стојанче геровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 06 Jun 2021 12:45:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стојанче геровски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Геровски: Не може договорот помеѓу Македонија и Бугарија да го смени она што е внесено во Обединетите Нации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-ne-moze-dogovorot-pomegju-makedonija-i-bugarija-da-go-smeni-ona-shto-e-vneseno-vo-obedinetite-nacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-ne-moze-dogovorot-pomegju-makedonija-i-bugarija-da-go-smeni-ona-shto-e-vneseno-vo-obedinetite-nacii/#respond Sun, 06 Jun 2021 12:45:42 +0000 https://kurir.mk/?p=519681

Онаа комисија за историчари која што е наведена во Договорот според него нема овластувања да преговара ниту за таканаречените идентитетските прашања а уште помалку за јазикот вели Стојанче Геровски, адвокат и член на ВМРО-ДПМНЕ во интервју Пела Нет интервју. Геровски посочи дека мешовитата комисија за историски прашања согласно договорот нема овластувања да преговара ниту за идентитетските прашања, ниту за историјата ниту пак за јазикот, укажувајќи дека при составување на договорот требало да се консултира стручната јавност бидејќи како што рече тој грешна е терминологијата во член 8 став 3 каде се наведува дека двете страни ќе чествуваат заеднички историски настани и личности. -Кој ви даде овластувања за да преговарате за јазикот? Кој ви даде овластувања за да преговарате за самиот идентитет или за историски личности, прашува тој. -Овие што го составувале овој договор требало да се советуваат со стручната јавност, што претставува овој договор, што претставува одредба. Став 3 член 8 вели дека двете договорни страни ќе организираат со заемна согласност заедничко чествување на заеднички историски настани и личности. Кои се тие заеднички личности? Прво ова е спорно и не смееше да се дозволи ваква терминологија, смета Геровски. Според Геровски билатералниот договор помеѓу Македонија и Бугарија не може да смени нешто што претходно е запишано во Обединетите Нации, истакнувајќи дека она што претставува матична книга на родени на еден граѓанин во една држава, тоа претставува Обединети Нации за државите. -Оваа влада разговара за прашање кое што не постои, за кое што немаат овластување и кое што не може да произведе никакво ниту политичко ниту правно дејство затоа што ќе повторам со билатерален договор не можете да смените нешто што е внесено во Обединети Нации, заклучи Геровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-ne-moze-dogovorot-pomegju-makedonija-i-bugarija-da-go-smeni-ona-shto-e-vneseno-vo-obedinetite-nacii/feed/ 0
НЕДОЗВОЛИВОСТ НА ТАЈНА ДИПЛОМАТИЈА https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nedozvolivost-na-tajna-diplomatija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nedozvolivost-na-tajna-diplomatija/#respond Thu, 26 Nov 2020 22:59:29 +0000 https://kurir.mk/?p=435064

Имајки ја предвид дефиницијата дека легитимитетот за владењето власта го добива од граѓаните, несомнено е дека владеењето треба да биде за сметка на полезноста на граѓаните и во функција на граѓаните. Тоа се и основните постулати на една современа демократија. Спротивно на ова, секојдневно и во континуитет се носат одлуки за начинот на спроведување на власта кои одат во секој друг правец, само не во правец кој би значел полза за граѓанинот, а сега и со самоиницијативно пристапува кон менување на Македонската историја, и тоа ни помалку ни повеќе, туку со искривување на светската историја. Способноста за зачувување на ваквото основно човеково право не е поврзано само со свеста на човекот, туку и со моќта на оној кој е овластен да се грижи за ова неотуѓиво право и да го спроведе за сметка на граѓаните на сопствената држава, на граѓаните кои има обврска да ги застапува и претставува. Не е никаков грев луѓето да имаат различни погледи за исти настани, но да се негира сопствената историја, со искривување на светската историја, единствено со цел да се удоволи на барањето на едната страна, целосно занемарувајки ги интересите на другата – сопствената страна, е повеќе од срамно и недозволиво. Од тие причини, ниту е дозволиво, ниту е прифатливо да се коментира дека Македонско-Бугарските преговори ќе бидат обелоденети кога ќе дошло време за тоа. Обелоденувањето на преговорите е сега и во овој момент, во моментите додека траат преговорите. Тоа е така затоа што граѓаните имаат право да знаат за каква нивна иднина се преговара, а политичарот има за обврска тоа да го соопштува на граѓаните во сите фази на преговорите. Тоа е суштината на демократијата. Тоа е суштината на поделбата на власта на законодавна – извршна - судска. Премиерот како претставник на Извршната власт е должен да го известува Собранието како претставник на Законодавната власт за сите постапки кои ги превзема или има намера да ги превземе. Премиерот како претставник на Извршната власт е должен да ги известува граѓаните за текот на секоја фаза од преговорите, иако воопшто и нема добиено мандат од граѓаните за потпишување на Договорот за добрососедство со Република Бугарија. Тоа е така затоа што во секое цивилизирано општество постои општо прифатен став дека дејството на моќта на власта треба да биде контролирано, а ќе биде контролирано само доколку односите помеѓу државата и граѓаните се двострани, а двострани настануваат исклучиво со запознавање на граѓанството за сите потези на власта кои се од значење за самото граѓанство. Тоа е така затоа што националниот интерес има приоритет над интересот на билатералните односи, а секако има приоритет доколку билатералните односи се засновани исклучиво на желбите само на едната страна. Правото познава институт кој укажува на тоа дека „незнаењето не ја исклучува одговорноста“, а заради тоа требаше претходни консултации со стручната јавност, како и добивање мандат од граѓаните за пристапување кон такви активности. Примери во историјата има многу во делот на завршување на политичка кариера заради прескокнување на потребни елементи при превземање на непотребни чекори. За превземање на непотребни чекори во авијацијата постојат две правила – Првото е дека секое полетување е незадолжително. Второто е – кога ќе полеташ, секое слетување е задолжително. Зоран Заев незадолжително полета, но сега задолжително ќе треба да слета. Како ќе слета најверојатно за сега само тој самиот знае. Тоа се во суштина и причините поради кои Обединетите Нации не ја прифаќаат тајната дипломатија. Причината е едноставна – спротивна е на интересите на граѓаните. Една стара изрека во делот на владеењето вели – „Со вакви методи човек може да освои власт, но не и слава“, но власта без слава не поминува, а тоа ќе го покаже блиската иднина. Адвокат - М-р. Стојанче Геровски]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/nedozvolivost-na-tajna-diplomatija/feed/ 0
Геровски: Никој нема право самоволно да исклучува струја без судска пресуда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-nikoj-nema-pravo-samovolno-da-iskluchuva-struja-bez-sudska-presuda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-nikoj-nema-pravo-samovolno-da-iskluchuva-struja-bez-sudska-presuda/#respond Wed, 04 Nov 2020 11:00:46 +0000 https://kurir.mk/?p=424806

Aдвокатот Стојанче Геровски денеска ја поднесе веќе најавената иницијатива до Уставниот суд за оценување на неуставност на одредби од Законот за енергетика, како и на одредби од Мрежните правила одобрени од Регулаторната Комисија, а за жал се уште одобрени од Владата на Република Македонија. -А, кои што одредби ЕВН ги користи за исклучување на домаќинствата од системот за напојување со електрична енергија поради неплатени сметки. Се надеваме дека Уставниот суд посебно и секако уставните судии кои што претставуваат примат на она што се вели чесност и правичност, со внимание ќе пристапат кон разгледување на оваа Иницијатива. И со тоа ќе стават крај на повеќе децениското незаконито постапување од страна на ЕВН во делот на исклучувањето на струјата од домаќинствата. Со едно вакво прифаќање на Иницијативата за поништување на одредбите, Уставниот суд ќе застане на страната на правдата и пред се ќе ги заштити ранливите категории на граѓани, иако оваа Иницијатива се однесува сите домаќинства, односно за сите граѓани на Република Македонија, истакна Геровски. Адвокатот вели дека тоа впрочем произлегува и од самиот Закон за енергетика кој што децидно упатува на заклучокот дека оваа компанија има за обврска непрекинато и во континуитет да испорачува електрична енергија. -Децидно се предвидени и моментите и условите кога оваа компанија може да го прекине дотокот на електричната енергија. А, тоа е само во случај на поголеми хаварии, каде што се исклучени една, две улици, или една - две населби, или поголеми региони, зависно од хаваријата. Или во услови на виша сила каде што нема човечки фактор. Во ниту еден друг момент оваа институција нема право да ја исклучува струјата посебно за неплатени сметки за струја кои што треба да бидат докажани во легитимна судска постапка пред надлежен суд, нагласува Геровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gerovski-nikoj-nema-pravo-samovolno-da-iskluchuva-struja-bez-sudska-presuda/feed/ 0
„ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива до Уставниот суд да не може на погодените семејства да им се исклучува струјата, тоа е злоупотреба на монополската позиција на ЕВН толерирано од Владата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-inicijativa-do-ustavniot-sud-da-ne-moze-na-pogodenite-semejstva-da-im-se-iskluchuva-strujata-toa-e-zloupotreba-na-monopolskata-pozicija-na-evn-tolerirano-od-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-inicijativa-do-ustavniot-sud-da-ne-moze-na-pogodenite-semejstva-da-im-se-iskluchuva-strujata-toa-e-zloupotreba-na-monopolskata-pozicija-na-evn-tolerirano-od-vladata/#respond Sat, 31 Oct 2020 12:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=423007

ВМРО-ДПМНЕ како одговорна политичка партија, со целосно внимание се осврна кон прашањето за дискриминаторскиот однос од страна на Универзалниот снабдувач на електрична енергија и Владата која не презема ништо кон граѓаните со самоволното исклучување на струјата кон домаќинствата за неплатени сметки за струја, ова од денешниот протест од пред Регулаторната комисија го истакна Стојанче Геровски. -Тоа значи, Власта преку политизираната Регулаторна комисија дозволи покачување на цената на струјата, што подразбира поскапи сметки а посиромашен народ, згора на тоа кршејќи го Уставот се дозволува неограничено исклучување на струја со што особено се погодени најзагрозените категории граѓани. Ваквиот дискриминирачки однос произлегува од Уставните гаранции кои експлицитно го забрануваат монополскиот однос, но и дискриминирачкиот однос по било која основа. Уставно загарантирано начело е дека било која штета, или било кој долг се докажува и се утврдува исклучиво и единствено преку легитимна судска постапка пред редовен и надлежен суд. Со самоволното исклучување на струјата од страна на Универзалниот снабдувач на електрична енергија, оваа институција самоволно и без никаков акт на надлежен орган, самата себе се става во позиција на извршител, наметнувајќи товари кон граѓаните кои се апсолутно недозволени. Сето ова е дозволено од Владата и одговорните институции, вели Геровски. Тој додава на таа основа, ВМРО-ДПМНЕ подготви иницијатива за утврдување на неуставност на ваквите одредби, со целосни уставни и законски образложенија за неодржливоста на ваквите одредби, но, истовремено, Иницијативата е поткрепена и со ставови на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, но и со ставови на Уставните судови од регионот и веќе донесени пресуди од нивна страна. -Што значи ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе иницијатива до Уставниот Суд, темелена на европски искуства и воведена практика во повеќе земји од Европа, а во насока на помош и заштита на стандардот на граѓаните за оневозможување исклучување од струја каде најпогодени се социјално ранливите категории на граѓани. Голем дел на семејства се исклучени од струјата, а дополнително отежнувачки фактор е и поскапувањето цена на струјата. Тоа преставува злоупотреба на монополот на универзалниот снабдувач на електрична енергија. Токму во делот на посочување на уставните, а потоа и законските одредби кои го прават ваквото постапување недозволено, а потоа и посочувањето на судската пракса во овој дел, како и посочување на уставните ставови од регионот, цениме дека Уставниот суд на Македонија легитимно ќе застане во заштита на човековите права и конечно ќе стави крај на ваквото монополско однесување кон граѓаните на Република Македонија, вели Геровски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-so-inicijativa-do-ustavniot-sud-da-ne-moze-na-pogodenite-semejstva-da-im-se-iskluchuva-strujata-toa-e-zloupotreba-na-monopolskata-pozicija-na-evn-tolerirano-od-vladata/feed/ 0