стокхолм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Aug 2023 07:07:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стокхолм – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најмалку 50 повредени на фестивал за културата на Еритреја во Стокхолм https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-50-povredeni-na-festival-za-kulturata-na-eritreja-vo-stokholm/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-50-povredeni-na-festival-za-kulturata-na-eritreja-vo-stokholm/#respond Fri, 04 Aug 2023 07:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=863196

Повеќе од 50 лица се повредени, од кои осум потешко, а околу стотина се приведени откако противници на владата на Еритреја упаднаа на настан во Стокхолм, организиран од приврзаници на режимот на Еритреја. Околу 1.000 антивладини демонстранти, на кои им беше дозволено да одржат протест во близина на фестивалот, ја пробија полициската бариера, ги урнаа фестивалските шатори и запалија возила, јавуваат агенциите. Полицијата соопшти дека привела околу сто лица по избувнувањето на насилните немири и дека останува во северозападното предградие на Стокхолм заради враќање и воспоставување на редот. Според портпаролот на полицијата, приведени се меѓу 100 и 200 лица, а отворена е истрага за насилни немири и подметнати пожари, како и за попречување на работата на полицијата и спасувачките служби. Полицијата соопшти дека најмалку 52 лица побарале лекарска помош, или на местото на настанот или во локалните клиники и болници. Петнаесет лица се префрлени во болница, соопшти во посебно соопштение здравствената управа на регионот Стокхолм. Како што се наведува, осум лица се здобиле со „тешки повреди“, додека останатите седум се здобиле со „лесни повреди“. Во Шведска живеат десетици илјади луѓе со потекло од Еритреја. Фестивалот посветен на културното наследство на Еритреја е годишен настан што се одржува од 1990-тите, но е критикуван затоа што наводно служи како промотивна алатка и извор на пари за властите на оваа африканска земја, јавуваат шведските медиуми.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-50-povredeni-na-festival-za-kulturata-na-eritreja-vo-stokholm/feed/ 0
ВИДЕО: Во Стокхолм пуштен првиот самоуправувачки електротраект https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-stokholm-pushten-prviot-samoupravuvachki-elektrotraekt/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-stokholm-pushten-prviot-samoupravuvachki-elektrotraekt/#respond Thu, 15 Jun 2023 12:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=846141

Пловилото „МФ Естел“ (MF Estelle), произведено од норвешката нова технолошка компанија „Зеабус“ (Zeabus), е првиот самоуправувачки електричен траект во светот којшто почна да превезува патници. Во соработка со „Торгатен“ - истакната норвешка бродска компанија, „Зеабус“ ја претстави својата прва ферибот линија меѓу отровите Содермалм и Кунгшолмен во Стокхолм, Шведска. Тоа, засега, е кратка линија којашто ќе чини 120 патувања дневно. На траектот засега има посада, но таа ќе го напушти на почетокот на следната година. Сообраќајниот метеж е постојан проблем ширум светот, па решенијата вклучуваат масовен превоз, подземни тунели... А, во градови со водни тела, на ова може да се додадат и пловилата, но досегашните начини на поводен превоз значат испуштање јаглерод и штетни материи, и се во судир со глобалните цели за „почист“ превоз. „Зеабус“ е основана 2019 година со цел да го направи превозот на вода поодржлив и да се развијат самоуправувачки решенија за оптимизирање на користењето бродови. „МФ Естел“ има електричен погонски систем којшто се напојува од сончеви панели и може да прими 24 патници. Има самоуправувачка навигација поддржана од последната технологија. Фазниот пристап ќе му помогне на „Зеабус“ да ја оптимизира потрошувачката на енергија потребна за едно патување. Стокхолм ќе биде „прв тест“, но целта е да се обезбедат слични можности за патување и во други градови во светот и да се воспостават врски меѓу градовите. Норвешка го предводи развојот на оваа технологија, па и бродоградителската компанија „Хуртигрутен“ веќе работи на првиот брод за крстарење без испуштања јаглерод, којшто ќе биде готов до крајот на десетлетие. Тоа ќе користи електричен погон, надополнето со сончева и ветерна енергија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-vo-stokholm-pushten-prviot-samoupravuvachki-elektrotraekt/feed/ 0
ХАОС ВО ОВАА ЕВРОПСКА ЗООЛОШКА ГРАДИНА – исчезна кобра, вработените во паника, ја нема од викендов! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-ovaa-evropska-zooloshka-gradina-ischezna-kobra-vrabotenite-vo-panika-ja-nema-od-vikendov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-ovaa-evropska-zooloshka-gradina-ischezna-kobra-vrabotenite-vo-panika-ja-nema-od-vikendov/#respond Tue, 25 Oct 2022 10:12:50 +0000 https://kurir.mk/?p=750109

Вработените во Зоолошката градина „Скансен“ во Стокхолм, Шведска, сè уште трагаат по кралската кобра која избегала од нејзиниот терариум викендов, поради што Зоолошката е делумно затворена. Отровната змија-мажјак, наречен „Господин Хисинг“, пристигнал во зоолошката градина пред неколку дена и веќе успеал да исчезне меѓу терариумските светилки, поради што му го дале и прекарот „Худини“, по познатиот магионичар. Тој дел од Зоолошката градина е евакуиран и затворен додека „избеганиот“ влекач не биде фатен. Вработените сепак веруваат дека змијата сега е некаде на таванот на одделот за рептили. – Тој нема да излезе надвор, бидејќи надвор е премногу студено за него, изјави директорот на Зоолошката градина, Јонас Валстром. Кралските кобри се смртоносни змии. Тие потекнуваат од Јужна и Југоисточна Азија и се најдолгите отровни змии во светот. Нивниот главен плен се, главно – другите змии, но каснувањето може да биде фатално за луѓето доколку не се лекува навреме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/haos-vo-ovaa-evropska-zooloshka-gradina-ischezna-kobra-vrabotenite-vo-panika-ja-nema-od-vikendov/feed/ 0
Лауреатите ја примија „Нобеловата награда“ во своите домови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laureatite-ja-primija-nobelovata-nagrada-vo-svoite-domovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laureatite-ja-primija-nobelovata-nagrada-vo-svoite-domovi/#respond Fri, 11 Dec 2020 06:42:03 +0000 https://kurir.mk/?p=441790

Во речиси празната сала на градското собрание во Стокхолм, додека оркестарот изведуваше класични нумери, синоќа се поделија годинешните „Нобеловата награда“, на лауреатите кои беа оддалечени илјадници километри од Стокхолм, во местата во кои живеат. Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф, кој вообичаено ги доделува наградите на лауреатите, од кралскиот дворец изјави дека ова навистина е една поинкава церемонија. Церемонијата на доделување на наградите се пренесуваше во живо, а сите лауреати останаа во своите домови поради пандемијата на коронавирусот. Мајкл Хотон, кој заедно со Харви Алтер и Чарлс Рајс ја добија „Нобеловата награда за медицина“,во моменто на добивањето на наградата беше во својата градина во Калифорнија, облечен во секојдневна облека. Нобеловецот за книжевност Луиз Глик ја доби наградата во нејзината градина во Бостон, исто така во едноставна облека, додека Рајнхард Генцел се одлучи за смокинг. Некои од добитниците носеа маски кога им беа врачени медалот и дипломата, со парична награда од 10 милиони круни (1,1 милиони американски долари). Бидејќи годинашната церемонија беше откажана поради пандемија, лауреатите беа поканети да присуствуваат на следната, доколку епидемиолошката состојба тоа го дозволи. Традиционално, сите раскошни церемонии на Нобеловата награда се одржуваат на 10 декември, годишнината од смртта на основачот на Нобеловата награда, Алфред Нобел, во Стокхолм, освен наградата за мир што се одржува во Осло, во соседна Норвешка, од причина што Нобел ја задржаа за себе. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/laureatite-ja-primija-nobelovata-nagrada-vo-svoite-domovi/feed/ 0
Во Одделите за интензивна нега во Стокхолм речиси нема слободно место https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-oddelite-za-intenzivna-nega-vo-stokholm-rechisi-nema-slobodno-mesto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-oddelite-za-intenzivna-nega-vo-stokholm-rechisi-nema-slobodno-mesto/#respond Thu, 10 Dec 2020 13:36:59 +0000 https://kurir.mk/?p=441511

Првпат од почетокот на пандемијата, капацитетите на одделите за интензивна нега во болниците во Стокхолм се исполнети 99 проценти, пренесува Би Би Си. Од 160 кревети за интензивна нега во главниот град на Шведска, пет до седум кревети беа слободни во средата, пренесува локалниот весник „Афтонбладет“. – Ни треба помош, рече Бјорн Ериксон, директор на здравствени установи во Стокхолм. Тој рече дека 814 пациенти во моментов се лекуваат од коронавирус во болниците. Во Шведска, повеќе од 7.200 лица починаа од вирусот од почетокот на пандемијата, а земјата не воведе национален т.н карантин или рестриктивни мерки. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-oddelite-za-intenzivna-nega-vo-stokholm-rechisi-nema-slobodno-mesto/feed/ 0
Автобус експлодира во центарот на Стокхолм (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtobus-eksplodira-vo-centarot-na-stokholm-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtobus-eksplodira-vo-centarot-na-stokholm-video/#respond Sun, 10 Mar 2019 15:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=173336

Во центарот на Стокхолм денеска експлодирал автобус, засега не е познато дали има повредени во експлозијата, соопшти Службата за вонредни состојби. Во соопштението на пожарникарите се наведува дека експлозијата се случила во населбата Кларатунелн во центарот на Стокхолм и дека по експлозијата автобусот изгорел. Столб од црн чад бил видлив од сите делови на шведската престолнина. -Прво се слушна силна експлозија, потоа уште неколку помали, изјавил еден очевидец на инцидентот за локалните медиуми. Веднаш по инцидентот шведската полиција ги блокирала населбите Кларатунелн и Тегебакен. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avtobus-eksplodira-vo-centarot-na-stokholm-video/feed/ 0
Никој не ги сака Олимписките игри: Само Милано и Стокхолм ги поднесоа своите апликации за игрите во 2026 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nikoj-ne-gi-saka-olimpiskite-igri-samo-milano-i-stokholm-gi-podnesoa-svoite-aplikacii-za-igrite-vo-2026-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nikoj-ne-gi-saka-olimpiskite-igri-samo-milano-i-stokholm-gi-podnesoa-svoite-aplikacii-za-igrite-vo-2026-godina/#respond Wed, 28 Nov 2018 13:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=133125

Италијанскиот град Милано и шведската престолнина Стокхолм ги доставија своите апликации за организација на Олимписките игри во 2026 година. Претендентите своите кандидатури ги официјализираа на состанокот на Интернационалниот олимписки комитет во Токио. Домаќинот ќе биде избран во јуни следната година во Лозана. За потсетување, првично имаше многу повеќе апликанти, но канадски Калгари, швајцарски Сион и австриски Грац не добија поддршка во нивните земји, а организацискиот комитет на јапонски Сапоро одлучи да се фокусира на кандидатурата за 2030 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/nikoj-ne-gi-saka-olimpiskite-igri-samo-milano-i-stokholm-gi-podnesoa-svoite-aplikacii-za-igrite-vo-2026-godina/feed/ 0
Царовска на Форум за родова еднаквост во Стокхолм https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-na-forum-za-rodova-ednakvost-vo-stokholm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-na-forum-za-rodova-ednakvost-vo-stokholm/#respond Tue, 17 Apr 2018 12:28:27 +0000 https://kurir.mk/?p=41916

Министерката за труд и социјална политика учествува на Форумот за родова еднаквост во Стокхолм, чиј домаќин е шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром. Тркалезната маса на која се обрати министерката Царовска е посветена на мултидимензионалната родова перспектива на социјалниот дијалог и развојот на социјалниот дијалог како инструмент за родова еднаквост. - Трипартитниот социјален дијалог е есенцијална алатка за унапредување на родовата еднаквост во светот на работата. Родовата еднаквост е во суштината на пристојната работа и истата треба да се промовира паралелно со промовирање на социјалниот дијалог. Оттука, застапувањето, односно претставеноста на жените треба да се промовира на сите нивоа низ институциите на социјалниот дијалог. Родовата еднаквост е една од фундаменталните вредности на глобалното партнерство имајќи предвид дека е составен дел од инклузивниот раст во полето на пристојната работа, рече Царовска. Министерката нагласи дека токму затоа Република Македонија во декември минатата година пристапи кон „Global Deal“ - глобално партнерство за пристојна работа и инклузивен развој, како единствен партнер од овој регион. Исто така, во програмата за работа на Владата на Република Македонија е предвидено вклучување на родовата перспектива во колективното договарање на сите нивоа, заради дополнително унапредување и заштита на жените работнички. На Форумот во Стокхолм, што се одржува од 15 до 17 април, присуствуваат министри, високи претставници на агенциите на ООН, граѓански организации и синдикати. Во насока на постигување на целта за родово еднаков свет, на форумот се става акцент на социјалниот дијалог како значајна алатка за промовирање на родовата еднаквост на работното место.  Учеството на жените во институциите кои го водат социјалниот дијалог е само 15 проценти на глобално ниво (МОТ). Дури и во индустриите каде што работната сила е сочинета првенствено од жени, тие најчесто се претставувани од мажи. Ова се однесува и на земјите во развој и на развиените земји. Притоа, покрај зголемувањето на репрезентативноста на жените, особено важно е дали се отвораат и решаваат  релевантни прашања како што е еднаквата плата, социјалната заштита, родителското отсуство, сексуалното вознемирување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/carovska-na-forum-za-rodova-ednakvost-vo-stokholm/feed/ 0