стоматолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 13:01:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стоматолог – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СТОМАТОЛОГ ОБЈАСНИ КОЛКУ ДОЛГО СМЕЕТЕ ДА ЏВАКАТЕ ГУМА ЗА ЏВАКАЊЕ: На оваа група на луѓе им е дури и ЗАБРАНЕТА https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolog-objasni-kolku-dolgo-smeete-da-dhvakate-guma-za-dhvakane-na-ovaa-grupa-na-luge-im-e-duri-i-zabraneta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolog-objasni-kolku-dolgo-smeete-da-dhvakate-guma-za-dhvakane-na-ovaa-grupa-na-luge-im-e-duri-i-zabraneta/#respond Thu, 06 Jul 2023 13:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853615

Многумина не би претпоставиле дека „премногу долго“ се однесува на време кое надминува 15 минути Гумите за џвакање се џвакаат веќе илјадници години, иако порано биле многу различни од она што се денес. Гумата за џвакање без шеќер може да го намали ризикот од расипување на забите и да помогне во зајакнувањето на мускулите на лицето, но предолгото џвакање може да биде штетно. Сепак, многумина не би претпоставиле дека „премногу долго“ се однесува на време кое надминува 15 минути. Според стоматологот д-р Калед Касем, смеете да џвакате една гума за џвакање најмногу 15 минути. „Џвакањето предизвикува чистење на преостанатите парчиња храна и елиминирање на киселоста“. Ова ја намалува можноста за расипување на забите. Меѓутоа, ако долго џвакаме гума за џвакање, минералите почнуваат да се трошат. Ова се нарекува деминерализација. Забите се подложни на кариес“, објасни д-р Касем. Според стоматолозите, гумата за џвакање може да ја влоши состојбата што ги зафаќа темпоромандибуларните или виличните зглобови, кои ја поврзуваат долната вилица со черепот. Тие го контролираат џвакањето, зборувањето, зевањето и голтањето. „Гумата за џвакање не може да предизвика проблем со темпоромандибуларните зглобови, но може да ги влоши постоечките проблеми со нив. Затоа не се препорачува за луѓе кои имаат вакви проблеми“, предупреди стоматологот. Симптомите на нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб вклучуваат болка во лицето, болка во вилицата или увото, главоболки, болка и притисок зад очите, пуцкање при отворање или затворање на устата, повремено испаѓање на долната вилица од лежиштето, болна осетливост на мускулите на вилицата, проблеми со џвакање или гризење, оток на лицето, ненадејна промена на загризот. Стоматологот ги советува луѓето да избираат гуми за џвакање без шеќер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolog-objasni-kolku-dolgo-smeete-da-dhvakate-guma-za-dhvakane-na-ovaa-grupa-na-luge-im-e-duri-i-zabraneta/feed/ 0
Лекар и стоматолог во штипскиот затвор позитивни на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekar-i-stomatolog-vo-shtipskiot-zatvor-pozitivni-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekar-i-stomatolog-vo-shtipskiot-zatvor-pozitivni-na-koronavirusot/#respond Wed, 14 Oct 2020 13:36:33 +0000 https://kurir.mk/?p=416372

Позитивни на коронавирусот се лекарот и стоматологот, кои работат во затворската амбуланта во Затвор-Штип. Заразени се од осуденикот, кој минатата недела беше првиот потврден случај во оваа казнено-поправна институција, пишува „Локално“. Директорот на Затвор-Штип, Мики Тодоров рече дека денеска на двајца вработени од Затвор-Штип им е закажено тестирање, а како што вели по контакти, кои не ги откриваат и резултатите ќе ги чека. Деветмината осуденици, кои се изолирани по контактите со заразениот осуденик немаат никакви симптоми и се во добра здравствена состојба, а дополнително се ставени уште две осудени лица кои имале контакт со стоматологот, кој еден ден пред да му се појават симптомите на заразениот осуденик, му вадел заб. -На истите од страна на вработени лица во Затвор-Штип им се врши мерење на телесната температура. По извршената епидемиолошка анкета од страна на доктори од Центарот за јавно здравје и дадената насока за задолжително тестирање на докторот, стоматологот и на медицинскиот техничар, позитивни на коронавирсот се докторот и стоматологот, додека медицинскиот техничар е негативен, вели Тодоров. Постојано се врши дезинфекција во затворскиот простории, а здравствената состојбата на изолираните осуденици ја следи медицинскиот техничар и тим од Итната медицинска помош од ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов“-Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekar-i-stomatolog-vo-shtipskiot-zatvor-pozitivni-na-koronavirusot/feed/ 0
Оралната хигиена е многу важна за заштита од коронавирусот: Важни совети од доктор Светлана Илиевска за читателите на КУРИР https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oralnata-higiena-e-mnogu-vazna-za-zashtita-od-koronavirusot-vazni-soveti-od-doktor-svetlana-ilievska-za-chitatelite-na-kurir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oralnata-higiena-e-mnogu-vazna-za-zashtita-od-koronavirusot-vazni-soveti-od-doktor-svetlana-ilievska-za-chitatelite-na-kurir/#respond Mon, 30 Mar 2020 09:35:40 +0000 https://kurir.mk/?p=324137

Сите научивме дека редовно и темелно миење на рацете и лицето е неопходно за заштита од коронавирусот. Но, не смееме да заборавиме на нешто што е исто толку важно, а тоа е оралната хигиена. Важни совети за читателите на КУРИР има стоматологот доктор Светлана Илиевска. -Денес се соочуваме со невидлив непријател кој немилосрдно нé напаѓа. Уште еднаш човештвото е ставено пред испит како да се справи со сево ова.  Денес кога животот веќе ни е загрозен со загадувањето, со безмерно трошење на природните ресурси, со пренаселеноста, дури ќе речам и со нарушените меѓучовечки односи, кога ја нема веќе онаа хуманост и меѓусебно помагање како во некое минато, денес треба да се бориме за нашето здравје и со невидлив непријател, вирусот Covid 19, вели таа. Порачува дека, секако, примарна заштита за таа цел е оралното здравје. Неопходно е често миење на забите со паста, четка и вода, но докторката објаснува дека во овој период на коронавирус степенот на заштита треба да се крене на повисоко ниво. -Ако вие редовно и темелно ги миете забите и притоа користите 3% хидроген, правите алкална средина во устата во која вирусот не може да преживее и да дојде до белите дробови кои му се крајна цел.   Миењето на забите досега се препорачуваше два пати дневно, но во овие услови би било пожелно тоа да го правите и повеќе од два пати.  Редовното миење на заби, плакнењето на устата со 3% хидроген, па дури се препорачува и пиење на вода со неколку капки хидроген од 3%, а со поголема концентрација раствор на 3% хидроген и вода (3:1) за плакнење на носниците, ние му оневозможуваме продор на вирусот кон белите дробови, вели доктор Илиевска во интервјуто за КУРИР. Нејзиниот совет е четкањето на забите да биде темелно, а плакнењето обилно. Дел од граѓаните беа во дилема дали во овој период треба редовно да посетуваат стоматолог. Според советот на доктор Светлана Илиевска, овој период не треба да одите на стоматолог за обични, контролни прегледи. Ординациите се препорачува да ги посетите само доколку имате забоболка. Докторката советува: Почитувајте ги препораките и седете дома! Но, на забите им нанесувате штета токму во овие денови, кога сте повеќе дома и често грицкате нешто. -Со седењето дома се отвораат можности за повеќе грицкање седејќи пред телевизор, читајќи книга или слушајќи музика. Се знае дека храната што останува подолго време во устата се претвора во дентален плак, кој прави кисела средина, го нагризува емајлот на забите и предизвикува кариес.  Таа кисела средина во устата им одговара, не само на бактериите, туку и на вирусите. Поради тоа, почитувајте ги препораките за седење дома, побргу да ја добиеме оваа битка и добро одржувајте ја својата орална хигиена, порачува стоматологот Светлана Илиевска во интервјуто за КУРИР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oralnata-higiena-e-mnogu-vazna-za-zashtita-od-koronavirusot-vazni-soveti-od-doktor-svetlana-ilievska-za-chitatelite-na-kurir/feed/ 0