Стивен Кинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 09 Aug 2021 09:29:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стивен Кинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стивен Кинг навести книга за пандемијата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/stiven-king-navesti-kniga-za-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/stiven-king-navesti-kniga-za-pandemijata/#respond Mon, 09 Aug 2021 09:29:01 +0000 https://kurir.mk/?p=548274

Познатиот американски писател Стивен Кинг има намера да напише книга за пандемијата на коронавирус. Ова тој го најави во емисијата „Поглед“ на Вупи Голдберг. – Сакам да напишам книга за коронавирусот. Сакам да ги сфатам настаните од 2020 година и да видиме како ќе изгледа романот. Воопшто нема да биде лесно, сподели писателот. Стивен Кинг истакна дека пандемијата влијаела и врз пишувањето на детективскиот роман „Били Самерс“, објавен во август 2021 година. Според заплетот, ликовите треба да одат на крстарење, но лани тоа беше невозможно поради рестриктивните мерки. Поради оваа причина, авторот ја преместил приказната во 2019 година, заради веродостојност. Кинг е автор на повеќе од 50 романи, кои се продадени во 350 милиони примероци ширум светот. Неговиот прв роман, „Кери“ беше објавен 1970-тите, по што следеше „Блесок“, што му донесе светска слава. И вториов роман беше преточен во филм – со Џек Николсон во главната улога. Во 2003 година, писателот беше награден со Медал на американскиот Национален фонд за книги за придонес во развојот на американската литература. Во 2014 година е награден и со Национален медал за достигнувања во уметноста во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/stiven-king-navesti-kniga-za-pandemijata/feed/ 0
Стивен Кинг со сериозно обвинување: Доделувањето на Оскарите е наместено! https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-king-so-seriozno-obvinuvanje-dodeluvanjeto-na-oskarite-e-namesteno/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-king-so-seriozno-obvinuvanje-dodeluvanjeto-na-oskarite-e-namesteno/#respond Wed, 29 Jan 2020 15:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=296412

Познатиот писател на хорор романи предизвика бранувања во јавноста со неговите коментари за критериумите за доделувањето на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука. Кинг првично ги разгоре страстите на филмаџиите и на обожавателите со коментар на Twitter во кој напиша: „Кога гласам за некое остварување како член на Академјата, половата и расната разноликост воопшто не ги земам предвид во поглед на уметноста. Само квалитетот. Сметам дека секој друг начин е погрешен.“ Кинг може да номинира филмови во три категории: Најдобар филм, Најдобро адаптирано сценарио и Најдобро оригинално сценарио, па во таа насока, искоментираше за недоволната застапеност на жените и обоените уметници во годинашните номинации за Оскарите. „Аман, Стивен, аман. Сметав дека си подобар од ова. Би требало да е очигледно дека разноликоста и квалитетот не се две одвоени особини, ниту пак се исклучуваат една со друга. Освен, можеби, во главата на еден фанатик“, искоментира писателката Нора К. Џемисин, која е Афроамериканка. Со неа се сложија многу колеги кои изразија жалење што еден голем човек како Кинг може да има толку тесни сфаќања. Тие сметаат дека квалитет има насекаде, но дека поголемиот дел од индустријата верува во квалитетот на една демографска средина, објави The Guardian. Кин потоа се дообјасни: „Најважното нешто кое ние како уметници и креативци можеме да го направиме е да се потрудиме секој да има еднакви шанси, без разлика на полот, бојата на кожата и сексуалната ориентација. Во моментов овие луѓе се погрешно сфатени, не само во уметноста. Не може да освоите награда ако сте исклучени од трката за истата.“ Во неговиот есеј за весникот Washington Post тој истакнува дека неговите објави и коментари на социјалните мрежи биле извадени од контекст. Тој всушност рекол дека оние кои одлучуваат за доделувањето награди треба да бидат слепи за какви било различности (расни, родови, демографски) меѓу уметниците. Писателот тврди дека не рекол дека филмовите, книгите, претставите и музиката што се фокусирани на различноста или нееднаквоста не може да бидат дело на креативен гениј. Можат и често се. Кинг во есејот продолжува да ја образложува тезата дека судиите треба да се слепи, но дека ова не е совршен свет, бидејќи играта (Оскарите) е наместена во корист на белците. Тој става акцент на „демографски нашминканиот процент на разноликост“ кај гласачите за доделувањето на Оскарите: 32% се жени и само 16% се од малцински групи. „Оценувањето на нечиј труд по кој било друг стандард, освен потполна непристрасност, е навредливо и го поткопува трудот на сите исклучителни уметници. Не живееме во совршен свет, а годинашните номинации за Оскарире го потврдија тоа уште еднаш. Можеби еден ден ќе живееме во совршен свет? Можеме да сонуваме за тоа, нели? На крајот на краиштата, јас си го заработувам лебот со измислување приказни“, истакна Кинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-king-so-seriozno-obvinuvanje-dodeluvanjeto-na-oskarite-e-namesteno/feed/ 0
Стивен Кинг: Не можете да го гледате „Чернобил“, а да не помислите на Доналд Трамп https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-king-ne-mozete-da-go-gledate-chernobil-a-da-ne-pomislite-na-donald-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-king-ne-mozete-da-go-gledate-chernobil-a-da-ne-pomislite-na-donald-tramp/#respond Thu, 06 Jun 2019 13:26:59 +0000 https://kurir.mk/?p=206123

Американскиот писател Стивен Кинг соопшти дека не можел, а да не помисли на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако ја изгледал мини- серијата „Чернобил“. Серијата има пет епизоди и до вчера се прикажуваше на каналот „Ејч-Би-Оу“. -Не можете да го гледате Чернобил, а да не помислите на Доналд Трамп. Исто како и оние задолжени за фаталниот руски реактор, така и тој е човек со просечна интелигенција задолжен за голема сила – економска и глобална, која не ја разбира, напиша Кинг на Твитер. Инаку американскиот пистел е голем критичар на политиката на Трамп и не еднократно се искажуваше против изградбата на ѕид на границата со Мексиоко. На забелешката на Кинг одговори Крег Мејзин, извршен продуцент и сценарист на мини-серијата „Чернобил“. -Како прво, задоволен сум што гледате. Второ, задоволен сум што гледате паметно. Не дека некогаш сум имал сомнение, напиша сценаристот. На запад критиките за серијата се позитивни, додека во Русија – поделени. Весникот „Комсомолскаја правда“ изрази сомеж дека соперниците на државната атомоска агенција „Росатом“ ја користат серијата да ја омаловажат сликата за Русија како атомска сила. „Аргументи и факти“ пак го критикуваше филмот како „карикатура а не вистина“. -Уште фалеше да прикажат мечки и армоники, напиша гласилото. Весникот „Москоу Тајмс“ пак напиша дека „фактот што американски, а не руски ТВ канал ја раскажа приказната за нашите херои е извор за срам на провладините медиуми“ во Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/stiven-king-ne-mozete-da-go-gledate-chernobil-a-da-ne-pomislite-na-donald-tramp/feed/ 0