стојан павлевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Jan 2020 21:41:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стојан павлевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почина „Кобра“ – човекот кој лани беше претепан на „Зелен Пазар“ како одмазда за нападот врз Зијадин Села на 27 април https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-kobra-chovekot-koj-lani-beshe-pretepan-na-zelen-pazar-kako-odmazda-za-napadot-vrz-zijadin-sela-na-27-april/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-kobra-chovekot-koj-lani-beshe-pretepan-na-zelen-pazar-kako-odmazda-za-napadot-vrz-zijadin-sela-na-27-april/#respond Wed, 22 Jan 2020 21:41:02 +0000 https://kurir.mk/?p=293413

Стојан Павлески, човекот кој минатата година беше претепан од страна на лица блиски до лидерот на „Алијанса за Албанците“ Зијадин Села, почина откако неговите повреди не беа соодветно лекувани затоа што истиот е осуденик за настаните од 27 април. Стојан Павлески, човекот кој минатата година беше претепан од лица блиски до Зијадин Села како одмазда за недокажаниот напад на 27 април 2017. година, почина како резултат на несоодветно лекуваните трауми нанаесени при нападот. Неговата сестра, Вера Митевска, лани го повика министерот Венко Филипче да се засрами од постапките на неговото министерство и докторите кои го игнорирале Павлески, кој имаше отворени рани на главата. Телото на Павлески, дрско и безобзирно, ПО НАРЕДБА, е оставено само да скапува. Болниот деноноќно го гледа престарената мајка и членови на семејството, потенцира Митевска. Во самото писмо Митевска наведува – „ Првите три дена на Траумстологија, брат ми беше контактибилен, зборуваше и стануваше, а потоа од лековите стана коматозиран. Четири месеци го држат на некаква инфузија или раствор, кој секојдневно му го убризгуваат во телото. Повремено му даваат и малку антибиотик( така ни велат медицинските лица) и сите заедно кои се „грижат“ за него молчат! Кога има медицинска визита, нас домашните, нѐ бркаат од собата. Сите дијагнози и документи се чуваат под клуч, кај Началникот! Докторот, кој што ја изврши операцијата на носот, предложи пациентот да биде префрлен на друго одделение, но препораката беше неуспешна, заради НАРЕДБИТЕ од неговите претпоставени, Директорот, началникот или кој знае кој, кои имаат за цел , брат ми да биде умрен, свирепо, на тенане.“ – напиша лани Вера Митевска.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-kobra-chovekot-koj-lani-beshe-pretepan-na-zelen-pazar-kako-odmazda-za-napadot-vrz-zijadin-sela-na-27-april/feed/ 0
Директорите на Tрауматологија и Неврологија се уште молчат за случајот на Павлески https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-traumatologija-i-nevrologija-se-ushte-molchat-za-sluchajot-na-pavleski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-traumatologija-i-nevrologija-se-ushte-molchat-za-sluchajot-na-pavleski/#respond Thu, 17 Jan 2019 12:01:26 +0000 https://kurir.mk/?p=153315

По вчерашната објава по социјалните медиуми за Стојан Павлески кој лежи на Клиниката за трауматологија, не престанаа реакциите на револтираните граѓани како е можно човек кој е самохран татко на едно малолетно дете, да е оставен сам на себе да се грижи. Павлески пред неколку месеци бил нападнат и претепан речиси до смрт. Има повреди на рбетот и крварење во мозокот. Лежи неподвижен во горните и долните екстремитети и неговите се жалат дека мораат сами да му ги преврзуваат раните бидејќи персоналот на клиниката се жали на предолгиот престој како и на мирисот кој се шири од раните. Состојбата е сериозна по неговиот живот. Неговото семејство нема средства за третман. Молат да се префрли на Клиниката на неврологија и соодветно да се третира. Буквално сите што го знаат човекот, молат за било каква помош. Директорите на Трауматологија и Неврологија ниту се грижат, а очигледно ниту сакаат човекот да биде згрижен во соодветна институција. Директор на Трауматологија е Илир Хасани, а директор на Невроголија е Иван Барбов треба да дадат одговор на јавноста зошто човекот не е згрижен како што треба и зошто е оставен сам на себе? А, исто така треба да се произнесе и самото министерство како е можно да се дозволи вака во неговиот сектор и да не се интервенира. Хуманоста ќе се види на дело ако надлежните во здравството, се искоординираат со колегите од труд и социјала. Работата на министрите и директорите не е само да се сликаат и да кажуваат дека ја вршат работата во рамки на функцијата, туку и да покажат хуманост. Хуманоста треба да ја покажат и Венко Филипче и неговата колешка Мила Царовска. Бидејќи станува збор за самохран родител се поставува и прашањето дали и кој се грижи за детето, каде се социјалните служби? Изгледа дека наместо да се згрижи човекот и да се излекува, институциите си префрлаат вина меѓусебно. На сите овие дилеми одговор треба да дадат надлежните институции, бидејќи поради нечија неодговорност се ставаат под ризик животите и самото здравје на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorite-na-traumatologija-i-nevrologija-se-ushte-molchat-za-sluchajot-na-pavleski/feed/ 0
ТВ Алфа прашува дали некој организира одмазда за нападот врз Села: Крвнички претепано уште едно лице, а власта молчи и замижува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv-alfa-prashuva-dali-nekoj-organizira-odmazda-za-napadot-vrz-sela-krvnichki-pretepano-ushte-edno-lice-a-vlasta-molchi-i-zamizuva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv-alfa-prashuva-dali-nekoj-organizira-odmazda-za-napadot-vrz-sela-krvnichki-pretepano-ushte-edno-lice-a-vlasta-molchi-i-zamizuva/#respond Sat, 13 Oct 2018 10:18:20 +0000 https://kurir.mk/?p=114443

Уште едно лице крвнички претепано, сомнежи за можна одмазда, власта молчи и не реагира. Имено во вчерашната емисија „Отворено“ на Тв Алфа беше отворена дилема дали некој се одмаздува за случајот со нападот врз пратеникот Зијадин Села во Собрание, случајот на Стојан Павлевски е трет по ред, каде што се претепуваат лица поврзани со настаните од 27 април во Собрание. Стојан Павлевски кој е осуден за насилство, во случајот 27 април, веќе 20 дена е во критична состојба на клиника, бидејќи полицијата и обвинителството не можат да утврдат ни мотив ниту пак сторители. Кој го претепал буквално до смрт, пред камерата на Алфа сведочела неговата мајка. -Ниту може да зборува, само гледа со очите нагоре, ако му дадам вода добро ако не ништо. Нозе, раце се му се отечени, цел е катастрофа. Пробува да збори ама ништо не го разбирам, пошто е удрен повреден во главата, сведочи неговата мајка. Со него настрадал уште еден скопјанец, кој најверојатно се познавал со Павлевски. -И уште еден има со него што бил, тој бил удрен во главата и раката му е скршена ама е во добра состојба, мислам, вели мајката на Павлевски. Полицијата со штури информации за крвавиот напад врз Павлевски. Критичниот 24 септември кога е претепан, има регистрирано само пријава од граѓани. На 24.09.2018 од граѓани било пријавено дека на влезот од Зелен Пазар, во паркот лежеле две лица. Полициски службеници излегле на местото, а лицата со возило на Итна медицинска помош биле однесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им била укажана лекарска помош. По преземените мерки било утврдено дека станува збор за лицата В.Т. (58) и С. Павлевски (52), двајцата од Скопје, стои во соопштението од МВР. Скопјанецот кој најверојатно поради Павлевски бил натепан, после три дена од нападот случајот го пријавил во полиција, но никаде во пријавата не го споменал Стојан. Во врска со овој настан на 27.09.2018 година во 12 часот во СВР Скопје, В.Т. пријавил дека на 24.09.2018 година околу 18:30 часот во близина на угостителски објект на булевар „Кочо Рацин“ физички бил нападнат од 3 непознати лица при што паднал во бессознание. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Стои во соопштението на МВР за пријавата поднесена од второто лице кое било повредено. Стојан Павлевски после 8 месеци одбрана за обид за убиство, доби преквалификација на делото, а изрази и каење за насилството врз Зијадин Села. Судот го осуди на 3 години затвор. Тој е последната жртва на инциденти кои изминатиов период зачестија, а се поврзани со 27 април. Две тепачки претходеле во притворското одделение во Затворот Скопје, познат како Шутка. Еден притвореник кој кривично го товарат за нападот врз пратеникот Зијадин Села, бил претепан до бессознание. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tv-alfa-prashuva-dali-nekoj-organizira-odmazda-za-napadot-vrz-sela-krvnichki-pretepano-ushte-edno-lice-a-vlasta-molchi-i-zamizuva/feed/ 0