стојаково – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 Jul 2019 16:15:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стојаково – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познат е сторителот кој го уби со вила и запали со бензин кучето во Стојаково- се бара најостра казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-e-storitelot-koj-go-ubi-so-vila-i-zapali-so-benzin-kucheto-vo-stojakovo-se-bara-najostra-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-e-storitelot-koj-go-ubi-so-vila-i-zapali-so-benzin-kucheto-vo-stojakovo-se-bara-najostra-kazna/#respond Sun, 21 Jul 2019 16:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=220779

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен во полиција. Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ велат дека полицијата направила увид на местото каде е пронајдено запаленото тело од кучето. „Согласно податоците кои ги обезбедивме, знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“, велат тие. За случајот се дозна од социјалните мрежи, кога жител на Стојаково јавно објави фотографии. Пред да биде запалено со бензин, маалското куче било измачувано и тепано со вила. Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат и вакви свирепи убиства. Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-e-storitelot-koj-go-ubi-so-vila-i-zapali-so-benzin-kucheto-vo-stojakovo-se-bara-najostra-kazna/feed/ 0
Ракија од јапонско јаболко се прави само во Стојаково https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rakija-od-japonsko-jabolko-se-pravi-samo-vo-stojakovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rakija-od-japonsko-jabolko-se-pravi-samo-vo-stojakovo/#respond Thu, 30 May 2019 08:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=203527

На сите им е познато дека ракијата се прави од овошје, најчесто од грозје,слива,кајсија и круша, но малкумина знаат дека во селото Стојаково (општина Богданци) почна да се произведува и од јапонско јаболко. Неодамна стојачанецот Костадин Воданов успеа прв во  Македонија да направи ракија од јапонско јаболко. Човекот желба имал одамна, експериментирал пет години но на крајот сепак успеал да го направи она што досега никој не го направил во нашата држава, а можеби и пошироко. Целата сторија на СИТЕЛ, погледнете ја ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rakija-od-japonsko-jabolko-se-pravi-samo-vo-stojakovo/feed/ 0
Жител на село Стојаково под истрага заради неовластено производство и пуштање во промет на марихуана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-selo-stojakovo-pod-istraga-zaradi-neovlasteno-proizvodstvo-i-pushtanje-vo-promet-na-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-selo-stojakovo-pod-istraga-zaradi-neovlasteno-proizvodstvo-i-pushtanje-vo-promet-na-marihuana/#respond Tue, 22 Jan 2019 08:46:39 +0000 https://kurir.mk/?p=155109

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 48-годишно лице од село Стојаково поради постоење основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот на 30.10.2018 година било утврдено дека тој кај себе неовластено заради продажба држел околу шест килограми наркотична дрога – марихуана, спакувана во 12 полиетиленски пакувања со различна нето маса. Пакувањата биле пронајдени  во бела јутена вреќа во плакарот во една од собите. Претресот бил извршен од страна на овластени службени лица од Полициска станица Гевгелија, по Наредба на судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија. Ценејќи го фактот дека се исполнети законските основи, а имајќи ја предвид и висината на запретената казна за предметното кривично дело, фактот дека осомничениот повеќепати е осудуван за ист вид на кривични дела, како и можноста тој да влијае врз сведоци, Основното јавно обвинителство Велес до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес поднесе и Предлог за определување притвор за осомничениот. Предлогот е прифатен  и на осомничениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена. Интегрален текст од Основното јавно обвинителство]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zitel-na-selo-stojakovo-pod-istraga-zaradi-neovlasteno-proizvodstvo-i-pushtanje-vo-promet-na-marihuana/feed/ 0