Стопанска комора на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Oct 2022 07:33:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стопанска комора на Македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Азески со тим од Комората во посета на компаниите погодени од енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/azeski-so-tim-od-komorata-vo-poseta-na-kompaniite-pogodeni-od-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/azeski-so-tim-od-komorata-vo-poseta-na-kompaniite-pogodeni-od-energetskata-kriza/#respond Mon, 10 Oct 2022 07:33:27 +0000 https://kurir.mk/?p=743309

Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија предводена од претседателот Бранко Азески денеска ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради порастот на цената на електричната енергија од 1 септември годинава привремено прекинаа со процесот на производство. Од Стопанската комора посочуваат дека во двата рудника има вкупно 674 директно вработени и се едни од најголемите работодавци во регионот кои придонесуваат за одржливиот економски и социјален развој на општините Конче, Штип и Радовиш. – Во следниот период претставници на Стопанската комора ќе ги посетуваат компаниите коишто се наоѓаат во исклучително тешка состојба предизвикана од енергетската криза, велат од Комората. За посетата на рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, од Комората најавуваат соопштението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/azeski-so-tim-od-komorata-vo-poseta-na-kompaniite-pogodeni-od-energetskata-kriza/feed/ 0
Бизнисот не може да го издржи ударот од цената на струјата, Владата да реагира итно со избалансирани решенија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznisot-ne-moze-da-go-izdrzi-udarot-od-cenata-na-strujata-vladata-da-reagira-itno-so-izbalansirani-reshenija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznisot-ne-moze-da-go-izdrzi-udarot-od-cenata-na-strujata-vladata-da-reagira-itno-so-izbalansirani-reshenija/#respond Mon, 22 Aug 2022 09:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=721962

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора. Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени. -Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски. Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6 995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица. -Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски. Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност. -Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората. На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“. -Во нивен интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски. На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата. -Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/biznisot-ne-moze-da-go-izdrzi-udarot-od-cenata-na-strujata-vladata-da-reagira-itno-so-izbalansirani-reshenija/feed/ 0
Стопанска комора до пратениците: Донесете ги законите од петтиот пакет мерки, 130.000 вработени чекаат ваша поддршка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-do-pratenicite-donesete-gi-zakonite-od-pettiot-paket-merki-130-000-vraboteni-chekaat-vasha-poddrshka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-do-pratenicite-donesete-gi-zakonite-od-pettiot-paket-merki-130-000-vraboteni-chekaat-vasha-poddrshka/#respond Fri, 16 Apr 2021 08:26:19 +0000 https://kurir.mk/?p=498037

Стопанската комора на Македонија апелира до пратениците во Собранието да направат максимални напори и во текот на денот да ги донесат законите од петтиот антикризен пакет кои се во насока на поддршка на македонската економија. – Станува збор за законски решенија чие изгласување ќе овозможи поддршка за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории и со тоа ќе се зголеми ликвидноста и потрошувачката, кои во овој момент се неопходни за одржување на субјектите во кондиција заради справување со кризата, се потенцира во денешното соопштение од Комората, чии членки генерираат 50,3 проценти од вкупниот приход во приватниот сектор и вработуваат 33,7 проценти од вработените во овој сектор. Комората уште еднаш ги реафимира своите ставови изкажани на почетокот на пандемијата дека оваа битка не може да се добие ако компаниите не и помогнат на државата, но и државата да им помогне нив, како единствено можно решение кое може да даде позитивен импулс во натамошните економски текови. – Во спротивно, сите досегашни напори, жртви и тешки предизвици кои досега ги надминавме, ќе паднат во вода, велат од Комората. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-do-pratenicite-donesete-gi-zakonite-od-pettiot-paket-merki-130-000-vraboteni-chekaat-vasha-poddrshka/feed/ 0
Стопанската комора бара флексибилност околу условот за задржување на бројот вработени до септември, при користењето државна помош https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskata-komora-bara-fleksibilnost-okolu-uslovot-za-zadrzuvanje-na-brojot-vraboteni-do-septemvri-pri-koristenjeto-drzavna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskata-komora-bara-fleksibilnost-okolu-uslovot-za-zadrzuvanje-na-brojot-vraboteni-do-septemvri-pri-koristenjeto-drzavna-pomosh/#respond Thu, 09 Apr 2020 12:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=329708

Владата да овозможи флексибилност, мал процент на отстапување за обврската компаниите да го задржат бројот на вработени до септември годинава, при користењето некоја од погодностите предвидени со мерките за помош, апелира Стопанската комора на Македонија. Разбирливо е, нагласува Комората, дека не можат однапред да се предвидат оперативните аспекти на бројните уредби за регулирање на работењето на приватниот сектор донесени во вакви вонредни околности. Што ако во предвидениот период некој самоволно си замине од компанијата, што ако некој направил сериозна повреда на работните обврски, што ако компанијата има вработени на пробна работа на кои договорот им истекува во јуни, а не сака да им го продолжи договорот заради несоодветно извршување на работните задачи и непридржување кон договорот за работа кој го склучиле со работодавецот или што ако компанијата имала работници што се времено ангажирани кога аплицирала за помошта?, се само некои од прашањата на компаниите, доставени до Комората. – Во овие вонредни околности, согласно потребите, надлежните институции носат бројни уредби за регулирање на работењето на приватниот сектор и разни економски мерки за помош на компаниите. Разбирливо е дека при носењето на уредбите и мерките не можат однапред да се предвидат сите оперативни аспекти при нивната примена во пракса. Но, компаниите се тие што најдобро и веднаш ги нотираат таквите оперативни моменти и за нив комуницираат со Стопанската комора на Македонија. Една таква иницијатива добиена од компаниите е поврзана со мерката на Владата за финансиска поддршка на компаниите за исплата на минимална плата. Имено, секоја компанија што сака да користи финансиска поддршка од Владата за исплата на минимална плата треба бројот на вработени што го имала во месецот за кој побарала ваква финансиска поддршка да го задржи непроменет заклучно со септември 2020 година, наведува Стопанската комора на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskata-komora-bara-fleksibilnost-okolu-uslovot-za-zadrzuvanje-na-brojot-vraboteni-do-septemvri-pri-koristenjeto-drzavna-pomosh/feed/ 0
Економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ на средба со Стопанската комора на Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomskiot-tim-na-vmro-dpmne-na-sredba-so-stopanskata-komora-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomskiot-tim-na-vmro-dpmne-na-sredba-so-stopanskata-komora-na-makedonija/#respond Wed, 05 Feb 2020 16:31:44 +0000 https://kurir.mk/?p=299731

Тука сме за во прво лице да дознаеме што е она што Стопанската комора на Македонија го очекува од идната влада, што во моментов им претставува реален проблем во работењето и со кои предизвици се соочуваат и да им укажеме што ние можеме како идна влада да понудиме во насока да ги решиме проблемите, а што е тоа што не можеме брзо да го промениме и за што ќе ни треба подолго време, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по средбата во Стопанската комора на Македонија на која беше заедно со економскиот тим на партијата. -Не можеме се и сешто да ветуваме и да ветиме дека ќе ги решиме сите проблеми во рамките на еден четиригодишен мандат, но ветуваме дека ќе работиме чесно, отчетно, одговорно, макотрпно и ќе бидеме вистински партнер на бизнисот во државата. Доколку имаме здрав реален сектор ќе имаме повеќе пари во буџетот, а со повеќе пари во буџетот ќе можеме  да инвестираме во здравство, образованието, инфраструктурата,…, а со тоа да интервенираме во насока на подобрување на животот на нашите сограѓани за да не ни се случува масовна миграција од државата како што денеска ни се случува, изјави Мицкоски по средбата. Тој посочи дека имале корисна и успешна средба на која како еден од клучните предизвици во годините што следат било посочено образованието да произведува кадри кои се потребни на стопанството. -Мислам дека извлековме многу поуки од средбата на која зборувавме и за дигитализацијата во насока на отчетност, не онака како што тоа го прави нашиот политички опоненет, туку во вистинска смисла на зборот. Стана збор и за политиките кои досега ги предвиде ВМРО-ДПМНЕ, а се дел од програмата „Обнова на Македонија“ во која свое место ќе најдат и дел од насоките и сугестиите кои денеска ги добивме. Програмата ќе биде детална со рокови и буџети и мислам дека ќе предизвика сериоазно внимание во јавноста, рече Мицкоски. Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески потенцира дека за бизнисот е најбитна предвидливоста во делот на промената на законските и царинските регулативи и во делот на даночната политика и додаде дека како Комора имаат многу искуство со ветувањата, но нагласи дека е битна имплементацијата на ветеното. -Добро е што главните политички конкурентни во рана фаза доаѓаат во стопанските комори во кои конципираат мислења на бизнисмените за создавање на нивните програми што ќе овозможи во нив да бидат внесени вистинските прашања што ги засегаат бизнисмените. За нас е значајно да продолжи континуираниот дијалог со бизнис заедницата, значајните закони да не се носат по скратена постапка, како и да се отвараат можности и перспективи образованието да продуцира кадри кои се потребни на стопанството, рече Азески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekonomskiot-tim-na-vmro-dpmne-na-sredba-so-stopanskata-komora-na-makedonija/feed/ 0