стјуардеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Jul 2020 07:22:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стјуардеси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пилоти ги служат патниците во „ИсландЕр“, стјуардесите отпуштени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/piloti-gi-sluzat-patnicite-vo-islander-stjuardesite-otpushteni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/piloti-gi-sluzat-patnicite-vo-islander-stjuardesite-otpushteni/#respond Mon, 20 Jul 2020 07:22:57 +0000 https://kurir.mk/?p=378562

Исландската национална авиокомпанија „ИсландЕр“ одлучи да ги отпушти сите стјуардеси и стјуарди, со цел да ја спаси компанијата од финансиски проблеми предизвикани од новиот коронавирус, а од денеска наместо нив, пилотите ќе ги служат патниците. – Сепак пилотите нема да губат многу време на туркање колички низ авионот, нудејќи пијалок и храна, бидејќи таа услуга поради вирусот е намалена на минимум, соопшти „ИсландЕр“, што претставува одлука без преседан, според која, дел од пилотите сега ќе се грижат за безбедноста на патниците во авионот. Како што пренесуваат медиумите, засега е нејасно како пилотите успеале за два дена да се подготват за новата улога, бидејќи одлуката за отказ на кабинскиот персонал е донесена во петокот, по долгите неуспешни разговори со синдикалните претставници. Бизнисинсајдер наведува дека се уште не е познато дали таквата замена на улогите е дозволена во регионите во кои сообраќа „ИсландЕр“, вклучувајќи ги САД и ЕУ. Авиокомпанијата „ИсландЕр“ е основана во 1937 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/piloti-gi-sluzat-patnicite-vo-islander-stjuardesite-otpushteni/feed/ 0
Стјуардеси прифатиле покана за дружба со пилоти: Очекуваа забава, а доживеаја ужасен хорор https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stjuardesi-prifatile-pokana-za-druzba-so-piloti-ochekuvaa-zabava-a-doziveaja-uzasen-horor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stjuardesi-prifatile-pokana-za-druzba-so-piloti-ochekuvaa-zabava-a-doziveaja-uzasen-horor/#respond Sat, 23 Mar 2019 11:53:57 +0000 https://kurir.mk/?p=177942

Двајцата пилоти Ерик Џонсон и Ден Вотсон од авиокомпанијата „ЏетБлу“ се наоѓаат пред суд поради тужби од три стјуардеси кои ги обвинуваат за дрогирање и силување. Пилотите на авиокомпанијата се обвинети дека во текот на летот во Сан Хуан се напиле, дрогирале и силувале две од трите девојки кои ги запознале на 9-ти мај минатата година на плажа. Како што се наведува, тие после дружењето со девојките на плажа ги повикале кај нив во соба, каде прво им дале пиво во кое било ставена дрога, поради што на жените останатиот дел од ноќта им бил многу магловит. Третата жена го избегнала силувањето бидејќи после внесувањето на пивото со дрога во организмот, почнала да повраќа. На сите жртви во текот на судењето им бил заштитен идентитетот. Во текот на изнесувањето на доказите жртвите го опишале злочинот во кој како што изјавиле биле немоќни да направат било што за да се заштитат, иако биле свесни што се случува, додавајќи дека третата жртва, кога Џонсон и Вотсон тргнале кон неа, почнала да повраќа поради количината на дрога која ја имала во организмот, што ја спасило од силување. На крајот од тортурата Џонсон на една од жртвите и се “заблагодарил што му ја исполнила фантазијата“. Откако девојките се пробудиле наредниот ден, се чувствувале уморни и не можеле да веруваат што им се случило. После тоа, ги пријавиле пилотите во нивната авиокомпанија, но никогаш не се преземени никакви мерки против нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stjuardesi-prifatile-pokana-za-druzba-so-piloti-ochekuvaa-zabava-a-doziveaja-uzasen-horor/feed/ 0