стоматологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Sep 2022 14:43:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стоматологија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Специјализанти на стоматологија се жртви на нередовна исплата, му се обратија на премиерот Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizanti-na-stomatologija-se-zrtvi-na-neredovna-isplata-mu-se-obratija-na-premierot-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizanti-na-stomatologija-se-zrtvi-na-neredovna-isplata-mu-se-obratija-na-premierot-kovachevski/#respond Mon, 12 Sep 2022 14:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=731745

Отворено писмо до премиерот Ковачевски испратија приватните специјализанти на стоматологија. Истото го пренесуваме во продолжение: Ние како Специјализанти по Стоматологија ви се обраќаме за да бидеме слушнати бидејќи се соочуваме со сурово одбивање и игнорирање од повисоките институции. Жртви сме на нередовна исплата на средства за кои имаме апсолутно право, согласно потпишан договор во кој е наведено дека Стоматолошкиот Клинички Центар “Св. Пантелејмон” ќе врши исплата на истите во времетраење на целата специјализација. Прекинувањето на исплатата беше направено без никакво официјално соопштение и оправдение. Ние како специјализанти нашиот труд го даваме со обезбедување на професионални услуги кон пациентите во Стоматолошкиот Клинички Центар “Св. Пантелејмон” согласно нашиот договор со Универзитетот и Клиниката. Првично не радуваше фактот дека после повеќе обиди успеавме да се избориме за соодветна исплата како специјализанти/доктори која што е и пракса во секоја земја членка на Европската Унија, насока на која се стремиме и ние како држава да поставиме слични стандарди. Изминатите два месеци наместо да бидеме фокусирани на нашата дејност, повеќе колеги вршеа административни работи за да се надмине овој проблем и се трудеа да бидат “мост” меѓу соодветните институции (Стоматолошка Клиника, ФОНД, Министерство за Здравство). За ажурирање на нашите податоци како специјализанти, има соодветни одговорни лица кои примаат плата за нивната работа. Нивните пропусти не смеат да се одразуваат негативно во однос на нашата клиничка работа и нашата исплата. Нашата работа како специјализанти/доктори е на клиника со пациенти. Има специјализанти кои имаат прекинат работен однос за да обавуваат специјализација и не примаат никакви други средства освен специјализантската плата, а со зголемувањето на инфлацијата и трошоците дали некој се прашува како тие доктори врзуваат крај со крај без никакви други примања?! Дали е ова начинот со кој државата сака своите доктори и специјалисти да ги зачува во земјата?! Овој проблем кој наводно не треба ни да постои, може многу лесно да се поправи, меѓутоа треба малку волја и поттик. Затоа ние како специјализанти по стоматологија, одлучивме да ви го пратиме ова отворено писмо со надеж дека ќе успееме да најдеме разбирање од ваша страна и ќе ни излезете во пресрет. Нашата професија е хумана, ние сме академски граѓани, доктори и заслужуваме подобар третман од институциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizanti-na-stomatologija-se-zrtvi-na-neredovna-isplata-mu-se-obratija-na-premierot-kovachevski/feed/ 0
Стоматолошките услуги од денес достапни кај сите стоматолошки ординации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatoloshkite-uslugi-od-denes-dostapni-kaj-site-stomatoloshki-ordinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatoloshkite-uslugi-od-denes-dostapni-kaj-site-stomatoloshki-ordinacii/#respond Wed, 13 May 2020 14:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=345437

Со рестриктивен режим на работење, изготвен од страна на Стоматолошка комора на Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести, денес започнаа со работа сите стоматолошки ординации во државава. Стоматолошките здравствени установи кои се во мрежата, односно, избраните лекари стоматолози и лекарите специјалисти од дејноста орална хирургија, ортодонција и протетика покрај услугите кои ќе ги пружаат на осигурените лица, должни се да се придржуваат кон протоколите и упатствата за работа во услови на се уште постоечка закана од инфекција со COVID 19]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatoloshkite-uslugi-od-denes-dostapni-kaj-site-stomatoloshki-ordinacii/feed/ 0
Кај вработен во Стоматолошкиот клинички центар најдена бактерија МРСА https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaj-vraboten-vo-stomatoloshkiot-klinichki-centar-najdena-bakterija-mrsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaj-vraboten-vo-stomatoloshkiot-klinichki-centar-najdena-bakterija-mrsa/#respond Wed, 30 Jan 2019 12:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=158242

Кај еден од вработените во Универзитски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје е најдена бактерија МРСА, но тој е изолиран и не доаѓа на работа, сопшти директорката на оваа јавна здравствена установа, Амела Сана. Во пишната изјава таа наведува дела со целосна одговорност уверува оти нема место за страв кај пациентите. – Состојбата е под контрола, преземени се сите мерки за дезинфекција и изолирање на бактеријата. Превентивно, направена е комплетна дезинфекција на просториите на катот каде вработениот работел, а во тек е дезинфекција и на сите простории, истакнува Сана. Таа наведува дека, иако кај ниту еден од останатите вработени нема сомнителни симптоми, превентивно по итна постапка во текот на денешниот ден се закажани термини за санитарен преглед на сите вработени во просториите на Клиниката. – Согласно наведеното, апелираме дека нема потреба од создаваање паника, ниту каков било сомнеж за сигурно и квалитетно давање стоматолошки здравствени услуги на нашите пациенти, посочува директорката на Стоматолошкиот клинички центар. МРСА е бактерија што е отпорна на антибиотици, а се пренесува со директен контакт со заболено лице или заразен материјал. Предизвикува опасни крвни инфекции, воспаление на белите дробови или инфекции на местото на хируршкиот зафат. Симптомите се појава на булбуси на кожата коишто се црвени, отечени, болни и топли на допир, како и висока температура, грозница, слабост, болки во мускулите и така натаму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaj-vraboten-vo-stomatoloshkiot-klinichki-centar-najdena-bakterija-mrsa/feed/ 0
Специјализантите стоматолози без плата од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-stomatolozi-bez-plata-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-stomatolozi-bez-plata-od-septemvri/#respond Mon, 10 Dec 2018 13:42:54 +0000 https://kurir.mk/?p=138185

Четириесет специјализанти по стоматологија кои приватно го плаќаат школувањето не го добиле ветениот паричен надомест уште од септември годинава, и покрај тоа што редовно ги извршуваат работните обврски во Стоматолошкиот клинички центар. – Нашите барања за месечен паричен надомест не се реализирани.Сакаме да потсетиме на изјавата на министерот за здравство во која вели дека септемвриската плата се прима во октомври, но денеска е 10 декември, а ние се уште немаме видено ниту потпишано договори за истото. Ние не сме субјект за манипулација и бараме да бидеме почитувани согласно нашиот придонес. Цело време телефонираме во министерствата за здравство и за финансии, во Фондот за здравствено осигурување. Одговорите се „ние потпишавме, другото министерство е одговорно за вас“, „се прават нови списоци“, „се менуваат списоците“, изјави доктор Милан Ацевски, специјализант на одделот за болести на устата и парадонтот при Стоматолошкиот клинички центар. Посочи дека немаат конкретен одговор и затоа одлучиле да ја запознаат јавноста дека иако доаѓаат секој ден ништо не добиле за возврат. – На списокот сме 43, а добиме информација дека во новиот список за исплата се ставени 40 специјализанти. Доаѓаме и прва и втора смена на работа. Имаме и дополнителни патни трошоци. Некои од нас доаѓаат и од други градови. Изреволтирани сме од односот на министерствата, на сите субјекти бидејќи не третираат како деца, а ние сме возраст. Си играат играчки со нас. Немаме информација го каде се договорите и реализацијата на ветеното. Ова е последна шанса да се разбереме со надлежните институции, а потоа дополнително ќе известиме за нашите натамошни чекори кои верувам дека би требало да бидат малку порадикални, додаде Ацевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalizantite-stomatolozi-bez-plata-od-septemvri/feed/ 0