сточен пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Jul 2022 13:00:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сточен пазар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бик си го усмрти сопственикот на добиточен пазар во Гостивар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bik-si-go-usmrti-sopstvenikot-na-dobitochen-pazar-vo-gostivar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bik-si-go-usmrti-sopstvenikot-na-dobitochen-pazar-vo-gostivar/#respond Thu, 07 Jul 2022 12:36:55 +0000 https://kurir.mk/?p=701744

На добиточниот пазар во Гостивар, денеска во 9 часот при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С.од село Врбен, гостиварско. -Мажот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде веднаш бил пренесен за укажување на лекарска помош. Набргу, тој им подлегнал на повредите, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Јавен обвинител и екипа Одделението за внатрешни работи Гостивар извршиле увид на местото на настанот, а телото, по извршениот медицински преглед, било предадено на семејството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/bik-si-go-usmrti-sopstvenikot-na-dobitochen-pazar-vo-gostivar/feed/ 0
Пандемијата го блокира сточниот пазар- сточарите велат владините мерки не се доволни да преживеат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandemijata-go-blokira-stochniot-pazar-stocharite-velat-vladinite-merki-ne-se-dovolni-da-preziveat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandemijata-go-blokira-stochniot-pazar-stocharite-velat-vladinite-merki-ne-se-dovolni-da-preziveat/#respond Mon, 20 Apr 2020 14:00:07 +0000 https://kurir.mk/?p=334640

Ова е Абедин Адили, сточар од Тетово, кој шталата ја наполни со околу 200 овци. Од нив 100 се јагниња кои се уште не ги продал. Абедин вели дека цената на јагнињата сега паднала на 120 денари по килограм, со која не можат да ги покријат трошоците. Според него, Владата треба да преземе мерки бидејќи, како што вели, трговците го користат овој временски период кога се слаби со храна за стоката и им нудат ниски цени, пренесува ТВ 21. „Цената е под 3 евра, не треба да го добие јагнето, 3 евра е нормална цена, во Швајцарија е 15 евра но да ја оставиме Швајцарија, тие го чекаат овој период кога сточарот има мака и му е ослабена работата со житарки и трева, јас потрошив 2500 бали сено, и тие тоа го чекаат и велат дека ќе одиме тогаш да ги земеме јагнињата и ни нудат 200 денари“, вели Абедин Адили. Според Абедин субвенциите од Владата не ги покриваат трошоците ниту за еден месец. Бидејќи сточарството бара работа преку цела година, а не само еден месец. „Ни велат дека даваат субвенции, тие не ги покриваат ниту нашите трошоци, бидејќи еден работник е 500 евра, тие ми даваат мене 500 евра, а работата бара многу време, ги замолувам уште еднаш да преземат посилни мерки за сточарството и земјоделието“, додава Адили. Од друга страна, во регионалната единица при Министерството за земјоделство, велат дека со затворањето на границите поради пандемијата, владата ги субвенционирала земјоделците, бидејќи главните дестинации на јагнињата биле Италија, Грција и други земји од ЕУ. „Со новата одлука, одлуката на Владата, лицата кои ќе ги чуваат женските јагниња во своите стада цената е поголема, од 700 денари порасна на 1500, основата е 100 денари плус 1500 денари по женско јагне, тоа му доаѓа на еден сточар да земе по 2500 денари по глава од женско јагне“, истакна Африм Серјани. Сточарите очекуваат владата да преземе и други мерки, бидејќи велат дека добиваат малку поддршка. Според нив новите генерации не се интересираат за сточарството и се принудени нивните стада да ги намалуваат секоја година. Цената на јагнешкото месо во месарница е околу 350 денари, а едно јагне жива мерка 180 денари или повеќе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandemijata-go-blokira-stochniot-pazar-stocharite-velat-vladinite-merki-ne-se-dovolni-da-preziveat/feed/ 0
Затворени сточните пазари, пратки со животни само со сертификат, контрола на он-лајн трговијата со храна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-stochnite-pazari-pratki-so-zivotni-samo-so-sertifikat-kontrola-na-on-lajn-trgovijata-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-stochnite-pazari-pratki-so-zivotni-samo-so-sertifikat-kontrola-na-on-lajn-trgovijata-so-hrana/#respond Thu, 19 Mar 2020 09:39:55 +0000 https://kurir.mk/?p=318791

На целата територија на земјава забранета е работата на добиточните пазари и собирните центри, пратките со животни ќе се вршат само со валиден сертификат, а ветеринарите не треба да вршат активности во одгледувалишта на луѓе кои се во самоизолација. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денеска соопшти дека се донесени сет безбедносни мерки за создавање услови за безбеден и непречен проток на стоки и животни, со цел спречување на ширењето на болеста Ковид 19, согласно со послдните препораки од Владата и Комисијата за заразни болести. Воедно, АХВ престана да издава сертификати за безбедност за извоз на брашно и ги засили контролите на инспекциски служби кај операторите со храна што вршат онлајн – трговија и достава врз основа на телефонските нарачки на граѓаните. – Се вршат проверки дали се почитуваат основните и посебните услови за дистрибуција на храна, правилата на Добра производствена и хигиенска пракса, како и дали се почитуваат препораките за спроведување на засилената дезинфекција на опремата и транспортните средства со цел намалување на ризиците и спречување на ширење на вирусот КОВИД-19, соопшти АХВ. Најновите мерки на АХВ предвидуваат движењето на пратки со животни,  да се врши само ако животните се правилно идентификувани и придружени со валиден сертификат за здравствена состојба на животните и со документ со кој се потврдува безбедноста на храната со која се тие хранети. -Животните смее да се превезуваат директно во кланица или на одгледувалишта кои ги исполнуваат биосигурносните услови, но, пред товарањето и по растоварот, превозното средство треба да е соодветно исчистено и дезинфицирано, за што се издава потврда од страна на овластено ветеринарно друштво. Пред и за време на превозот, животните не треба да доаѓаат во контакт со приемчиви животни со непознат здравствен статус, соопшти АХВ. Оттаму истакнуваат дека сите животни што ќе се затекнат во промет без сертификат за нивната здравствена состојба, или кои не се идентификувани, ќе бидат одземени, убиени и нештетно отстранети, без надомест за настанатата штета, односно, на трошок на одгледувачот. Ветеринарните друштва, пак, редовно да се информираат и да ги следат заклучоците на Владата и препораките на Министерството за здравство. Тие не треба да вршат активности во одгледувалиштата каде има лица кои се во само изолација, а активностите од областа на здравствената заштита и благосостојба кои во вакви услови се редуцирани, во населените места во кои има лица заболени од вирусот Ковид 19 да се остават последни, односно во овие области, ветеринарните активности од овој тип ќе се спроведат кога ризикот од вирусот нема да постои, наведува АХВ. Врз основа на донесената одлука на Владата за замрзнување на цените на основните прехранбени производи (леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциони средства), Агенцијата за храна и ветеринарство во наредниов период нема да издава сертификати за безбедност за извоз на брашно. Агенцијата за храна и ветеринарство апелира да се почитуваат процедурите за постапување во синџирот на утовар/растовар и превоз на стока во меѓународниот и внатрешниот превоз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvoreni-stochnite-pazari-pratki-so-zivotni-samo-so-sertifikat-kontrola-na-on-lajn-trgovijata-so-hrana/feed/ 0