стојанче ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 18:18:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стојанче ангелов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ангелов: Пожарот во Арачиново не претставува опасност за никого https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-pozharot-vo-arachinovo-ne-pretstavuva-opasnost-za-nikogo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-pozharot-vo-arachinovo-ne-pretstavuva-opasnost-za-nikogo/#respond Mon, 11 Sep 2023 18:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=877055

Густиот чад што се гледа од Скопје, претставува горење на трски во каналите околу село Арачиново кое не претставува опасност за никого, изјави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Ангелов информира дека гори поголема количина на трски и ѓубре во каналите, а гаснењето се одвива отежнато поради тешко пристапниот терен. - Каналите започнуваат некаде пред селото Арачиново и се движат во насока на општина Илинден. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје се направени обиди за гаснење на трската, но, поради тешко пристапниот терен на нивните противпожарни цистерни, гаснењето се одвива отежнато, вели Стојанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-pozharot-vo-arachinovo-ne-pretstavuva-opasnost-za-nikogo/feed/ 0
Три куќи изгореа во големиот пожар во Бељаковце и Руѓенце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-kuki-izgorea-vo-golemiot-pozhar-vo-belakovtse-i-rugentse/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-kuki-izgorea-vo-golemiot-pozhar-vo-belakovtse-i-rugentse/#respond Tue, 29 Aug 2023 08:01:27 +0000 https://kurir.mk/?p=871960

Синоќа изгореа три куќи и две помошни простории во Бељаковце и Руѓенце. Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овојпат, со храбрите македонски пожарникари одлучивме во текот на ноќта да го нападнеме силниот оган кој проголта две стари но функционални куќи од с. Бељаковце вклучително и две помошни простории во ова село но и една стара напуштена куќа во с. Руѓенце. Три стари куќи и две помошни простории изгореа вчера во големиот пожар во селата Бељаковце и Руѓенце. Пожарните до доцна во ноќта се обидуваа да стават под контрола огнот. -Пожарот кој избувна во попладневните часови вчера дополнително се разгоре и прошири во доцните попладневни часови кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер како и еден Ер трактор на ДЗС. Бидејќи пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар, но најверојатно значително повеќе, а и двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села, бидејќи ветрот кој дуваше го движеше огнот многу бргу голтајќи ја пред себе високата сува трева, трња, дрвја, меѓу нив и лесно горливите ниски смреки и други зимзелени дрвја, чекањето на раните утрински часови кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Покрај пожарникарите од Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, поради сериозноста на пожарот помош била побарана и од пожарникари Кавадарци, Штип, Свети Николе и Куманово, вклучително и пожарникари од доброволното противпожарно друштво од Свети Николе, но и неколку локални жители. -Околу 00.30 одлучивме да се приближиме на пламените јазици кои на некои места се издигнуваа по неколку метри над земјата голтајќи ги пред себе дрвјата, грмушките и високата сува трева. Опремени со т.н. напртњачи (машини со рачни прскалки со 20 литри вода кои се носат на грб) како и специјални противпожарни метли со метални ленти, исклучително храбрите и пожртвувани пожарникари, со теренски возила ги пренесовме пред самата линија на огнот. На местото на кое го пресретнавме пожарот, огнот гореше многу силно, температурата беше висока и имаше многу чад. Ситуацијата се менуваше од миг во миг. Мојата цел беше сејфти фрст, не смееше да се загрози човечки живот повеќе од она што беше неопходно, бидејќи сите бевме изложени на одреден ризик. Претходно стекнатата голема доверба во нашите пожртвувани пожарникари ме охрабри да бидам рамо до рамо со нив и да им помагам возејќи ги лично со теренското возило на ЦУК. Но сепак на некои моменти се изложивме на голем ризик. После двочасовна неизвесна борба со огнот успеавме целосно да го изгаснеме овој голем пожар. На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од ТППЕ Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разбуди. Во овој момент, пожарот не покажува никакви знаци на горење, објаснува Ангелов. Изгорената површина, според првичните проценки, е значително поголема од 100 хектари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tri-kuki-izgorea-vo-golemiot-pozhar-vo-belakovtse-i-rugentse/feed/ 0
Пожарот кај Ајватовци активен на еден крак, останатите делови се изгаснати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharot-kaj-ajvatovtsi-aktiven-na-eden-krak-ostanatite-delovi-se-izgasnati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharot-kaj-ajvatovtsi-aktiven-na-eden-krak-ostanatite-delovi-se-izgasnati/#respond Sun, 27 Aug 2023 08:43:06 +0000 https://kurir.mk/?p=871415

Пожарот кај Ајватовци се уште е активен на еден крак, односно под репетиторите, додека останатите делови се изгаснати, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов. - Екипи на скопската БППЗ работат на гаснење на активниот крак и обиколка и проверка на изгаснатите делови од пожарот. Пожарот се гаснеше непрекинато во текот на целата ноќ од страна на скопските пожарникари и доброволци од локалното население предводени од градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, истакна Ангелов. Додаде дека се очекува да биде целосно изгаснат во следните неколку часа и дека засега нема потреба од интервенција на воздухоплови. - Голема благодарност до храбрите скопски пожарникари, храбрите доброволци од локалното население кои дадоа голем придонес во гаснењето на овој голем пожар, како и благодарност до храбрите пилоти на полициските хеликоптери и Ер тракторот на ДЗС, вели Ангелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharot-kaj-ajvatovtsi-aktiven-na-eden-krak-ostanatite-delovi-se-izgasnati/feed/ 0
Ангелов: Шумите ги палат за да ги земат дрвата по поевтина цена https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-shumite-gi-palat-za-da-gi-zemat-drvata-po-poevtina-tsena/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-shumite-gi-palat-za-da-gi-zemat-drvata-po-poevtina-tsena/#respond Tue, 15 Aug 2023 10:13:29 +0000 https://kurir.mk/?p=866918

Шумите се палат намерно за потоа дрвата се земат по поевтина цена. Ова сценарио го спроведуваат крадци на дрва, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, на гостување во ТВ21. За елиминирање на овој евидентиран проблем Ангелов посочи дека активно работат со државата во откривање на сторителите. -Има пожари настанати и од електрични инсталации. Земјоделците остатоците од жито го палат, и тоа брзо се шири. Затоа апелирам да не го палат, тоа е забрането. Понатаму алат со искри, за заварување, може да запалат трева и потоа тоа да се прошири затоа што е топло и сува е тревата. Возачи фрлаат отпушоци од цигара, и покрај автопатот се пали тревата која брзо се шири – ги посочи Ангелов како причини за пожарите. Директорот на ЦУК соопшти дека статистиките се алармантни, а пожарникарите секојдневно гаснат по 20 пожари. -Во јули имавме 210 пожари, 60 беа ниска трева, а седум во јули влегоа во квалитетна шума и предизвикаа загуба. Досега имаме 223 пожари на отворено. Но, сега имаме многу подобра реакција, имаме рана детекција и се нанесува тој почетен удар. Јас сум задоволен од храбрите пожарникари кои веднаш излегуваат на терен, вели Ангелов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-shumite-gi-palat-za-da-gi-zemat-drvata-po-poevtina-tsena/feed/ 0
Пребарувањето отежнато: Воден дрон се вклучува во потрагата по исчезнатиот во езерото Глажња https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prebaruvaneto-otezhnato-voden-dron-se-vkluchuva-vo-potragata-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prebaruvaneto-otezhnato-voden-dron-se-vkluchuva-vo-potragata-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/#respond Mon, 31 Jul 2023 14:14:21 +0000 https://kurir.mk/?p=862057

Воден дрон попладнево се очекува да се вклучи во потрагата по 30 годишникот кој исчезна во водите на езерото Глажња. На терен денеска се три нуркачки тима на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ кои од утринава продолжија со потрагата. -Видливоста е многу мала, околу 40-тина сантиметри што го отежнува нуркањето и пребарувањето. Воедно, самиот терен е многу кос, стрмен што дополнително го отежнува пребарувањето на теренот, изјави директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Во потрагата вклучени биле и екипи од Дирекцијата за заштита и спасување кои со чамец вршеле пребарување на брегот на езерото. Ангелов посочи дека доколку потрагата не даде резултати, рано наутро со дополнителни тимови нуркачи ќе се продолжи пребарувањето. Исчезнувањето на Ф.Р. (30) од селото Никуштак било пријавено во ПС Матејче вчера околу 15.30 часот, бидејќи не се вратил подолг период откако влегол да се капе во вештачкото езеро на браната Глажња на оддалеченост од 1.5 километри.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prebaruvaneto-otezhnato-voden-dron-se-vkluchuva-vo-potragata-po-ischeznatiot-vo-ezeroto-glazhna/feed/ 0
Ангелов: Подготвени сме, сите три противпожарни авиони ќе бидат функционални ова лето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-podgotveni-sme-site-tri-protivpozharni-avioni-ke-bidat-funktsionalni-ova-leto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-podgotveni-sme-site-tri-protivpozharni-avioni-ke-bidat-funktsionalni-ova-leto/#respond Fri, 14 Jul 2023 13:36:25 +0000 https://kurir.mk/?p=856732

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов истакна дека надлежните институции се подготвени и искоординирани за можноста од пожари по високите температури. -Вчера одржавме координација на која учествуваа сите институции кои имаат надлежност во гасење на шумски пожари, се искоординиравме, донесовме неколку заклучоци и имаме намера во понеделник или вторник да ја информираме јавноста за бројот на државните ресурси, но авионите ќе бидат функционални ова лето, потенцира тој. Ангелов информира дека за викендов надлежните институции имаат на располагање четири хелихоптери и еден авион. - За овој викенд имаме на располагање четири хелихоптери и еден авион. Другите два мислам дека се вратени, мислам дека се работеше за формален редовен сервис. Така што на авионите можеме да сметаме ова лето, појасни Ангелов. Упати апел до граѓаните, да бидат исклучително внимателни при движење во природа. Бидејќи најнепопуларната мерка е забрана за движење во природа, таа мерка ќе се обидеме да ја избегнеме. Но граѓаните треба да бидат совесни и внимателни при фрлање на отпушоци, при работа со алат кој што искри и да не се палат огнови, премногу е топло, тревата за неколку дена ќе биде барут сува и лесно запаллива, рече првиот човек на ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-podgotveni-sme-site-tri-protivpozharni-avioni-ke-bidat-funktsionalni-ova-leto/feed/ 0
Ангелов: Во Делчево немаше загрозени човечки животи, обесштетувањето не е во надлежност на ЦУК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-vo-delchevo-nemashe-zagrozeni-chovechki-zhivoti-obesshtetuvaneto-ne-e-vo-nadlezhnost-na-tsuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-vo-delchevo-nemashe-zagrozeni-chovechki-zhivoti-obesshtetuvaneto-ne-e-vo-nadlezhnost-na-tsuk/#respond Sat, 10 Jun 2023 13:22:36 +0000 https://kurir.mk/?p=844373

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја координира работата на институциите. Се слушнав со градоначалникот на Делчево и веднаш нашите служби, дежурниот оперативен центар на ЦУК, стапи во комуникација со службите на Општина Делчево. Од градоначалникот беа побарани пумпи за испумпување вода, изјави денеска директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов одговарајќи на новинарско прашање што преземала институцијата за поплавите во Делчево. Покрај контактирањето на институциите, Ангелов изјави дека разговарал и со градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и од него побарал да испрати неколку тимови од ТТПЕ. - Тој веднаш испрати две екипи со пет помали пумпи и една голема пупма. Од страна на градоначалникот и заедно со ЦУК, беа контактирани сите соседни општини, односно оние кои беа во можност испратија свои екипи и пумпи за што ние како ЦУК и градоначалникот на Делчево сме посебно благодарни, информира Ангелов, додавајќи дека се работи за општините Кочани, Берово и Виница. Според него, ваква штета претрпеа жители на повеќе општини и посочи дека вакво време не очекува и во следните десетина дена. Ангелов потсети дека на 15 мај предупредиле дека следат поројни дождови, кои можат да предизвикаат локални поплави. - Предупредивме дека атмосферската и фекалната канализација, колку и да се солидно направени, нема да успеат да ја примат таа вода поради тоа што може да дојде до поплавување на улиците, на подрумсите простории, рече Ангелов. Директорот на ЦУК рече дека сите примарни канали се чисти, немало застој кај ниту еден голем канал, а и секундарните канали се во добра состојба. Во Делчево, како што рече, пред две години имаше целосна санација, таму има нова фекална и атмосферска канализација, но се покажа дека пак не е доволна. Прашан за надоместување на штетата за жителите на Делчево, Ангелов рече дека локалната самоуправа формира општински комисии кои ја утврдуваат штетата, излегуваат на терен и потоа проценетата штета ја испраќа до второстепена комисија на Влада, во која има претставници од сите институции. Таму се утврдува штетата, потоа во обесштетувањето делумно може да учествува Владата, но дел од имотите, како што рече, однапред се осигурани. - Ова е прашање кое треба да се упати до Владата, бидејќи делот на обесштетување не е во наша надлежност. Наша надлежност е спасување човечки животи, заштита на животот и здравјето на луѓето, нагласи Ангелов. Тој потенцира дека во Делчево немало загрозени човечки животи, иако поплавите беа, како што рече, малку посериозни бидејќи во некои објекти и во една државна институција имаше без малку еден метар вода. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/angelov-vo-delchevo-nemashe-zagrozeni-chovechki-zhivoti-obesshtetuvaneto-ne-e-vo-nadlezhnost-na-tsuk/feed/ 0
Стојанче Ангелов: Мицкоски нема да попушти за уставни измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanche-angelov-mitskoski-nema-da-popushti-za-ustavni-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanche-angelov-mitskoski-nema-da-popushti-za-ustavni-izmeni/#respond Tue, 30 May 2023 19:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=840623

Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов не верува дека ниту еден пратеник на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени. Тој е убеден и дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе го промени ставот за ова прашање. -Не верувам дека Христијан Мицкоски ќе го промени ставот. Ниту еден пратеник на ВМРО ДПМНЕ нема да го изигра и да гласа за. Во однос на предвремени парламентарни избори, премиерот Ковачевски беше јасен, ако не обезбеди двотретинско мнозинство за уставните измени, работата си тече понатаму. Не треба да има вонредните парламентарни избори бидејќи редовните ни чукаат на врата, а и нема потреба за негова оставка. Според моите информации нема да има предвремени парламентарни ниту ќе има двотретинско мнозинство, иако сме под силен притисок од Европската Унија, а според моја прогноза нареден период ќе се засили. Според мене, Уставот треба да биде променет по урнек на хрватскиот модел, Македонија на македонскиот народ и на останататите малцинства, рече Стојанче Ангелов во емисијата на Алфа „За или против“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanche-angelov-mitskoski-nema-da-popushti-za-ustavni-izmeni/feed/ 0
„Беласица“ ќе остане затворен со месеци, прв ќе падне мостот во Визбегово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belasitsa-ke-ostane-zatvoren-so-mesetsi-prv-ke-padne-mostot-vo-vizbegovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belasitsa-ke-ostane-zatvoren-so-mesetsi-prv-ke-padne-mostot-vo-vizbegovo/#respond Thu, 25 May 2023 17:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=838729

Голем дел од институциите во државата работат со слаб капацитет и понекогаш не ги сфаќаат сериозно предупредувањата на Центарот за управување со кризи, вели Стојанче Ангелов, директорот на оваа институција во интервју за „Макфакс“. „Дали треба да чекаме некој да загине, или да изгубиме значаен имот, како што е мостот ‘Беласица’ каде што штетата ќе биде милионска, или е подобро навреме да реагираме“, прашува Ангелов. Директорот на ЦУК предупредува дека мостот кај Визбегово е можеби и најкритичната точка во Скопје, за кој, како што вели, ќе биде прв мост што ќе падне. „Од мостот Визбегово излегуваат коцки кои се тешки по неколку килограми и тие паѓаат долу на патот под подвозникот на исклучително фреквентна улица. И замислете таква коцка да падне некому на ветробранското стакло. За жал, овој мост се уште е отворен и прогнозирам дека ќе биде прв мост кој што ќе падне“, појаснува Ангелов. Штетите за опожарениот мост „Беласица“, според Ангелов, ќе бидат милионски. Апелира, да биде забранет за сите, освен за оние што работат. „Разговарав со Гаревски и го замолив во моменот кога ќе утврдат дека мостот е безбеден за граѓаните да се отвори барем за движење за пешаците. За возила најверојатно ќе мора да се почека неколку месеци а можеби и повеќе“, истакнува Ангелов. Првиот човек на ЦУК забележува и за големиот број на вработени во државната администрација, за кои, како што вели, ниту се мотивирани, ниту се доволно образовани, ниту сакаат да работат. „Во ЦУК има голем број на луѓе кои земаат плата а воопшто не работат. Погледнете ги директорите пред мене. Сите биле извонредни луѓе, но колку имале искуство од областа на безбедноста или кризниот менаџмент. За жал така е во многу други институции. Тие се политички именувани. Пред некое време се вртеше едно видео со временска прогноза. Да не зборувам, да не ми се налути директорот. Но во врска со ова треба да се води малку ред“, прецизира Ангелов. Кочницата за обештетување на бранителите од 2001 година, според Ангелов, е во ДУИ. За лидерот на оваа партија, Ангелов ќе каже дека Ахмети не е само претседател туку и командант на ДУИ. Каква политичка иднина им предвидува на „огнените“ и на Изет Меџити, дали останува во владината коалиција, за односите на Достоинство со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и слично, во интервју за „Макфакс“ со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК и лидер на Достоинство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belasitsa-ke-ostane-zatvoren-so-mesetsi-prv-ke-padne-mostot-vo-vizbegovo/feed/ 0
Семејствата на загинати бранители и воени инвалиди ќе бидат обесштетени – прифатена иницијативата на Достоинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-zaginati-braniteli-i-voeni-invalidi-ke-bidat-obesshteteni-prifatena-initsijativata-na-dostoinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-zaginati-braniteli-i-voeni-invalidi-ke-bidat-obesshteteni-prifatena-initsijativata-na-dostoinstvo/#respond Sat, 20 May 2023 17:07:12 +0000 https://kurir.mk/?p=836805

Лидерите на партиите во владеачката коалиција ја прифатиле иницијативата на партијата Достоинство за обештетување на семејства на загинати бранители и воени инвалиди од конфликтот во 2001 година, објави Телма. Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов верува дека иницијативата ќе биде реализирана во разумен рок и со тоа ќе биде решен проблемот на необештетените бранители. Владеачката коалиција ја прифати иницијативата на Достоинство на вчерашната средба во Клубот на пратеници, откако пратениците од СДСМ во собранието не ги изгласаа измените на законот за бранители, што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/semejstvata-na-zaginati-braniteli-i-voeni-invalidi-ke-bidat-obesshteteni-prifatena-initsijativata-na-dostoinstvo/feed/ 0