стојко пауновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 03 Nov 2021 16:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стојко пауновски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стојко Пауновски за поразот на СДСМ: Што си посеаја, тоа си ожнеаја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojko-paunovski-za-porazot-na-sdsm-shto-si-poseaja-toa-si-ozneaja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojko-paunovski-za-porazot-na-sdsm-shto-si-poseaja-toa-si-ozneaja/#respond Wed, 03 Nov 2021 16:52:28 +0000 https://kurir.mk/?p=590450

Што си посеаја, тоа си ожнеаја. Со оваа народна поговорка поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски го коментира поразот на СДСМ на локалните избори во изјава за „Фокус“. Пауновски беше разрешен од функцијата затоа што се спротивстави и одби да прими 35 „рамковни“ административци во Пазарниот инспекторат поради несоодветно образование. Откако Пауновски одби да ги прими „рамковните“, премиерот, Зоран Заев му порача дека „пркос“ не е дозволен, дека мора да се почитува хиерархијата, по што Пауновски беше разрешен на владина седница. Пауновски, за разлика до старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски не го исклучија од партијата, односно од СДСМ, но по неговото разрешување, тој коментираше дека СДСМ станала приватна партија, а тој бил нејзин член од нејзиното основање од 1991 година. Димитриевски пак беше исклучен од партијата по неговата независна кандидатура за градоначалник на Куманово. Пауновски вели дека му честитал на Димитриевски.- На Максим му честитав и за старо-новата градоначалничка функција, а посебно за се она што го издржа за овие избори, вели Пауновски за „Фокус“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojko-paunovski-za-porazot-na-sdsm-shto-si-poseaja-toa-si-ozneaja/feed/ 0
Пауновски за Заев: Не може да бидете пријател со човек кому му се промениле ставовите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-za-zaev-ne-moze-da-bidete-prijatel-so-chovek-komu-mu-se-promenile-stavovite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-za-zaev-ne-moze-da-bidete-prijatel-so-chovek-komu-mu-se-promenile-stavovite/#respond Thu, 05 Aug 2021 20:14:55 +0000 https://kurir.mk/?p=546927

Поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, човекот кој ќе остане запаметен зошто беше разрешен откако покажал пркос и одби да прими триесетина „рамковни“ без квалификации во неговата институција, се врати на старото работно место- главен регионален инспектор во Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи Тетово, која го опфаќа регионот Тетово, Кичево, Дебар и Гостивар. Во разговор за „Фактор“, Пауновски вели дека е задоволен со својата сегашна работа, а не е голема ни разликата во плата од местото директор на ДПИ, каде земал 54 илјади денари, наспроти сегашната позиција главен инспектор во РД на УЈП Тетово, каде зема плата од 46 илјади денари. Дали има комуникација и дали можеби останал пријател со премиерот Зоран Заев, Пауновски вели дека тоа, едноставно, не е возможно. -Не можете да имате коумуникација или да бидете пријател со човек кој не ви излегол во пресрет кога требало и со човек со кој во опозиција заедно сте се залагале за едни принципи, а сега му се промениле ставовите, нагласува поранешниот прв човек на ДПИ. Не е активен ниту во партијата, каде претходно 11 години беше претседател на Општинската организација на СДСМ, бидејќи, вели дека нема логика за такво нешто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-za-zaev-ne-moze-da-bidete-prijatel-so-chovek-komu-mu-se-promenile-stavovite/feed/ 0
Стојко Пауновски: СДСМ велат дека е приватизирана партија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojko-paunovski-sdsm-velat-deka-e-privatizirana-partija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojko-paunovski-sdsm-velat-deka-e-privatizirana-partija/#respond Fri, 21 May 2021 09:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=513223

Стојко Пауновски, разрешениот директор на Пазарниот инспекторат во интервју за 24 Телевизија се пожали дека против него се води хајка и обид да се претстави како одметник од СДСМ. Пауновски се спротивстави на диктатот на Владата да вработува несоодветни кадри во инспекторат од рамковните вработувања и за истото, како што вели, упатувал писма до Владата за да остави трага и потоа неговата одлука да не се злоупотребува. -Сум пишувал писма за оставам трага, за некој утре задутре не ми пререче, како што сакаат сега хајка да се води од “херој“ да испадне “одметник“. Они може да ме истераат од партија? Ако е нивна партијата, ако станала навистина, она што го кажуваат сите, приватна партија може да го направат. Меѓутоа јас сум од 1991 година, од кога се основала СДСМ, рече Пауновски. Тој истакна дека не го следел Конгресот на матичната партија и истакна дека не го ни интересирал Конгресот на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojko-paunovski-sdsm-velat-deka-e-privatizirana-partija/feed/ 0
Лукаревска за одбивањето на разрешениот Пауновски да прими вработени по Рамковен: Тоа е негова одлука и тоа е за респект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-za-odbivanjeto-na-razresheniot-paunovski-da-primi-vraboteni-po-ramkoven-toa-e-negova-odluka-i-toa-e-za-respekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-za-odbivanjeto-na-razresheniot-paunovski-da-primi-vraboteni-po-ramkoven-toa-e-negova-odluka-i-toa-e-za-respekt/#respond Thu, 20 May 2021 18:18:38 +0000 https://kurir.mk/?p=513054

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вечерва за Телевизија 24 изјави дека доколку вработените по Рамковен договор кои се распоредени во оваа институција не покажат резултати во работењето, тогаш ќе мора да се збогуваат со нив. –Сите кадри кои се во УЈП се во рамки на нашата систематизација која ја променивме за да можеме да ги примиме. Тие ќе поминат тест, ние нема да ги галиме. Ако не покажат резултати, ќе мора да се поздравиме соодветно затоа што никој директор кој си ја сака институцијата и работи совесно и чесно, не би сакал да има дамки во своето работење, рече вечерва Лукаревска. Прашана за одлуката на поранешниот директор на Пазарниот инспекторат Стојко Пауновски, кој одби да прими вработени по Рамковен поради несоодветно образование, Лукаревска рече дека тоа е негова лична одлука и оти тоа е за респект. Ситуацијата во институцијата која ја водам, рече Лукаревска, е поинаква и ние имаме недостиг на кадар. Пауновски, кој исто така вечерва беше гостин во емисија на телевизија 24, рече дека не можел да ги прифати понудените кадри затоа што имале несоодветно образование, а не затоа што биле Албанци. Не се работи за пркос, рече Пауновски, само ја барав правдата и ја штитев институцијата. Разрешувањето, како што посочи, не го гледа како казна. Рече дека ќе и се извини на јавноста и ќе ѝ честита на новата в.д директорка доколку може да ги прими 35-те лица, кои се распоредени за вработување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lukarevska-za-odbivanjeto-na-razresheniot-paunovski-da-primi-vraboteni-po-ramkoven-toa-e-negova-odluka-i-toa-e-za-respekt/feed/ 0
Разрешениот Пауновски контра Бектеши: Лабораторијата никогаш не ни беше дадена и не е употребувана од наша страна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razresheniot-paunovski-kontra-bekteshi-laboratorijata-nikogash-ne-ni-beshe-dadena-i-ne-e-upotrebuvana-od-nasha-strana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razresheniot-paunovski-kontra-bekteshi-laboratorijata-nikogash-ne-ni-beshe-dadena-i-ne-e-upotrebuvana-od-nasha-strana/#respond Tue, 18 May 2021 16:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=512042

Разрешениот директор на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски попладнево на својот фејсбук профил го отфрли како невистина тврдењето на министерот за економија Крешник Бектеши дека во последните две години Инспекторатот само еднаш ја искористил мобилната лабораторија која е во сопственост на Бирото за метрологија. Според Пауновски, таква лабораторија е набавена во 2019 година од страна на Владата, но на Пазарниот инспекторат никогаш не му била дадена, поради што и не ја користел. -Ги негирам изнесените невистини од страна на министерот за економија Крешник Бектеши дека иако сме имале акредитирана лабораторија, не сме ја користеле. Вистината е дека таква лабораторија беше набавена во 2019 година од страна на Владата, а јас, премиерот Зоран Заев и министерот Крешник Бектеши ја промовиравме заедно во јавноста како проект кој ќе ни помогне да вршиме квалитетна и независна контрола на нафтените деривати. Тоа требаше да биде револуција бидејќи дотогаш (и се уште), нафтената индустрија во земјава, иако претставува еден од најголемите загадувачи на животната средина, повеќе од една деценија е оставена сама да си го контролира квалитетот на горивата. Лаборатијата никогаш не ни беше дадена и не е употребувана од наша страна, бидејќи министерот за економија не дозволи таа да оди под владение на Пазарниот инспекторат. За тоа две години се води и спор помеѓу Инспекторатот и Бирото за метеорологија, на кого и беше доделена лабораторијата, наведува Пауновски. Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, одговорајќи на новинарско прашање зошто немал сознанија дека во земјава се увезува опасен мазут, рече дека Пазарниот инспекторат ја користел државната мобилна лабораторија само еднаш во последните две години. -Како Министерство пред две години набавивме независна мобилна лабораторија која е во сопственост на Бирото за метрологија на државата. Директорот на Државниот пазарен инспекторат до овој момент ја користел само еднаш во последните две години. Јас не би сакал да го користам зборот дека во тоа истражување директорот лажел, но кажал многу невистини имајќи предвид дека токму оваa мобилна лабораторија можело да се користи да се направат такви проверки, а тој ниеднаш ниту се обратил во Министерство за економија, ни во Бирото за метрологија, не ни ја известил Владата ако имал такви сознанија, истакна Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razresheniot-paunovski-kontra-bekteshi-laboratorijata-nikogash-ne-ni-beshe-dadena-i-ne-e-upotrebuvana-od-nasha-strana/feed/ 0
Заев по разрешувањето на Пауновски: Не ми пречи пркосот, туку инаетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-po-razreshuvanjeto-na-paunovski-ne-mi-prechi-prkosot-tuku-inaetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-po-razreshuvanjeto-na-paunovski-ne-mi-prechi-prkosot-tuku-inaetot/#respond Wed, 28 Apr 2021 15:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=503375

Премиерот Зоран Заев вели дека нему не му пречел пркосот на директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски што Владата вчера го разреши, туку, како што рече, му пречи неговото инаетење и одбивањето да спроведе закон кој се однесува на распределбата на административните работници примени согласно Рамковниот договор. -Жалам за коментарите дека ми пречел пркосот. Пркосот навистина е вредност и кога тој доаѓа и од институција е исто така вредност, но инаетењето и неспроведувањето на Одлука на Влада и на етичката поставеност дефинирана во норматив што се вика Етички кодекс не е, рече премиерот Заев одговарајќи на пратеничко прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова во врска со разрешувањето на Пауновски. Заев нагласи оти Пауновски не сакал да го спроведе законско решение кое го донел македонскиот Парламент односно планот од К-5 програмата за конечно, како што рече, 1349 веќе вработени лица според програмата за правична застапеност на конкретни работни места и со конкретен ангажаман во 237 институции. На ваков начин, рече, се решава долгогодишен проблем, односно се активираат за активирање на овие „рамковни“ службеници кои со години седат дома, а земаат плата. Според премиерот Заев, директорот на ДПИ Пауновски одбивал да комуницира и и оти ако имал некави забелешки и аргументи требало да ги соочи со членовите на Владата. Директорот на ДЗИ Пауновски одби да прими 35 рамковни административци во институцијата со која раководеше со образложение дека не се квалификувани за работните места. Владата вчера на редовна седница го разреши Пауновски од функцијата што ја извршуваше.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-po-razreshuvanjeto-na-paunovski-ne-mi-prechi-prkosot-tuku-inaetot/feed/ 0
АНАЛИЗА: Има ли потреба Македонија од предвремени парламентарни избори? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/analiza-ima-li-potreba-od-predvremeni-parlamentarni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/analiza-ima-li-potreba-od-predvremeni-parlamentarni-izbori/#respond Wed, 28 Apr 2021 10:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=503000

„Простете им, не знаат што прават“, вака екс директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, ја искоментира одлуката на владата за неговото разрешување од функцијата. Да потсетиме, денес веќе екс директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, изминатите десетина дена се конфронтираше со претседателот на владата, Зоран Заев и вицепремиерот, Артан Груби и одбиваше да ги потпише вработувањата на 35 луѓе од рамковниот договор кои седеа дома и земаа плата. И така тоа траеше десет дена, десет дена народот гледаше кратка турска серии во македонска режија. Стојко им се противи, овие му се закануваа, потоа Стојко не им кревал телефон, па преку медиуми си испраќаа пораки еден на друг, така можеа до недоглед. Но, да ја погледнеме пошироката слика на целава ситуација.  Зоран Заев, повторно беше ставен пред свршен чин, одлуката дали ќе го избрка Стојко Пауновски или ќе му прости и ќе го чинеше власт. Од една страна го имаше неговиот сопартиец, човек со кого поминал и „сито и решето“, а од друга страна ДУИ и парламентарното мнозинство. Зоран Заев го избра ова второто. Зоран Заев ја избра и на кратко го спаси премиерското столче. Кога се вели на кратко, се мисли на тоа што никој од нас не знае во каква нова авантура-скандал ќе падне утре.  Но, со одлуката да го разреши Стојко Пауновски, Зоран Заев го одржува парламентарното мнозинство. Бидејќи ако се случеше обратното, ДУИ многу ќе се налутеше. Видовме што се случи кога ДУИ не беше викнат на онаа лидерска средба пред еден месец. Гледаме како преку Талат Џафери се одмаздува. Доколку Стојко Пауновски вчера не беше разрешен, ќе паднеше владата на Зоран Заев, ќе се срушеше како кула од карти, Заев е свесен за тоа, свесен е дека е седнат во нивниот скут и дека многу тешко тоа да го промени, решение му се нови парламентарни избри, но дали е подготвен на тоа? Дали е сега времето? Не е подготвен, а не е ни време за нив! Зошто не е подготвен?! Не е подготвен бидејќи во изминатиов период, Зоран Заев ги чисти луѓето на Бранко Црвенковски и Радмила Шекеринска.  Она што не им успеа на Владо Бучковски, па и во еден период на Бранко Црвенковски, му успеа на Зоран Заев. Радмила Шекеринска се откажа од партиската функција за која мислевме дека е венчана. Радмила Шекеринска 30 години плива успешно во политичките води, Радмила Шекеринска е човекот кој го однесе СДСМ во најубедливиот пораз на едни избори и повторно остана во врвот на партијата, Радмила Шекеринска е човекот кој успешно ги спроведе сите сплетки во партијата без таа да настрада, таа беше една од ретките која му се спротивстави на Црвенковски и повторно остана во врвот на СДСМ, но Радмила Шекеринска пред неколку дена толку лесно се откажа од 30-годишниот труд и сите ги зачуди. Реално и за чудење е. Реално ни дава за право да си помислиме дека Радмила Шекеринска е УЦЕНЕТА. Но, Зоран Заев не само со неа, тој почна да ги „чисти“ сите нејзини играчи. Манчевски, Богдановиќ, Шилегов, Пауновски, ќе видиме кој ќе биде следниот. Поради внатрепартиските пресметки, Зоран Заев сега не е подготвен за парламентарни избори, прашање е како ќе настапи и со кој кандидати на локалните. Зошто не е сега време за предвремени парламентарни избори? Причината е многу едноставна, резултатот во бројките нема да биде променет, кој и да победи, дали ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, разликата ќе биде иста, плус-минус два до три пратеника, а потоа ДУИ повторно ќе стапи на сцена. Ќе уценува, ќе се заканува, а тоа ќе мора да им биде прифатено СЕ, да бидеме реални, во моментов сите имаме чувство дека премиер во државаа е Артан Груби, а не Зоран Заев. Но, доколку ДУИ сака избори, верувајте дека избори ќе има!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/analiza-ima-li-potreba-od-predvremeni-parlamentarni-izbori/feed/ 0
Милошоски: Случајот со Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-sluchajot-so-paunovski-samo-pokazuva-deka-instituciite-se-dirigirani-od-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-sluchajot-so-paunovski-samo-pokazuva-deka-instituciite-se-dirigirani-od-vlasta/#respond Wed, 28 Apr 2021 10:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=503247

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски денеска во Битола одговарајќи на новинарско прашање околу разрешувањето на директорот на Државниот пазарен инспекторат изјави дека тој не би се мешал во внатре партискиот дел на СДСМ, но тој изрази голема загриженост од односот на Владата спрема директорот на таа институција кој е разрешен бидејќи си ја вршел работата како што треба. -Како институција и како човек најголемата забелешка на Владата по однос на директорот Пауновски беше зошто тој пркосел на премиерот и на вицепремиерот. Гледаме дека оваа Влада за жал, кога има такви луѓе кои покажуваат интегритет ги разрешува, а кога има луѓе каде што има сериозни индикации за криминогено однесување не ги разрешува, напротив ги унапредува или штити, посочи Милошоски. И затоа тој смета дека овој случај со директорот Пауновски само покажува дека институциите се диригирани од власта и секое покажување на самостојно мислење може да биде ризично за директорот кој што се осмелил да работи законито, а тоа не е добро за нашата држава, рече Милошоски. По однос на образованието, Милошоски смета дека проектот на Мила Царовска преставува една анти реформа и најдобар совет за министерката Царовска освен тоа да ги послуша родителите на учениците и да ги послуша наставниците. -Во време кога 40 илјади ученици во Република Македонија или немаат пристап до интернет или немаат помагала и лаптопи не е добро да се воведува дигитално образование кое што ќе значи социјално раслојување. Дополнително примерите од Хрватска, од Австрија, Србија, Грција и многу други земји кои што се понапредни во ПИСА, покажуваат дека книгата била и треба да остане основното помагало на учениците и на наставниците. И затоа сметам дека Царовска не треба да ја прави оваа анти реформа бидејќи ќе нанесе голема штета на цела генерација ученици, истакна Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-sluchajot-so-paunovski-samo-pokazuva-deka-instituciite-se-dirigirani-od-vlasta/feed/ 0
Николовски: Пауновски е разрешен согласно законот и етичкиот кодекс https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-paunovski-e-razreshen-soglasno-zakonot-i-etichkiot-kodeks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-paunovski-e-razreshen-soglasno-zakonot-i-etichkiot-kodeks/#respond Wed, 28 Apr 2021 09:55:17 +0000 https://kurir.mk/?p=503223

Разрешувањето на Стојко Пауновски е согласно законот и Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции, соопшти денеска вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски. Според Николовски, во следните денови ќе се назначи в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат со цел негово непречено функционирање и дејствување. Засега, се уште не е одлучено кој ќе дојде на местото на Пауновски. -Постапено е согласно закон и согласно Кодексот. Прекршени се членовите 4 и 6. Кодексот не може да важи за еден, а за друг да не важи. Како што во 20-на други случаи е постапено од нашат страна се констатирања прекршувањата на Кодексот и од страна на Кабинетот е доставено писмено известување до премиерот, согласно процедурата дефинирана во Кодексот, со сите опции кои ги дефинира членот 23 во случај на прекршување. Од страна на премиерот беше предложено на Влада да се покрене постапка за разрешување согласно член 10 од Законот за Државниот пазарен инепскторат. По тоа е постапено и во следните неколку денови ќе се назначи в.д. директор за да може особено сега во овој период кога се очекува олабавување на мерките, Пазарниот инспекторат да функционира непречено. Моментно нема нов в.д. директор. Во наредните денови ќе видиме кога ќе има седница на Влада, ќе биде предложен нов в.д. директор и кога ќе биде именуван веднаш ќе ја информираме јавноста, објасни Николовски, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во МЗШВ. Николовски потенцира дека Владата, согласно Информацијата за јакнење на капацитетите на сите инспекторати донесена на 43 седница, на ДПИ му дал 22 согласности за вработувања инспектори во Скопје, Струмица, Штип, Берово, Делчево, Крива Паланка, Битола и Прилеп. – Се гордееме што направивме длабинска анализа со измените во законодавството, во делот на контролата и санкциите, но и што навремено, пред кој било друг и пред што било друго, на Пазарниот инспекторат сме му дале 22 согласности, токму за јакнење на капацитетите. Тоа ќе продолжиме да го правиме со сите инспекторати, нема да скршнеме од определбата за нивно јакнење, подвлече Николовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikolovski-paunovski-e-razreshen-soglasno-zakonot-i-etichkiot-kodeks/feed/ 0
Пауновски: Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев не наидоа на разбирање од премиерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-patot-na-odbrana-na-integritetot-i-profesionalnosta-na-institucijata-so-koja-rakovodev-ne-naidoa-na-razbiranje-od-premierot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-patot-na-odbrana-na-integritetot-i-profesionalnosta-na-institucijata-so-koja-rakovodev-ne-naidoa-na-razbiranje-od-premierot/#respond Tue, 27 Apr 2021 19:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=502999

Разрешениот директор на ДПИ, Стојко Пауновски на својот Фејсбук профил изрази огромна благодарност до сите граѓани кои, како што напиша, во мојот “пркос” ги согледаа моите искрени намери и желба за силна, стручна и независна Европска институција. -Патот на одбрана на интегритетот и професионалноста на институцијата со која раководев, за жал, не наидоа на разбирање од премиерот. При ова обраќање, сакам да упатам посебна благодарност до сите вработени во ДПИ кои во оваа битка застанаа рамо до рамо со мене и докажаа со факти дека сите одлуки ги носевме заедно, без разлика што јас им бев претпоставен. Горд сум на се што направивме заедно! Ми беше чест да работам за Вас и од срце Ви посакувам подобар директор со кого ќе продолжите таму каде што јас застанав, напиша Пауновски на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/paunovski-patot-na-odbrana-na-integritetot-i-profesionalnosta-na-institucijata-so-koja-rakovodev-ne-naidoa-na-razbiranje-od-premierot/feed/ 0