стоки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Jul 2022 15:05:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стоки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Превозниците од БиХ го прекинаа превозот на стоки поради високите цени на горивата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/#respond Mon, 04 Jul 2022 15:05:22 +0000 https://kurir.mk/?p=699867

Транспортерите од ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина од денеска го прекинаа превзоот на стоки и го бојкотираат полнењето гориво во возилата во знак на протест што властите не прават ништо за да ги ограничат неконтролираните цени на тој енергенс. Претседателот на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска, Никола Грбиќ, за медиумите потврди дека автопревозниците ги паркирале камионите и ја прекинале доставата на стока. „Бојкотот за полнење гориво почнува денеска и не товараме роба на сите дестинации, а ќе трае 10 дена“, рече Грбиќ. Компаниите за патен транспорт се одлучија на тој потег поради високите цени на горивата. Просечната цена на литар гориво на бензинските пумпи во БиХ е околу 3,66 марки. Првиот човек на Здружението на транспортери за внатрешен и меѓународен транспорт на Република Српска оцени дека транспортните компании се во многу тешка положба поради високите цени на горивата. „Тоа ќе ни предизвика големи загуби, но ние сме принудени“, додаде Грбиќ. Слични протести најавија и колеги од ентитетот Федерација БиХ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prevoznicite-od-bih-go-prekinaa-prevozot-na-stoki-poradi-visokite-ceni-na-gorivata/feed/ 0
САД: За стоките од Хонг Конг казнени тарифи како за Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-za-stokite-od-hong-kong-kazneni-tarifi-kako-za-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-za-stokite-od-hong-kong-kazneni-tarifi-kako-za-kina/#respond Tue, 11 Aug 2020 11:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=389256

Стоките произведени во Хонг Конг за извоз во САД по 25 септември ќе треба да имаат етикета Направено во Кина (Made in China), објави денеска американската Влада, што значи дека компаниите во Хонг Конг ќе бидат подложени на истите казнени тарифи кои се наплатуваат за извозниците од Кина. Овој потег доаѓа откако САД одлучија да го укинат специјалниот статус на поранешната британска колонија, поради воведувањето на кинескиот закон за национална безбедност во Хонг Конг, што дополнително ги затегна односите меѓу двете светски сили, кои веќе беа нарушени со трговската војна и обвинувањата на САД кон Кина за постапувањето за време на пандемијата на коронавирусот. Најновиот чекор на САД значи дека компаниите во Хонг Конг ќе подлежат на исти казнени тарифи што им се наплатуваат на извозниците од Кина, доколку произведат стока што е предмет на тие царински давачки, се наведува во известувањето на Управата за царина и гранична заштита на САД. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-za-stokite-od-hong-kong-kazneni-tarifi-kako-za-kina/feed/ 0
Состанок на ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostanok-na-cefta-potkomitetot-za-carina-i-poteklo-na-stoki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostanok-na-cefta-potkomitetot-za-carina-i-poteklo-na-stoki/#respond Thu, 14 May 2020 15:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=345938

Во организација на Царинската управа преку видео конференциска врска денеска се одржа 19-тиот состанок на ЦЕФТА Поткомитетот за царина и потекло на стоки, во рамки на македонското претседателство. На состанокот, соопшти Царинската управа, присуствуваа високи претставници од царинските управи и министерства на ЦЕФТА земјите (Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Црна Гора, Србија и Косово), претставник на ЕФТА земјите, како и директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, високи претставници на Европската Комисија, Светска банка, ИФЦ и транспортната заедница на ЕУ. На состанокот, како што се посочува, беа изложени и објаснети приоритетите на Царинската управа во однос на рамките на претседателството со ЦЕФТА поткомитетот, како што се и прашањата за суштинско олеснување на трговијата. Една од главните точки кои беа тема на разговор на состанокот е и отпочнувањето на меѓународно признавање на сертификатот за Овластен економски оператор – ОЕО на ниво на ЦЕФТА, со кое во голема мера ќе се олесни протокот на стока на нашите економски оператори, ќе се забрзаат царинските постапки, ќе се намалат трошоците и секако ќе се зголеми нивната конкурентност, а се разговараше и за воведување на заедничко официјално лого за АЕО во ЦЕФТА (Authorized Economic Operator in CEFTA). Искажано е задоволство од брзото воспоставување и досегашното функционирање на зелените коридори, а се дискутираше и за примена на истите коридори во иднина за стоки на овластените економски оператори и за расипливи стоки, информираат од Царинската управа. Како втор приортитет наметнат од наша страна, како што се потенцира, претставува конвенцијата за потекло на стоки – ПЕМ конвенцијата, преку склучување договори за слободна трговија со ЕУ, што всушност ќе биде олесување за нашите економски оператори, зголемување на нивната конкурентност, особено на оние кои извезуваат во земјите на Европската унија и ПЕМ зоната. Следна многу важна точка од агендата е дискусијата за развој на електронска трговија помеѓу ЦЕФТА земјите, кој, имајќи ја предвид моменталната ситуација со КОВИД кризата, во иднина ќе биде од особено значење за економските оператори при размена на стоки како во ЦЕФТА регионот, така и со ЕУ и ЕФТА земјите. Земјите високо ја оценија досегашната соработка во рамките на SEED системот (систем за размена на податоци помеѓу ЦЕФТА земјите), и се договорија за проширување на системот со можност за размена на pre-arrival информации, односно информации пред пристигање на стоката со ЕУ земјите, стои во соопштението од Царинската управа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sostanok-na-cefta-potkomitetot-za-carina-i-poteklo-na-stoki/feed/ 0
Приштина зголемува за 10 отсто данок на стоки од Србија и од БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prishtina-zgolemuva-za-10-otsto-danok-na-stoki-od-srbija-i-od-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prishtina-zgolemuva-za-10-otsto-danok-na-stoki-od-srbija-i-od-bih/#respond Tue, 06 Nov 2018 14:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=124245

Приштинските власти одлучија зголемување за десет отсто данок на стоки од Србија и од БиХ, како одговор на, како што се наведува, кампањата што се води против Косово, објави Коха. Зголемувањето за 10 отсто се однесува на сите производи од Србија и од БиХ. Министерот за трговија Ендрит Шаља кој ја предложил таа мерка вели дека тоа е „меѓународна пракса“. Мерката ја поддржал и заменикот косовски премиер Енвер Хоџај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prishtina-zgolemuva-za-10-otsto-danok-na-stoki-od-srbija-i-od-bih/feed/ 0