Стојан Славески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 01 Sep 2022 18:14:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стојан Славески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Директорот на ДБКИ Стојан Славески под истрага за земање мито?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-dbki-stojan-slaveski-pod-istraga-za-zemanje-mito/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-dbki-stojan-slaveski-pod-istraga-za-zemanje-mito/#respond Thu, 01 Sep 2022 18:03:39 +0000 https://kurir.mk/?p=727417

Пратеникот и член на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Драган Ковачки во свој статус го прозива директорот на Дирекцијата за безбедност на калсифицирани информации (ДБКИ) да одговори дали против него се води истрага за земање пари (мито) за испраќање на луѓе на дипломатска мисија во Брисел, како и за земање на пари (мито) за издавање на безбедносни сертификати. Во своето обраќање, Ковачки јавно го повикува Славески да одговори дали против него е покренато обвинение и да се изјасни дали имало злоупотреби и при издавањето на безбедносните сертификати? Инаку, Славески е познат во јавноста по низа скандали кои го обележаа неговото директорување во ДБКИ, како на пример луксузирањето со купување службени џипови и нивно користење за приватни потреби, за вработување на лица во ДБКИ без безбедносни сертификати, издавање сертификати за еден ден на новинари блиски до власта, како и низа безбедносни пропусти во неговата работа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-dbki-stojan-slaveski-pod-istraga-za-zemanje-mito/feed/ 0
„Инфомакс“: Директорот на ДБКИ се развозува со службени возила на приватни настани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infomaks-direktorot-na-dbki-se-razvozuva-so-sluzbeni-vozila-na-privatni-nastani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infomaks-direktorot-na-dbki-se-razvozuva-so-sluzbeni-vozila-na-privatni-nastani/#respond Sun, 25 Aug 2019 18:00:24 +0000 https://kurir.mk/?p=233274

Продолжуваат скандалите кои го следат Директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, пренесува „Инфомакс“. До нивната редакција пристигнале фотографии на кои, како што пишува порталот, недвосмислено се забележува како Славески ги злоупотребува службените возила на Дирекцијата, со цел да се појави на настан од приватен карактер. Имено, деновиве во Охрид се одржува Безбедносниот форум на поранешни алумни на Маршал Центарот, на кој настан може да се забележи директорот Славески. И тоа би било во ред, доколку пред хотелот во кој се одржува настанот, не беше забележано едно од службените возила на ДБКИ, кое верно во сенка го чекаше својот „сопственик“. Се работи за возило марка Хјундаи Туксон, кое Славески за повеќе од 20.000 евра си го купи за себе веднаш по стапувањето на функција, во набавка која имаше само еден понудувач. Кога редакцијата го обзнани тој скандал, Славески пред своите соработници се правдал дека го купил возилото за службени потреби, односно за пренос на класифицирана пошта. Па, така, од овие фотографии може да заклучиме или дека во возилото навистина има класифицирани документи кои се пренесуваат по паркинзи и хотели во Охрид, или се работи за класична злоупотреба на државни ресурси за приватни цели, пишува Инфомакс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/infomaks-direktorot-na-dbki-se-razvozuva-so-sluzbeni-vozila-na-privatni-nastani/feed/ 0