стопанска комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 15:42:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стопанска комора – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стопанската комора бара целосно повлекување на предлог-законот за данок на солидарност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-bara-tselosno-povlekuvane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-bara-tselosno-povlekuvane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/#respond Thu, 06 Jul 2023 15:42:18 +0000 https://kurir.mk/?p=853731

Владата вчера го повлече предлог-законот за данок на солидарност на доработка, но од Стопанската комора на С Македонија велат тоа не е решение и дека би биле целосно задоволни доколку постапката за овој предлог-закон е целосно прекината. Потпретседателот на Стопанската комора, Антони Пешев, рече дека во земјава градењето на предвидлива и добра бизнис клима е невозможно, се додека не се донесат клучни и издржани закони со кои би се работело кон подобрување на работењето на компаниите. Дополнително, кажа дека многу силно ќе се спротистават на евентуална употреба на европското знаменце за носење на вакви закони, бидејќи на тој начин ќе се нанесе штета на бизнисот а странските инвеститори ќе бидат демотивирани. „Имаме впечаток дека овој механизам се употребува и кога навистина се европски законите, но и кога за тие закони нема општ консезус во државата, па сега се употребува страничен механизам за да се злоупотреби целата работа“, вели Пешев. Македонските бизнисмени кои застанаа зад оваа иницијатива велат дека зад нив стојат најголемите компании во земјата и дека нема да попуштат се додека не се исполнат во целост нивните барања. Инаку, уште на почетокот на 2023 г. Владата најави дека ќе донесе Закон за данок на солидарност со кој сите фирми кои изминатата година оствориле приход од над 10 милиони евра ќе треба да платат еднократна јавна давачка. Со овој предлог се предвидуваше компаниите да платат данок по стапка од 30 отсто на разликата во добивката во однос на претходните 3 години Бизнисмените велат дека зад оваа иницијатива стојат најголемите компании во земјава, кои се спротивставуваат на паушалната употреба на европското знаменце во донесувањето на законите. Владата пак пресмета дека од овој данок ќе собере 90 милиони евра од околу 200 компании кои го исполнуваат предложениот услов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-bara-tselosno-povlekuvane-na-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost/feed/ 0
Стопанска комора: Владата го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но бараме целосно да се стопира неговото донесување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-vladata-go-povleche-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost-no-barame-tselosno-da-se-stopira-negovoto-donesuvane/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-vladata-go-povleche-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost-no-barame-tselosno-da-se-stopira-negovoto-donesuvane/#respond Thu, 06 Jul 2023 12:23:37 +0000 https://kurir.mk/?p=853578

Невозможно е да се гради предвидлива бизнис клима ако со години не се носат клучни, издржани закони кои би го подобриле работењето на компаниите, а се туркаат ад-хок решенија, по скратена постапка. Тоа мора да престане. Мора да научиме да почитуваме принципи и тоа што е договорено, да се имплементира. Не може да се менуваат правилата преку ноќ, ниту треба да се менуваат со секоја промена на власта. Неопходен е континуитет. Бизнисот бара систем, но смета и дека секое решение донесено од страна на државата треба да е добро, не само за стопанството, туку и за граѓаните. Ова е пораката што денеска од прес-конференција ја испратија претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, потпретседателот Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев. Тие соопштија дека Владата го испочитувала барањето на бизнис секторот и го повлекла Предлог-законот за данок на солидарност од собраниска процедура, но тоа, како што рекоа, не е доволно. Мора да се стопира целосно носењето на овој закон, а ако евентуално повторно се активира постапката за негово донесување, тогаш прво ќе треба да се разговара со бизнисот. Комората, рече Пешев, силно се противи на паушалната употреба на европското знаменце за донесување на законите, зашто се има впечаток, како што објасни, дека овој механизам се користи и кога навистина се работи за европски закони, но и кога се работи за закони за кои нема општ консензус, па практично се злоупотребува. Азески, пак, уште еднаш укажа на потребата од потпишување на Декларацијата што Комората ја донесе минатата година и зад која стојат МАНУ, универзитетите во земјава, Организацијата на работодавачи, Делегацијата на германското стопанство и Занаетчиската комора. Тоа, нагласи, ќе значи национален консензус околу клучните прашања и гаранција за спроведување долгорочни економски политики, односно „враќање од партиската кон државната агенда“. -Владата не послуша, го повлече Предлог-законот за данок на солидарност, но ние бараме не само да се повлече, туку и да се запре целосно неговото натамошно процесуирање. Очекуваме, ако го повлечле законот и ако сакаат повторно да го активираат, прво да разговараат со бизнисот. Мора да престане практиката на носење закони по брза постапка. Имаме 250 странски инвеститори и 15 000 наши членки кои бараат систем и предвидливост. За бизнисот тоа е клучно. Никој не е против да плаќа даноци, но не може преку ноќ да се менуваат правилата. Тоа што ќе се договори, треба и да се имплементира, рече Азески. Според него, излезното решение е во потпишувањето на Декларацијата, во склучување договор меѓу државниот и приватниот сектор со кој би се регулирале меѓусебните односи. -Тоа може да се направи во наредните недели и месеци. Од наша страна се е кажано, но имаме сериозен проблем со имплементацијата. Мора да научиме да почитуваме принципи, а не да ги менуваме со секоја промена на власт. Не можам да речам дека институциите не не сослушале, но работата е во имплементацијата, да се спроведат постапките за да се дојде до решенија најдобри и за бизнисот и за граѓаните, подвлече претседателот на Комората. И според потпретседателот Јовановски, бизнисот бара систем и предвидливост. Тој ги повтори укажувањата на бизнисот зошто се бара целосно стопирање на Предлог-законот за данок на солидарност. Се осврна и на т.н. Даночен календар што го иницираше Комората. -Даночниот календар значи дека заклучно со 30 јуни тековната година, државата ќе му соопшти на бизнис што е она што се менува или се воведува ново во сферата на даноците или други давачки, а ќе важи од 1 јануари. Така, бизнис секторот ќе има можност во текот на втората половина од годината, кога ги прави своите финансиски планови за наредната година, да ги вгради ефектите кои ќе произлезат од новите законски или подзаконски решенија, објасни Јовановски. Често досега, рече, нови законски решенија се предлагаат во ноември, декември, на веќе донесени финансиски планови, што предизвикува голема нерамнотежа во неработењето на компаниите. -Сега сме веќе јули, па какво било ставање на вакво решение како Предлог-законот за данок на солидарност, оди директно во спротивност со Даночниот календар, истакна Јовановски. Извршниот директор на Комората, Пешев предочи дека не може во сопствената држава да биде казнет оној што во изминатиот период бил успешен зашто се наметнал на новите пазари и остварил екстра добивка. -Секогаш кога се носи закон со социјална димензија и во кој селективно се собираат приходите од најуспешните, тогаш мора да се има и програма како ќе биде распределен. Солидарноста се однесува на компаниите ако тие навистина ја злоупотребиле својата монополска позиција на пазарот и создале екстра профит на штета на граѓаните, но тука за тоа не станува збор. Дополнително, значен дел од фирмите кои ќе бидат засегнати се од категоријата компании со странски инвеститори за кои ова е неразбирливо зашто апсолутно не било ниту предвидено, ниту најавено, туку ретроактивно им се зема дел од добивката што драматично ќе делува на нивната глобална позиција и на пазарите каде котираат. На тој начин не смееме да продолжиме. Предвидливоста е клучниот елемент на дефинирањето на програмите на компаниите кои во текот на годината се прилагодуваат според своето работење за реализирање коректни финансиски резултати, а вака, им се навлегува не само во работењето оваа година, туку им се нарушува и билансот од лани. Мислам дека Владата ќе има разбирање да не продолжи со овој данок, потенцира Пешев. Тој додаде дека злоупотребата на европското знаменце при донесувањето на законите не е поддржано од ЕУ, тоа го потврдија и нејзините претставниците на ЕУ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-vladata-go-povleche-predlog-zakonot-za-danok-na-solidarnost-no-barame-tselosno-da-se-stopira-negovoto-donesuvane/feed/ 0
Стопанска комора: Државата да ги поддржи и компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-drzhavata-da-gi-poddrzhi-i-kompaniite-koi-se-na-slobodniot-pazar-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-drzhavata-da-gi-poddrzhi-i-kompaniite-koi-se-na-slobodniot-pazar-na-elektrichna-energija/#respond Mon, 24 Apr 2023 12:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=826979

Државата треба да ги поддржи и компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија, а не да ги остава сами да се снаоѓаат и да си ги решаваат проблемите. Ако државата до јуни не им даде конкретни гаранции, компаниите треба сами да се здружат и да набават електрична енергија, беше порачано од специјалната седница на Управниот одбор на Стопанската комора. Како што истакна претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, доколку лани не и верувале на Владата и компаниите сами се здружеле и набавеле електрична енергија таа ќе ги чинела по 118 евра за мегават час просечно. Тој побара конечно да има одговорност од Владата и најави дека една од можностите што им стои на располагање на компаниите, е по судски пат да бараат надомест за штетите што ги претрпеле од неисполнетите владини ветувања. Одговорност, како што кажа, треба да се побара и од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) заради издавањето на лиценци за трговија со електрична енергија на фирмите со само 5.000 евра гаранција и дозволувањето трговците со струја да немаат никаква одговорност ако ги прекинат договорите за снабдување што ги имаат потпишано со компаниите. Присутните стопанственици укажаа дека РКЕ треба да ја намали и маржата што се наплаќа за пренос на електрична енергија, бидејќи таа е пресметана во моментот кога цената на струјата беше од 400 до 500 евра за мегават час и не соодветствува на сегашните стабилизирани цени на берзата кои се движат од 120 до 150 евра за мегават час. Резултатите од спроведената анкета на Стопанската комора за загубите кои ги претрпеа компаниите членки во енергетската криза во 2022 година покажуваат дека никаква државна поддршка не добиле 100-те компании од различни сектори кои беа на слободниот пазар на електрична енергија во кои има преку 100.000 вработени и кои генерираат најголем дел од БДП на државата. Просечната цена на електричната енергија која ја плаќале била повисока од 180 евра за мегават час и тоа придонело да им се зголемат трошоците. Во компаниите во земјоделскиот и прехранбениот сектор за 100 отсто биле зголемени трошоците во делот на електричната енергија кои влегуваат во финалната цена на производот, во хемискиот сектор до 250 отсто, во металуршкиот сектор до 470 отсто и во угостителството и туризмот од 80 до 340 отсто. Единствено во текстилната и кожарската индустрија влијанието било до 25 отсто. Најголем дел од компаниите укажуваат дека ќе им се намали обемот на работа ако и годинава има криза која ќе им ги зголеми трошоците за електрична енергија, а дел дури и не би можеле да функционираат воопшто. Укажуваат и на намалување на конкурентноста во споредба со регионот, бидејќи во регионот има субвенционирана цена на електричната енергија за стопанството. Претседателот на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), Кочо Анѓушев посочи дека сега се сменети околностите во споредба со 2022 година и дека веќе не е најевтино домашното производство на електрична енергија. Сега, потецира тој, потребно е да се направи спецификација на трошоците на енергетскиот сектор за производство на електрична енергија и согласно економската логика да се утврди дели е поевтино да се произведува струја или да се набави од увоз. Потребно е, како што кажа, да има и дисперзија на обновливите извори на електрична енергија и да не се форсираат само фотоволтаиците, туку и ветерните електрани, електраните на биогас, малите хидроцентрали,... Според него, неопходно е да се изгради и реверзибилната хидроцентрала Чебрен која ќе купува електрична енергија во периодите од денот кога ќе биде поевтина за да го полни горното езеро, а ќе произведува струја од долното езеро кога ќе биде поскапа на берзите. Во меѓувреме додека се изгради државата да размисли за субвенционирање на изградбата на батериски системи кои ќе можат да ја прифатат произведената електрична енергија во периодот кога е поевтина и да ја пласираат кога е поскапа. Субвенционирањето да биде преку намалување на даноците и царинските давачки или преку Законот за поддршка на инвестициите. Компаниите, пак, како што кажа, доколку можат треба да размислат да го прилагодат технолошкиот процес на периодите во кои има поевтина електрична енергија и на тој начин да заштедат. На државата и препорача да ја почитува Стратегијата за енергетика и да го сертифицира Министерството за економија за да може да издава зелени сертификати. Препорача и сите државни компании да мора да набавуваат електрична енергија преку берзата на електрична енергија што од мај ќе ја стартува МЕМО, а таму струја да набавува и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Само на тој начин, како што истакна, берзата ќе биде ликвидна. Анѓушев препорача што поскоро да се стават во функција магистралните гасоводи и да почне изградбата на дистрибутивните системи во градовите. Во иднина, додаде тој, државата треба во Стратегијата за енергетика да предвиди поголемо користење на хидрогенот и да предвиди изградба на капацитети за производство на хидроген кои ќе работат во периодот кога е евтина електричната енергија. Александар Гечев од ИГМ побара од државата „да ги тргне пипците“ од стопанството за тоа да биде независно од Владата. - Се додека Владата не ја намали својата улога во стопанството и воопшто во вработувањето тоа ќе биде подложно на клиентелизам и нема да биде независно, рече Гечев. Стопанствениците побараа Владата да размисли да им овозможи на стопанствениците кои немаат обновливи извори на енергија да инвестираат во батериски системи за да можат да ја купуваат електричната енергија кога е по пониска цена и да ја продаваат кога ќе биде повисока. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-drzhavata-da-gi-poddrzhi-i-kompaniite-koi-se-na-slobodniot-pazar-na-elektrichna-energija/feed/ 0
Стопанската комора ќе утврдува мерки за надминување на енергетската криза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-ke-utvrduva-merki-za-nadminuvane-na-energetskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-ke-utvrduva-merki-za-nadminuvane-na-energetskata-kriza/#respond Mon, 24 Apr 2023 05:39:19 +0000 https://kurir.mk/?p=826752

Предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, денеска треба да бидат утврдени на седница на Управниот одбор на Стопанската комора. -Стопанската комора, по спроведената анкета за загубите кои ги претрпеа компаниите членки во енергетската криза во 2022 година, ги презентираше резултатите пред двете највисоки тела на Комората. Како што беше дефинирано, конкретните предлог мерки и решенија за надминување на енергетската криза, ќе бидат утврдени на специјалната седница на Управниот одбор на Стопанската комора на  Македонија, со која заседава претседателот на Комората, Бранко Азески и на Македонската енергетска асоцијација (МЕА), која е раководена од проф. д-р Кочо Анѓушев, се вели во соопштението на Комората. Седницата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора со почеток во 11 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-ke-utvrduva-merki-za-nadminuvane-na-energetskata-kriza/feed/ 0
Стопанска комора: Обемот на соработката во регионот се намалува, компаниите во многу тешка позиција поради неизвесноста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-obemot-na-sorabotkata-vo-regionot-se-namaluva-kompaniite-vo-mnogu-teshka-pozitsija-poradi-neizvesnosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-obemot-na-sorabotkata-vo-regionot-se-namaluva-kompaniite-vo-mnogu-teshka-pozitsija-poradi-neizvesnosta/#respond Tue, 28 Mar 2023 07:38:00 +0000 https://kurir.mk/?p=817200

Обемот на соработката во регионот се намалува, земјите се слабо интегрирани во светската трговија, а светскиот извоз во изминатиот период бележи значителен пораст. Компаниите се во многу тешка позиција поради неизвесноста која е катастрофална за бизнисот и смрт за инвестициските активности и нивниот развој, оценува Стопанската комора. -За илустрација, земјите од Западен Балкан со извоз на добра и услуги од близу 40 проценти од БДП далеку заостануваат во однос на другите земји, како, на пример, Словачка, Естонија, Латвија и Словенија, чиј извоз достигнува и до 80 отсто од БДП. Влегуваме во неизвесност која е катастрофална за бизнисот. Компаниите во овој момент се наоѓаат во многу тешка позиција, бидејќи ваквата неизвесност е смрт за инвестициските активности и за нивниот развој, наведува Комората и воедно информира дека нејзиниот претседател Бранко Азески именувал олеснувачи на преговорите меѓу Србија и Косово за надминување на административните бариери кои го кочат бизнисот. За модератори и олеснувачи на преговарачкиот процес за надминување на административните бариери во економската соработка меѓу Србија и Косово, што ќе се одвиваат меѓу тимови од стопанските комори на двете земји се назначени Елена Милевска Штрбевска и Јадранка Аризанковска, советници од Кабинетот на Азески. Првиот состанок ќе се одржи во четврток, на 30 март во Скопје, согласно утврдена динамика. Целта е што побрзо разрешување на сите спорни прашања поврзани со административните бариери кои ја кочат економската соработка меѓу овие две земји. -Веќе 12 години се одвива дијалогот Белград – Приштнина, со посредство на Европската унија, во кој на политички план сѐ уште не се постигнати значителни резултати. Од прогласувањето на независноста на Косово, во 2008 година, помеѓу двете земји постојат различни предизвици во однос на економската размена, имајќи предвид дека официјален Белград не ги признава документите кои ги издаваат косовските институции, како на пример сертификатите за потекло на производите од Косово. Усогласувањето на спорните прашања во трговската соработка меѓу Србија и Косово е исклучително важно економско, но и политичко прашање, од причина што може да доведе до нормализација на односите помеѓу овие две земји, како нов исчекор во децениските тензични односи. Постојат и веќе потпишани договори кои треба да обезбедат основа и инструменти за значајно подобрување на конкурентноста, економската кохезија и поврзаноста на целиот регион на Западен Балкан. Од тие причини и Стопанската комора на Северна Македонија, како активен учесник во процесите на унапредување на регионалната соработка, посветено се вклучи и во овој процес чии придобивки би значеле и поттикнување на креативниот, економскиот и научниот потенцијал на регионот во целина, наведува Комората. Според Комората, за да се елиминираат сите недостатоци кои се јавуваат во трговската размена, сега е вистинско време да се повлечат мудри потези, во насока на интензивирање на регионалната интеграција и трговската соработка, што ќе обезбеди економски просперитет на двете земји, но и на Западен Балкан во целина. -Затоа, за почеток е потребно отстранување на сите административни бариери и создавање услови за подобрување на економската соработка, доколку сакаме странските партнери и меѓународните институции да гледаат на регионот како просперитетен иден политички и економски партнер, смета Стопанската комора. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-obemot-na-sorabotkata-vo-regionot-se-namaluva-kompaniite-vo-mnogu-teshka-pozitsija-poradi-neizvesnosta/feed/ 0
Стопанска комора: Да се повлече новиот закон за игри на среќа, ќе ги затвори компаниите и ќе поттикне сива економија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-da-se-povleche-noviot-zakon-za-igri-na-sreka-ke-gi-zatvori-kompaniite-i-ke-pottikne-siva-ekonomija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-da-se-povleche-noviot-zakon-za-igri-na-sreka-ke-gi-zatvori-kompaniite-i-ke-pottikne-siva-ekonomija/#respond Wed, 08 Mar 2023 10:13:02 +0000 https://kurir.mk/?p=809424

Групацијата за игри на среќа при Стопанската комора на Северна Македонија уште еднаш јавно го изразува ставот на приредувачите на игри на среќа во пресрет на носењето на новиот закон за игри на среќа кој се наоѓа во собраниска процедура (изгласан на седница на Влада на 21 февруари 2023). За членките на Групацијата, постапката која се спроведува за носење на законот во Парламентот е спорна по неколку основи. Тие бараат од Предлог-законот да биде тргнато европското знаме и текстот целосно да биде повлечен за да се остави простор за широка дискусија во која бизнис секторот ќе може да ги аргументира своите ставови, со цел носење ефикасен и европски закон. Од компаниите-членки на Групацијата директно и индиректно редовни примања добиваат околу 54 000 луѓе. Укажувањата се дека ако се изгласа законот како што е предложен, ќе се стави клуч на врата на легалните приредувачи на игри на среќа, но играњето нема да запре, играчите ќе бараат алтернатива и ќе се префрлат на нелегални локации, каде државата ќе нема контрола ниту врз средствата, ниту врз безбедноста на играчите. -Прво, на новиот Закон за игри на среќа се става европско знаме иако во Европската Унија не постои посебна Директива која ги уредува игрите на среќа, туку е оставено секоја земја поединечно да го регулира законското работење. Европското знаме на овој нов предлог закон се става само со повикување на Препораката од ЕУ - CELEX32014H0478 која се однесува на заштита на потрошувачите и играчите на интернет игри на среќа и спречување на малолетниците за учество во интернет игрите на среќа. Оваа препорака не е обврзувачка ниту за членките на ЕУ а уште помалку за пристапните земји членки. Преку ставање на ЕУ знаме на Законот, истиот наместо во матичната комисија за финансирање и буџет, ќе биде ставен на разгледување во Комисијата за европски прашања во Собранието на РСМ, а со тоа се оневозможува да се отвори јавна расправа по предлог законот. Второ, иако образложението е дека новиот Предлог-закон се носи со цел да се унапреди дејноста, всушност измените ќе значат тотално гаснење на индустријата на игри на среќа и ќе поттикне сива економија во дејноста, која сега со постојната законска регулатива е на исклучително високо ниво регулирана и усогласена со европските закони, наведува Комората. Комората укажува и дека Предлог-законот не се носи во транспарентна процедура со што, како што подвлекува, се заобиколува правната сигурност во дејноста во која за своето работење сите компании имаат важечки лиценци за работа со кои се обврзуваат и гарантираат почитување на пропишаните законски прописи, регулативи и норми. -Во Предлог-законот и овој пат е изоставен делот со кој се овозможува приредувачите да организираат онлајн игри на среќа како во сите европски земји. Приредувачите на игри на среќа како општествено одговорни компании продолжуваат и со активни едукативни кампањи и силна финансиска поддршка, поради што постои верување дека укажувањата на бизнисот ќе бидат земени во предвид и во Собранието нема да се изгласа закон чии штетни последици ќе бидат повеќекратни, истакнува Стопанската комора.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-da-se-povleche-noviot-zakon-za-igri-na-sreka-ke-gi-zatvori-kompaniite-i-ke-pottikne-siva-ekonomija/feed/ 0
Лажно репрезентативна „Стопанска комора за Енергетика“, шири лажни вести и паника во македонската јавност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazno-reprezentativna-stopanska-komora-za-energetika-shiri-lazni-vesti-i-panika-vo-makedonskata-javnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazno-reprezentativna-stopanska-komora-za-energetika-shiri-lazni-vesti-i-panika-vo-makedonskata-javnost/#respond Wed, 21 Sep 2022 15:32:22 +0000 https://kurir.mk/?p=735845

Стопанска комора од која се појавува само еден човек, веќе неколку години во македонската јавност се претставува како релевантна институција во енергетиката и шири лажни вести поврзани со енергетскиот сектор, пренесува „Лидер“. Од „Стопанска комора за Енергетика“, објавија информација дека на граѓаните им се краде преку нивните броила, информација за која што не нудат ниту еден доказ, а проверките во ЕВН и во институциите кои ја контролираат велат дека нема ниту еден доказ дека броилата надбројуваат. Втора информација објавена од комората сугерира дека во Арачиново не се интервенира затоа што се краде струја, туку затоа што наводно треба на граѓаните да им се монтираат некакви броила од кои ќе им се наплаќа повеќе, иако сите јавно видовме дека на дел од трафостаниците во скопско Арачиново, се крадела 98% од електричната енергија. Во исто време, од истата комора се заговара дека на ЕВН Македонија треба да и се одземе дозволата за работа затоа што на граѓаните им фактурира „дистрибуција на електрична енергија“ односно мрежарина, нешто што им беше наложено да го фактурираат од страна на Регулаторната комисија за Енергетика. Чудно е кога се бара компанија да ја изгуби лиценцата, затоа што постапува согласно со инструкциите од нејзиниот регулатор. ПОПУЛАРНАТА „КОМОРА“ НЕ Е ДЕЛ НИТУ ОД СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА, НИТУ ОД СОЈУЗОТ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ Во македонските медиуми често може да се прочитаат јавни соопштенија, реакции, постови на социјалните мрежи и прес конференции од наводна „Стопанска комора за Енергетика“. Обично објавите на оваа комора се насочени кон тоа да шират паника во енергетскиот сектор за наводни катастрофални сценарија, но, во изминатиот период зачестено може да се забележат и континуирани напади кон ЕВН Македонија, компанија која дистрибуира електрична енергија до нашите домови. Колегите од информативните редакции на медиумите во Македонија, многу често ги пренесуваат соопштенијата кои доаѓаат од „Стопанската Комора за Енергетика“, мислејќи дека истата е дел од „Стопанската комора на Северна Македонија“ или „Сојузот на стопански комори на Македонија“ кои претставуваат две репрезентативни комори во земјава во опсегот на компании кои членуваат во нив но и како социјален партнер на државата. Проверката која ја спроведе редакцијата на Лидер во овие две репрезентативни сојузи на компании, покажува дека „Стопанската Комора за Енергетика“ не членува ниту во ниту во СКСМ, ниту во ССК. Во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија, која долги години ја предводи Бранко Азески, постои „Македонска енергетска асоцијација – МЕА“ во која членуваат најголемите приватни компании во земјата кои се бават со производство, снабдување и трговија со електрична енергија а претседател на оваа комора е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев. Во другата голема стопанска комора во земјава ССК, која ја предводи бизнисменот Трајан Ангелоски, исто така постои групација за енергетика, која го носи називот „Групација за енергетска ефикасност и производство на енергија“. -Групацијата за енергетска ефикасност е формирана во 2012 година рамки на Индустриската Комора при Сојуз на стопански комори на Македонија. Целта на групацијата е здружување во насока на оптимизација на трошоците за електрична енергија. – стои на нивната веб страница. Во групацијата на ССК, повеќе членуваат помали производители на електрична енергија и најчесто оние кои се бават со зелена енергија. Сепак и овде како и во Стопанската комора на Македонија, не членува никаква Стопанска комора за енергетика. Повеќе на Лидер.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazno-reprezentativna-stopanska-komora-za-energetika-shiri-lazni-vesti-i-panika-vo-makedonskata-javnost/feed/ 0
Стопанската комора го актуелизира проблемот со цената на струјата и опстанокот на фирмите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-go-aktuelizira-problemot-so-cenata-na-strujata-i-opstanokot-na-firmite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-go-aktuelizira-problemot-so-cenata-na-strujata-i-opstanokot-na-firmite/#respond Mon, 22 Aug 2022 05:20:31 +0000 https://kurir.mk/?p=721836

Стопанската комора на Северна Македонија денеска на прес-конференција ќе се осврне на проблемот со цената на струјата од која зависи опстанокот на фирмите и работните места. На прес-конференцијата, како што е најавено, ќе се обрати потпретседателот на Комората Зоран Јовановски. На средбата, што во јули се одржа меѓу Македонската енергетска асоцијација и претставници на Владата, беше побарано да се зголеми домашното производство на електрична енергија со вклучување на ТЕЦ Неготино и гасната електрана ТЕ-ТО, електричната енергија произведена од повластените производители на енергија односно т.н. зелена енергија повторно да биде наменета само за потребите на индустриските капацитети кои набавуваат струја на слободниот пазар, како и да се олесни постапката за поставување на фотоволтаици за индустриските капацитети. И претседателот на Стопанската комора Бранко Азески во неговата најнова колумна оценува дека спојувањето на енергетската, финансиската и здравствената криза неминовно бара единствена државна агенда. – Неделата „Д“ е пред нас, ние сме спремни за разговори со потребното ниво на мобилизација и аргументи, но и оценки за моменталната реалност кои што се над најпесимистичките прогнози (512 евра за мегават час, цена на HUPEX берзата на 20.8.2022 година), вели Азески меѓу другото во колумната.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stopanskata-komora-go-aktuelizira-problemot-so-cenata-na-strujata-i-opstanokot-na-firmite/feed/ 0
Стопанска комора: Да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-da-se-zgolemi-domashnoto-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-i-da-se-iskoristat-site-mozni-resursi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-da-se-zgolemi-domashnoto-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-i-da-se-iskoristat-site-mozni-resursi/#respond Fri, 19 Aug 2022 09:18:59 +0000 https://kurir.mk/?p=720921

Стопанската комора бара од Владата да ги реализира нивните заклучоци презентирани во јули годинава и нагласува дека е потребно да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси. При тоа смета дека набавката на јаглен и мазут за ТЕЦ Неготино треба да има апсолутен приоритет веднаш. -За да може да се обезбедат нови количини на мазут потребно е да се пушти продажбата на слободен пазар, односно да се тргне од листата на регулирана цена, за да не се случи недостиг на пазарот, велат од Стопанската комора. Нагласуваат дека ТЕ-ТО треба да биде во функција цела година, бидејќи, како што посочуваат, многу е важно да се има домашно производство не само во услови за да има стабилност, туку и за услови доколку се случи затворање на границите и на cross border протокот (преку граничниот проток на електрична енергија). – Во спротивно ќе се случат рестрикции што негативно ќе се одрази на континуирано производство на домашната економија, велат од Стопанската комора. Потсетуваат дека 40 до 45 мегавати фотоволтаици што се инсталирани и/или се инсталираат, се уште чекаат на приклучок на мрежа. Се бара ЕВН и сите субјекти кој што се одговорни да ги приклучат во најбрз можен рок, бидејќи, нагласуваат, дека нема економска оправданост да има инсталирани фотоволтаици, а да не се ставени во функција само затоа што не се приклучени на мрежата. -Владата да ја врати Уредбата која беше во функција во услови на прогласена кризна состојба со која целокупната произведена енергија од обновливи избори беше насочена само за индустријата. Тоа беше и единствена мерка за поддршка на индустријата во делот на набавка на енергенси со поповолни услови. Со укинување на таа Уредба енергијата произведена од обновливи извори наменета за индустријата се намали за цели 8 процентни поени и сега изнесува од 6 до 7проценти, што значи со губењето на енергија од обновливите извори за потребите на индустрија производните трошоци на компаниите ќе растат, истакнуваат од Стопанската комора.. Се бараат и измени во Законот за градба, со цел легализирање на индустриски капацитети/објекти само со Г намена (за незагадувачка индустрија), кои се изградени согласно веќе донесените урбанистички планови и имаат основни проекти, но немаат дозвола за градба од повеќе објективни причини. -Потребно е Регулаторна комисија за енергетика да подготви Правилник за организирање дистрибутивни мрежи, велат од Стопанската комора. Според нив, со зголемување на инсталираната моќност од фотоволтаиците ќе настане потреба од градење на 110 киловолтни трафостаници, а на тие ќе има можност да се приклучат и други производители. Порачуваат дека е неопходно са се спречат злоупотребите на стопанските субјекти кои се префрлаат на универзален снабдувач, а при тоа ги исполнуваат условите да бидат на слободен пазар. -Тоа е работа на Регулаторна комисија за енергетика, која при вака констатирани злоупотреби треба да му даде налог на ЕВН истите да се прекинат, бидејќи со таквата злоупотреба се прават две штети. Прво се ставаат економските субјекти во нерамноправна положба и второ непотребно се оптоварува ЕСМ, појаснуваат од Стопанската комора. Овие заклучоци на Комората, како што посочуваат, се донесени и изградени во текот на јули, а сегашната ситуација е подраматична (тоа го покажуваат сметките за струја кои ги добиваат компаниите овие денови и раст на цената на струјата на берзата). Комората смета дека фокусирањето на ова прашање мора да има апсолутен приоритет, бидејќи се погласни се предупредувањата од компаниите дека без државна поддршка тие немаат друга алтернатива освен да го редуцираат производството, бројот на вработените и економската активност, да не зборуваме дека инвестиционите активности ке станат мисловна именка. -И досега за одредени прашања сме имале различни ставови, некогаш сме наоѓале заеднички јазик, некогаш не, но ова прашање добива такви димензии, ако не изградиме заеднички став може да доведе до состојба од која враќањето на нормалното функционирање на компаниите ќе биде невозможно, велат од Стопанската комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanska-komora-da-se-zgolemi-domashnoto-proizvodstvo-na-elektrichna-energija-i-da-se-iskoristat-site-mozni-resursi/feed/ 0
Тимови на Стопанската комора од утре на Табановце, ќе ги следат процедурите за влез и излез на стоки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timovi-na-stopanskata-komora-od-utre-na-tabanovce-kje-gi-sledat-procedurite-za-vlez-i-izlez-na-stoki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timovi-na-stopanskata-komora-od-utre-na-tabanovce-kje-gi-sledat-procedurite-za-vlez-i-izlez-na-stoki/#respond Thu, 30 Jun 2022 09:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=697755

Стопанската комора на Македонија од утре до крајот на август ќе испраќа свои тимови на граничниот премин Табановце за да утврди како течат постапките при увоз и извоз на стоки и дали се точни пријавите од компаниите дека нивни камиони таму се задржуваат и чекаат по три до четири дена. Тимовите ќе бидат на Табановце од 9 до 15 часот и ќе имаат соодветни ознаки за да бидат препознаени од компаниите и службите. За нив е обезбедена и канцеларија од Царинската управа. -Стигнуваат реакции од фрими дека чекаат по три до четири дена на Табановце. Сакаме да утврдиме дали е тоа навистина така, како течат постапките и процедурите, дали има ефект иницијативата Отворен Балкан. По утврдување на состојбите, ќе иницираме евентуална промена на регулативи или други решенија, зависно од согледаните проблеми. Времето на задржување на камионите е многу важно, но во нашиот фокус сега е да направиме целосно согледување на терен на целокупната постапка – не само времето, туку целата процедура: процесирање на докумненти, нивна обработка, сертификати за стоката, земање мостри, анализи,… Тоа ќе ни овозможи креирање соодветни предлози за промени и поголема ефикасност на процесот, рече на прес-конференција в.д. извршната директорка на Комората, Билјана Пеева Ѓуриќ. Таа објасни дека Табановце е избран прв зашто е наш најфреквентен премин, но нема да биде и единствен, вакви „контроли“ Комората планира да спроведе и на другите гранични точки, а следна веројатно ќе биде Ќафасан. -Ефикасното преминување на границите е круцијално зашто трошоците при долгото чекање се многу често поголеми од фактичките трошоци за царините. Дигитализацијата, транспарентноста и формалностите на границите се императив за непречен проток на стоки и напредок во овој дел има, а нашите служби се и поефикасни во регионот и некои европски држави во однос на помалку хартија за увозно-извозните постапки. Но, независно од ваквите извештаи, пристигнуваат реакции дека постои простор за подобрување на состојбите. На Табановце има колони камиони за влез и излез од државата. Затоа вработени во Комората од 9 – 15 часот ќе бидат на граничниот премин, а целта е да се согледаат ефектите од Отворен Балкан и генералната функционалност на граничниот премин, истакна Анета Димовска, координатор на првата група вработени во Комората кои ќе присуствуваат на Табановце во јули. Стопанската комора најавува и дека од денеска на нејзината веб страница е објавен повик до компаниите – да ги адресираат сите нивни укажувања за проблемите и состојбите на Табановце. Пред три месеци, на средбата со Стопанската комора на Србија која се реализираше токму на Табановце, беше констатирано дека царинските и полициските контроли за камионите траат околу четири минути, но целата постапка, со ветеринарните и фитосанитарните контроли, е околу половина час. Во првиот квартал од годинава, обемот на размена со Србија е зголемен за 26 отсто. Нашиот извоз е зголемен за 34 проценти, а увозот бележи 23 отсто раст. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/timovi-na-stopanskata-komora-od-utre-na-tabanovce-kje-gi-sledat-procedurite-za-vlez-i-izlez-na-stoki/feed/ 0