стојан андов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Aug 2019 14:19:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стојан андов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Андов: Со случајот „Рекет“ нанесен е тежок удар на институциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-so-sluchajot-reket-nanesen-e-tezok-udar-na-instituciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-so-sluchajot-reket-nanesen-e-tezok-udar-na-instituciite/#respond Sun, 04 Aug 2019 14:19:31 +0000 https://kurir.mk/?p=226298

Институциите треба брзо и ефикасно да ја завршат истрагата, во спротивно довербата од граѓаните ќе биде сериозно нарушена – вели во интервју за Канал5 првиот собраниски спикер од независноста на државата, Стојан Андов. Според него, сомнителен е фактот што Катица Јанева се споменува како директен учесник во случајот, ја истражуваат нејзината поврзаност, но не е повикана да даде исказ во обвинителството. -Тежок удар на институциите е нанесен. Сега се ќе зависи каква ќе биде разврската. Ако се преземат конкретни мерки, може да се ублажи впечатокот, инаку за граѓаните и кај нашите странски партнери, ова што се случува е надвор од разумот. Никој тоа не го очекуваше. Сега е на испит нашето правосудство, без правосудство нема демократија. Мора совесно и одговорно да ги вршат своите функции.Главната јавна обвинителка од СЈО предизвикува сомневање во својата активност, а притоа е оставена надвор од случајот, тоа директно влијае на поништување на довербата кај граѓаните во системот, рече Андов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-so-sluchajot-reket-nanesen-e-tezok-udar-na-instituciite/feed/ 0
Симната забраната за продажба на книгата „До атентатот и по него“ на Стојан Андов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simnata-zabranata-za-prodazba-na-knigata-do-atentatot-i-po-nego-na-stojan-andov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simnata-zabranata-za-prodazba-na-knigata-do-atentatot-i-po-nego-na-stojan-andov/#respond Wed, 15 May 2019 09:57:35 +0000 https://kurir.mk/?p=198137

Апелациониот суд ја укина времената мерка на Основниот суд Скопје 2 да се забрани продажбата на книгата „До атентатот и по него“, на поранешниот собраниски спикер, Стојан Андов. Апелација ја прифатила желбата на адвокатот на Андов, Звонко Давидовиќ, кој вели одлуката на првостепениот суд да ја забрани книгата е прејудицирање на пресудата. Времената мерка беше донесена по барање на тужителот. Професорот Љубомир Фрчкоски го тужи Андов за клевета, бидејќи во книгата се зборува за неговата улога во атентатот на поранешниот претседател, Киро Глигоров. Давидовиќ објаснува дека Фрчковски не е наклеветен, бидејќи, како што вели, Андов пишува за пропустите во истрагата во тоа време, а тврдењето, додава, го поткрепува со факти и со дадени изјави. По одлуката на Апелација времената мерка се враќа во првостепениот суд на повторно одлучување. Се додека судот повторно не се произнесе, додава адвокатот, книгата на Андов може слободна да се продава и реиздава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/simnata-zabranata-za-prodazba-na-knigata-do-atentatot-i-po-nego-na-stojan-andov/feed/ 0
Андов: Му предложив ТВ дуел на Фрчкоски, но тој одби https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-mu-predloziv-tv-duel-na-frchkoski-no-toj-odbi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-mu-predloziv-tv-duel-na-frchkoski-no-toj-odbi/#respond Fri, 22 Mar 2019 20:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=177766

Стојан Андов во вечерашното интервју на Канал 5 откри дека му предложил ТВ дуел на Фрчкоски за тврдењата изнесени во неговата книга уште пред да ја поднесе тужбата, но тој одбил. -Во неготово гостување на телевизија рекол дека тој во книгата е претставен како убиец, рекол дека сум недоветен. Прво добив писмо дека ако јавно не му се извинам ќе ме тужи. Му реков дека нема да му се извинам, и му предложив да имаме ТВ дуел за да видиме дали има основа за тужба. Тој тоа го одби. Според она што го зборува, тој не ја прочитал книгата. Тој треба да ја прочита книгата, вели Андов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andov-mu-predloziv-tv-duel-na-frchkoski-no-toj-odbi/feed/ 0
Дескоски: Се чини дека Андов ја доби најдобрата реклама- стана забранет автор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-se-chini-deka-andov-ja-dobi-najdobrata-reklama-stana-zabranet-avtor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-se-chini-deka-andov-ja-dobi-najdobrata-reklama-stana-zabranet-avtor/#respond Fri, 22 Mar 2019 08:54:56 +0000 https://kurir.mk/?p=177455

Универзитетскиот професор Тони Дескоски на својот Фејсбук профил објави статус во кој е зачуден од привремената мерка за забрана на автобиографската книга на Стојан Андов. -Малку ми е зачудувачка привремената мерка за забрана на автобиографската книга на Стојан Андов. Ќе разберев ваква мерка ако тој беше тужен за плагијат, па преку забраната да се спречи евентуална дополнителна штета за вистинскиот автор. Но, во овој случај, тужбата е за клевета (како што известуваат медиумите). Книгата подолго време е во оптек, а спорната содржина е веќе општо позната. Ако имало клевета, таа е веќе сторена. Се чини дека Андов ја доби најдобрата реклама. Стана забранет автор, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deskoski-se-chini-deka-andov-ja-dobi-najdobrata-reklama-stana-zabranet-avtor/feed/ 0
Стојан Андов: По атентатот врз Глигоров, Тито Петковски едноставно го снема! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-po-atentatot-vrz-gligorov-tito-petkovski-ednostavno-go-snema/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-po-atentatot-vrz-gligorov-tito-petkovski-ednostavno-go-snema/#respond Thu, 13 Dec 2018 17:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=139872

Одамна не сме се виделе со Тито Петковски. Кога јас бев претседател на Собранието, тој беше потпретседател на Собранието. Тогаш соработувавме, вели во интервју за Пресинг Тв, Стојан Андов, поранешен претседател на Собранието на Република Македонија.

Притоа, Андов изразува и доза на разочарување. Меѓутоа, ме изненади и за тоа ќе се распрашам, ќе видам и од него ако можам да ми каже зошто него, по атентатот (на претседателот Киро Глигоорв н.з.), извесно време, кога беа најбурните настани и расправи го снема едноставно. Јас не можев да го добијам. Го барав Тито, но него го немаше. Морав да го барам по болниците, каде бил, зошто го нема, нагласува Андов. Интервјуто со поранешниот претседател на Собранието на РМ следува по објавувањето на неговата последна книга „До атентатот и по него“, чија промоција предизвика бура од реакции во јавноста. Во него Андов говори за атентатот врз претседателот Глигоров, за фактот дека за него не била спроведена никаква истрага, за исказите во обвинителството дадени многу подоцна, за обвинувањата на негова адреса…
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-po-atentatot-vrz-gligorov-tito-petkovski-ednostavno-go-snema/feed/ 0
Кој е тој Андов? Обвинетиот Нинџа за судот и СДСМ порелевантен сведок од Стојан Андов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-toj-andov-obvinetiot-nindza-za-sudot-i-sdsm-porelevanten-svedok-od-stojan-andov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-toj-andov-obvinetiot-nindza-za-sudot-i-sdsm-porelevanten-svedok-od-stojan-andov/#respond Fri, 07 Dec 2018 15:33:44 +0000 https://kurir.mk/?p=137084

Двојните аршини на македонското правосудство стануваат секојдневна пракса. Владеењето на правото е сведено на нула. Пред неколку дена видовме како само заради политичка корист на власта судството зема за релевантни искази на човек како Александар Василевски - Нинџа, на кого му се заканува над 20 годишна казна затвор, а притоа во исто време не зема ниту во обзир искази и кажувања на Стојан Андов, долгогодишен претседател на собранието на Република Македонија и чинител во општествено политичките текови во државата во изминативе 30 - тина години, кога јавно преку својата книга обелоденува за одговорните за атентатот на Глигоров, при што го спомнува Љубомир Фрчкоски како директен виновник за атентатот. На кажувањата на Аднов, не уследи реакција на обвинителството, кое по допрен глас е должно за кривично дело, како што е обид за убиство на претставници од највисоките државни органи од чл.309 од КЗ, за кое е пропишана казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор, да поведе истрага и да го повика Андов да го потврди или расветли наводите. Андов иако жив сведок на тогашните настани не е релевантен за обвинителството за поведување истрага, но затоа за истото тоа обвинителство е релевантен човек како Нинџа кому му се заканува затвор од најмалку 20 години, за настаните од 27 април од собранието, и кој како таков е спремен на секаков исказ, па дури и тој да е претпоставено лажен. Еминентниот новинар Љубомир Гајдов пред некој ден исто така обелодени скандалозни детали околу атентатот на Глигоров, тој во неговиот говор кажа: -Одма по атентатот, три истоветни телеграми дојдоа од Вашингтон од ЦИА, од Лондон и од Минхен. Пишуваше „Ништо не пипајте, доаѓаат нашите експерти“. Ама вашиот министер на полиција го однесе Мерцедесот во непознат правец, после 120 минути. Зошто, прашав јас наивно. Тој е мозок на атентатот, ми вели, обелодени Гајдов. И Гајдов, како и Андов не е повикан од обвинителството за наводите, ниту пак во обвинителство е повикан Фрчкоски, кој го посочуваат и двајцата, но ја немаат сите истата поддршка од власта како провладиниот колумнист, експерт и дежурен гостин во дебатните емисии Фрчкоски. Па така не само на разговор, туку и во притвор завршуваат луѓе само заради тоа што се спомнати во судница од страна на лица на кои им се заканува долгогодишна робија и кои за да се спасат од истата би биле спремни на се, па дури и на лага. Двојните аршини на судството Миле Јанакиески и Кирил Божиновски веќе половина месец се наоѓаат во притвор само врз основа на службена белешка која се повикува на неименуван извор за средба кај претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, која патем беше демантирана од институцијата претседател на Република Македонија, која е највисока државна институција. И во овој случај како и во претходниот клиентелистичкото судство му поклони поголема доверба на нерелевантен извор отколку на претседателот на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koj-e-toj-andov-obvinetiot-nindza-za-sudot-i-sdsm-porelevanten-svedok-od-stojan-andov/feed/ 0
Гајдов со сериозни обвинувања за Фрчкоски, се повикува на цврсти извори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-so-seriozni-obvinuvanja-za-frchkoski-se-povikuva-na-cvrsti-izvori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-so-seriozni-obvinuvanja-za-frchkoski-se-povikuva-na-cvrsti-izvori/#respond Fri, 30 Nov 2018 20:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=134385

Вечерва се одржа промоција на избрани дела на Стојан . Во колекцијата од десет томови застапени се книгите: „На мој начин“, „Моите патувања“, „Стравот и љубовта“, „Кицо Американецот“, „Јосип Броз Тито и распаѓањето на Југославија“ ,„Приказната на Марија“, „Драматичната 1991 година“, „1992-година на опасни предизвици“, „Успеси и заговори -1993 година“ и „Пред атентатот и по него“. За мемоарско-публицистичките и литературни дела говореше надворешно-политичкиот коментатор Љубомир Гајдов. Меѓу другото, Гајдов говореше за атентатот на екс-претседателот на Република Македонија, покојниот Киро Глигоров. Откри шокантни детали за начинот на кој тогаш постапувал Љубомир Фрчкоски, како министер за внатрешни работи. Раскажа што тогаш дознал од моќни луѓе со богати сознанија. -Одма по атентатот, три истоветни телеграми дојдоа од Вашингтон од ЦИА, од Лондон и од Минхен.  Пишуваше „Ништо не пипајте, доаѓаат нашите експерти“. Ама вашиот министер на полиција го однесе Мерцедесот во непознат правец, после 120 минути. Зошто, прашав јас наивно. Тој е мозок на атентатот, ми вели, обелодени Гајдов. На Црвенковски, вели Гајдов, му барале да го смени Фрчкоски од министерското место. Многу повеќе, слушнете во неговиот говор: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gajdov-so-seriozni-obvinuvanja-za-frchkoski-se-povikuva-na-cvrsti-izvori/feed/ 0
Стојан Андов: Прекршен e правниот аспект на процедурата во Собранието при носење на Законот за јазици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-prekrshen-e-pravniot-aspekt-na-procedurata-vo-sobranieto-pri-nosenje-na-zakonot-za-jazici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-prekrshen-e-pravniot-aspekt-na-procedurata-vo-sobranieto-pri-nosenje-na-zakonot-za-jazici/#respond Mon, 26 Mar 2018 14:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=33240

Стојан Андов кој во два наврати беше претседател на Собранието на Република Македонија, го критикуваше носењето на Законот за јазиците и процедурата за негово носење во Собранието. Тој со оглед на долгогодишната кариера како претседател на Собраието, потенцира дека треба да се расчисти прашањето со амандманите на Законот за јазиците. Тој објасни дека законот требало да биде донесен во законска процедура и дека сега е прекршен правниот аспект на процедурата во Собранието и дека е занемарена нејзината сила. Како што вели Андов за Законот за јазиците, требало да има трпение и темелна процедура во Собранието, и самото донесувањето на закопнот би било  во неспорна процедура. За настанатата состојбата, Андов вели дека  е резултат на невнимание и потценување на правниот аспект на процедурата и нејзината сила. На прашањето кој во суштина го наруши принципот на протоколарност или на процедурата на одлучување на законот дали тоа е претседателот на државата или пак тоа е парламентот, Андов со краток одговор: - Видете тоа е едно прашање кое што треба пошироко да се објаснува, ако не се расчисти прашањето со амандманите не можеме да знаеме дали претседателот на државата или премиерот ја прекршил процедурата, објасни Андов. Андов проблемот го детектираше во непочитување на процедурите и прескокнување на амандманите и не дозволување на амандманска расправа во Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojan-andov-prekrshen-e-pravniot-aspekt-na-procedurata-vo-sobranieto-pri-nosenje-na-zakonot-za-jazici/feed/ 0