Стоматолошка комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 12:27:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стоматолошка комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Маријан Денковски реизбран за претседател на Стоматолошката комора https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marijan-denkovski-reizbran-za-pretsedatel-na-stomatoloshkata-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marijan-denkovski-reizbran-za-pretsedatel-na-stomatoloshkata-komora/#respond Wed, 17 May 2023 12:27:19 +0000 https://kurir.mk/?p=835331

На изборно-конститутивната седница на Собранието на Комората, одржана вчера во хотел „Континентал“, д-р Маријан Денковски е реизбран за претседател на Стоматолошката комора на Македонија. Од присутните, 51 делегат со верификуван мандат на Собранието, поддршка на д-р Денковски му дадоа 30 делегати, додека за вториот кандидат - проф. д-р Цветанка Бајрактарова Мишевска, гласаа 21 делегат, информираат денеска од Комората. - Претседателот Денковски во своето обраќање пред делегатите на Собранието даде краток преглед на активностите во изминатиот период и ја презентираше програмата за работа за следниот петгодишен мандат, при што истакна дека активностите ќе бидат насочени кон зајакнување на улогата на Комората како професионална организација со јавно овластување, заштита на правата и професионалните интереси на докторите на стоматологија и иницирање на реформи во здравствениот систем кои ќе креираат подобри услови за работа на стоматолозите и за третман на пациентите. Собранието за нов претседател на Собранието го избра д-р Борис Стојанов, а за заменици на претседателот на Собранието на Комората, едногласно се избрани д-р Ермир Зиба и д-р Томе Пиперевалиев, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/marijan-denkovski-reizbran-za-pretsedatel-na-stomatoloshkata-komora/feed/ 0
Стоматолозите бираат претседател- Ќе биде ли изборот демократски или нелегитимен!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-biraat-pretsedatel-ke-bide-li-izborot-demokratski-ili-nelegitimen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-biraat-pretsedatel-ke-bide-li-izborot-demokratski-ili-nelegitimen/#respond Mon, 15 May 2023 19:16:57 +0000 https://kurir.mk/?p=834481

Од 05 април 2023, започна изборен процес за избор делегати, претседател и работни тела на Стоматолошка комора на Македонија. Од самиот почеток стоматолозите се пожалија на нетранспарентност, самоволие, низа неправилности и прекршување на повеќе процедури кој ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив. Актуелниот претседател на комората Маријан Денкоски, кој повеќе години во континуитет е дел од комората и кандидат за повторен избор, во март месец си донел нов Статут на комората, по негов терк кој е дискриминирачки по повеќе основи за многу стоматолози. Исклучени од комората се сите кои сакаат искрено да работат и придонесуваат за фелата, од причина што се неистомисленици на актуелниот претседател на комората,а избирачките списоци се преполовени со што им е одземено правото на глас на многу членови. Централната изборна комисија на Стоматолошката комора која го спроведува изборниот процес во моментов носи решенија кои се спротивни на актите на комората, на штета на демократски изразената воља на гласачите. Таков е примерот во Тетово, каде се бираат 5 делегати од тој регион. Последното петто место го делат два делегати со ист број на гласови 35. По правило влегува оној кој од двајцата има подолг стаж. Истиот тој поднесува оставка и наместо да влезе вториот кој има ист број гласови 35, ЦИК на СКМ од само за нив познати причини носи одлука да влезе следниот делегат со само 21 глас. Вакви слични ситуации има и во други региони. Воедно на web страната на комората се објавени официјални резултати од изборите, каде во регионот Куманово на избори излегле 48 гласачи, а за Денковски кој воедно е и актуелен претседател гласале 55!? За сите овие нерегуларности во текот на целиот изборен процес поднесени се преставки од страна на стоматолози до Управниот суд. Од друга страна, изминативе години , во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста, за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба, во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање на настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуелниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана на 14.02.2023 го повикува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив. Актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, заедно со централната изборна комисија продолжуваат и во следните фази на изборниот процес да спроведуваат нетранспарентни избори спротивни на демократските принципи. Стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребите и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелигитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-biraat-pretsedatel-ke-bide-li-izborot-demokratski-ili-nelegitimen/feed/ 0
Се спрема ли повторно изборен фалсификат и нелегитимно раководство во Стоматолошка комора!? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sprema-li-povtorno-izboren-falsifikat-i-nelegitimno-rakovodstvo-vo-stomatoloshka-komora/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sprema-li-povtorno-izboren-falsifikat-i-nelegitimno-rakovodstvo-vo-stomatoloshka-komora/#respond Sun, 02 Apr 2023 10:47:41 +0000 https://kurir.mk/?p=819030

Од 05 до 12 април 2023, ќе има избори за предлог делегати на Стоматолошка комора на Македонија, во сите 22 региони, кои ќе се стават на изборни листи, а избраните делегати ќе одлучат кој да биде претседателот на комората. Бидејќи никаде досега не е објавено каде ќе се одржуваат собирите за предлагање делегати, нема дата и час, истото укажува на нетранспарентност и фалсификат. Од друга страна уште на самиот почеток има прекршување на повеќе процедури кој ќе го направат изборот нелегитимен и оспорлив. Воедно актуелниот претседстел на комората Маријан Денкоски и кандидат за повторен избор, пред само  еден месец си донел нов Статут на комората, по негов терк и е дискриминирачки по повеќе основи за многу стоматолози. Се дискриминираат младите доктори, со што за учество им се бара повеќе години стаж. Во одредени градови како Тетово Гостивар, стоматолозите Македонци немаат загарантирано место за делегат како што беше досега, тоа право им припаѓа само на малцинствата. За претседател на комората повторно дискриминација, бидејќи се бара 2 мандати претходно во исклучиво 2-3 тела во комората, со што се елиминирани еминентни квалитетни стоматолози од приватно и јавно здравство, како и професори од факултетите во Скопје. Дури немаат право ниту сите стоматолози да гласаат, со што комисијата за анти дискриминација ќе има полни раце работа. Од друга страна, изминативе години , во повеќе наврати, дел од здруженијата на приватни стоматолози, ја запознаа јавноста, за злоупотреби од страна на актуелното раководство и претседателот на комората, во делот на јавните овластувања и злоупотреба на службена положба, во делот на континуирана едукација во стоматологијата и организирање на настани од неакредитирани здруженија, ред други малверзации во работењето, како и судир на интереси на актуелниот претседател на комората, за што ДКСК има два предмети и на својата 82 седница одржана на 14.02.2023 го повикува Министерството за здравство и ДСЗИ, да реагира и да даде одговор за претставката поднесена до нив. Самиот актуелен претседател на комората и кандидат за следен мандат, изјавува дека е предлог на владејачката партија СДС и ја има нивната поддршка. Дали е тоа така и дали СДС ги оправдува нерегуларностите во комората, треба да одговорат? Воедно стоматолозите и дел од стоматолошките здруженија бараат активно вклучување на медиумите, како и надлежните институции, за да се стави крај на злоупотребите и нерегуларностите, како и да се спречи изборен фалсификат од кој ќе произлезе нелигитимен претседател и раководство на Стоматолошката комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-sprema-li-povtorno-izboren-falsifikat-i-nelegitimno-rakovodstvo-vo-stomatoloshka-komora/feed/ 0
Пендаровски на средба со учесници на 13-от конгрес на стоматолошки комори од регионот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-uchesnici-na-13-ot-kongres-na-stomatoloshki-komori-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-uchesnici-na-13-ot-kongres-na-stomatoloshki-komori-od-regionot/#respond Sat, 26 Nov 2022 13:33:13 +0000 https://kurir.mk/?p=766883

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Стоматолошката комора на Република Северна Македонија, како и партнерските комори, по повод 13-от конгрес на нови технологии. Делегацијата предводена од претседателот на Комората, д-р Маријан Денковски го запозна претседателот Пендаровски со своите активности за поддршка на иновативни пристапи во стоматологијата кај нас, со научните истражувања и воведувањето на нови техники со цел овозможување подобро образование и обука на младите кадри. Во таа насока претседателот Пендаровски ја поздрави и соработката што Стоматолошката комора ја развива со професионалните здруженија и стоматолозите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-na-sredba-so-uchesnici-na-13-ot-kongres-na-stomatoloshki-komori-od-regionot/feed/ 0
Трите медицински комори со заедничко барање за изземање од Законот за заштита на лични податоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trite-medicinski-komori-so-zaednichko-baranje-za-izzemanje-od-zakonot-za-zashtita-na-lichni-podatoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trite-medicinski-komori-so-zaednichko-baranje-za-izzemanje-od-zakonot-za-zashtita-na-lichni-podatoci/#respond Thu, 24 Mar 2022 09:40:07 +0000 https://kurir.mk/?p=652474

Законот за заштита на лични податоци да не се имплементира во приватните здравствени установи со мал број вработени, бараат Лекарската, Фармацевтската и Стоматолошката комора, бидејќи обврските кои произлегуваат од овој закон создаваат дополнителни административни обврски, како и непотребно финансиско оптоварување. Заштитата на личните податоци на пациенти е регулирана и имплементирана како приоритет во работењето на здравствените установи согласно строгите прописи кои произлегуваат од Законот за здравствена заштита. - Законот за заштита на лични податоци наметнува неразбирливи и сложени постапки и процедури за здравствените работници. Во здравствените установи со двајца вработени, доктор и медицинска сестра, или фармацевт и фармацевски техничар, нема кој да биде обработувач на лични податоци, кој да е офицер за тајност на лични податоци, а кој контролор. Исто така, изготвувањето на сите интерни акти, процедури и одлуки, изработката на документацијата за технички и организациски мерки или криптирањето, за малите приватни здравствени установи се дополнителна обврски и голем ангажман за малиот број вработени. Докторот и медицинската сестра, односно фармацевтот и фармацевскиот техничар и сега имаат обемни административни обврски кон институциите кои ја контролираат нивната работа, а со обврските од Законот за заштита на лични податоци уште повеќе непотребно се оптоварува ефективното време кое треба да биде посветено на пациентите, се вели во соопштението на Лекарска комора на Република Македонија. Од таму велат дека со наметнувањето на изготвување на интерни акти, процедури, одлуки и формулари во субјектите од здравството, вештачки се создаде и добра почва за пазар за услугите што директно се поврзани со обврските што произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци. - Имено, многу поединци, адвокати и фирми се појавија како понудувачи на услуги за изготвување на правилници кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци, со понуди со високи суми, што дополнително би го оптовариле и така малиот буџет на здравствените установи. Исто така, треба да се земе предвид дека оваа обврска се наметнува во време на пандемија кога здравствените работници се оптоварени со предизвикот да одговорат на зголемените потреби на пациентите поврзани со третман на вирусот. Докторите на медицина, фармацевтите и докторите по стоматологија имаат дадено Хипократова заклетва и работат согласно медицинската, фармацевтската и стоматолошката деонтологија и етика и заштитата на личните податоци на своите пациенти им е приоритет во работењето, а секоја дополнителна обврска само ги обременува здравствените работници и соработници и здравствените институции, се додава во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/trite-medicinski-komori-so-zaednichko-baranje-za-izzemanje-od-zakonot-za-zashtita-na-lichni-podatoci/feed/ 0