стопанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 25 Sep 2022 07:39:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стопанство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Идната недела клучна за струјата за стопанството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/idnata-nedela-kluchna-za-strujata-za-stopanstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/idnata-nedela-kluchna-za-strujata-za-stopanstvoto/#respond Sun, 25 Sep 2022 07:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=737100

Идната недела треба да се знае од каде ќе се набавува електрична енергија за стопанството, додека за граѓаните и за малите компании кои се на регулираниот пазар, како што уверуваат надлежните, снабдувањето со електрична енергија е сигурно. Од Владата велат дека и грејната сезона ќе почне навреме. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера најави дека следната недела е клучна кога би требало да се знае од каде ќе се набавува струја за стопанството. – Има позитивни сигнали. Наредната недела ќе имаме конкретни сознанија што е тоа што можеме да го понудиме на стопанството, изјави Битиќи по манифестацијата посветена на граѓанските организации и социјални претпријатија. Се што е под берзанската цена, според Битиќи, може да се смета за евтина цена. – Имаме ситуации кога цените одат до 1.000 евра по мегават и ако се понуди цена од 300 евра, тоа е навистина евтино зашто е помалку од една третина од цената на електричната енергија. Знам дека капацитетот на стопанството понекогаш не е толку подготвен да плати, но се обидуваме да им обезбедиме струја. Ова се времиња на преживување, предупреди вицепремиерот. И министерот за економија Крешник Бектеши во петокот изјави дека се преговара со сите соседни држави за да се обезбеди поевтина електрична енергија за стопанството, но според него, очекувањата на бизнис секторот се максимални. – Бараат директна субвенција од страна на државата од 20 милиони евра за првите десет потрошувачи во државата чија потрошувачка е околу 80 илјади мегавати по час. Ако ги земеме предвид денешните цени и колку бараат субвенција, само за овие десет компании, државата треба да одвои околу 20 милиони евра, изјави Бектеши во петокот за дневникот на телевизија „Сител“. Ваквите барања на стопанството, според Бектеши, се нелогични затоа што токму тие 10 најголеми потрошувачи на електрична енергија имаат направено огромни профити минатите години. И Бектеши уверува дека нема да се склучи договор за набавка на струја по берзански цени. Во моментот се преговара со Бугарија за набавка на струја, а во четвртокот министерот Бектеши беше и во посета на Турција. Се прават и напори во зимскиот период во основните и средните училишта наставата да се одвива со физичко присуство по барањата на дел од општините да се премине кон онлајн настава поради високи трошоци за затоплување на училиштата. И Синдикатот за образование, наука и култура побара Владата и Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) да изнајдат прифатливо решение за надминување или ублажување на енергетската криза во училиштата. За домаќинствата и малите компании кои се на регулираниот пазар, до март ќе има струја. – Тоа значи дека граѓаните и 70 илјади компании кои се наоѓаат на регулираниот пазар не треба да стравуваат за електрична енергија до март следната година, изјави вчера Битиќи. И премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „Гласот на Америка“ посочува дека интензивно се преговара со соседните држави за да се обезбеди електрична енергија за стопанството и доволни количини на суровини за домашните енергетски капацитети. – Го имаме зголемено и производството на електрична енергија во државните капацитети РЕК Битола, Осломеј и ТЕЦ Неготино. Со тоа ја обезбедуваме електричната енергија за граѓаните и малите потрошувачи. Некаде околу 600.000 домаќинства и 70.000 мали компании добиваат субвенционирана струја од 80 отсто – што значи дека доколку не е субвенцијата од државата, тие би плаќале пет пати поголеми сметки за енергија. Она што во моментов го правиме е да обезбедиме електрична енергија преку директни договори со други држави за стопанството односно за големите потрошувачи на либерализираниот пазар со оглед на тоа што цените кои во моментов се на светските енергетски берзи, не се соодветни за македонското стопанство, меѓутоа не се соодветни за ниедно друго стопанство во регионот и Европа. Ќе продолжиме во таа борба за обезбедување на енергенси, истакнува Ковачевски во интервјуто. Надлежните уверуваат дека ќе има и испорака на топлинска енергија. Вицепремиерот Битиќи е категоричен дека БЕГ, компанија на која и се одземени лиценците за работа, мора да испорачува топлинска енергија додека не се определи новиот економски оператор. Вели дека согласно законот, БЕГ е обврзана и да има доволно резерви на природен гас и други суровини за да обезбеди топлинска енергија. Засега останува отворено прашањето со сопственоста на топланите Исток и Запад, кои пред повеќе од една година ги купи „Адора Инженеринг“, а која сака да и ги продаде на ЕСМ по иста цена по која ги купила. За компанијата, е неприфатлива опцијата „закуп“ ако нема јасна интенција за купопродажба на топланите. Вицепремиерот Битиќи смета дека закупот е легитимна алатка и нагласува дека процесите мора да бидат согласно законот. – Инсистирањето на еден од чинителите за промена на сопственоста е легитимна, но ќе се склучи според законите. Закупот е легитимна алатка преку која ќе се искористат топланите Исток и Запад и ќе се испорача топлинска енергија, а во меѓувреме има доволно временски период да се запазат сите законски процедурии ако треба да се заокружи откупот на сопственоста, изјави вчера Битиќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/idnata-nedela-kluchna-za-strujata-za-stopanstvoto/feed/ 0
Мицкоски: Владата должи кон домашното стопанство 400 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-dolzi-kon-domashnoto-stopanstvo-400-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-dolzi-kon-domashnoto-stopanstvo-400-milioni-evra/#respond Thu, 10 Mar 2022 22:26:54 +0000 https://kurir.mk/?p=645193

Има алармантен податок дека околу 400 милиони евра е долгот на владата внатре во рамки на институциите, но и кон приватниот сектор. Тоа е сериозен внатрешен долг. Ова се податоци кои се транспарентни, нека ме демантираат ако не е така, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија.

Мицкоски истакна дека да биде попрецизен бројката е точно 389 милиони во четвртиот квратал и тоа се сериозни податоци кои се алармантни.

-Ова се сериозни податоци, не е ова гола бројка, ние имаме внатре правни субјекти кои меѓу себе се должничко доверителски поврзани. Сега ако јас вас не ве платам, вие ќе доцните со плата на вработените, ако вработениот не земе навреме плата, нормално е дека ќе има лош квалитет на живот за него и за неговото семејство. Ќе мора се скрати од буџетот иако заработил, нагласи Мицкоски.

Во врска со пакетите мерки на власта, Мицкоски изјави дека власта нема мерки со кои ќе стимулира да речеме вработување и да ги задржат вработените.

-Немаат мерки кои ќе им помогнат на компаниите да ги задржат работните места и да не ги отпуштаат вработените. Во овој пакет нема мерки кои ќе се стимулираат да се обезбедат работните места, потенцираше Мицкоски.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vladata-dolzi-kon-domashnoto-stopanstvo-400-milioni-evra/feed/ 0
Арсовски: СДСМ како партија и власт да не бара оправдување, нека ги зголеми платите и нека го поддржи стопанството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-kako-partija-i-vlast-da-ne-bara-opravduvanje-neka-gi-zgolemi-platite-i-neka-go-poddrzi-stopanstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-kako-partija-i-vlast-da-ne-bara-opravduvanje-neka-gi-zgolemi-platite-i-neka-go-poddrzi-stopanstvoto/#respond Sat, 05 Feb 2022 12:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=627424

СДСМ како партија и власт да не бара оправдувања и нека ги зголеми платите и да даде поддршка за стопанството, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес конференција поврзано со минималната плата. - Ако навистина СДСМ сака да ја зголемат минималната плата тогаш да го направат тоа веднаш, а ние ќе ги поддржиме исто како што ќе поддржиме и зголемување на платите во јавниот сектор адекватно на коефициентот на тежината на работните места, рече Арсовски. Тој додаде дека СДСМ наместо да крадат и прават криминал и парите да завршуваат во приватни џебови владата треба да го поддржи стопанството. - Бидејќи СДСМ покажа интерес за ставот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ да не се крие зад лични ставови на поединци туку ги повикуваме да го проследат овој став на партијата, изјави Арсовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-sdsm-kako-partija-i-vlast-da-ne-bara-opravduvanje-neka-gi-zgolemi-platite-i-neka-go-poddrzi-stopanstvoto/feed/ 0
„Владата лаже дека во стопанството завршиле 850 милиони евра поддршка, реалната сума е три пати помала“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-laze-deka-vo-stopanstvoto-zavrshile-850-milioni-evra-poddrshka-realnata-suma-e-tri-pati-pomala/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-laze-deka-vo-stopanstvoto-zavrshile-850-milioni-evra-poddrshka-realnata-suma-e-tri-pati-pomala/#respond Fri, 21 May 2021 06:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=513111

Власта манипулира со помошта која ја исплаќаше преку таканаречените антикризни мерки кон граѓаните и стопанството, не 850, туку само 350 милиони евра завршија кај граѓаните и стопанството. Индикатор за недоволната помош се и 60.000 луѓе останати без работа, и 6.200 затворени фирми, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. - Со СДСМ над половина милион граѓани живеат со 2 евра на ден. Заев ја задолжува државата, а народот живее во сиромаштија не а никаков развој. СДСМ постојано го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека ја презадолжува државата а притоа долгот беше околу 45 % од БДП. Денес долгот е 62,5 %. Од 2006 до 2016 зголемувањето на јавниот долг е за 2,9 милијарди, но во исто време додадената вредност било 4,2 милијарди раст на БДП. Во време на владеење на СДСМ имаме зголемување на долгот за 2,5 милијарди, а растот на БДП од 1,8 милијарди односно имаме минус. СДСМ рапидно се задолжува и ја доведува под знак прашалник и ликвидноста на државата, тоа е базична неспособност и раскалашеност, велат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-laze-deka-vo-stopanstvoto-zavrshile-850-milioni-evra-poddrshka-realnata-suma-e-tri-pati-pomala/feed/ 0
Мисајловски: Ако се сака се се може, ВМРО-ДПМНЕ гласаше за законите кои се поврзани со ковид мерките и помошта за стопанството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ako-se-saka-se-se-moze-vmro-dpmne-glasashe-za-zakonite-koi-se-povrzani-so-kovid-merkite-i-pomoshta-za-stopanstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ako-se-saka-se-se-moze-vmro-dpmne-glasashe-za-zakonite-koi-se-povrzani-so-kovid-merkite-i-pomoshta-za-stopanstvoto/#respond Thu, 25 Mar 2021 13:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=487630

ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за законите кои се поврзани со ковид мерките и помошта за стопанството, објави на својата Фејсбук страница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. -Ако се сака се се може !!! ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка за законите кои се поврзани со ковид мерките и помошта за стопанството. Сега е се јасно дека власта нема кворум, а ВМРО -ДПМНЕ Е СЕКОГАШ на страната на народот, пишува Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ako-se-saka-se-se-moze-vmro-dpmne-glasashe-za-zakonite-koi-se-povrzani-so-kovid-merkite-i-pomoshta-za-stopanstvoto/feed/ 0
Пренџов ги повикува сите претеници уште утре во Собранието да ја изгласаат помoшта за граѓаните и стопанството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-gi-povikuva-site-pretenici-ushte-utre-vo-sobranieto-da-ja-izglasaat-pomoshta-za-gragjanite-i-stopanstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-gi-povikuva-site-pretenici-ushte-utre-vo-sobranieto-da-ja-izglasaat-pomoshta-za-gragjanite-i-stopanstvoto/#respond Tue, 23 Mar 2021 11:45:41 +0000 https://kurir.mk/?p=486597

Пратеникот од редовите на ГРОМ и коалицијата „За обнова на Македонија“, Љупчо Пренџов ги повикува сите претеници уште утре сите заедно во Собранието на Република Македонија да ги изгласаат двете “Ковид” точки, односно помошта за граѓаните и стопанството. Граѓаните ги плаќаат пратениците да работат во нивни, и во интерес на државата, а не, да лечат лични суети и фрустрации. Се наоѓаме во голема здравствена и економска криза. За првата сѐ уште не набавиле вакцини иако целиот развиен “западен свет” се вакцинира. За економската криза Владата на Р. Македонија има помогнато најмалку во споредба со владите од регионот и ЕУ. Косово кое сѐ уште формално правно не е целосно оформена држава, му помогнало повеќе на сопственото стопанство за разлика од нашата Влада. Помошта е потребна час поскоро. Ги губиме работните места. Го губиме и капиталот кој создава нови работни места, реагира преку социјалната мрежа на Фејсбук претеникот Пренџов. Ги повикувам сите пратеници уште утре да дојдеме во Собрание и да ја изгласаме помошта кон граѓаните и стопанството. Тргнете ја политиката и политиканството, за човечки судбини се работи. Двете “Ковид” точки да ги изгласаме заедно. За останатите може да дискутираме, се рзбира, кога ќе имате “мнозинство”, пишува Пренџов во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-gi-povikuva-site-pretenici-ushte-utre-vo-sobranieto-da-ja-izglasaat-pomoshta-za-gragjanite-i-stopanstvoto/feed/ 0
Стоилковски: Стопанството се распаѓа, а режимциве наметнаа прашање дали недела да биде неработен ден! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-stopanstvoto-se-raspagja-a-rezimcive-nametnaa-prashanje-dali-nedela-da-bide-neraboten-den/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-stopanstvoto-se-raspagja-a-rezimcive-nametnaa-prashanje-dali-nedela-da-bide-neraboten-den/#respond Wed, 10 Feb 2021 13:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=466805

Се распаѓа стопанството, луѓе губат работа во режимскава рецесија, ама како главно прашање режимциве наметнаа дали недела е неработен ден за сите, односно дали треба да се молзе и во недела?, пишува на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. И се скараа синдикатите и "фирмаџиите" дали да се работело со модел 6+1 слободен ден неделно или европски 12+2 слободни дена; со тоа што синдикатот стравува од нови злоупотреби. Јас лично би им препорачал и на работодавачите и на работниците да баталат празни расправи на ваква неконструктивна тема - дали ако излезат од бунарот во кој се дават ќе биде среда или сабота; а не како заедно да се изборат да излезат против злоупотребите, на пример каде се 850 милиони евра позајмени за нив, односно за зачувување на бизнисот и работните места! На оваа дискусија само ќе надоврзам дека има 55000 нови невработени, додека администрацијата се надополнува предизборно. И, впрочем зошто не се дигне прашање како тоа администрацијата работи со сите повластици за работно време и слободни денови, па работник од реалниот сектор за да заврши обврски треба да "бега" од работа за да стигне по шалтерите! Има многу сериозни теми, не дозволувајте молзење на енергијата со празни муабети со класичната режимска тактика "скарај, па владеј", вели Стоилковски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-stopanstvoto-se-raspagja-a-rezimcive-nametnaa-prashanje-dali-nedela-da-bide-neraboten-den/feed/ 0
Заев не сака да го спасува стопанството, нова државна помош не е ни на повидок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-ne-saka-da-go-spasuva-stopanstvoto-nova-drzavna-pomosh-ne-e-ni-na-povidok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-ne-saka-da-go-spasuva-stopanstvoto-nova-drzavna-pomosh-ne-e-ni-na-povidok/#respond Tue, 26 Jan 2021 12:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=460066

Стопанството е без поддршка од државата и во неизвесност за време на економска криза. Македонската економија се соочува со сериозна криза која ја предизвика пандемијата со корона вирусот. Потрошувачката моќ на граѓаните е сериозно намалена која е сведена на надмирување сметки и купување на основно продукти. Ова се должи на непредвидливиот тек на целокупната ситуација со економската и здравствената криза, но и поради тоа што над 45 илјади македонски граѓани ги изгубија своите работни места и следствено на тоа останаа без својот извор на егзистенција. Во декември минатата 2020 година, при свое телевизиско гостување, премиерот Зоран Заев тврдеше дека на почеток на јануари ќе подготват нов, петти по ред, сет економски мерки за поддршка на стопанството и граѓаните. Но, еве веќе сме на крајот од јануари а сѐ уште не нема државна помош за поддршка на економијата и граѓаните. Сеуште не се откриваат детали за петтиот сет економски мерки. Освен што касни, државната помош за исплата на плата од 14.500 за вработените најверојатно нема да ја користат сите компании. Како што неофицијално дознава телевизија Алсат, меркава ќе подлежи на измени и оваа помош ќе може да ја користат само најпогодените сектори од пандемија. Од кабинетот на вицепремиерот задолжен за економски прашања не откриваат колку и кои од предлозите на стопанските комори се прифатени. Од друга страна, занаетчиите, кои се една од најпогодените сектори бараат да бидат вклучени во помошта која државата ќе ја дава со петтиот пакет економски мерки. Но и покрај досегашните четири економски мерки, финансиската ињекција на државата во стопанството беше меѓу најниските во регионот. Имено, иако минатата година јавниот долг на државата власта го зголеми за скоро 12% од БДП, помошта кон стопанството беше само за два отсто од Бруто домашниот производ. Со овој мал процент на финансиска помош на државата кон стопанството, Македонија се најде на дното на листа од земјите во регионот. Помалку помош за стопанството од нас одвоила само Албанија, која одвоила 1.2% средства од нивниот БДП. Повеќе пари за стопанството од нас одвоила дури и Косово, која заедно со Србија одвоиле по 5.2%, а Босна 5.2% од БДП. Најмногу директни буџетски средства за стопанството одвоиле Црна Гора, кои изнесуваа 8% од БДП. Овие податоци ги објави Европската комисија и Евуростат, кои се обработени од Монитор. Од овие податоци може да се види дека просекот на директната помош во стопанството во земјите од Западен Балкан е 4,3% од БДП, а во земјите од Европската унија достигна 8%, од кои проценти ние сме многу далеку.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/zaev-ne-saka-da-go-spasuva-stopanstvoto-nova-drzavna-pomosh-ne-e-ni-na-povidok/feed/ 0
Државата ги уништува фирмите: Долгот кон стопанството е 300 милиони евра велат од коморите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-gi-unishtuva-firmite-dolgot-kon-stopanstvoto-e-300-milioni-evra-velat-od-komorite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-gi-unishtuva-firmite-dolgot-kon-stopanstvoto-e-300-milioni-evra-velat-od-komorite/#respond Sun, 25 Oct 2020 11:01:30 +0000 https://kurir.mk/?p=420396

Државата преку јавните претпријатија должи 300 милиони евра на приватни фирми. Државата со неплаќањето на своите долгови кон фирмите предизвикува намалена моќност на стопанството, бидејќи истото извршило промет, свртело средства, платило даноци, а не може да се наплати. И така се генерираат загуби, од кои страдаат како фирмите така и вработените во истите, е заклучокот од дебатата помеѓу Елена Милевска Штрбевска од Стопанската Комора и Благоја Грозданов од ССК во емисијата „Бизнис поенти“ на телевизија Алфа. Со ваквото неплаќање се загрозува ликвидноста на фирмите, што е особено проблем во времиња на намалена економска активност, како што е во изминативе месеци поради корона кризата, и со тоа може многу лесно некои фирми да пропаднат. -Прво да кажам дека долгот не се однесува само на јавните претпријатија туку и на сите субјекти од јавниот сектор, а она што можам да го потврдам со сигурност е дека постои проблем на неможност за наплата на парични побарувања на субјектите од приватниот сектор, а должник од другата страна се субјекти од државниот сектор. Ние како Стопанска комора на Македонија како целокупна информација за вкупниот износ на долгот кој должи према кој должи не е благодарно да изнесуваме но она што знаеме е дека не се должи на една или две компнаии и не должат еден или два субјекти од јавниот сектор туку тоа е една состојба која постои кај повеќе субјекти и на целата територија на државата. Секако тоа не значи дека сите субјекти од јавниот сектор не ги ислаќаат своите побарување према своите доверители, но ова е проблем кој што трае неколку години и токму заради оваа причина ние како комора во повеќе наврати сме реагирале со конкретни иницијативи, една од нив беше донесувањето на законот за финансиска дисциплина и како иницијатива е почната од 2010 година и кога законот се донесе 3-4 години подоцна, а сеуште актуелна иницијатива за измена на член 218 од законот за извршување кој што цениме дека претставува реален проблем кој што го кочи процесот на остварување на правата на субјектите во извршната постапка и ефикасна наплата на нивните побарувања, изјави Елена Милевска Штрбевска од Стопанска Комора на Република Македонија. Наспроти неа пак Благоја Грозданов од ССК вели дека јавниот долг создава огромен притисок по вертикала надоле кон останатите стопански субјекти. -Вкупниот долг кој е јавно објавен е отприлика 300 милиона евра што е значителна сума, збориме за вкупен долг на јавни претпријатија, локални претпријатија, општини што е значителна сума и создава огромен притисок по вертикала надоле кон останатите стопански субјекти. Сметате на тоа дека стопанството извршило промет кон овие државни претпријатија извршило промет, стопанството си ги платило своите даноци, а сега не може да изврши наплата, а голем дел од оваа сума е долг кон стопанството. Сега и оној дел кој не е долг на стопанството индиректно има големи импликации врз реалниот сектор затоа што дел од овој долг се и даноци, тука има последица врз буџетот, а потоа па буџетот односно институциите надлежни за собирање на даноци чувствуваат притисок да ја надополнат сумата односно да извршат пополнување на дупките кои што настанале заради што јавните претпријатија и субјектите во сопственост на Владата не ги платиле своите даноци и тој притисок се манифестира по линија на помал отпор врз стопанството. Трет вид на дол кој може да го имаат е кон физичките лица, повторно импликации тука има врз стопанството бидејќи се намалува куповната моќ на населението и крајниот ефект секогаш доаѓа во реалниот сектор. Државата треба да настапува како што секој добар стопанственик настапува и да се грижи за да се одржи ликвидноста и профитабилноста на тие претпријатија, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drzavata-gi-unishtuva-firmite-dolgot-kon-stopanstvoto-e-300-milioni-evra-velat-od-komorite/feed/ 0
Мицкоски: Стопанството е оставено на милост и немилост, пакетот помош од владата нема да ги ублажи последиците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-stopanstvoto-e-ostaveno-na-milost-i-nemilost-paketot-pomosh-od-vladata-nema-da-gi-ublazi-posledicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-stopanstvoto-e-ostaveno-na-milost-i-nemilost-paketot-pomosh-od-vladata-nema-da-gi-ublazi-posledicite/#respond Tue, 19 May 2020 17:44:37 +0000 https://kurir.mk/?p=347967

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју за ТВ Сител посочи дека владата предводена од СДСМ многу ветува, но ништо не исполнува. Тоа се виде и во време на оваа криза многу вработени, стопанственици останаа на милост и немилост на оваа влада. А, пак СДСМ преку мерките води предизборни калкулации, грижејќи се да го ублажат нивниот пораз на претстојните избори. -Ценам дека повторно доаѓа до израз сето она лицемерие од страна на владините функционери. Од една страна вие барате избори да се случат во јуни, или еве да речеме на почетокот како што беше 14 јуни, па 21, па 28. А, од друга страна барате продолжување на вонредната состојба, значи гледате дека нешто не е во ред, 30 дена, кои што би завршиле таму некаде 15 јуни ако не се лажам. Па претседателот Пендаровски им дава 14 дена до 30-ти мај. И тогаш вие излегувате со спектакуларен трет пакет на економски сет на мерки кои што се поделени на три столба, појасни Мицкоски. Мицкоски ги појасни мерките на владата по столбови, првиот столб е мерките кои што практично имаат за цел да ја зголемат потрошувачката на граѓаните. Вториот столб е помошта кон стопанството. И третиот столб е земјоделието. -Заедничко за вториот и третиот столб е што тие мерки кои што се предвидени реализација им е во периодот септември, декември. Затоа што немаат идеја како да дојдат до средства. Има таму една чудна мерка 2-2, каде што државата треба да гарантира за приватни компании кај комерцијалните банки, а притоа законот за јавен долг е многу јасен и експлицитен кој што вели дека не може државата да гарантира за правно лице кое што не е генератор на јавен долг. Значи дека државата може да гарантира само онаму каде што е доминантен сопственик или апсолутен сопственик. Зар владата ќе се дрзне да го менува законот за јавен долг. Владата ветува нешто што не може да го исполни. А, она што е во земјоделието е практично редовната програма на министерството за земјоделие, кое што сега по магичен пат стана антикризна мерка. Првиот столб со кој што предвидела владата е да таргетираат различни целни групи и тоа има неколку подмерки. Првата мерка е ваучерот околу 150 евра на 100-тини илјади граѓани за поттикнување на потрошувачката. Втората мерка е ваучери од 100-тина евра и 50-тина евра џепарлак, тоа е кои што имаат помали примања до 14.500 денари, минимална плата. И третата е за студенти и средношколци, а ги забораваат и основците кои имаат потреби да речеме од електронски помагала итн. А, нив ги заборавиле, па велат средношколци и студенти и за нив ќе дадат 100-тина евра и ваучер околу 50-тина евра џепарлак. Но забораваат дека на 31 мај по завршувањето на големата состојба се суспендира уредбата која што претходно го суспендира членот 8А од Изборниот законик кој што вели, 60 дена пред одржување на изборите вие не смеете да имате вонредни плаќања бидејќи се смета за изборна корупција, потсети Мицкоски. Мицкоски додаде дека оваа влада ветува многу нешт,а но ништо не може да испорача. -Многу лица оваа влада два месеци остави без месечни примања. Граѓаните се оставени на милост и немилост. Има компании кои што сега во месец мај добија помош за месец април средства ги враќаат бидејќи не можат да издржат. Ги враќаат бидејќи владата ги обврзува да ги задржат вработените, а тие не се во можност да ги средат обврските кон вработените, оцени тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-stopanstvoto-e-ostaveno-na-milost-i-nemilost-paketot-pomosh-od-vladata-nema-da-gi-ublazi-posledicite/feed/ 0