стив џобс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Nov 2020 13:26:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стив џобс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ја нарекуваа „наследничката на Стив Џобс“, а денес ѝ се закануваат 20 години затвор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-narekuvaa-naslednichkata-na-stiv-dzobs-a-denes-se-zakanuvaat-20-godini-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-narekuvaa-naslednichkata-na-stiv-dzobs-a-denes-se-zakanuvaat-20-godini-zatvor/#respond Tue, 24 Nov 2020 13:26:22 +0000 https://kurir.mk/?p=433735

Носејќи црна ролка во стилот на Стив Џобс, со кого многумина ја споредуваа и зборуваа дека е негова наследничка, Елизабет Холмс пред медиумите и инвеститорите се прикажуваше како надежна ѕвезда на технолошката индустрија. Нејзината компанија Theranos, како што тврдеше пред неколку години, разви револуционерен уред за вадење и анализа на крв кој беше многу едноставен (доволно беше само мал примерок на крв од прст кој можеше да се вади и во аптеки) и поевтин. Резултатите од анализите многу побрзо беа готови во однос на моменталната метода, а како што ги уверуваше инвеститорите и јавноста, со само капка крв од прстот нивниот уред детектираше различни болести, од дијабетес до тумори. Сето ова звучеше премногу добро за да биде вистинито и на крајот испадна дека е голема измама. Како што откри новинар на Wall Street Journal, Theranos примероците од крв ги испраќал на анализа во надворешни лаборатории, а примероците кои ги анализирал нивниот уред биле со погрешни резултати. Но, веќе беше доцна за многуте инвеститори кои вложија милиони во компанијата, а Холмс со тие пари живееше како кралица. Приватни авиони, скапи автомобили, асистенти за приватен шопинг, престој во луксузни и скапи хотели, сето тоа беше необично дури и за извршните директори на компанијата, а таа трошеше пари кои не се нејзини. Кога беше откриена измамата и во тек беше истрагата, ѝ се закануваше казна затвор од 20 години. Нејзините адвокати не сакаа како доказен материјал против неа да се користат податоците за нејзиниот луксузен живот. Судењето е закажано за почетокот на март, а оваа измама остана потсетник за инвеститорите претходно добро да се информираат пред да инвестираат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-narekuvaa-naslednichkata-na-stiv-dzobs-a-denes-se-zakanuvaat-20-godini-zatvor/feed/ 0
Овие ѕвезди имаа проблеми со законот, а ретко кој знае за тоа: Погледнете за кого ФБИ собирале тајни информации! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-dzvezdi-imaa-problemi-so-zakonot-a-retko-koj-znae-za-toa-poglednete-za-kogo-fbi-sobirale-tajni-informacii-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-dzvezdi-imaa-problemi-so-zakonot-a-retko-koj-znae-za-toa-poglednete-za-kogo-fbi-sobirale-tajni-informacii-foto/#respond Fri, 06 Sep 2019 08:00:25 +0000 https://kurir.mk/?p=237674

Низ годините, ФБИ имаат собрано тајни информации за милиони луѓе ширум светот, а славните очигледно не се исклучок. Многу актери, музичари и познати имиња во светот на шоу бизнисот биле „на мета“ на истражувањата на ФБИ поради сомнеж за криминал. За овие ѕвезди со сигурност се знае дека имале досие:

Витни Хјустон

Поради турбулентната историја со дрога, големи суми на пари, бурни романси, како и анонимни писма, во ФБИ будно се следело нејзиното име.

Стив Џобс

Во 1991 година ФБИ направиле истражување на Џобс, кога постоела можност да се сретне со тогашниот претседател на САД.

Мерилин Монро

Со оглед на тоа што Мерилин била подвижна мистерија околу која постојано имало прашина и била поврзувана со значајни имиња, не е ни чудо што имала отворено досие.

Волт Дизни

Волт Дизни и ФБИ имале „комплицирана врска“ преку 30 години.

Чарли Чаплин

Чарли Чаплин имал прилично долго досие, кој од непознати причини бил воедно сметан за закана за националната безбедност.

Џон Ленон

Популарноста во ’60-тите му донела можност да биде „погласен“ и на тема политика, па поради активизмот на тоа поле во неколку наврати бил тема на тајни истражувања.

Мајкл Џексон

Сите сме сведоци на темната страна која го следеше со години, како и шпекулациите за секакви бизарни навики, па во овој случај не нè чуди информацијата дека постои ФБИ досие со негово име.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ovie-dzvezdi-imaa-problemi-so-zakonot-a-retko-koj-znae-za-toa-poglednete-za-kogo-fbi-sobirale-tajni-informacii-foto/feed/ 0
Стив Џобс: „Животот е единственото нешто кое не може да биде најдено откако ќе биде изгубено“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stiv-dzobs-zivotot-e-edinstvenoto-neshto-koe-ne-moze-da-bide-najdeno-otkako-kje-bide-izgubeno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stiv-dzobs-zivotot-e-edinstvenoto-neshto-koe-ne-moze-da-bide-najdeno-otkako-kje-bide-izgubeno/#respond Tue, 11 Dec 2018 08:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=138493

Ако имате 60 секунди, прочитајте го овој кус текст: Стив Џобс, основачот на Епл, почина на 56-годишна возраст од рак на панкреас и меѓу другото ова се меѓу последните негови зборови во моментите кога ситуацијата значително се влошувала: „Јас го достигнав врвот на успехот во светот на бизнисот. Во очите на другите, мојот живот е олицетворение на успехот. Но, надвор од работата јас имам малку задоволство. На крајот, богатството е само факт на кој сум се навикнал. Во овој момент, лежејќи болен и навраќајќи се на мојот животг, сфаќам дека сето тоа признание и богатство со кои толку се гордеев, избледеа и станаа безначајни пред лицето на смртта. Можеш да вработиш некој да го вози автомобилот наместо тебе, да прави пари наместо тебе, но не можеш да најдеш некој кој ќе ја носи болеста наместо тебе. Изгубените материјални работи можат да се најдат. Но, има една работа која никогаш не може да биде најдена откако еднаш ќе биде изгубена, а тоа е животот. Кога човек влегува во операционата сала, тој сфаќа дека постои една книга која сѐ уште не ја прочитал: „Книгата на здравиот живот.““ Не е важно во кој период од животот сме во моментот, затоа што со текот на времето, сите ќе се соочиме со денот кога завесите ќе се спуштат. Сакајте го своето семејство, пријатели, партнери. Однесувајте се добро кон себеси. Како што старееме и стануваме помудри, сфаќаме дека исто е дали носиме часовник од 300 или 30 долари – и двата часовници го покажуваат истото време. Без оглед на тоа дали возиме автомобил од 150.000 долари или автомобил од 30.000 долари, патиштата и далечината се исти и стигнуваме на истата дестинација. Без оглед на тоа дали имаме паричник од 300 или 30 долари, парите во него се исти. Без оглед на тоа дали пиеме вино од 300 или 10 долари, мамурлукот е ист. Без оглед на големината на куќата, осаменоста е иста. Ќе сфатите дека вашата внатрешна среќа не доаѓа од материјалните работи на светот. Без оглед на тоа дали летате со прва класа или не, ако авионот паѓа и вие паѓате со него... Затоа, се надевам дека сфаќате дека кога имате другари, браќа и сестри со кои зборувате, се смеете, пеете и зборувате за страните на светот или рајот и пеколот  - тоа е вистинската среќа. 5 непоколебливи факти за животот: Не ги учете децата да бидат богати. Учете ги да бидат среќни. И кога ќе пораснат ќе ја знаат вредноста на работите, а не нивната цена. Третирајте ја вашата храна како лек, инаку ќе мора лековите да станат ваша храна. Оние кои ве сакаат никогаш нема да ве остават, затоа што дури и да имаат 100 причини да си заминат, секогаш ќе најдат барем една за да останат. Постои огромна разлика меѓу тоа да бидеш дел од човештвото и да бидеш човек. Малкумина ја разбираат. Вие сте сакани од моментот кога сте родени. И ќе бидете сакани и кога ќе умрете. А она што е помеѓу – зависи до вас! Кои се шесте најдобри доктори на светот? Сончева светлина Одмор Вежбање Исхрана Самодоверба Пријатели Имајте ги овие шест работи во животот и ќе имате прекрасен живот! Бог ве сака!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stiv-dzobs-zivotot-e-edinstvenoto-neshto-koe-ne-moze-da-bide-najdeno-otkako-kje-bide-izgubeno/feed/ 0
Шокантно сведоштво од ќерката на Стив Џобс: Откриена темната страна на основачот на „Епл“, од еден детаљ ќе се згрозите https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantno-svedoshtvo-od-kjerkata-na-stiv-dzobs-otkriena-temnata-strana-na-osnovachot-na-epl-od-eden-detalj-kje-se-zgrozite/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantno-svedoshtvo-od-kjerkata-na-stiv-dzobs-otkriena-temnata-strana-na-osnovachot-na-epl-od-eden-detalj-kje-se-zgrozite/#respond Mon, 27 Aug 2018 13:26:21 +0000 https://kurir.mk/?p=92750

Ќерката на Стив Џобс го опишува основачот на „Епл“ како злобна личност која успеала во животот. Изјави дека неговото однесување било неподносливо за луѓето околу него – работниците, бизнис партнерите, но и семејството и пријателите. Во книгата „Small fry” се сите нејзини сеќавања на успешниот татко, а излегува на 4 септември, а „Бизнис инсајдер“ ги пренесува деталите. Најстарото дете на покојниот основач на „Епл“ (Apple), Стив Џобс, Лиза Бренан – Џобс, која ја добил на 23 години и го негирал татковството се додека не било тоа потврдено со ДНК анализа, изјавува дека заедно со нејзината мајка живеела во сиромаштија и оти нејзиниот татко ретко и посветувал внимание и после признавањето на татковството. Кога судот го присилил да плаќа алиментација, прво се обезбедил дека случајот против него ќе биде готов пред да го објави јавно Епл и да стане милтимилионер. Во книгата меѓу останатото е и дека мајката на Лиза, Кристин Бренан не се чувствувала пријатно да ги остава сами бидејќи Стив Џобс наводно во една прилика со деветгодишната Лизи зборувал за тоа што го привлекува во сексот. Кога како тинејџерка отишла да живее со него и забранил да ја гледа својата мајка шест месеци, а кога им се пожалила на својот татко и својата маќеа дека се чувствува осамено и ги замолила да и посакаат добра ноќ пред спиење, Стив Џобс и одговорил со зборовите „Ние сме ладни луѓе“. Таа пишува дека Џобс еднаш за време на сексуалниот однос со својата жена барал Лиза да биде во собата и да присуствува на “семејниот момент“. Во повеќе наврати и ги одземал парите и и зборувал дека нема да добие ништо од него. Кога Лиза станала активна во средното училиште и почнала да се натпреварува во студентската влада, татко и и замерил бидејќи не поминувала повеќе време со семејството. -Ова не функционира. Не си дел од фамилијата, зборувал. Во еден момент соседите биле толку загрижени за Лиза што и помогнале да се отсели и да плати за колеџ. Сето ова се извлечени наводи од книгата, чија суштина е дека Стив Џобс имал неверојатни постигнувања на полето на бизнисот, но исто така дека бил неверојатно злобна личност. Сеќавањата на Лиза на тој период од животот драматично се разликуваат од сеќавањето на другата сопруга на Стив, Лорен Пол Џобс и неговата сестра, а самата Лиза изјави дека нејзе не и е целта да осудува, туку да му прости на својот татко и да продолжи понатаму. „На крајот – дали неговите достигнувања ја надминуваат неговата злоба кон другите? Не знам. Знам дека често ги славиме луѓето поради нивните достигнувања без поблизок поглед за тоа какви се како човечки суштества и како нивните бизниси и лични амбиции влијаат на луѓето ширум светот“ – пишува неговата ќерка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantno-svedoshtvo-od-kjerkata-na-stiv-dzobs-otkriena-temnata-strana-na-osnovachot-na-epl-od-eden-detalj-kje-se-zgrozite/feed/ 0