стока – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 08:01:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стока – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Запленет албански минибус во кој е откриен бункер за криење стока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/#respond Thu, 14 Sep 2023 08:01:35 +0000 https://kurir.mk/?p=877903

Царинската управа на граничниот премин Табановце одзеде минибус со албански регистарски таблички во кој се откриени специјални бункери наменети за криење стока. Како што информираат од Царинската управа, случајот е откриен на влез на граничниот премин Табановце од страна на царински инспектори од мобилниот тим од Секторот за контрола и истраги, кои ја извршија контролата на минибусот. По поднесена пријава до надлежниот суд, донесена е одлука за одземање на возилото, а изречена е и глоба за возачот на возилото заради прекршување на член 263 став 7 и член 269 став 2 од Царинскиот закон. -Специјални бункери во вентилацискиот систем на минибус со албански регистарски таблички направени со цел криење стока се откриени по контрола на возилото во кое се вршело вонреден превоз на патници на релација Тирана - Брисел. Притоа специјално направените бункери наменети за криење стока, во обид да се прикријат, биле покриени со тапацир, соопшти Царинската управа. Ова, како што велат, е втор случај во една недела на заплена на возило специјално конструирано, адаптирано и прилагодено со цел криење стока. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/video-zaplenet-albanski-minibus-vo-koj-e-otkrien-bunker-za-kriene-stoka/feed/ 0
Помалку превезена стока во товарниот превоз во вториот квартал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pomalku-prevezena-stoka-vo-tovarniot-prevoz-vo-vtoriot-kvartal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pomalku-prevezena-stoka-vo-tovarniot-prevoz-vo-vtoriot-kvartal/#respond Fri, 01 Sep 2023 06:54:55 +0000 https://kurir.mk/?p=873282

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2023 година, во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесува 1 048 илјади, во градско-приградскиот превоз 11 539 илјади, во железничкиот превоз 73 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 843 654. Во второто тримесечје од 2023 година, во споредба со второто тримесечје од 2022 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е намалено за 19.6 %, во железничкиот превоз е намалено за 32.3 %, додека во воздухопловниот превоз е намалено за 19.3%.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pomalku-prevezena-stoka-vo-tovarniot-prevoz-vo-vtoriot-kvartal/feed/ 0
Приведени наш и странски државјанин поради криумчарење на стоки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-nash-i-stranski-drzhavjanin-poradi-kriumcharene-na-stoki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-nash-i-stranski-drzhavjanin-poradi-kriumcharene-na-stoki/#respond Tue, 25 Apr 2023 14:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=827479

Денеска (25.04.2023) околу 07.00 часот на место викано „Дупки“ во близина на Граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници од Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север ги лишиле од слобода Ц.Р.(47) од Република Косово и Ј.Л.(29) од с.Блаце, скопско. При контрола во товарно возило „мерцедес“ со косовски национални ознаки, управувано од Ц.Р., каде сопатник бил Ј.П., биле пронајдени повеќе производи без соодветна документација. Возилото и производите биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-nash-i-stranski-drzhavjanin-poradi-kriumcharene-na-stoki/feed/ 0
Пад на превезената стока со железницата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prevezenata-stoka-so-zheleznitsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prevezenata-stoka-so-zheleznitsata/#respond Mon, 27 Feb 2023 10:25:31 +0000 https://kurir.mk/?p=805550

Во четвртото тримесечје од 2022 година, во патниот патнички превоз бројот на патници изнесува 939 000, во градско-приградскио 11 825 000, во железничкиот 131 000, а во воздухопловниот превоз 559 095, објави денеска Државниот зваод за статистика. Во патниот патнички превоз лани вкупно биле превезени 3 460 000 патници, во градско приградскиот, 41 634 000, во железничкиот 406 000, а во воздухопловниот 2 365 847. Во четвртото тримесечје од 2022 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2021 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,7 проценти, во железничкиот е намаленo за 28,5 проценти, а во воздухопловниот е намалено за 3,5 проценти. Според податоците на ДЗС, во последниот квартал лани се превезени 22 061 000 тони стока во товарниот патен превоз, а во тек на целата година 74 639 000. Железничкиот превоз, пак, бил искористен за транспорт на 316 000 тони стока во четвртиот квартал, а во тек на цела 2022 година се транспортирани 1 372 000 тони стока. Од превезената стока со железницата во последниот квартал лани, 315 илјади тони се во меѓународниот, а илјада тони во националниот железнички превоз.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pad-na-prevezenata-stoka-so-zheleznitsata/feed/ 0
Две нови ленти за камиони на Табановце, од 1 октомври пуштање на стоката во промет за само еден час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-novi-lenti-za-kamioni-na-tabanovce-od-1-oktomvri-pushtanje-na-stokata-vo-promet-za-samo-eden-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-novi-lenti-za-kamioni-na-tabanovce-od-1-oktomvri-pushtanje-na-stokata-vo-promet-za-samo-eden-chas/#respond Fri, 29 Jul 2022 12:31:21 +0000 https://kurir.mk/?p=711900

По алармот дека на граничниот премин „Табановце“ една од лентите за „Отворен Балкан“ не функционира, во употреба се пуштени други две кои товарните возила ќе можат непречено да ги користат, соопштија денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа Славица Кутиров. Како што рекоа Спасовски и Кутиров по посетата на „Табановце“, гужвите во овој период се многу големи поради годишните одмори, но мора да се направат максимални напори за обезбедување непречен проток на стоките, посебно на оние со краток рок на траење, како и да се овозможи брз премин на патниците. Во насока на забрзување и олеснување на протокот на стоки, како што најави Кутиров, од 1 октомври во примена ќе биде измената на увозната царинска постапка која ќе овозможи за еден час, ако е правилно поднесена потребната декларација и доколку е подмирен царинскиот долг, стоката по автоматизам да биде пуштена во слободен промет. Во првите седум месеци од годинава фреквенцијата на возила и патници на граничните премини за влез и излез од државата е зголемена за 45 проценти, а конкретно на „Табановце“ за 30 отсто. – Сите капацитети на граничните премини работат во полн состав. На „Табановце“ рабтевме на отворање две нови ленти и тоа веќе се реализира за да имаме побрз проток. Во однос на Отворен Балкан, не значи дека рампите се кренати и дека може да се влегува и излегува без да се застанува. Кога има граничен премин, постојат процедури кои мора да бидат запазени од безбедносен и од секаков друг аспект. Значи, иницијативата не значи кревање на рампите, туку дека државите од Отворен Балкан ќе имаат далеку подобри привилегии при поминувањето. Се уште се прават анализи каде ќе може да се скрати времето на минување, изјави Спасовски. Според директорката на Царинската управа, вчерашниот прекин на минување од еден час поради дефект на вагата за товарните возила, бил отстранет за 60 – 90 минути, но и тоа е доволно за предизвикување застој. -Сепак, тоа се нормални работи за ваков премин каде се применуваат современи технологии, а има и голема гужва зашто сезоната е во ек. Важно е дека институциите работат максимално за обезбедување на сите потребни услови за побрз проток на патници и товарни возила во најголемиот шпиц. Една од забелешките беше дека една од лентите за Отворен Балкан не функционира. Тоа не смее да биде проблем. Ние веднаш реагиравме со МВР и колегите од Србија и овозможивме уште две нови ленти кои досега беа на излез, да се применуваат за влез. Двете ленти за камиони ќе бидат непречено во функција, рече Кутиров. В.д. извршната директорка на Стопанската комора Билјана Пеева Ѓуриќ потсети дека следењето на протокот на стоки на „Табановце“ што почна на 1 јули, продолжува и во август. -Воочивме дека проблемите се главно од инфраструктурен карактер на кои би можело да се работи за поголема ефикансост и помала гужва. Договорено е да се воспостават тимови со по еден претставник од секоја служба на надворешно-трговското работење за оперативно секој ден да се работи на отстранување на сите детектирани пропусти. Во односна дигитализацијата, и тука има простор да се направат дополнителни унапрдувања за системот да биде поефикасен, потенцира Пеева Ѓуриќ. Моментно на „Табановце“ функционираат 10 ленти – две за камиони, една за автобуси која повремено се користи и за патники возила и уште седум ленти за патнички возила. Дигитализацијата и електонската сигнализација ќе бидат приоритети за уште поголема ефикасност на овој граничен премин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-novi-lenti-za-kamioni-na-tabanovce-od-1-oktomvri-pushtanje-na-stokata-vo-promet-za-samo-eden-chas/feed/ 0
Спречен шверц на стока за широка потрошувачка на Граничен премин Долно Блаце, уапсени 4 косовски државјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-shverc-na-stoka-za-shiroka-potroshuvachka-na-granichen-premin-dolno-blace-uapseni-4-kosovski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-shverc-na-stoka-za-shiroka-potroshuvachka-na-granichen-premin-dolno-blace-uapseni-4-kosovski-drzavjani/#respond Thu, 02 Jun 2022 14:01:05 +0000 https://kurir.mk/?p=685641

На 01.06.2022 на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници извршиле контрола во две патнички возила и задржале четири косовски државјани, затоа што во возилата била пронајдена поголема количина на стока за широка потрошувачка без потребните документи. Имено, во 14.15 часот бил извршен преглед во возило „фолксваген бора“, со косовска национална ознака, управувано од Р.С.(30), во кое совозач бил А.Т.(31), двајцата од Косово. При преглед во возилото, во делот за резервна гума била пронајдена стока за широка потрошувачка без документи. Во 15.20 часот, пак, била извршена контрола и на патничко возило „фолксваген голф“, исто така со косовска национална ознака, управувано од Ќ.Ц.(23), во кое совозач бил Г.И.(29), двајцата од Косово. При контролата било констатирано дека возилото било натоварено со стока за широка потрошувачка без документи. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, по чија насока лицата и предметите биле предадени на царински службеници за понатамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/sprechen-shverc-na-stoka-za-shiroka-potroshuvachka-na-granichen-premin-dolno-blace-uapseni-4-kosovski-drzavjani/feed/ 0
Приведени четири лица од Скопје за шверц на стока и царинска измама https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-lica-od-skopje-za-shverc-na-stoka-i-carinska-izmama/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-lica-od-skopje-za-shverc-na-stoka-i-carinska-izmama/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=623118

На 25.01.2022 во 15.00 часот на ул.„69“, во близина на Железничката станица Скопје, од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Џ.А.(43), А.Б.(32), Р.Р.(55) и Г.Б.(44), сите од Скопје, бидејќи кај нив била пронајдена поголема количина разновидни производи без соодветна документација. Тие биле приведени поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.278-б од Кривичниот законик за „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“. По целосното документирање на случајот против нив ќе следи соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-chetiri-lica-od-skopje-za-shverc-na-stoka-i-carinska-izmama/feed/ 0
Превезувале стока без документација – приведени две лица од скопско Блаце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prevezuvale-stoka-bez-dokumentacija-privedeni-dve-lica-od-skopsko-blace/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prevezuvale-stoka-bez-dokumentacija-privedeni-dve-lica-od-skopsko-blace/#respond Mon, 04 Oct 2021 17:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=572907

На 01.10.2021 во 19:50 часот на место викано „Дупки“, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Блаце ги лишиле од слобода М.Б.(19) и У.Б.(20), двајцата од с.Блаце, скопско. При преглед во патничко возило „фолксваген “, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена поголема количина стока за широка потрошовачка без документација. Тие биле приведени во полициска станица, а за настанот бил известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/prevezuvale-stoka-bez-dokumentacija-privedeni-dve-lica-od-skopsko-blace/feed/ 0
Царинската управа откри повеќе обиди за криумчарење и заплени марихуана, цигари и друга стока https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/carinskata-uprava-otkri-povekje-obidi-za-kriumcharenje-i-zapleni-marihuana-cigari-i-druga-stoka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/carinskata-uprava-otkri-povekje-obidi-za-kriumcharenje-i-zapleni-marihuana-cigari-i-druga-stoka/#respond Mon, 15 Oct 2018 12:58:01 +0000 https://kurir.mk/?p=115171

Царинската управа во текот на изминатата недела открила повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што се запленети марихуана, цигари, облека, парфеми и друго. На Интернационалниот аеродром Скопје, Царинските службеници вчера откриле и спречиле  криумчарење на три килограми  марихуана. При детален преглед на багажот на француски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Париз, во неговиот куфер биле пронајдени 30 штеки цигари, а во торбата 19 штеки цигари и три пакувања наполнети со непозната материја од растително потекло. По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа, а по наредба на јавен обвинител, непознатата растителна материја веднаш била доставена на вештачење со кое се утврдило дека станува збор за марихуана. Царинските службеници во повеќе случаи спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани  облека, ташни, паричници, делови за моторни возила, парфеми, тоалетни води, мобилни телефони и црковни производи. Задржани се 205 парчиња женска облека и 102 парчиња аксесоари, откриени  во три одвоени случаи, при контрола на три македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица. Во два одвоени случаи од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два македонски автомобили, управувани од македонски државјани, пријавени за влез во државата на граничниот премин Богородица откриени се 47 разни делови за моторцикли и автомобили. При контрола на босански камион, управуван од босански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Дојран, царинските службеници откриле 26 парчиња разни црковни производи (ѕидни лустери, кандила, пехари, крстови, украсни кутии, дрвени украсни сталажи и еден комплет за причест). Непријавените производи, пронајдени во една преграда и над горниот кревет во кабината, како и во сандакот за сместување палети, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/carinskata-uprava-otkri-povekje-obidi-za-kriumcharenje-i-zapleni-marihuana-cigari-i-druga-stoka/feed/ 0