столе димитриевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Sep 2023 13:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png столе димитриевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Против Малта без повредениот Димитриевски, повикан Талески https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/protiv-malta-bez-povredeniot-dimitrievski-povikan-taleski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/protiv-malta-bez-povredeniot-dimitrievski-povikan-taleski/#respond Mon, 11 Sep 2023 13:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=876973

Стандардниот голман Столе Димитриевски поради повреда нема да биде во составот на македонската фудбалска репрезентација на утрешниот натпревар на гостински терен против Малта во рамки на групата Ц од квалификациите за ЕУРО2024. Димитриевски се повреди во финишот на првото полувреме на дуелот против Италија во саботата во Скопје, но остана на голот до крајот на натпреварот кој заврши нерешено 1-1. Како што соопшти денеска ФФМ, Димитриевски поради болки во грбот нема да биде во составот против Малта, а на негово место дополнително е повикан Давор Талески. Голманот на тетовска Шкендија веќе им се приклучи на репрезентативните колеги во Малта и ќе биде на официјалниот тренинг вечерва од 19 часот на Националниот стадион „Та Кали“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/protiv-malta-bez-povredeniot-dimitrievski-povikan-taleski/feed/ 0
Столе Димитриевски има две желби – победа над Италија и селфи со Џиџи Буфон https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-dimitrievski-ima-dve-zhelbi-pobeda-nad-italija-i-selfi-so-dhidhi-bufon/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-dimitrievski-ima-dve-zhelbi-pobeda-nad-italija-i-selfi-so-dhidhi-bufon/#respond Fri, 08 Sep 2023 17:00:05 +0000 https://kurir.mk/?p=876139

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски има две желби пред утрешниот дуел со големиот фаворит Италија. Нашиот национален тим да ги победи „аѕурите“, а потоа и да направи селфи со неговиот идол Џанлуиџи Буфон. „Тоа би била перфектна вечер, да ја победиме Италија и да направам потоа селфи со Џиџи“, вели Димитриевски за „Газета дело Спорт“. „Буфон е мојот идол. Еднаш играв против него во Торино со Македонија, во октомври 2017 и натпреварот заврши 1:1. Го побарав неговиот дрес, но не го добив, зашто тој го ветил за аукција. Против Италија победивме во Палермо и тоа е победа на која ќе се сеќаваме вечно, не само јас, туку целата држава. Италија беше спакувана да патува за Португалија, но заминавме ние. Стигнавме до неверојатна победа со голот на Трајковски, кој неколку години играше во Палермо. Јас сум оптимист и за претстојниот меч, ќе дадеме сѐ од себе да победиме, иако јасно е дека Италија е фаворит“, истакна Столе Димитриевски. Натпреварот меѓу Македонија и Италија ќе се игра утревечер, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-dimitrievski-ima-dve-zhelbi-pobeda-nad-italija-i-selfi-so-dhidhi-bufon/feed/ 0
Столе Димитриевски ја има најдобрата одбрана во 1.коло во Ла Лига (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-dimitrievski-ja-ima-najdobrata-odbrana-vo-1-kolo-vo-la-liga-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-dimitrievski-ja-ima-najdobrata-odbrana-vo-1-kolo-vo-la-liga-video/#respond Thu, 17 Aug 2023 03:55:13 +0000 https://kurir.mk/?p=867657

Покрај тоа што беше во најдобриот тим во 1.коло во Ла Лига, Столе Димитриевски ја има и најдобрата одбрана во ова стартно коло во новата сезона во Ла Лига. Македонецот беше брилјантен на гостувањето кај Алмерија, неговот тим победи со 0:2 и освои големи три бода. Па така официјалните лица во Ла Лига кои го водат медиа центарот, една од одбраните на Столе ја прогласија за најдобра во ова 1.коло. https://www.youtube.com/watch?v=9EMrl8XeWt4]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stole-dimitrievski-ja-ima-najdobrata-odbrana-vo-1-kolo-vo-la-liga-video/feed/ 0
Рајо Валејкано, го стави Димитриевски на трансфер листа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rajo-valejkano-go-stavi-dimitrievski-na-transfer-lista/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rajo-valejkano-go-stavi-dimitrievski-na-transfer-lista/#respond Tue, 04 Jul 2023 07:41:00 +0000 https://kurir.mk/?p=852418

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски најверојатно летово ќе го напушти Рајо Валјекано, откако клубот е подготвен да го продаде својот прв голман. Продажбата на Димитриевски зависи од евентуалниот ангажман на нов голман во редовите на Рајо. Шпанскиот прволигаш ќе се обиде да го купи голманот на Лацио, Луис Максимилијано. Се очекуваше ова лето Рајо Валјекано да му понуди нов договор на Димитриевски, но, сепак, шпанските медиуми тврдат дека клубот размислува за продажба на Столе Димитриевски. Голманот на репрезентацијата на Македонија, се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид, но сепак на крајот ништо не се случи од тоа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/rajo-valejkano-go-stavi-dimitrievski-na-transfer-lista/feed/ 0
Димитриевски е чекор поблиску до Реал Мадрид! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-e-chekor-poblisku-do-real-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-e-chekor-poblisku-do-real-madrid/#respond Thu, 22 Jun 2023 08:48:41 +0000 https://kurir.mk/?p=848502

Реал Мадрид ова лето ќе купи голман, од неодамна се знаеше дека еден од кандидатите е Столе Димитриевски, сега Македонецот е чекор поблиску до кралскиот клуб откако првата цел, Давид Сориа ќе остане во Хетафе. Украинскиот голман, Андриј Лунин ќе си замине од Реал Мадрид, па раководството на кралскиот клуб е во потрага по нова замена за Куртоа. Прв избор им беше Давид Сориа од Хетафе, но последните информации велат дека тој ќе остане таму каде што е. Тоа значи дека главната конкуренција на Димитриевски отпаѓа во игра. Сега Реал Мадрид ќе треба да бира меѓу него и голманот на Еспањол, Фернандо Пачеко. Димитриевски во минатото се поврзуваше со Барселона, Македонецот ова лето е во комбинација да го засили Реал Мадрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-e-chekor-poblisku-do-real-madrid/feed/ 0
Димитриевски: Со фокусирана игра 90 минути можеме до добар резултат против Англија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-so-fokusirana-igra-90-minuti-mozheme-do-dobar-rezultat-protiv-anglija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-so-fokusirana-igra-90-minuti-mozheme-do-dobar-rezultat-protiv-anglija/#respond Sun, 18 Jun 2023 17:10:57 +0000 https://kurir.mk/?p=847131

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски верува дека може да се дојде до позитивен резултат на утрешниот натпревар со Англија. -Мора да го дадеме нашиот максимум на терен и мислам дека ако фокусот ни е на високо ниво, може да извадиме позитивен резултат, а зошто не и да дојдеме до победа. Нормално е дека овој натпревар ни доаѓа близу, по оној по Украина, а се наоѓаме на крајот на сезоната и чувствуваме замор. Но, знам дека ние имаме квалитетна екипа. Мора само да бидеме концентрирани, за да може да дојдеме до посакуваната цел. Имавме перфектни шеесет минути со Украина, но, сепак, мечот трае 90 минути. Немавме концентрација и фокус до крајот на натпреварот и така загубивме. Сега ни следи нов меч, за ново докажување. Мора да имаме подобар фокус, само така можеме до победа или нерешен резултат, изјави Димитриевски. Натпреварот ќе се игра утревечер од 20:45 часот на „Олд Трафорд“ во Манчестер. Англичаните се први на табелата во Ц-групата од квалификациите за Еуро 2024, македонската селекција има три бода исто колку и Италија и Украина. Малта е последна без освоен бод. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-so-fokusirana-igra-90-minuti-mozheme-do-dobar-rezultat-protiv-anglija/feed/ 0
Шпански „АС“: Столе Димитриевски е опција за Реал Мадрид https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanski-as-stole-dimitrievski-e-optsija-za-real-madrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanski-as-stole-dimitrievski-e-optsija-za-real-madrid/#respond Sat, 10 Jun 2023 05:32:19 +0000 https://kurir.mk/?p=844248

Во летниот преоден рок кој следи во редовите на Реал Мадрид ќе има промени во играчкиот кадар, а според последните информации едно од можните засилувања за „кралевите“ е македонскиот фудбалски репрезентативен голман, Столе Димитриевски. Андреј Лунин, 24-годишниот украински голман не сака повеќе да биде резерва на Тибо Куртоа и како што стојат работите нема да го продолжи договорот.Договорот на македонскиот голман со Рајо Ваљекано истекува следното лето и тоа значи дека Реал не би платил премногу. .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/shpanski-as-stole-dimitrievski-e-optsija-za-real-madrid/feed/ 0
Димитриевски: Во 2001 година преку ноќ го собраа татко ми да ја брани Македонија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-vo-2001-godina-preku-nok-go-sobraa-tatko-mi-da-ja-brani-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-vo-2001-godina-preku-nok-go-sobraa-tatko-mi-da-ja-brani-makedonija/#respond Wed, 26 Apr 2023 07:16:31 +0000 https://kurir.mk/?p=827660

Најдобриот македонски голман и репрезентативец е незаменлив меѓу стативите на Рајо Ваљекано, а поради неговите одлични настапи во шпанските медиуми се заинатересирани за него. Во последното свое интервју за медиумите во оваа земја тој зборуваше за теми кои не се поврзани со фудбалот и откри дека имал тешко детство. Димитриевски се наврати на 2001 година, кога поради воениот конфликт во Македонија неговиот татко заминал да ја брани државата. „Војната? Се сеќавам дека двајцата чичковци дојдоа во нашата куќа и го зедоа татко ми. Бев во дневната соба, беше ноќ и беше многу компликувано. Дојдоа со некаков лист хартија кој беше задолжителна наредба и го одведоа да ја брани татковината. Тоа беше голем шок за цело семејство и ние потоа отидовме во куќата на мојата баба, зашто таму беше посигурно. Македонија многу патеше, но денес има простор за напредок и раст“, вели Столе. Македонскиот голман додава дека тој период му го променил животот. „Тој период траеше скоро една година и татко ми го видов неколкупати. Бев мал, но гледав тенкови и тоа беше шок за мене. Беше тешко, зашто знаеш дека нешто не е во ред. Но, татко ми имаше среќа зашто не беше во најопасните подрачја. Животот многу ни се смени во тој период. Во спортот немав толку тешки периоди, зашто веќе искусив потешкии. И ги прифатив, преминав над нив и продолжив со мојата цел. Мојата цел не беше да живеам од фудбалот, туку на семејството да му овозможам подобар живот. Тоа беше моја главна цел. На 17 години потпишав за Удинезе, потоа заминав на позајмица во Гранада и Кадиз го учев јазикот и се прилагодував и напредував многу брзо. Не наидов на некои големи тешкотии“, изјави Димитриевски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-vo-2001-godina-preku-nok-go-sobraa-tatko-mi-da-ja-brani-makedonija/feed/ 0
Димитриевски: Сакам да ја завршам кариерата со настап на Мундијалот 2030 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-sakam-da-ja-zavrsham-karierata-so-nastap-na-mundijalot-2030/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-sakam-da-ja-zavrsham-karierata-so-nastap-na-mundijalot-2030/#respond Fri, 07 Apr 2023 11:02:18 +0000 https://kurir.mk/?p=821465

Македонскиот репрезентативец голман Столе Димитриевски во интервју за „ТелеМадрид“ изјави дека нема проблем да остане во Рајо Ваљекано, а планира да игра најмалку до 2030 година. Шпанија и Португалија се кандидати за организација на Светското првенство во 2030 година, а Столе Димитриевски вели дека за него би бил перфектен крај доколку игра со Македонија игра на тој Мундијал. „Мојот сон е да ја завршам кариерата во македонскиот дрес со настап на Мундијалот во 2030 година, во Шпанија и Португалија. Тогаш ќе имам 36 години“, кажа Димитриевски. Димитриевски и оваа сезона е еден од најдобрите голмани во Примера и неговото име често се поврзува со големи клубови, но тој истакна дека нема проблем да остане во Ваљекано. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-sakam-da-ja-zavrsham-karierata-so-nastap-na-mundijalot-2030/feed/ 0
Димитриевски: Израмнив рекорд на величина како Милошевски, еден од најдобрите во историјата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-izramniv-rekord-na-velichina-kako-miloshevski-eden-od-najdobrite-vo-istorijata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-izramniv-rekord-na-velichina-kako-miloshevski-eden-od-najdobrite-vo-istorijata/#respond Fri, 24 Mar 2023 05:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=815750

Натпреварот против Малта ќе го памети Столе Димитриевски, кој го одигра шеесеттиот натпревар во дресот со државниот грб и се израмни со големиот Петар Милошевски. „Достигнав една легенда како Петар Милошевски. Запишав шеесет натпревари во репрезентацијата. Му благодаарам за тоа што тој го направи за нас, еден од најдобрите голмани во нашата историја, Дај Боже по 10-15 години некој да ме достигне мене“, смета голманот на нашата репрезентација. Димитриевски потоа се осврна на натпреварот и тешко извојуваната победа над Малта. „Излеговме на терен да победиме и тоа беше најважно за нас. Нема лесни натпревари денес, но нашата цел беше да победиме и успеавме во тоа. Не чувствувавме притисок, но имавме серија на лоши резултати и тоа влијаеше на нас“, заврши Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dimitrievski-izramniv-rekord-na-velichina-kako-miloshevski-eden-od-najdobrite-vo-istorijata/feed/ 0