столтенберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Jun 2020 18:48:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png столтенберг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Столтенберг: Светот има потреба од поголемо германско лидерство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-svetot-ima-potreba-od-pogolemo-germansko-liderstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-svetot-ima-potreba-od-pogolemo-germansko-liderstvo/#respond Tue, 23 Jun 2020 18:48:07 +0000 https://kurir.mk/?p=361750

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска го потенцира значењето на германското лидерство по контроверзниот потег на американскиот претседател Доналд Трамп да го соопшти повлекувањето на 9.500 американски војници од Германија. -Светот има потреба од повеќе германско лидерство, изјави Столтенберг за Дојче веле. „НАТО има потреба од германско лидерство. Сите имаме потреба Германија да игра уште поважна улога, затоа што Германија е најголемата економија во Европа“. Коментарот на Столтенберг доаѓа откако минатата недела Трамп ја потврди својата намера да го намали бројот на американски војници во Германија од сегашните 34.000 на 25 000. Германските министри, вклучувајќи ги и министерот за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер и министерот за надворешни работи Хајко Мас го искритикуваа планот на Трамп. Столтенберг додаде дека, пред да го даде официјалното соопштение, за овој потег разговарал и со Трамп и притоа го повикал да го задржи американското присуство во Европа. -Тоа е важно за Европа, но е важно и за САД, изјави тој. „Мирот и стабилноста во Европа придонесуваат за безбедноста на Северна Америка.” Во интервјуто за Дојче веле Столтенберг како значително го оцени зголемувањето на буџетот за одбрана на Германија. -Германија ја ценам како многу силен и важен сојузник. И Германија сега всушност значително повеќе инвестира во одбраната, рече Столтенберг. „Германија сега го има најголемиот буџет за одбрана во Европската унија и е трета во НАТО по Обединетото Кралство и САД … Во несигурни времиња имаме потреба од силни мултифункционални институции”, додаде генералниот секретар на НАТО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-svetot-ima-potreba-od-pogolemo-germansko-liderstvo/feed/ 0
Столтенберг ја најави утрешната средба на министри за одбрана од НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ja-najavi-utreshnata-sredba-na-ministri-za-odbrana-od-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ja-najavi-utreshnata-sredba-na-ministri-za-odbrana-od-nato/#respond Tue, 16 Jun 2020 11:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=358601

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг одржа онлајн прес-конференција пред виртуелната средба на министрите за одбрана од Алијансата на 17 и 18 јуни. Тој посочи дека на дводневната министерска средба, меѓу другото ќе се стави акцент на опасноста од втор бран на новиот коронавирус. Столтенберг, исто така, рече дека министрите за одбрана ќе разговараат и за следните чекори за мисиите и операциите на НАТО, вклучително и за одговорот на Алијансата на новите руски нуклеарни ракети. Генералниот секретар потврди дека министрите за одбрана од Финска, Шведска и Австралија ќе се приклучат на овие дискусии, како и високиот претставник за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската Унија Жосеп Борел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-ja-najavi-utreshnata-sredba-na-ministri-za-odbrana-od-nato/feed/ 0
Столтенберг: Најдобар одговори против лажните вести е конкретната помош од НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-najdobar-odgovori-protiv-laznite-vesti-e-konkretnata-pomosh-od-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-najdobar-odgovori-protiv-laznite-vesti-e-konkretnata-pomosh-od-nato/#respond Wed, 15 Apr 2020 18:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=332837

По денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, се осврна на проблемот со лажните вести кои циркулираат посебно на Балканот во врска со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел. Столтенберг пренесе дел од излагањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која учествуваше на денешниот виртуелен министерски состанок, токму во контекст на борбата против дезинформациите. – Земјите од западниот Балкан добија поддршка од земјите сојузнички на НАТО, посебно Северна Македонија, за чија министерка ова беше прв министерски состанок за одбрана како полноправна членка и министерката Шекеринска наброја колку земји сојузнички на НАТО и дале конкретна поддршка, како Холандија, САД, Чешка, Норвешка и други, изјави генералниот секретар на НАТО. Тој посочи дека земјите сојузнички на НАТО во регионот се мета на дезинформации од странски извори пред сѐ во однос на тоа колкава помош примаат од Алијансата, но и од ЕУ. Столтенберг порача дека на тој вид пропаганда најдобро е да се одговори со конкретни дела на поддршка, наместо со реторика. Тој потсети дека токму на Северна Македонија и се обезбедени, меѓу другото, медицинска опрема, полски болници финансиска поддршка за борба против пандемијата на Ковид-19. – Како земји сојузнички на НАТО најдобриот обид да се одговори на дезинформациите е преку конкретна поддршка, со нашето делување испраќаме јасна порака дека обезбедуваме поддршка за сојузниците, рече генералниот секретар на Алијансата. Тој најави дека со врховниот командант генерал Волтерс се разговара и за дополнително зголемување на поддршката и за Северна Македонија и за другите земји членки на НАТО во регионот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-najdobar-odgovori-protiv-laznite-vesti-e-konkretnata-pomosh-od-nato/feed/ 0
СДСМ пак излажа, Законот за одбрана не беше одлучувачки за НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sdsm-pak-izlaza-zakonot-za-odbrana-ne-beshe-odluchuvachki-za-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sdsm-pak-izlaza-zakonot-za-odbrana-ne-beshe-odluchuvachki-za-nato/#respond Mon, 17 Feb 2020 11:13:30 +0000 https://kurir.mk/?p=304925

СДСМ повторно излажа. Законот за одбрана кој опозицијата со право не го гласаше и со кој безобразно се смени името на АРМ, не беше потребен за членство во Алијансата. Денеска, партијата на Заев со својот познат јуришнички вокабулар соопшти:
„Лажниот патриотизам и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш исплива на површина кога во Собранието, пратениците на опозициската партија не гласаа за Законот за одбрана, особено важен за нашето членство во НАТО.
Пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа за Законот за служба во АРМ, каде стои Северна Македонија, а го проблематизираат Законот за одбрана, којшто е исклучително важен за НАТО интеграцијата.“ Лагата на СДСМ ја потврди лично генераланиот секретар на НАТО, Јене Столтенберг, кој пре точно шест дена појасни дека Законот за одбрана во Скопје нема никакво одлучувачко значење за интеграцијата во Алијансата, односно нема разлика дали ќе биде донесен или не. Прашан за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, Столтенберг потсети дека Македонија, независно дали е законот сменет или не, секако ќе биде обврзана да го почитува.

Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

– Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом С. Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз С. Македонија, а членот пет ќе биде обврска, изјави Столтенберг.

Во досегашниот закон, армијата е на „Република Македонија”, а не на Заевата Северна, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претстави проблем за полноправното зачленување на С. Македонија во Алијансата. 

Правно, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право. Ова ја уништува теоријата на СДСМ дека без нов закон за одбрана Макеоднија немаше да се може да се влезе во НАТО.  Вака, Заев само и направил ќеф на Грција, која освен ратификацијата на НАТО членството, нема мрднато ни педа во однос на Преспанскиот договор, популарно наречен Заева капитулација.

Експертите ова и пред гласањето го протолкуваа како уште една лажна вест на СДСМ и ја ставија во корелација со законот за ЈО, кој се претставуваше како неминовност за наводен датум за преговори со ЕУ, а во реалноста треба и го спасува нивниот лидер и врхушката од одговорност и криминал.

Прашањето кое логично се поставува е што ако и покрај Законот за ЈО, кој не беше одлучувачки за ЕУ интеграцијата туку за слободата на Заев, Македонија пролетва не добие датум за преговори? Од друга страна, за потсетување, Заев и Димитров уште пред две години излажаа дека сме добиле датум за преговори, за што и ден-денеска сведочи познатата фотографија од владиниот авион.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sdsm-pak-izlaza-zakonot-za-odbrana-ne-beshe-odluchuvachki-za-nato/feed/ 0
Столтенберг: НАТО останува во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-nato-ostanuva-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-nato-ostanuva-vo-irak/#respond Thu, 13 Feb 2020 17:47:26 +0000 https://kurir.mk/?p=303605

Ирачката Влада му даде зелено светло на НАТО да остане во земјата, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг. Дозволата е дадена само неколку недели откако Ирак побара странските сили да ја напуштат земјата по американското убиство на иранскиот генерал Касим Сулејмани, недалеку од аеродромот во Багдад. – Ирачката Влада ја потврди нашата желба да ги продолжиме активностите на НАТО за обука, советување и градење капацитети на ирачките вооружени сили. Ние ќе останеме само во Ирак се додека сме добредојдени, изјави Столтенберг за време на состанокот на министрите за одбрана. Мисијата за обука на НАТО во Ирак, предводена од Канада, почна во 2018 година и опфати приближно 500 војници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stoltenberg-nato-ostanuva-vo-irak/feed/ 0
Столтенберг контра Заев: АРМ во НАТО без разлика дали Законот за одбрана на СДСМ е усвоен или не! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-kontra-zaev-arm-vo-nato-bez-razlika-dali-zakonot-za-odbrana-na-sdsm-e-usvoen-ili-ne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-kontra-zaev-arm-vo-nato-bez-razlika-dali-zakonot-za-odbrana-na-sdsm-e-usvoen-ili-ne/#respond Tue, 11 Feb 2020 12:25:15 +0000 https://kurir.mk/?p=302381

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг со спротивен став на оној на СДСМ и Зоран Заев, кои НАТО членството го ставија под знак на прашање поради неусвоениот нов закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Македонија со НАТО стандардите и кој не може дасе усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство.

Прашан за тоа дали неусвојувањето на нов закон за одбрана го става во опасност членот пет на Повелбата на НАТО за колективна одбрана, Столтенберг потсети дека Македонија, независно дали е законот сменет или не, секако ќе биде обврзана да го почитува.

Членот пет на Повелбата на НАТО е еден од најважните столбови на Алијансата, тој предвидува дека напад врз една земја членка се смета за напад врз сите останати.

– Членот пет за колективна одбрана ќе биде обврска што произлегува од договорот штом Северна Македонија стане полноправна членка, ние го потпишавме пристапниот протокол и штом сите НАТО сојузници го ратификуваат, Повелбата ќе се примени врз С. Македонија, а членот пет ќе биде обврска, изјави Столтенберг.

Новиот закон за одбрана со кој се зголемува усогласеноста на Македонија со НАТО стандардите не може да се усвои поради тоа што нема двотретинско мнозинство. Опозицијата го спори фактот што со новиот закон се преименува и АРМ односно Армијата на Република Македонија. 

Во сегашниот закон, армијата е на „Република Македонија”, а не на Заевата Северна, но Столтенберг одби да одговори на прашањето дали тоа ќе претстави проблем за полноправното зачленување на Северна Македонија во Алијансата.

Правно, ратификуваните меѓународни повелби имаат правен примат врз домашното право. Ова ја уништува теоријата на СДСМ дека без нов закон за одбрана Макеоднија нема да може да влезе во НАТО. Експертите ова го толкуваат како уште една лажна вест на СДСМ и ја ставаат во корелација со законот за ЈО, кој се претставува како неминовност за наводен датум за преговори со ЕУ, а во реалноста треба да го спаси нивниот лидер од одговорност и криминал.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoltenberg-kontra-zaev-arm-vo-nato-bez-razlika-dali-zakonot-za-odbrana-na-sdsm-e-usvoen-ili-ne/feed/ 0