СТО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Oct 2021 06:47:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png СТО – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белата куќа бара СТО да поддржи суспензија на патентите за вакцини против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-bara-sto-da-poddrzi-suspenzija-na-patentite-za-vakcini-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-bara-sto-da-poddrzi-suspenzija-na-patentite-za-vakcini-protiv-kovid-19/#respond Fri, 22 Oct 2021 06:47:57 +0000 https://kurir.mk/?p=583499

Белата куќа ги повика членките на Светската трговска организација да поддржат откажување од интелектуалната сопственост кога се во прашање вакцините против Ковид-19. Портпаролката на Белата куќа Керин Жан Пјер на редовниот брифинг со новинарите истакна дека е потребно секоја членка на СТО да го забрза и поддржи откажувањето од интелектуалната сопственост за вакцините. – Секоја компанија мора амбициозно и итно да го зголеми производството, потенцираше таа. Пред една година Јужноафриканската република и Индија предложија привремено откажување од правата за интелектуална сопственост, но засега преговорите немаат напредок. Поддржувачите на иницијатива, што опфаќа над 100 држави, тврдат дека тоа би помогнало во спасувањето животи со тоа што во земјите во развој би се произведувале вакцини против Ковид-19. Од друга страна, членките на Европската унија и неколку други земји, меѓу кои и Швајцарија се противат на предлогот. Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека со суспензијата на патентите нема да се реши проблемот со недостигот на вакцини, туку со доделувањето лиценци може да се обезбеди квалитет на производите. Меркел е исто така убедена дека на земјите им треба „генијалност и иновативен потенцијал на компаниите“. САД претходно беа против суспензијата на патентите, но во мај американскиот претседател Џо Бајден ја смени позицијата на неговата земја, но засега без никаков напреодк. СТО планира на својата министерска конференција во Женева, која ќе се одржи од 30 ноември до 3 декември, да постигне договор за глобален одговор на пандемијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belata-kukja-bara-sto-da-poddrzi-suspenzija-na-patentite-za-vakcini-protiv-kovid-19/feed/ 0
Директорка на СТО: КОВАКС засега не ја исполни целта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorka-na-sto-kovaks-zasega-ne-ja-ispolni-celta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorka-na-sto-kovaks-zasega-ne-ja-ispolni-celta/#respond Wed, 14 Jul 2021 07:20:55 +0000 https://kurir.mk/?p=536407

Програмата КОВАКС за рамномерна испорака на вакцини против Ковид-19 низ целиот свет не успеа да ја исполни целта, бидејќи некои земји беа во можност да понудат повеќе пари и да направат резерви, смета генералната директорка на Светската трговска организација (СТО), Нгози Окоњо-Ивеала. – Недостигот во набавката го одреди однесувањето, истакна Окоњо-Ивеала за време на онлајн интервјуто за Атлантскиот совет, но не именуваше на кои земји мисли. Таа додаде дека многу земји ја поддржале програмата КОВАКС, но истовремено купувале вакцини и на тој начин му ги ускратувале на КОВАКС, поради што глобалната програма за вакцинација се бори да ги достави набавките. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, претходно предупреди дека смртноста од Ковид-19 повторно се зголемува, делта сојот на коронавирусот станува доминантен, а многу земји сè уште не добиле доволно вакцини за да ги заштитат своите здравствени работници. – Глобалниот јаз во снабдувањето со вакцини е исклучително голем, снабдувањето е нерамномерно и нефер. Некои држави и региони нарачуваат милиони вакцини за да ја дадат третата доза, додека некои земји не успеаја да ги вакцинираат ниту своите здравствени работници, ниту најранливите групи на населението, предупреди Гебрејесус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/direktorka-na-sto-kovaks-zasega-ne-ja-ispolni-celta/feed/ 0
СЗО, СТО, ММФ и Светска банка апелираат на еднаков пристап до вакцините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sto-mmf-i-svetska-banka-apeliraat-na-ednakov-pristap-do-vakcinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sto-mmf-i-svetska-banka-apeliraat-na-ednakov-pristap-do-vakcinite/#respond Wed, 02 Jun 2021 06:36:07 +0000 https://kurir.mk/?p=517939

Светските лидери мораат да преземат „нова обврска“ да работат на поправедна дистрибуција на вакцините против Ковид-19 на планетата со цел да се изборат против пандемијата и да го спречат „економското закрепнување во две бризини“, повикаа четирите најголеми меѓународни организации Лидерите на Светската здравствена организација (СЗО), Светската трговска организација (СТО), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка го повикаа Г7, пред неговиот самит во Велика Британија, во јуни, со 50 милијарди долари да ја финансира програмата за борба против пандемијата, подготвена од ММФ, и која веќе беше изложена на самитот за здравство што се одржа во Рим, пренесе Хина. -Таквата финансиска инјекција ќе овозможи „значително зголемување на производството на дијагностичка опрема, лекови, кислород, медицинска опрема и вакцини за поправедна дистрибуција, изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус. Оваа сума ќе овозможи до 2025 година да се генерираат 9.000 милијарди за светската економија, соопштија четворица лидери на прес-конференција. До крајот на годината се планира вакцинирање на најмалку 40 проценти од светската популација, а до крајот на 2022 гоина на барем 60 проценти, со цел да се овозможи трајно закрепнување на светската економија. Претседателот на Светската банка, Дејвид Малпас, кажа дека е „клучно да се забрза синџирот на снабдување“ со цел „да се скрати времето од производство на вакцини до нејзина примена“. Многу набљудувачи предупредуваат на нееднаквиот пристап до вакцините во богатите и сиромашните земји, влошувајќи ја и продолжувајќи ја пандемијата што досега уби повеќе од 3,5 милиони луѓе ширум светот. Во заедничката статија објавена во вторникот во „Вашингтон пост“, четворицата лидери на СЗО, СТО, ММФ и Светска банка изјавија дека нееднаквиот пристап ја предизвика појавата на соеви на коронавирусот, што предизвика ново ширење на епидемијата во земјите во развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-sto-mmf-i-svetska-banka-apeliraat-na-ednakov-pristap-do-vakcinite/feed/ 0
СТО и дозволи на ЕУ да воведе казнени тарифи за американските стоки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-i-dozvoli-na-eu-da-vovede-kazneni-tarifi-za-amerikanskite-stoki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-i-dozvoli-na-eu-da-vovede-kazneni-tarifi-za-amerikanskite-stoki/#respond Tue, 13 Oct 2020 15:18:13 +0000 https://kurir.mk/?p=415841

Европската унија има право да воведе казнени тарифи во износ од четири милијарди долари годишно на увозот на американски стоки, како одмазда за нефер субвенциите на амњериканската Влада за производителот на авиони, одлучи Светската трговска организација (СТО), јави ДПА. Оваа сума е далеку под 8,58 милијарди долари што ЕУ ги бараше како казна за поддршката што САД му ја дава на производителот на авиони „Боинг“. Светската трговска организација минатата година издаде слична пресуда, но тогаш во корист на САД, дозволувајќи му на Вашингтон да воведе царини во вредност од 7,5 милијарди долари на европските стоки, како казна за ЕУ заради субвенционирањето на ривалот на „Боинг“, европскиот производител „Ербас“, додаде ДПА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-i-dozvoli-na-eu-da-vovede-kazneni-tarifi-za-amerikanskite-stoki/feed/ 0
Tри жени во трката за директор на СТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zeni-vo-trkata-za-direktor-na-sto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zeni-vo-trkata-za-direktor-na-sto/#respond Sat, 19 Sep 2020 07:39:34 +0000 https://kurir.mk/?p=405386

Три жени, од кои две од Африка, влегоа во вториор круг за избор на генерален директор на Светската трговска организација (СТО), како и двајца мажи. Претходно бројот на кандидати е намален од осум на пет, соопшти Организацијата со седиште во Виена. Еден од кандидатите треба да го замени Бразилецот, Роберт Азеведа, која се повлече од функцијата на почеток од август, една година пред истекот на мандатот. СТО, која постои 25 години никогаш немало жена ниту лице од Африка. Петте кандидати се кениската министерка Амина Мохамед, поранешната министерка за финансии на Нигерија, Нгози Окоњо-Ивеал, поранешната јужнокорејска министерка за трговија Јо Мјунг-хе, Мухамед ал Туваиџри од Саудиска Арбија и поранешниот британски министер Лијам Фокс. Вториот круг на избор за директор на СТО, на кој ќе гласаат претставниците на 164 членки ќе се одржи од 24 септември до 6 октомври, кога бројот на кандидати ќе биде намален на два. Новиот директор на СТО треба да биде избран на почетокот од ноември. Изборот на нов шеф на СТО обично трае девет месеци, но сега тоа се спроведува за три месеци. Новиот генерален директор, според непишано правило се избира со консензус, а гласањето се користи само како крајно средство. Наследникот на Азеведа ќе се соочи со предизвиците – реформирање на СТО, преговори во момент на растечки протекционизам, длабоката рецесија предизвикана од пандемијата со Коивд-19 и трговски тензии, пред се помеѓу САД и Кина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tri-zeni-vo-trkata-za-direktor-na-sto/feed/ 0
Јужнокорејската министерка за трговија ќе се кандидира за шефица на СТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejskata-ministerka-za-trgovija-kje-se-kandidira-za-shefica-na-sto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejskata-ministerka-za-trgovija-kje-se-kandidira-za-shefica-na-sto/#respond Wed, 24 Jun 2020 13:49:28 +0000 https://kurir.mk/?p=362170

Јужнокорејската министерка за трговија Ју Мунг-хе денеска ја објави својата кандидатура за лидерската функција  во Светската трговска организација (СТО), а евентуалниот избор ќе и обезбеди и статус на прва жена на чело на оваа меѓународна организација. Процесот на објавување на кандидатурите за позицијата, што моментов ја извршува Бразилецот Роберто Азеведо, почна токму овој месец. Азеведо го најави своето заминување лани, кон крајот на август, една година пред истекот на мандатот, од семејни причини. Пред десетина дена, официјалната кандидатура за највисоката позиција во СТО ја соопшти Британецот Питер Манделсон, поранешен еврокомесар за трговија, а и сегашниот еврокомесар Пол Хоган кажа дека ја разгледува ваквата можност. Како можни кандидати се споменуваат и шпанскиот министер за надворешни работи, Аранча Гонзалез, и холандскиот министер за надворешна трговија, Зигрид Кааг. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/juznokorejskata-ministerka-za-trgovija-kje-se-kandidira-za-shefica-na-sto/feed/ 0
Генералниот директор на СТО ја напушта функцијата во крајот на август https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalniot-direktor-na-sto-ja-napushta-funkcijata-vo-krajot-na-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalniot-direktor-na-sto-ja-napushta-funkcijata-vo-krajot-na-avgust/#respond Thu, 14 May 2020 18:59:02 +0000 https://kurir.mk/?p=346002

Генералниот директор на Светската трговска организација (СТО), Бразилецот Роберто Азеведо, денеска објави дека ќе ја напушти функцијата на 30 август, една година пред истекот на неговиот втор мандат и додаде дека нема политички амбиции. „Тоа е лична, семејна одлука и убеден сум дека е најдобар во интерес на организацијата“, рече Азеведо на онлајн состанокот на членовите на СТО. Предвременото заминување на Бразилецот доаѓа во време кога светската економија доживува најголемо забавување од Големата депресија од 1930-те. Светската трговија е погодена од последиците на пандемијата на коронавирусот вирус и тоа драстично ги намали производството и трговијата. Без оглед на коронавирус-кризата, СТО со месеци минува низ својата длабока криза поврзанa со телото за решавање спорови меѓу членките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/generalniot-direktor-na-sto-ja-napushta-funkcijata-vo-krajot-na-avgust/feed/ 0
Шефот на СТО предвреме заминува од функцијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-sto-predvreme-zaminuva-od-funkcijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-sto-predvreme-zaminuva-od-funkcijata/#respond Thu, 14 May 2020 06:07:11 +0000 https://kurir.mk/?p=345590

Претседателот на Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо, планира да ја напушти својата позиција пред да му заврши мандатот во 2021 година, пренесува германската агенција ДПА. 62-годишниот Бразилец го доставил овој план до владите членки на СТО, објави денеска Блумберг, повикувајќи се на четири лица запознаени со ова прашање. Азеведо е претседател на трговското тело со седиште во Жeнева од 2013 година. Тој во април рече дека СТО очекува светската трговија да падне за 13 до 32 проценти оваа година, како резултат на кризата со коронавирус. СТО се соочуваше со системски проблеми уште пред пандемијата на коронавирус, која ја уништи глобална трговија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shefot-na-sto-predvreme-zaminuva-od-funkcijata/feed/ 0
80 земји го ограничија извозот на заштитни маски и медицинска опрема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/80-zemji-go-ogranichija-izvozot-na-zashtitni-maski-i-medicinska-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/80-zemji-go-ogranichija-izvozot-na-zashtitni-maski-i-medicinska-oprema/#respond Fri, 24 Apr 2020 10:39:32 +0000 https://kurir.mk/?p=336624

Осумдесет земји и царински подрачја го забранија или ограничија извозот на заштитни маски, средства, ракавици и друга опрема, со цел да се намали недостигот за време на епидемијата ка коронавирусот, соопшти Светската трговска организација (СТО). Забраната ја воведоа 72 членки на СТО и осум земји кои не се членки на организацијата, а само 13 држави членки известиле за мерките согласно прописите, наведува СТО. Нетранспарентноста во однос на ограничувањата и недоволната соработка на меѓународно ниво би можеле да ги загрозат напорите за спречување на ширењето на Ковид-19, од кој се заразени 2,64 милиони луѓе низ светот, а 184.910 починаа, предупредува СТО. Според организацијата, иако ограничувањето на извозот е разбирливо, сепак се заканува опасност за земјите кои зависат од увозот, да загубат пристап до неопходните медицински производи]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/80-zemji-go-ogranichija-izvozot-na-zashtitni-maski-i-medicinska-oprema/feed/ 0
СТО: Меѓународната трговска размена нагло ќе падне во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-megjunarodnata-trgovska-razmena-naglo-kje-padne-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-megjunarodnata-trgovska-razmena-naglo-kje-padne-vo-2020-godina/#respond Thu, 09 Apr 2020 10:48:50 +0000 https://kurir.mk/?p=329665

Меѓународната трговска размена ќе падне нагло во 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирус, проценува Светската трговска организација (СТО), укажувајќи на можни паралели со финансиската криза во 2008 година и Големата депресија од пред 90 години. Трговијата оваа година би можела да се намали од 13 на 32 проценти, проценува СТО, објаснувајќи широк спектар на проценки на неизвесноста создадена од здравствената криза, пренесува Би-Би-Си. Проценката на СТО за пад на трговската размена за 13 отсто се смета за релативно оптимистичко сценарио, појаснувајќи дека тоа рефлектира нагло опаѓање на трговијата во рана фаза и закрепнување во втората половина на годината, благодарение на успешното совладување на здравствената криза во наредните месеци.  Падот на трговијата веројатно ќе биде поголем отколку за време на финансиската криза што го зафати светот пред нешто повеќе од една деценија, предупредува СТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sto-megjunarodnata-trgovska-razmena-naglo-kje-padne-vo-2020-godina/feed/ 0