стоматолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 08:11:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стоматолози – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стоматолозите предупредуваат: Доколку сакате здрави заби, ОВИЕ ПАСТИ морате да ги избегнувате https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolozite-predupreduvaat-dokolku-sakate-zdravi-zabi-ovie-pasti-morate-da-gi-izbegnuvate/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolozite-predupreduvaat-dokolku-sakate-zdravi-zabi-ovie-pasti-morate-da-gi-izbegnuvate/#respond Mon, 31 Oct 2022 08:11:09 +0000 https://kurir.mk/?p=752959

Редовната дентална хигиена може да спречи развој на многу болести, но не е доволно само да знаете колку пати дневно треба да ги четкате, туку и како и со која паста. Стоматолозите предупредуваат да не се експериментира со домашни пасти и да се избегнуваат оние од растителна основа кои не содржат флуор. Од неодамна на интернет кружат рецепти кои наводно помагаат при избелување на забите, но сепак можат да бидат многу штетни, но и опасни по здравјето. Комбинацијата на состојки како лимон, сода бикарбона, сол и активен јаглен всушност може да биде многу штетна за забите и да доведе до придружни здравствени проблеми. Според стоматологот Кетрин Меден, флуоридната состојка која се наоѓа во пастите го спречува кариесот. И со децении, научните истражувања покажаа дека флуоридот е безбеден и ефикасен во спречувањето на кариес. – Користењето лимон, кој е кисел, или сода бикарбона и сол, кои се абразивни, може да го отстрани емајлот од забите или да предизвика промена на бојата – објасни таа, а потоа додаде дека некои луѓе не се двоумат да користат водород пероксид, кој може да иритира и да доведе до мали изгореници на непцата и меките ткива во устата. Конечно, таа советуваше луѓето прво да разговараат со својот стоматолог пред да ја променат рутината за хигиена на забите, особено кога станува збор за децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/stomatolozite-predupreduvaat-dokolku-sakate-zdravi-zabi-ovie-pasti-morate-da-gi-izbegnuvate/feed/ 0
Колапс на вакциналниот процес, неспособноста на власта кулминира! Одложена вакцинација на стоматолозите и фармацевтите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vakcinalniot-proces-nesposobnosta-na-vlasta-kulminira-odlozena-vakcinacija-na-stomatolozite-i-farmacevtite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vakcinalniot-proces-nesposobnosta-na-vlasta-kulminira-odlozena-vakcinacija-na-stomatolozite-i-farmacevtite/#respond Tue, 23 Mar 2021 14:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=486702

Министерот за здравство Венко Филипче откако не успеа да набави ниту една вакцина, да направи ниту еден договор за набавка на вакцини се пофали дека со незначитечните дози на вакцини ќе се вакцинира здравствениот персонал. Во Македонија до сега има само 8 илјади дози од Фајзер кои беа донација од Србија и три илјади од руската вакцина. Деновиве пак беа известени стоматолозите и фармацевтите дека процесот на имунизација се одложува. Овие податоци говорат само едно, лага е дека ќе бидеме првата земја во светот чии што здравствени работници се вакцинирани. Дополнително, ова говори само за колапс на вакциналниот процес и е доказ за неспособноста на власта да набави вакцини. Филипче на 16 февруари уверуваше дека Македонија ќе биде една од ретките земји во која сиот медицински персонал ќе биде вакциниран. „Ние за десетина дена, до крај на февруари (н.з.), ќе бидеме една од ретките земји, каде ќе биде вакциниран целосно медицинскиот персонал. Со самата пратка на вакцините пристигнуваат документите, за кои подоцна потребно е да се направи административен записник“, рече Филипче кон средината на февруари годинава. Но, веќе е втора половина на март и информациите говорат нешто друго. Фармацевтите се известени дека вакцинирањето се одложува. „Од Мој термин во овој момент не известија дека привремено се одложува вакцинирањето на фармацевтите“, стои во дописот до нив. За како што велат краткотраенпрекин на имунизацијата ќе има и за стоматолозите. „За жал од Мој термин не информираа дека потрошени дозите на Спутник кои беа предвидени и со кои се имунизираа стоматолозите и ќе следи краткотраен прекин на процесот на имунизација...“, се вели во објавата на веб страната на Стоматолошката комора. Овие податоци говорат само едно лага е дека ќе бидеме првата земја во светот чии што здравствени работници се вакцинирани. Ова говори само за колапс на вакциналниот процес. Неспособноста на власта кулминира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-vakcinalniot-proces-nesposobnosta-na-vlasta-kulminira-odlozena-vakcinacija-na-stomatolozite-i-farmacevtite/feed/ 0
Филипче ги заборави фармацевтите за вакцина против корона https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-zaboravi-farmacevtite-za-vakcina-protiv-korona/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-zaboravi-farmacevtite-za-vakcina-protiv-korona/#respond Tue, 09 Feb 2021 11:48:56 +0000 https://kurir.mk/?p=466215

Фармацевтите во Македонија извисени, министерот за здравство Венко Филипче не ги стави во приоритетната група која прва треба да се вакцинира со анти-ковид вакцините, за кои се очекува денес да биде потпишан договорот со кинеската компанија “Синофарм“. Министерот Филипче пред неколку дена, на прес конференција, го презентираше националниот планот за имунизација од кинеските вакцини против Ковид-19, вакцини кои во Македонија се очекуваат да стигнат најбрзо. Во презентираниот план, предвидено е во првата фаза да се вакцинираат здравствените работници кои се во директен контакт со ковид-пациенти и лица над 70 години. Но, иако и фармацевтите се категорија кои секојдневно се изложуваат на директни контакти со лица заразени на корона вирусот, тие не се предвидени да се вакцинираат во првата и приоритетна фаза на имунизација. Ти не можат да го избегнат контактите со лица позитивни на Ковид-19, било тоа да се симптоматски или асимптоматски носители, затоа што тие за да можат да се лечат треба од аптека да ги купат потребните лекови, односно потребната терапија. Фармацевтските работници, како и лекарите и целокупниот здравствен персонал, се значајна алка во целокупниот синџир на третмани лекување на пациентите заразени на корона вирусот. Неизбежен им е секојдневниот контакт со лица позитивни. Ризикот на кои тие се изложени од заразување, но и ширење на ковидот е огромен, но сепак министерот Филипче смета дека оваа категорија не треба да биди меѓу првите кои треба да се вакцинира и на тој начин да се заштитат од корона вирусот. Освен фармацевтите, во првично презентираниот план, изоставени беа матичните стоматолози и матичните гинеколози кои исто така се изложени на секојдневни директни конатакти со позитивни на ковид лица. Меѓутоа, откако овие реагираа дека се оставени за вакцинација во втората фаза, и откако го увиделе пропустот кој го направиле, вчера министерството за здравство да се јави со дообјаснување дека во првата фаза на имунизација, сепак ќе бидат вклучени и матичните стоматолози и гинеколози. Ќе го увиди ли Филипче и пропустот што го направи и во однос на фармацевтските работници за кои не смета дека треба да бидат во приоритетната, прва фаза за вакцинација против Ковид-19 а кои, од друга страна, се изложени на секојдневни контакти со лица носители на вирусот?!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-gi-zaboravi-farmacevtite-za-vakcina-protiv-korona/feed/ 0
Онлајн протест „Стоматологијата на респиратор“- се бара субвенционирање на сите приватни стоматолошки установи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-protest-stomatologijata-na-respirator-se-bara-subvencioniranje-na-site-privatni-stomatoloshki-ustanovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-protest-stomatologijata-na-respirator-se-bara-subvencioniranje-na-site-privatni-stomatoloshki-ustanovi/#respond Thu, 24 Dec 2020 13:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=447772

Субвенционирање на сите приватни здравствени установи кои што имаат под 1 500 пациенти за износот, до 1 500 капитирани пациенти, сите ПЗУ кои работат надвор од мрежата да бидат помогнати со бруто плати и да се зголеми бројот на пациенти по тим за добивање на лиценца на 1 500 до 2 000 жители, бара Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина, кои денеска одржаа онлајн протест под мотото „Стоматологијата на респиратор“. Дополнително, Здружението бара внесување во Закон за здравствена заштита методологија за пресметка на минимални референтни цени на стоматолошки услуги, како и дефинирање на минимална плата за стоматолог и сестра во приватниот сектор, по примерот на јавно здравство и минималните референтни цени ФЗО да ги пресметува согласно предложената Методологија од здружението. Претседателот на здружението Жарко Ѓорѓиев, порача дека овој протест е почетен, и најави дека ќе продолжи се додека нема одговор од надлежните институции и не се седне на преговарачка маса да се реши проблемот. – Нашите барања ќе бидат проследени до премиерот, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување со надеж дека ќе добиеме повратен одговор со цел што поскоро да почнеме со преговори и да се реализираат барањата, рече Ѓорѓиев. Пандемијата и новите протоколи за работа, посочи тој, дополнително ја отежниле работата и ги зголемиле трошоците. – Притистнати од сите три проблеми пред два месеци со писмен допис до Министерот за здравство побаравме прекинатите преговори да продолжат. До ден денешен повратен одговор не добивме. Нашите барања да започнеме со преговори и промена на блок на финансирање како мерка за опстанок на приватните стоматолози се уште стојат актуелни и заклучени во некоја фиока, изјави Ѓорѓиев. На протестот беше посочено дека во општа стоматологија има, преку 800 тимови со помалку од 1 500 капитирани пациенти кои и досега не биле во можност да ги покријат основните трошоци за да би исплатиле минимални плати по тим и дека затоа, Здружението бара напуштање на финансирањето во општа стоматологија по моделот на капитација и градење на нов модел на финансирање според завршена стоматолошка услуга со утврден минимален загарантиран праг на месечен износ по тим и анализа на реализираните услуги до и над договорениот фиксен дел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onlajn-protest-stomatologijata-na-respirator-se-bara-subvencioniranje-na-site-privatni-stomatoloshki-ustanovi/feed/ 0
Јанушев: Се обврзуваме за поголеми плати на лекарите, стоматолозите и медицинските работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-na-lekarite-stomatolozite-i-medicinskite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-na-lekarite-stomatolozite-i-medicinskite-rabotnici/#respond Thu, 09 Jul 2020 07:56:18 +0000 https://kurir.mk/?p=372283

Квалитетот на здравството е клучен за секоја нација. Тоа е систем во кој треба да бидат задоволни и лекарите, медицинските работници и пациентите. Нашите лекари со знаење и стручност се рамо до рамо со нивните европски колеги, а државата е таа која треба да овозможи европски услови за работа, но и европско ниво на услуги за пациентите, вели во своето видео обраќање носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3 Игор Јанушев. Се обврзуваме за поголеми плати на лекарите, стоматолозите и медицинските работници. Преку континуиран раст на вредносната капитација за матичните лекари и стоматолозите. Предвидуваме: ✅Реконструкција и модернизација на општата болница во Велес ✅Изградба на клинички центар во Штип ✅Зајакнување на системот на трансплантација на органи ✅Се укинуваат рецептите, услуга со лична карта ✅Проширување на позитивната листа на лекови Се грижиме за секого, исправи се Македонијо, одбери Обнова, вели Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-na-lekarite-stomatolozite-i-medicinskite-rabotnici/feed/ 0
Стоматолозите бараат информации за заболени од Ковид 19 за да се заштитат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-baraat-informacii-za-zaboleni-od-kovid-19-za-da-se-zashtitat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-baraat-informacii-za-zaboleni-od-kovid-19-za-da-se-zashtitat/#respond Mon, 01 Jun 2020 08:10:33 +0000 https://kurir.mk/?p=352133

Министерство за здравство и Фондот за здравствено осигурување на сите матични стоматолози да им доставуваат секојдневно листа со лицата позитивни на вирусот и тие во самоизолација, а се регистрирани како матични пациенти во таа ординација. Вакви се барањата на стоматолозите од Тетово кои потенцираат дека така ќе можат да се заштитат самите и сите останати кои доаѓаат на интервенција. -Јас како матичен стоматолог, во моментов како што медиумите пишуваат „општината што гори, немам никаква информација за ниеден од матичните пациенти дека е заразен или во самоизолација, а не можам да ги почитувам докрај мерките и пациентот да ја носи маската во целиот период на интервенцијата. Ние стоматолозите очи во очи се соочуваме со вирусот со препорачана дистанца од 30 сантиметри, распрскани аеросоли, интервенција која бара прецизност. Од друга страна од две маски, наочари, визир, капа, скафандер – освен замаглување на наочарите не гледаш ништо, задржуваш здив за да можеш да му ја скратиш маката на пациентот, за кога ќе замине да те благословува што вечерва ќе може око да склопи, после минатата непроспиена ноќ, вели д-р Маре Серафимовска, стоматолог од Тетово. Таа смета дека сите се подеднакво загрозени од Ковид 19 и поради поделбите во општеството. -Поделени институции, празни ветувања, борба за парламентарно столче, министерско место, создавање непослушност, меѓусебна верска омраза, се главните кластери на Ковид-19, многу едноставно е. Сите сме исти, подеднакво имуни, без селекција, и не ме интересира кој од „функционерите“ е во самоизолација или заразен, ме интересираат сите заради кои тие се таму, вели д-р Серафимовска. Граѓаните и читателите на интернет порталите по новинарските извештаи секојдневно бараат подетални информации за тоа од кои места се заразените од коронавирус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-baraat-informacii-za-zaboleni-od-kovid-19-za-da-se-zashtitat/feed/ 0
Стоматолозите бараат отпочнување на преговори со ФЗО за нов модел и за висината на капитацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-baraat-otpochnuvanje-na-pregovori-so-fzo-za-nov-model-i-za-visinata-na-kapitacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-baraat-otpochnuvanje-na-pregovori-so-fzo-za-nov-model-i-za-visinata-na-kapitacijata/#respond Thu, 21 May 2020 09:06:19 +0000 https://kurir.mk/?p=348619

Стоматолозите алармираат на зголемени трошоци за заштитна опрема согласно протоколите за работа со цел превенција од ризиците од КОВИД -19. Бараат итно отпочнување преговори со Фондот за здравствено осигурување за нов модел и за висината на капитацијата која сега изнесува 48 денари. -Со цел заштита и превенција во стоматолошките ординации, потребна е нова вонстандардна опрема за лична заштита согласно новите протоколи за работа, што опфаќа, работна униформа со долги ракави и заштита на вратот, N95,FFP3 или FFP2 маска,  визир, еднократно заштитно одело, скафандер или мантил за еднократна употреба, зависно од интервенцијата. Зголемени се цените и на материјалите и на средствата за дезинфекција, а исто така ограничени се и стоматолошките интервенции кои можат да се пружат на пациентите. Намален е приемот на пациенти заради почитување на мерките и протоколите и сето ова придонесува за зголемување на цената на услуга од 500-1500 денари зависно од интервенцијата, се наведува во денешното соопштение. Стоматолозите посочуваат дека капитацијата од 48 денари и цените на услугите при договор склучен со ФЗО не ја вклучуваат дополнителната опрема и оти товарот не треба да падне на пациентите. Од Групацијата за приватно здравство при Сојузот на стопански комори и Здружението на доктори специјалисти концесионери од специјалистичко-консултативна стоматолошка здравствена заштита и Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина информираат дека испратиле допис со конкретни предлог-економски мерки до ресорното министерство, по одржаниот состанок со министерот за здравство на 12 мај. Стоматолошките ординации беа ставени во вонреден режим од 11 март, а подоцна и целосно затворени по препорака на Министерството за здравство, ФЗО и Стоматолошката Комора со цел превенција на ширење на епидемијата. Стоматолошките ординации почнаа со работа на 13 мај под посебни услови со ограничен број на интервенции и ограничен број на пациенти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-baraat-otpochnuvanje-na-pregovori-so-fzo-za-nov-model-i-za-visinata-na-kapitacijata/feed/ 0
Специјалистите стоматолози со итни барања до Министерството за здравство и ФЗО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalistite-stomatolozi-so-itni-baranja-do-ministerstvoto-za-zdravstvo-i-fzo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalistite-stomatolozi-so-itni-baranja-do-ministerstvoto-za-zdravstvo-i-fzo/#respond Wed, 27 Nov 2019 14:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=270060

Зголемување на цените на специјалистичко-стоматолошките услуги, буџетот да соодвестува со големината на тимот, предвидениот месечен буџет да се состои од загарантиран фиксен дел пресметан по дадените услуги, корегирање на правилниците за работа во специјалистичка – стоматолошка дејност, проширување на пакетите на специјалистички услуги, нови партнерски договори со Фондот за здравствено осигурување (Ф.З.О) со коректни и реципрочни обврски со двете договорени страни, како и овозможување на лекарот специјалист да извршува дејност од својата специјалност на ниво на целата територија на државата, можност за конзилиарно решавање и спроведување на дијагностички принципи што е од особен интерес на пациентите – осигурениците. Ова се барањата на Здружението на специјалисти по стоматолошка протетика, ортодонција и орална хирургија кои денеска јавно се обратија до надлежните институции (Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување) и осигурениците. -Бараме зголемување на цените на специјалистичко – стоматолошките услуги кои не соодвестуваат со зголемените материјални трошоци. Тоа влијае врз изборот на квалитетни материјали и влијае на квалитетот, резултатот и ефикасноста на пружената терапија кон пациентите, односно осигурениците, порача денеска д-р Сузана Антовска. Таа вели дека поради нереалните цени на услугите што ги пружаат, функционираат со плати во висина на минималната плата во државава и се наоѓаат во ситуација секој месец да се борат за опстанок на нивните ординации. Се надева дека овие барања ќе бидат прифатени од министерот за здравство и директорите на Ф.З.О најдоцна до 10 декември годинава. -Како приватни здравствени установи сме дел од здравствениот систем во државава и активно придонесуваме во квалитетот на оралното здравје на сите граѓани. Затоа бараме од министерот за здравство и Ф.З.О да ги прифатат и имплементираат нашите барања и да добиеме позитивен одговор најдоцна до 10 декември 2019 година, рече Антовска, додавајќи дека доколку не се случи такво нешто ќе бидат приморани да излезат на генерален штрајк, заради тоа што им претстои потпишување договори кои треба да важат од 1 јануари 2020 година. Џевит Алиу од Кичево од Здружение на забни техничари концесионери вели дека во државава треба да постои единствена и реална цена за изработка на забопротетски помагала или ортодонски апарати. -Нашите барања се да има единствени цени во државата, реални цени и да не бидеме оставени за на слободен пазар да се пазариме со докторите. Некои плаќаат повеќе, некои помалку. Не можеме под овие услови, со овие цени да опстанеме. Реални цени би биле според нас негде околу 6.000 денари пар тотални протези за изработка и околу 3000 денари едно ортодонско апаратче, вели Алиу. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/specijalistite-stomatolozi-so-itni-baranja-do-ministerstvoto-za-zdravstvo-i-fzo/feed/ 0
Стоматолозите го одложија протестот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-go-odlozija-protestot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-go-odlozija-protestot/#respond Mon, 04 Nov 2019 17:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=260140

Протестот на стоматолозите, кој беше закажан за среда (06.11.2019) е одложен, пренесе телевизија „Телма“. Тие денеска се сретнаа со министерот за здрвство Венко Филипче, и му ги кажаа своите барања капитацијата да биде фиксна, а не по пациент. Преговорите ќе продолжат во петок, а дали ќе има некаков договор се очекува да се знае во средината на декември, а до тогаш, работни групи од министерството и претставници на стоматолозите ќе преговараат за барањата на стоматолозите. Инаку, стоматолозите уште пред една недела закажаа протест пред Министерството за здравство за на шести ноември напладне. Со слоганот „Да ја вратиме насмевката на стоматолозите“ да ги покажат барањата кои ги имаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-go-odlozija-protestot/feed/ 0
Стоматолозите предупредуваат дека се соочуваат со сериозни проблеми како и со хиперпродукција на кадри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-predupreduvaat-deka-se-soochuvaat-so-seriozni-problemi-kako-i-so-hiperprodukcija-na-kadri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-predupreduvaat-deka-se-soochuvaat-so-seriozni-problemi-kako-i-so-hiperprodukcija-na-kadri/#respond Sun, 28 Jul 2019 19:49:56 +0000 https://kurir.mk/?p=223918

Хиперпродукција на кадар, лоша прераспределба на фондовските пари, нелојална конкуренција и борба за да не се стави клуч на врата на ординациите посебно во внатрешноста. Со овие проблеми децении наназад се соочуваат стоматолози во земјава, анализира телевизија Сител. Од стоматолошкото друштво на Македонија укажуваат дека годишно на петте факултети се запишуваат и до 400 студенти, а на специјализација 200. За споредба во Словенија држава со приближно ист број на жители секоја година примале само 50 студенти. Хиперпродукцијата директно влијае и на мрежата и бројот на ординации е далеку поголем од ЕУ стандардите, велат од стоматолошкото друштво. Укажуваат дека проблемите почнале со лошата и нецелосна приватицација како нелојалната конкуренција од Стоматолошкиот клинички центар. Од Стоматолошкото друштво предупредуваат дека состојбата станува алармантна и мора да се преземат мерки. Предлагаат буџетските пари да се прераспределат кај оние кои работат со пациентите, а матичните стоматолози да добиваат повеќе средства според сработеното, зошто во помалите места неизбежно ќе биде затворањето на ординациите бидејќи и бројот на приватни пациенти од кои опстојувале поради иселувањето драстично бил намален. Извор: СИТЕЛ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stomatolozite-predupreduvaat-deka-se-soochuvaat-so-seriozni-problemi-kako-i-so-hiperprodukcija-na-kadri/feed/ 0