стопански комори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Nov 2020 11:21:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стопански комори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стопанските комори контра Владата: Нереални буџетските проекции за 2021, владата целосно потфрли https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskite-komori-kontra-vladata-nerealni-budzetskite-proekcii-za-2021-vladata-celosno-potfrli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskite-komori-kontra-vladata-nerealni-budzetskite-proekcii-za-2021-vladata-celosno-potfrli/#respond Tue, 17 Nov 2020 11:20:57 +0000 https://kurir.mk/?p=430621

Владата го одобри буџетот за 2021 година, но економските комори на Македонија велат дека проекциите се нереални во време кога земјата и целиот свет се соочуваат со тешки последици од пандемијата на корона вирусот. Предлог-буџетот за следната година се предвидува да биде над 4 милијарди евра. Од даноци и други приходи се планира да се соберат 3,4 милијарди евра, додека остатокот од околу 500 милиони евра ќе треба да се обезбедат од заеми и од приватизацијата на земјоделското земјиште и на државните претпријатија. Дрилон Исени од Стопанската комора на северозападна Македонија, смета дека многу од мерките, предвидени во буџетот не мжат да се спроведат во пракса. Тој вели дека загрижувачки од предлог буџетот за идната година, се очекувањата на владата да обезбеди приходи од даноци во вредност од 3,5 милијарди евра. Исени за Радио слободна Европа на албански јазик, вели дека оваа проекција е нереална затоа што македонската економија е многу ослабена, а пандемијата со корона вирусот сеуште не е завршена и не се знае кога точно ќе заврши. „Многу од мерките не можат да се спроведат во пракса. Најзагрижувачки во овој предлог-буџет се очекувањата на владата за обезбедување приходи во буџетот од 3,5 милијарди евра. Сметаме дека овие очекувања се нереални, бидејќи во време кога пандемијата сè уште не е завршена, во ситуација кога економската активност е забавена, како во однос на потрошувачката, извозот на стоки или услуги што се намали на минус 32 проценти, како и увозот минус 30 проценти, прашање е како може да се постигнат приходи од 3,5 милијарди евра“, вели Дрилон Исени од Стопанската комора на северозападна Македонија. Сојузот на стопански комори на Македонија ја проценува потребата за поддршка не само на здравствените и другите социјални аспекти на категориите кои се под ризик од пандемија, туку и да не се исклучат другите сектори на кои ќе им биде потребна финансиска поддршка, мислејќи на стопанството. Претседателот на Комората, Даниела Арсовска на својот официјален Фејсбук профил, ја истакна итната потреба за спроведување на мерките од Четвртиот пакет за економска помош, бидејќи, како што вели, оптимизмот кај граѓаните но и економијата е намален. „Следната година треба да биде година на справување со неформалната економија и корупција, година на елиминирање на оние субјекти кои работат нерегистрирани и заработуваат милиони без да дадат ниту денар до државниот буџет“, пишува Арсовска. Најголем дел од парите, скоро 1,5 милијарди евра се предвидени за социјална заштита, потоа за економските прашања 1,14 милијарди евра, 600 милиони евра треба да одат за здравство, 465 милиони евра за образование, 280 милиони евра се предвидени за јавниот ред, 161 милиони евра за одбрана и 23 милиони евра за животната средина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskite-komori-kontra-vladata-nerealni-budzetskite-proekcii-za-2021-vladata-celosno-potfrli/feed/ 0
Мисајловски: „Оставени сме сами на себе !!!“, Дали ова е слоганот што полека се наметнува во каква ситуација не носи власта и нивната суета? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ostaveni-sme-sami-na-sebe-dali-ova-e-sloganot-shto-poleka-se-nametnuva-vo-kakva-situacija-ne-nosi-vlasta-i-nivnata-sueta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ostaveni-sme-sami-na-sebe-dali-ova-e-sloganot-shto-poleka-se-nametnuva-vo-kakva-situacija-ne-nosi-vlasta-i-nivnata-sueta/#respond Tue, 07 Apr 2020 12:09:51 +0000 https://kurir.mk/?p=328607

После вчерашната изјава на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски за една национална телевизија, во која тој вели дека „Оставени сме сами на себе, со реакција излезе потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски, повикувајќи ја власта дека време е за разум и заедничка работа, а не да бидеме сите оставени сами на себе. Во продолжение ви ја пренесуваме целата реакција на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски: Оставени сме сами на себе !!! Дали ова е слоганот што полека се наметнува во каква ситуација не носи власта и нивната суета? Со ваков однос од страна на власта во Куманово станува се појасно дека локалната власт е оставена на милост и немилост, докторите мака мачат да помогнат, а граѓаните сами ќе се борат за да го победат вирусот и пандемијата. Сведоци сме на гужви пред банките, народ насобран пред продавниците и аптеките и за тоа воопшто не се криви граѓаните, туку негрижата на власта кон народот и нивните лоши економски мерки што го остава секој поединец со празни чебови. Секој ден слушаме како угостителите се доведени до колапс, отпуштаат вработени бидејќи немаат друга алтернатива, занаетчиите апелираат дека ќе изумрат чаршиите, малите дуќанчиња незнаат дали ќе извадат средства за трошоци да покријат, фабриките полека се затвараат, а увозот и извозот ги снемува. Завршете ги сите итни јавни набавки за респиратори и за сите медицински потреби и нема да ве критикуваме за цената, бидејќи секој нареден изгубен ден ќе се качуваат цените во светот, а многу повеќе е вреден било кој човечки живот да го спасиме, отколку било која ваша цена постигната на вашите тендери. Дајте им на фирмите добри финансиски средства веднаш и верувајте, не само што работниците ќе ве поздрават, туку со овој чекор тие фирми ќе ја помогнат државата да се врати на добра патека. Време е за разум и заедничка работа, а не да бидеме сите оставени сами на себе. #ЗаЗаедничкаИднина?? #СедиДома ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ostaveni-sme-sami-na-sebe-dali-ova-e-sloganot-shto-poleka-se-nametnuva-vo-kakva-situacija-ne-nosi-vlasta-i-nivnata-sueta/feed/ 0
Стопанските комори ги доставија антикризните барања до Владата, еве што бараат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskite-komori-gi-dostavija-antikriznite-baranja-do-vladata-eve-shto-baraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskite-komori-gi-dostavija-antikriznite-baranja-do-vladata-eve-shto-baraat/#respond Mon, 16 Mar 2020 16:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=317358

Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија, МАСИТ и Сојузот на стопански комори (ССК) денеска до Владата и официјално ги доставија барањата за справување со новонастанатата ситуација предизвикана од коронавирусот. Барањата се групирани во пет сета, а дописот е адресиран до вицепремиерката Мила Царовска. Даночни олеснувања, субвенционирање на платите за сите вработени додека траат превентивните мерки, субвенции на трошоците на компаниите за бруто плати за сите кои се отсутни од работа – хронично болни и родители на деца под 10 години, исплаќање нето плати без придонеси без да се блокираат сметките и без казни за работодавачите ако некоја фирма не може да исплати цела плата, намалување на придонесите за сите вработени од најмалку 50 отсто додека трае кризата поради намален ефективен фонд на часови, се само дел од барањата на четирите комори. Според коморите, вработените кои ќе бидат дома и во самоизолација треба да имаат третман на болни и да бидат платени од Фондот на здравство за период од еден месец, а потоа да се дејствува согласно ситуацијата. Во однос на даноците бизнис секторот бара одложување на даночните обврски во секторите и фирмите подгодени од коронавирусот, концесиите кон државата да бидат намалени додеа трае кризата, мораториум на месечните аконтации за данок на добивка и обврските за ДДВ додека трае кризата, субвенционирање на персоналниот данок и данок на личен доход за сите вработени, намалување на данок на личен доход за период од 3 месеци, поврат на ДДВ да  се врши со зголемена динамика. Во дописот се бара и намалување на акцизата за нафтени деривати и алкохол до 50 отсто, плаќањата кон домашните компании да имаат приоритет, да се продолжат роковите за изведба на потпишаните договори, намалување на комуналната такса, како и пристап до финансии и дефенирање посебни мерки за сектрорите од посебно значење. За ланецот на снабдување со течни горива и фармацевската и хемиската индустрија се бара план за зачувување на функционалноста на снабдувањето. – Да се преземат итни мерки за функционирање на ланецот на супермаркети, да не се плаќа туристичка такса додека трае состојбата, да нема трошоци за ЗАМП, а субвенциите за странските гости да се пренаменат кон домашните хотели. Да се обезбеди поддршка за намалување на штетите од секторот „игри на среќа“, односно 100 проценти ослободување од вкупните придонеси за плати за април, 50 отсто ослободување од персоналниот данок за кирии за месец март и 100 проценти осолободување од персоналниот данок за кирии за април, пишува во дописот.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stopanskite-komori-gi-dostavija-antikriznite-baranja-do-vladata-eve-shto-baraat/feed/ 0