„Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Oct 2020 17:17:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Стоп Русино“: Депонијата гори Нуредини нема никаков слух, седум години неконтролирано се фрла на ѓубриштето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stop-rusino-deponijata-gori-nuredini-nema-nikakov-sluh-sedum-godini-nekontrolirano-se-frla-na-gjubrishteto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stop-rusino-deponijata-gori-nuredini-nema-nikakov-sluh-sedum-godini-nekontrolirano-se-frla-na-gjubrishteto/#respond Tue, 06 Oct 2020 17:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=413098

Вечерва на 24 Телевизија гостуваше Билјана Дабевска од Иницијативата „Стоп Русино“, таа истакна дека очекувале со министерот за животна средина Насер Нуредини дека ќе преговараат за депонијата, но не наишле на слух, напротив од министерството им понудиле само да го скратат рокот за депонијата на пет години, како и да ја превземе швајцарски инвеститор. -Очекувавме дека ќе преговараме за депонијата, но не наидовме на слух, а тимот на одговорни лица во министерството за животна средина рекоа дека можат само да го скратат рокот од 10 години на 5 години, но имаме документи од 2013 година каде е констатирано од самото министерство дека максималниот рок на ѓубриштето е десет години. Сега сме 2020 година, седум години се поминати каде неконтролирало се фрла ѓубра од сите девет општини на чие прашање не добивме одговор, вели Дабевска. Добревска критикуваше дека не десет, не пет години, туку една година им даваат на надлежните да го затворат ѓубриштето и да најдат нова локација според стандарди за фрлање во наредните девет години, но на тоа добиле одговор да се нафатат за одлуката за управување на депонијата од шварцарскиот инвеститор чиј проект е од 2016 година и истиот да се тера наредните пет години. -Алармантна е состојбата во Гостивар иако ги блокиравме останатите општини да не го фрлаат ѓубрето тука, остана само општина Гостивар, но резултатот е очигледен од најновите снимки каде ѓубрето повторно гори, истакна Дабевска. Таа вели дека не се сложува со ветувањата на министерот за уште пет години постоење на депонијата затоа што се до сега што било кажано се докажало дека не функционира, па таа замоли да излезат на терен сите што кажуваат од канцелариите и да увидат што точно се случува со депонијата. Имено потенцираше дека проектот што го има министертвото за животна средина е од 2016 година со швајцарски фонд како потенцијален инвеститор за депонијата, но четири години ништо од тоа не е направено, заврши Дабевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stop-rusino-deponijata-gori-nuredini-nema-nikakov-sluh-sedum-godini-nekontrolirano-se-frla-na-gjubrishteto/feed/ 0
На депонијата Русино од синоќа се пропуштаат само камиони на гостиварски Комуналец- блокадите ќе продолжат до 12 август https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-deponijata-rusino-od-sinokja-se-propushtaat-samo-kamioni-na-gostivarski-komunalec-blokadite-kje-prodolzat-do-12-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-deponijata-rusino-od-sinokja-se-propushtaat-samo-kamioni-na-gostivarski-komunalec-blokadite-kje-prodolzat-do-12-avgust/#respond Wed, 05 Aug 2020 07:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=386356

Комуналниот смет од гостиварската општина повторно се носи на депонијата Русино по речиси тридневната блокада. Локалната власт и граѓаните кои протестираа постигнаа привремен договор со што се спречи наталожување на отпадот во градот и околните населби. Од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ потврдија дека ќе ги пропуштаат само возилата на гостиварски Комуналец, додека забраната за другите комунални претпријатиа ќе важи и понатаму. До договор дојде откако Општина Гостивар исполни едно од барањата односно да се испрати документ со барање до Владата и Министерството за екологија за решавање на проблемот со депонијата Русино. Прекинот на блокадата, која започна од недела напладне, синоќа околу 22 часот ја потврди и директорот на ЈП Комуналец, Исак Љазами. Од иницијативата нагласуваат дека на блокадата ќе останат до 12 август, бидејќи така најавиле и да го контролираат носењето на отпадот. Очекуваат да бидат исполнети сите нивни барања. Нивната крајна цел е депонијата Русино да се затвори и да изгради нова според ЕУ стандарди. Гостиварското комуналното претпријатие се соочи со проблем, откако три дена не можеше да транспортира смет на депонијата. Ѓубрето од контејнерите го складираше во една од халите кои ги користи како магацин. Во меѓувреме, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари обвини дека околу протестите за „Русино“ има нечесни игри во кои е вмешана политиката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-deponijata-rusino-od-sinokja-se-propushtaat-samo-kamioni-na-gostivarski-komunalec-blokadite-kje-prodolzat-do-12-avgust/feed/ 0
Активистите на „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ го блокираа пристапот на камионите со отпад https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/#respond Sun, 02 Aug 2020 14:28:54 +0000 https://kurir.mk/?p=385227

Триесетина активисти од граѓанската иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ и граѓани од околните населби денеска го блокираа пристапот на камионите кои носат отпад на регионалната депонија. Тие со жив штит застанаа локалниот пат од Дона Бањица кон месноста Русино и најавија дека блокадата ќе трае наредните десеттина дена. Активистите по поставувањето на блокадата ги истакнаа и барањата кои доколку се исполнат ќе ги прекинат блокадите. Засега е неизвесно каде ќе се транспортираат околу 40 тони комунален отпад од гостиварската општина. – Со оглед дека локалната власт не ги зеде предвид нашите барања и по извесен период се решивме на овој чекор. Нашите барања се три: да се запре горењето на ѓубриштето Русино кое сè уште гори, тлее и чади; да се стават камери и обезбедување со што ќе се спречат или идентификуваат подметнувачи на пожарите и општината да побара помош до надлежните институции за санација и затворање на ѓубриштето Русино и одредување нова локација и изградба на регионална депонија согласно ЕУ стандардите, изјави Десо Матески од Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“. Во близина на рампата која е поставена од порано, активистите имаат направено мини-камп во кој ќе дежураат за да спречат поминување на камиони со отпад. Местото го обезбедува и полицијата. Матески се пожали дека врз него и други активисти, деновиве се вршеле притисоци за да се откажат од блокадите. Тој бил принуден, како што вели да го пријави во полиција директорот гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“ по упатени закани. Од полицијата потврдија дека Исак Љазами директорот на ЈП Комуналец денеска е повикан на разговор во врска со пријава против него и за целосно расчистување на случајот. Тој ги негираше обвинувањата дека се заканувал и тоа го изјавил во разговорот во ОВР Гостивар. – Пријавата против мене е неоснована и не сум упатил никакви закани. Јас лично ја поддржувам иницијативата сакам овој проблем да се реши. Во разговор со одговорните во полиција побарав да преземат соодветни мерки и да овозможат поминување на камионите на претпријатието кон депонијата и да спречат евентуални инциденти, изјави Љазами по разговорот во ОВР Гостивар. Според него, блокадата на камионите со комунален смет може да предизвика проблеми, со оглед дека се работи за количина од околу 40 тони колку се собираат на дневно ниво. Неподигањето на сметот во летниот период претставува и дополнителн ризик по здравјето на луѓето. Состојбата со регионалната депонија Русино во последниве два месеци стана актуелна откако гореше отпадот и граѓаните се жалеа на загаден воздух и лоша миризба. Под притисок на јавноста, локалната власт организираше јавна дебата на која учествуваа и претставници на повеќе државни и локални институции. Повеќето од граѓаните во дискусиите ги критикуваа властите дека недоволно се грижат за здравјето на луѓето и дека наметнуваат решенија кои се штетни и неодржливи на подолг рок. Повеќето беа недвосмислени во барањето, депонијата да се затвори. Првиот човек на општина Гостивар, Арбен Таравари кажа дека локалната власт веќе презела чекори. – По дебатата дојдовме до заклучок дека Русино ќе биде отворено само за отпадот од општина Гостивар. За ваквиот исход им најавив и на колегите од Врапчиште и Маврово Ростуше да не праќаат камиони со отпад, рече Таравари. Тој напомена дека во наредниве денови ќе се разгледаат можностите за да се организира и референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Русино и натаму ќе опстои како регионална депонија. Еко активистите и поддржувачите на Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ најавија доколку не дојде до промена и исполнување на нивните барања ќе ја продолжат блокадата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/aktivistite-na-stop-rusino-chist-vozduh-za-gostivar-go-blokiraa-pristapot-na-kamionite-so-otpad/feed/ 0