиуми со цел да бидат опозиција на популистичките и националистичките партии ширум Европа. Мислам дека Џорџ Сорос шири многу негативно влијание во светот, Мислам дека направи многу за да и наштети на Европа и оти целата работа со мигрантите, отворените граници, што навистина им наштети на некои земји доведе до реакција во Унгарија, во Австрија и во Италија. Сето тоа доаѓа од иницијативата што ја покрена Сорос, посочи Бенон. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/benon-balkanot-bi-mozel-da-dobie-mnogu-povazno-mesto/feed/ 0