Стојчо Кацаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Oct 2021 12:38:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стојчо Кацаров – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бугарија размислува за целосна блокада поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-razmisluva-za-celosna-blokada-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-razmisluva-za-celosna-blokada-poradi-koronavirusot/#respond Sun, 31 Oct 2021 12:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=588592

Министерот за здравство на Бугарија, Стојчо Кацаров денеска изјави за бТВ дека воведувањето „локдаун“ е опција која „со сигурност“ се разгледува. Кацаров појасни дека нема конкретен број за болните што ќе се земе предвид за ваквата одлука, а ќе биде врз основа на оценката на целата популација, тенденциите и преоптовареноста на болниците во Бугарија. Тој истакна дека Бугарија, според сегашните податоци на заразеност, требало да биде затворена, но тоа било избегнато поради воведувањето на зелените сертификати. Според него, доколку луѓето ги почитуваат мерките и се вакцинираат, постои можност да се избегне затворањето. Ако сегашните противепидемиски мерки не дадат резултат и дојде до преоптоварување на болниците, тоа е последната можност пред бугарските здравствени власти да се наложи целосна блокада на секаква општествена и стопанска дејност за да се спречи ширењето на коронавирусот. Според Кацаров, ова е најтешкиот бран на коронавирус во Бугарија во период од 19 месеци по неговото појавување, а бројот на жртви е за 25 отсто повеќе отколку во претходните бранови. Министерот смета дека здравствениот систем во моментов функционира подобро, бројот на хоспитализации е помал од претходно, но состојбата во одделенијата за интензивна нега е критична.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bugarija-razmisluva-za-celosna-blokada-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Се бара оставка од министерот за здравство на Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-bara-ostavka-od-ministerot-za-zdravstvo-na-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-bara-ostavka-od-ministerot-za-zdravstvo-na-bugarija/#respond Wed, 20 Oct 2021 08:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=582429

Бугарската социјалистичка партија објави дека министерот за здравство во привремената влада, Стојчо Кацаров, не се снаоѓа добро на функцијата и мора да поднесе оставка. Според Корнелија Нинова, јави дописникот на МИА од Софија, вакцинацијата е доброволен чин и секој што сака може да го стори тоа. Вакцината ќе помогне да се ограничи ширењето на болеста и да спаси животи. Во исто време, според Нинова, не треба да се ограничуваат уставните права на граѓаните на Бугарија. Воведувањето на техничката влада во Бугарија на „зелениот сертификат“ на овој непромислен начин е неприфатливо и не функционира, се вели во ставот на Извршното биро на БСП. Раководството на партијата смета дека овие мерки се применуваат во европските земји, каде што висок процент од населението е вакцинирано, но не се применливи за Бугарија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-bara-ostavka-od-ministerot-za-zdravstvo-na-bugarija/feed/ 0