стоби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 Jul 2023 14:00:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стоби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Стоби се одржува 11-та меѓународна Школа за археологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-stobi-se-odrzhuva-11-ta-megunarodna-shkola-za-arheologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-stobi-se-odrzhuva-11-ta-megunarodna-shkola-za-arheologija/#respond Fri, 14 Jul 2023 14:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=856741

Во археолошкиот локалитет Стоби во тек е 11-та меѓународна Школа за археологија која започна на 24 јуни и ќе трае до 22 јули. Оваа година, археолошките истражувања се одвиваат со учество на 19 студенти и волонтери од САД, Канада и Кина Проектот е почнат уште во 2010 година како дел од соработката меѓу Националната установа Стоби и Фондацијата „Балканско Наследство“ од Бугарија. Како што појасни за МИА, м-р Гоце Павловски, кустос советник во НУ Стоби, стручен раководител на археолошките истражувања и инструктор, целта е учесниците да се запознаат со основните методи на археолошко ископување и археолошка теренска документација, а што се прави преку директна работа на терен. Тој информира дека годинава теренската активностите се фокусирани на мистериозниот објект наречен „Затвор“. Таму се работи на три доцноантички објекти од втората половина на 6 век, сè со цел да се стигне до оригиналната зграда на затворот. - Сепак овие три објекти се подоцнежни од објектот на затворот и тие се буквално залепени за него во некој подоцнежен период, појасни Павловси. Воедно преку директна теренска работа, учесниците ќе ги научат основни методи на археолошки ископувања и документација. Тој информира дека програмата вклучува и предавања на различни теми од историјата и археологијата на Стоби, керамиката, погребните обичаи. Воедно има и предавања за дигитална документација од страна на проф. Џорџ Беван од Квинс Универзитетот во Канада како и неговата асистентка Кристан Џонс кои се во Стоби секое лето од 2015 година наваму. Во рамки на Школата за археологија ќе бидат реализирани и едукативни екскурзии во Охрид, Битола и Скопје, како и во кралските палати и гробници во Пела и Вергина. Еден од учесниците во школата, Гејб Филд од Тексас САД, студент по археологија, за МИА информира дека дошол за да стекне искуства. - Јас сум студент по археологија и едно вакво практично искуство значи многу за мојата понатамошна кариера. Школата е одлична и го оправда моите очекувања, потенцира Филд. Како што информира Марија Џунова, портпарол на НУ Стоби, на археолошкиот локалитет во јуни се одржала и „Работилница за конзервација и реставрација на римска керамика и стакло и мозаик“, во соработка со Фондација Балканско наследство од Стара Загора, Бугарија, а која трае од 2010 година. На работилницата за керамика и стакло, годинава учествуваа седум учесници/ученици, од кои една учесничка од Австралија, а останатите шест од САД. По две недели, по воведните предавања, кои се однесувале на историјата на Стоби, историјат на керамика, карактеристики на глина и керамика и основни принципи на конзервација и реставрација, учесниците работеле и конзервација на керамички садови – реплики на римски садови. Таа информира дека освен со конзервација, студентите се запознале со начините на техничко документирање на керамика, па изработиле техничка документација на фрагменти керамика и цели керамички садови. Конзерваторските работи се реализирале под раководство на Билјана Јанкуловска Пеева, виш конзерватор во НУ Стоби додека изработката на техничката документација од страна на Александар Манев, археолог од Археолошкиот Институт во Бугарија. Во Стоби се одржале и конзерваторските активности во рамки на работилницата за документација и конзервација на мозаик, каде имало имаше седум учесници од Нов Зеланд, Ирска, Кина, а четворица од САД. Џунова информира дека во текот на првите две седмици учесниците/ учениците имале можност да го запознаат теренот и да отпочнат со техничка документација на мозаик и воведни предавања за основни конзерваторски интервенции и работа на терен со што бил заокружен првиот дел од работилницата. Работилницата се реализирале под раководство на Томе Филов, конзерватор за мозаик од НУ Стоби, д-р Алесандро Лугарди, конзерватор за камен и мозаик од Италија, на неколку предавања бил вклучен и Мишко Тутковски, археолог од НУ Стоби. Овие работилници се одржале во периодот од 3 до 23 јуни годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-stobi-se-odrzhuva-11-ta-megunarodna-shkola-za-arheologija/feed/ 0
Отворен ден во археолошкиот локалитет Стоби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-arheoloshkiot-lokalitet-stobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-arheoloshkiot-lokalitet-stobi/#respond Wed, 31 May 2023 13:42:19 +0000 https://kurir.mk/?p=840899

Во рамки на проектот „Еуropov platino Stobi, европскто минато и иднина, културни вредности“ денеска во археолошкиот локалитет Стоби се одржа Отворен ден, на кој присутни беа учесници во проектот од земјава и соседна Грција, како и ученици од Велес, Градско, Росоман и Кавадарци. Како што информира за МИА, Марија Џунова портпарол на Националната установа Стоби, во тие рамки денеска за посетителите беше прикажана Демонстрација на изработка на мозаик од страна на конзерваторот на мозаици Томе Филов од НУ Стоби. Посетителите имаа можност низ Стоби да ги води стручно лице археологот Димитар Николовски, кој подетално ги запозна со досегашните и најнови истражување во археолошкиот локалитет Стоби. Во рамки на програмата се одржа и јавна дискусија за културното наследство на која учествуваа соработници во проектот македонски стручни лица и од соседна Грција. - Целта на денешниот Отворен ден во Стоби беше да се презентира проектот,воедно и да промовира културното наследство во Стоби, потенцира Џунова. Инаку, проектот е поддржан од Европската Комисија преку тело за управување и развој на ИПА прекуграничната програма меѓу двете земји. Проектот го реализира Национапната институција за управување со археолошкиот локалитте Стоби-Градско,CISS Cooperazione Regional Develpment Foyt of Central Macedonia-Region of Central Macedonia i Ephorate of Antiqes of Kilkis. ад/цр]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoren-den-vo-arheoloshkiot-lokalitet-stobi/feed/ 0
Отворени денови во Стоби за промоција на новата мобилна апликација Immersium https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreni-denovi-vo-stobi-za-promocija-na-novata-mobilna-aplikacija-immersium/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreni-denovi-vo-stobi-za-promocija-na-novata-mobilna-aplikacija-immersium/#respond Tue, 22 Nov 2022 06:58:27 +0000 https://kurir.mk/?p=764505

Од денеска до 25 ноември во Театарот на археолошкиот локалитет Стоби, ќе биде промовирана новата мобилна апликација Immersium – интерактивна дигитална алатка која овозможува уникатно културолошкo искуство низ истражување, едукација и забава на археолошкиот локалитет. Влезот е слободен за сите заинтересирани и активностите ќе се одвиваат од 8 до 15 часот. -Спасувајќи го императорот Теодосиј (Saving Emperor Theodosius) е приказна преку која ќе се обидеме да го приближиме римскиот град Стоби до неговите посетители. Во улога на посетител на градот, ќе имате можност преку интерактивен водич (кратки игри, квизови, реконструкции) на вашиот мобилен телефон да искусите дел од секојдневието на стобјани од крајот на 4 век од н.е. (поточно во 388 година од н.е.), што претставува и единствена досега потврдена посета на римски император во Стоби. Апликацијата е бесплатна и ќе може да ја користи секој посетител на локалитетот, велат од Центарот за социјални иновации „Блинк 42-21“. Според Центарот, искуствата создадени преку Immersium водат до откривање нераскажани историски и културни приказни со интерактивна содржина, VR и AR, поддржани со аудио визуелни елементи, гејмификацијa, аватарски карактери итн. Апликацијата е продукт на двогодишен проект (Immersive Storytelling Driven Cooperation for Cultural Heritage Dissemination in the Western Balkans), плод на соработка помеѓу седум институции од пет балкански земји: Национална установа за управување со археолошкиот локалитет Стоби – Градско (Северна Македонија), Центар за социјални иновации Блинк 42-21 (Скопје, Северна Македонија), Универзитет Аристотел (Солун, Грција), фондацијата Балканско Наследство (Софија, Бугарија), Археолошки институт за археологија (Белград, Србија), Градски музеј Љубљана (Љубљана, Словенија) и Nexto (Словенија). Проектот е финансиран од Европската комисија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/otvoreni-denovi-vo-stobi-za-promocija-na-novata-mobilna-aplikacija-immersium/feed/ 0
„Во нови слики“: Почнува Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-novi-sliki-pochnuva-internacionalniot-festival-na-antichka-drama-stobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-novi-sliki-pochnuva-internacionalniot-festival-na-antichka-drama-stobi/#respond Sat, 17 Sep 2022 06:52:34 +0000 https://kurir.mk/?p=733954

Во Народниот театар „Ј.Х.К. Џинот“ – Велес под мотото „Во нови слики“ ќе се одржи 19-тото на Интернационалниот фестивал на античката драма „Стоби“. Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Антигона“, во режија на Диего Де Бреа. Годинашната програма, во две седмици обединува преку дваесет настани, сместени во три рамки: официјална селекција на фестивалот, придружна програма и off – програма на фестивалот, информираат организаторите. Годинашната жири-комисија е во состав: Ѓорѓи Јолевски, актер, Билјана Драгичевиќ-Пројковска, актерка и Деан Дамјановски, театарски режисер. Селектор на фестивалот е Сашо Димоски. Со цел нивно претставување, во off-програмата на фестивалот, на 20 септември ќе бидат изведени претставите „Последната лента на Крап“ (С. Бекет/Ѓ. Јолевски/Перипетија/МНТ), „Кармен“ (М. Делибес/Д. Пројковски/ Драмски театар Скопје), монодрама на Билјана Драгичевиќ-Пројковска и театарската инсталација за еден гледач „Херои 04:33“ (С. Димоски/ Д. Дамјановски/ НТ „Ј. Х. К. Џинот“, Велес). И годинава ќе се доделат четирите интернационални награди – за најдобра актерка, најдобар актер, најдобра режија и гран при на фестивалот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vo-novi-sliki-pochnuva-internacionalniot-festival-na-antichka-drama-stobi/feed/ 0
Американски грант за конзервација на Теодосијанската палата во Стоби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/amerikanski-grant-za-konzervacija-na-teodosijanskata-palata-vo-stobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/amerikanski-grant-za-konzervacija-na-teodosijanskata-palata-vo-stobi/#respond Fri, 18 Mar 2022 16:54:46 +0000 https://kurir.mk/?p=649716

Со грант од филантропската организација од САД „Џ. М. Каплан Фонд“ во висина од 300.000 американски долари, ќе се конзервира Теодосијанската палата во археолошкиот локалитет Стоби. Како што соопшти Министерството за култура, проектот опфаќа и едукативни работилници за професионалци од областа на конзервацијата, археологијата и менаџментот со културно наследство. Во наредните три години НУ „Стоби“ ќе го реализира проектот во соработка со фондацијата „Балканско наследство“ од Софија. – Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната работна посета на Стоби се запозна со динамиката на овој значаен проект, кој претставува продолжение на одличната соработка со американската фондација која минатата година обезбеди средства за изработка на Генералниот план за заштита на археолошкиот локалитет Стоби, прв документ од ваков вид во нашата држава. Во Националната установа „Стоби“ годинава со 9.4 милиони денари, преку Годишната програма на Министерството за култура, ќе се реализираат други 14 проекти, преку кои ќе се истражи, заштити, презентира и промовира еден од најзначајните споменици на културата од римската и од доцноантичката епоха на овие простори, информира Министерството за култура. Директорот на НУ „Стоби“, Спасе Перовски, информираше дека во април ќе почне археолошко-истражувачката дејност на локалитетот и ја запозна министерката за култура дека годинава стручните екипи ќе работат на неколку важни проекти, меѓу кои и конзервација и реставрација на сегменти од Стоби; конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки доистражувања на Римскиот театар; како и археолошки доистражувања и конзервација на фрескоживописот и на архитектонските делови на Старата епископска базилика. -Ќе се изработуваат и основни проекти за конзервација и реставрација на зачуваните мермерни елементи од гледалиштето на театарот, како и основните проекти за конзервација и реставрација на керамички и стаклени садови, како и на метални предмети од збирката, а ќе се набавува и опрема за потребите на конзерваторската лабораторија, наведува Министерството. Директорот Перовски, исто така, ја информираше министерката Костадиновска-Стојчевска за другите меѓународни проекти кои ги реализира оваа национална установа, меѓу кои е и грантот во рамки на ИПА-програмата за меѓугранична соработка со Килкис од Република Грција. Преку овој проект делумно ќе се обезбедат средства за формирање центар за посетители во старата железничка станица во Стоби, паркинг за посетители и поставување на фотоволтаични панели. -Перовски информираше и за грантот од Европската комисија, во рамки на Проектот за соработка и дисеминација преку имерзивно раскажување на културното наследство во Западен Балкан. Преку овој проект, кој НУ „Стоби“ го реализира со шест други институции од регионот, како што рече Перовски, ќе се понуди ново туристичко искуство на локалитетот,. Костадиновска-Стојчевска за време на посетата ги поздрави напорите на НУ „Стоби“ за вклучување на модерните технологии во презентација на културното наследство и посака што поголем интерес за првата виртуелна апликација, која овозможува виртуелно патување во минатото на Стоби и доживување на гладијаторските перформанси кои се одвивале на овој локалитет. Апликацијата, што ја изработи „БЛИНК 42-21“, во соработка со НУ „Стоби“, беше дел и од потесната листа на најдобри иновации на глобално ниво за 2021, соопшти Министерството за култура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/amerikanski-grant-za-konzervacija-na-teodosijanskata-palata-vo-stobi/feed/ 0
Минатата година локалитетот Стоби го посетиле 6.355 туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/minatata-godina-lokalitetot-stobi-go-posetile-6-355-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/minatata-godina-lokalitetot-stobi-go-posetile-6-355-turisti/#respond Tue, 22 Feb 2022 13:12:30 +0000 https://kurir.mk/?p=634859

Археолошкиот локалитет Стоби лани го посетиле вкупно 6.335 туристи од кои 3.813 биле странски, а 2.522 домашни. Во споредба со претходната 2020 година кога имало само 2006 туристи, од кои повеќето домашни, лани посетеноста е зголемена за повеќе од трипати. – Но, сепак бројката од 2021 година споредена со 2019 година кога биле рекордни 18.602 туристи е далеку помала. Во 2019 година, пред почетокот на пандемијата беше рекордна во сите изминати години од отворањето на Стоби за посетителите, кога имаше вкупно 18.602 од кои 10.283 странски и 8.319 домашни туристи, информира за МИА, Спасе Перовски директор на НУ Стоби. Инаку, лани најмногу од странските туристи биле Американци кои се на разни мисии во земјава. Лани имало туристи и од Полска, но и од Австрија, Германија и Италија. Исто така, забележан е и голем број на посетители од соседните држави Бугарија и Србија и мал број од Грција. – Зголемена посета имаше за време на изложбата на скулптури на отворен простор во Стоби од академскиот вајар Петар Хаџи Бошков. Репрезентативноста на самата изложба во своето светло го интегрираше и богатството на локалитетот. Тоа беше една ретка изложба која во себе го вклучи современото и античкото живеење како денешно културно наследство. Посетеноста на изложбата беше неверојатно добра на задоволство на публиката и секако на нас како организатори, појасни Перовски. Тој информира дека за годинава имале предвидено меѓународен културен настан посветен на Јоанес Стобаеус, жител на Стоби од четвртиот век. Со чија збирка на антички филозофски текстови и антички драмски текстови, светот денес се гордее. – За жал Министерството за култура одлучи да не го финансира овој исклучителен настан. Сите други настани кои можат да се случат во Стоби годинава ќе бидат во соработка со други институции, организации и поединци за кои дополнително јавноста ќе биде информирана, појасни Перовски. Стоби за посетителите е отворен секој работен ден од понеделник до петок од 9 до 16 часот. Со започнување на археолошките работи, од април, Стоби ќе биде отворен за посетителите и во саботите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/minatata-godina-lokalitetot-stobi-go-posetile-6-355-turisti/feed/ 0
Наскоро виртуелна посета на археолошкиот локалитет Стоби преку апликацијата „Стоби Еду“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naskoro-virtuelna-poseta-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-preku-aplikacijata-stobi-edu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naskoro-virtuelna-poseta-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-preku-aplikacijata-stobi-edu/#respond Thu, 19 Nov 2020 09:03:08 +0000 https://kurir.mk/?p=431567

Создадена новата мобилна апликација „Стоби Еду“, преку која децата ќе можат да го разгледаат културното наследство на археолошкиот локалитет Стоби. -Апликацијата која наскоро ќе биде достапна за преземање ќе овозможи преку користење на мобилните телефони да се искуси посета во римскиот театар на Стоби и да се доживее минатото на еден сосема нов начин. Достапноста на новите технологии дава можност апликацијата „Стоби Еду“ да се користи и во рамките на самиот образовен процес. Апликацијата може да ја збогати наставната содржина во повеќе предмети во основното и средното образование преку интерактивно визуелно доживување на културното наследство, велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21. „Стоби Еду“ е резултат на соработката меѓу Центарот за социјални иновации Блинк 42-21 и националниот Институт Стоби, а проектот се реализира со поддршка на Министерството за Култура на Република Северна Македонија. -Самата апликација претставува продолжеток на заложбите да се внесат иновативни дигитални алатки кои ќе овозможат интерактивни и визуелни раскажувања на приказните од минатото. Користењето на новите технологии, како виртуелната реалност, овозможуваат еден сосема нов, уникатен начин за доживување на културното – историското наследство, велат од Центарот за социјални иновации Блинк 42-21.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/naskoro-virtuelna-poseta-na-arheoloshkiot-lokalitet-stobi-preku-aplikacijata-stobi-edu/feed/ 0
Почнаа археолошките истражувања во Стоби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-vo-stobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-vo-stobi/#respond Mon, 06 Jul 2020 09:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=369739

Поради пандемијата со задоцнување од три месеци, НУ „Стоби“ на 1 јули почна со програмските активности од годинашните археолошки истражувања на локалитетот Стоби. Ќе се доистражува Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида, а ќе има конзервација и доистражувања на Римскиот театар во Стоби. Директорот на НУ „Стоби“ Спасе Перовски за МИА изјави дека станува збор за проекти одобрени во програмата за 2020 на Министерството за култура. Се работи проектот „Изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од Римската порта и сегмент од југоисточен бедем“. Истовремено има и археолошки доистражувања на Римската порта и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида“, а проектот го раководи археологот Јован Радњански. –Интересно е што таму досега никогаш не било ископувано и затоа очекуваме интересни наоди и научни заклучоци во врска со функционирањето на градот, најави Перовски. Вторите истажувања се „Конзервација, реставрација, реконстукција и археолошки доистражувања на објектот Римски театар во Стоби“, а проектот го раководи археологот Гоце Павловски. Перовски најави дека потоа ќе работат на сцената на театарот, а ќе се прави и нова рампа за влез на товарни возила во близина на сцената и од каде директно се слегува во делот на театарот. Директорот на НУ „Стоби“ планира сите програмски активности предвидени за годинава во Стоби и поддржани од Министерството за култура во рамки на матичните дејности во целост да бидат реализирани до крајот на годинава. Тој информира дека поради кризата предизвикана од Ковид-19, НУ Стоби донела одлука да врати во државниот буџет 980 илјади денари, пари кои им беа доделени од Министерството за култура за два проекта – „Ретроспективна изложба на Петар Хаџи Бошков“ во визуелни уметности архитектура и дизајн за која беше доделен буџет од 800 илјади денари и „Римскиот театар во Стоби: Студија за кавеата 2000-2019. Едиција: Студии за старините на Стоби, серија монографии книга II“, Гоце Павловски, во издавачка дејност, 180 илјади денари. -Заинтересираноста на луѓето за Стоби, посветената работа, духот на тимот вработени и времено ангажирани, дава за право сите ние да се увериме дека поседуваме локалитет кој е рамо до рамо со светските археолошки локалитети, паркови и музеи од оваа област, потенцира Перовски. Додаде дека Националната установа за управување со Археолошкиот локалитет Стоби ниту во време на кризата поради вирусот не престанала со активности за популаризација и презентација на Стоби. Перовски потенцира дека во овие услови посебно била активна веб-платформата и социјалните мрежи и дека интересот бил уште поголем. Доказ за тоа, рече, е што нивните постови за разни ископини и предмети од Стоби имале повеќе илјади прегледи. Интересно е што еден од тие постови за само еден ден имал 16 илјади прегледи. Станува збор за пост на 3 јули со кој беше соопштено дека локалитетот се отвора за посетителите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnaa-arheoloshkite-istrazuvanja-vo-stobi/feed/ 0
Археолошкиот локалитет Стоби од денеска отворен за посетители https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-stobi-od-deneska-otvoren-za-posetiteli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-stobi-od-deneska-otvoren-za-posetiteli/#respond Fri, 03 Jul 2020 09:29:58 +0000 https://kurir.mk/?p=368073

Националната установа „Стоби“ соопшти дека од денеска е отворен за сите посетители археолошкиот локалитет Стоби. Отворениот простор на локалитетот овозможува физичко дистанцирање и безбедна прошетка, а при посетата треба да се почитуваат мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19.
Програмата на Националната установа Стоби за 2020 година опфаќа повеќе проекти, од кои шест директно се однесуваат на истражување и заштита на движното и недвижното културно наследство, додека останатите активности предвидуваат изработка на проекти и инфраструктурни зафати.
Меѓу планираните проекти од областа на заштита на недвижното културно наследство се конзервација и реставрација на дислоцираните мозаици од археолошкиот локалитет Стоби., археолошки доистражувања и изработка на Основен проект за конзервација и реставрација на архитектонските остатоци на Градбата со арки во Стоби, археолошки доистражувања на објект Римски театар во Стоби, конзерваторско-реставраторски работи на Полукружниот плоштад и дуќаните на Виа Сакра (Via Sacra), изработка на проект за конзервација на археолошките остатоци од римската порта и сегмент од југоисточниот бедем и археолошки доистражување на портата и југоисточниот сегмент од комплексот градби околу храмот на Изида. Во 2020 година се планирани и проекти од областа на музејската дејност и заштитата на нематеријалното културно наследство и инвестиции во одржување, адаптација и набавка на опрема за установата. Вкупно 15 проекти се финансирани од Министерството за култура во рамките на Годишната програма за 2020 година. Поради кризната состојба наметната од пандемијата, одложени се два проекта од издавачката дејност, визуелни уметности, архитектура и дизајн. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/arheoloshkiot-lokalitet-stobi-od-deneska-otvoren-za-posetiteli/feed/ 0
Граната од Втора Светска војна пронајдена во Стоби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/granata-od-vtora-svetska-vojna-pronajdena-vo-stobi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/granata-od-vtora-svetska-vojna-pronajdena-vo-stobi/#respond Wed, 07 Aug 2019 08:02:38 +0000 https://kurir.mk/?p=227200

Граната од постар тип (Втора Светска војна) биле пронајдена на локалитетот „Стоби“. Од полицијата информираат дека случајот кај нив е пријавен вчера во 15 часот од страна на работници кои го чистеле патот. Известен бил пиротехничар од ДЗС за нејзино подигање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/granata-od-vtora-svetska-vojna-pronajdena-vo-stobi/feed/ 0