стокови резерви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Mar 2022 19:42:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стокови резерви – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ за алармантното ниво стокови резерви се покажаа за вистинити, Вучиќ откри дека Македонија нема стокови резерви на пченица и дека владата лаже https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvanjata-na-vmro-dpmne-za-alarmantnoto-nivo-stokovi-rezervi-se-pokazaa-za-vistiniti-vuchikj-otkri-deka-makedonija-nema-stokovi-rezervi-na-pchenica-i-deka-vladata-laze/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvanjata-na-vmro-dpmne-za-alarmantnoto-nivo-stokovi-rezervi-se-pokazaa-za-vistiniti-vuchikj-otkri-deka-makedonija-nema-stokovi-rezervi-na-pchenica-i-deka-vladata-laze/#respond Wed, 02 Mar 2022 19:42:45 +0000 https://kurir.mk/?p=639725

ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше со денови дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско, како и тоа дека тие се под законскиот минимум. „Владата, Ковачевски, Бесими и Бетиќи поитаа да ги демантираат ваквите информации кои сега се покажаа за точни. Вечерва се демантирани и од претседателот на Србија, Вучиќ, кој кажа дека ќе дадат 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка на барање на Македонија за потребите на нашите стокови резерви. Тоа значи дека Ковачевски барал пченица и пченка затоа што на време не набавил. Предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ беа исправни, но владата наместо работа одбра лага, велат преку соопштение од партијата. Од таму додаваат дека односот на власта е крајно неодговорен. Што ќе се случеше доколку Србија немаше доволно пченица? Кој ќе сноси одговорност за неодговорноста при управувањето на државата? -Недостатокот на стокови резерви ли е причината што не се ослободуваат во прометот со цел да се заштити стандардот? Зошто не ги слушаа предупредувањата на ВМРО ДПМНЕ? Каде завршиле стоковите резерви? Што друго недостасува од државните резерви? Ќе има ли одговорност што владата ја дестабилизира државата?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvanjata-na-vmro-dpmne-za-alarmantnoto-nivo-stokovi-rezervi-se-pokazaa-za-vistiniti-vuchikj-otkri-deka-makedonija-nema-stokovi-rezervi-na-pchenica-i-deka-vladata-laze/feed/ 0
„Владата да каже дали стоковите резерви се полни, ако да, зошто не интервенира со пуштање во промет за да се запазат цените?!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-kaze-dali-stokovite-rezervi-se-polni-ako-da-zoshto-ne-intervenira-so-pushtanje-vo-promet-za-da-se-zapazat-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-kaze-dali-stokovite-rezervi-se-polni-ako-da-zoshto-ne-intervenira-so-pushtanje-vo-promet-za-da-se-zapazat-cenite/#respond Wed, 02 Mar 2022 07:49:33 +0000 https://kurir.mk/?p=639095

Владата да каже дали стоковите резерви се полни, ако да, зошто не интервенира со пуштање во промет за да се запазат цените?! Според информациите од светските берзи цената на пченицата во последните неколку дена е порасната за 24%, и цените се очекува да растат, а од домашната мелничка индустрија велат дека имаат залихи на брашно и пченица за 30 до 45 дена. Единствен начин да се спречи ценовен шок од големи размери, да се запазат цените и стандардот на граѓаните е државата да интервенира на пазарот преку пуштање во употреба стоковите резерви на пченица со што од мелничката индустрија нема да имаат потреба да купуваат скапа пченица од надвор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Доколку стоковите резерви се полни, тие ги задоволуваат потребите и за над 120 дена од просечната годишна потрошувачка. Доколку стоковите резерви се полни власта треба веднаш да интервенира, а доколку не се, да одговори зошто до сега не биле наполнети, и што чекаа додека сите земји купуваа залихи? Доколку стоковите резерви не се полни, владата треба да сноси одговорност што ја оставила државата во овие тешки моменти без потребните и неопходни ресурси, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-kaze-dali-stokovite-rezervi-se-polni-ako-da-zoshto-ne-intervenira-so-pushtanje-vo-promet-za-da-se-zapazat-cenite/feed/ 0
Бектеши уверува: Располагаме со доволно производи и стоковни резерви, нема место за паника https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-uveruva-raspolagame-so-dovolno-proizvodi-i-stokovni-rezervi-nema-mesto-za-panika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-uveruva-raspolagame-so-dovolno-proizvodi-i-stokovni-rezervi-nema-mesto-za-panika/#respond Tue, 01 Mar 2022 13:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=638698

Нема место за паника, нема да има притисок врз цените, ниту ќе има ценовни шокови. Земјава има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Моментно нема потреба да се стават во фунција, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 35 дена, не вклучувајќи ги деновите со кои може да се покриваме преку државните резерви, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Тој апелира сите трговци да ја почитуваат владината одлука за трговските маржи зашто од неа, како што истакна, нема никој да загуби и највеќе ќе добијат потрошувачите, односно граѓаните на државата. Според Бектеши, анализите покажуваат дека руско-украинскиот конфликт директно не би влијаел врз македонската економија, имајќи ја предвид трговската размена. -Кризата индиректно може да влијае, посебно во делот на енергенсите зашто директно сме поврзани со над 70 отсто од трговската размена со ЕУ, но ги преземаме сите соодветни мерки на дневна основа за да нема ценовни шокови, посебно за клучните производи кои се најважни за потрошувачите и нашите граѓани, истакна министерот. Одлуката за одредување највисоки трговски маржи на продажните цени на основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало стапи во сила денеска, а минатиот вторник ја донесе Владата по предлог на Министерството за економија. Со тоа, престанува да важи претходната одлука за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Новата одлука, во која на листата на основни прехранбени производи се додадени и овошјето и зеленчукот, пченицата, суровото сончогледово масло и солта, ќе важи до 31 мај годинава. Со одлуката се определува највисоката трговска маржа да изнесува до 5 отсто на продажната цена пресметана во трговијата на големо, односно до 10 отсто на продажната цена во трговија на мало кај лебот, шеќерот, солта, брашното – тип 400, суровото сончогледово масло и сончогледово масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, свежото месо и сувомеснати производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата и овошјето и зеленчукот. Кај трговците на мало во вкупниот износ на трговската маржа до 10 отсто се вклучени рабатот и надоместоците кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо за рекламирање и за примарни и секундарни позиции за изложување на стоките на рафтови, односно полици. Доколку трговците не се придржуваат до оваа одлука согласно Законот за трговија ќе следуваат глоби во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за микро трговец, од 1.600 до 2.000 евра за мал трговец, од 3.000 до 6.000 евра за среден трговец и од 7.000 до 10.000 евра во денарска противвредност за голем трговец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-uveruva-raspolagame-so-dovolno-proizvodi-i-stokovni-rezervi-nema-mesto-za-panika/feed/ 0
Пендаровски: Стоковите резерви на државата се полни, проблем ќе биде ако кризата во Украина трае подолго https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-stokovite-rezervi-na-drzavata-se-polni-problem-kje-bide-ako-krizata-vo-ukraina-trae-podolgo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-stokovite-rezervi-na-drzavata-se-polni-problem-kje-bide-ako-krizata-vo-ukraina-trae-podolgo/#respond Fri, 25 Feb 2022 11:08:32 +0000 https://kurir.mk/?p=636579

Државата има доволни стокови резерви за задоволување на потребите на граѓаните, но проблем може да настане доколку кризата во Украина потрае подолго и тогаш ќе бидат потребни интервентни увози, изјави денеска претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Утрински брифинг“. Тој нагласи дека токму за ова било разговарано и на вчерашниот Совет за безбедност, заедно со прашањата поврзани со безбедносните аспекти. – Проценките се однесуваат на реалните факти изнесени од премиерот. Ние сме пополнети во стоковите резерви. Проблем ќе биде ако ова со Украина потрае подолго. Тогаш ќе треба да правиме интервентни увози. Србија донесе одлука да не прави извоз на животно битни ресурси. На берзите се качија цените не само на нафтата, туку и на житото, истакна Пендаровски. Тој додаде дека немал комуникација со рускиот амбасадор во земјава, а веројатно нема ниту Владата, но бидејќи земјава како членка на НАТО се приклучи на санкциите кон Русија очекува реципрочна мерка од страна на Москва. – Во однос на санкциите, тоа се главно финансиски санкции и не верувам дека ќе имаат поголем ефект. Голем дел од операциите во Украина се финансирани и со биткоини, а тоа не може да се сопре, вели претседателот Пендаровски, додавајќи дека ситуацијата во Украина се компликува, а целта на руските сили е да падне Киев за да почнат преговори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-stokovite-rezervi-na-drzavata-se-polni-problem-kje-bide-ako-krizata-vo-ukraina-trae-podolgo/feed/ 0