сторител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Jun 2022 18:10:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png сторител – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Петков се заблагодари на Македонија што го откри сторителот на подметнатиот пожар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-se-zablagodari-na-makedonija-shto-go-otkri-storitelot-na-podmetnatiot-pozar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-se-zablagodari-na-makedonija-shto-go-otkri-storitelot-na-podmetnatiot-pozar/#respond Tue, 07 Jun 2022 18:10:05 +0000 https://kurir.mk/?p=687989

Премиерот на Бугарија Кирил Петков на официјалната Фејсбук страница на бугарската влада го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков им се заблагодарил на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување, со што во најбрз можен рок го фатиле пироманот. -Дефинитивно нема да подлегнуваме на провокации кои имаат за цел да ги саботираат односите со нашите соседи, пишува на фб статусот на бугарскиот премиер. Медиумите во Софија ја пренесоа информацијата на министерот за внатрешни работи на Северна Македонија Оливер Спасовски за приведениот сторител на пожарот во културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола, што се случи во саботата. Медиумите ја цитираат изјавата на Спасовски дека сторителот целосно го признал делото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-se-zablagodari-na-makedonija-shto-go-otkri-storitelot-na-podmetnatiot-pozar/feed/ 0
Познат е сторителот кој го уби со вила и запали со бензин кучето во Стојаково- се бара најостра казна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-e-storitelot-koj-go-ubi-so-vila-i-zapali-so-benzin-kucheto-vo-stojakovo-se-bara-najostra-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-e-storitelot-koj-go-ubi-so-vila-i-zapali-so-benzin-kucheto-vo-stojakovo-se-bara-najostra-kazna/#respond Sun, 21 Jul 2019 16:15:36 +0000 https://kurir.mk/?p=220779

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен во полиција. Од Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ велат дека полицијата направила увид на местото каде е пронајдено запаленото тело од кучето. „Согласно податоците кои ги обезбедивме, знаеме кој е сторителот и бараме најстрого да одговара“, велат тие. За случајот се дозна од социјалните мрежи, кога жител на Стојаково јавно објави фотографии. Пред да биде запалено со бензин, маалското куче било измачувано и тепано со вила. Активистите прашуваат до кога ќе се толерираат вакви случаи, а со тоа да се одобруваат и вакви свирепи убиства. Во изминатите месеци, здруженијата за заштита на животните бараа да се откријат и сакнционираат лицата кои фрлаа отров низ повеќе градови во државата, со што усмртија стотици бездомни животни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-e-storitelot-koj-go-ubi-so-vila-i-zapali-so-benzin-kucheto-vo-stojakovo-se-bara-najostra-kazna/feed/ 0
Повеќе од една третина злоставувани на Интернет го познавале сторителот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-edna-tretina-zlostavuvani-na-internet-go-poznavale-storitelot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-edna-tretina-zlostavuvani-na-internet-go-poznavale-storitelot/#respond Thu, 08 Feb 2018 12:16:12 +0000 http://kurir.mk/?p=19566

Околу 36 отсто од луѓето кои биле злоставувани на интернет изјавиле дека лично ги познавале сторителите како членови на семејството, пријатели или познаници, покажа истражувањето направено од Мајкрософт за онлајн ризиците и безбедноста на интернет, објави денеска компанијата по повод обележување на Денот на безбеден интернет. Истражувањето, кое опфатило испитаници на возраст од 13 до 74 години, покажа дека 17 отсто од злоставуваните на интернет ги идентификувале сторителите како членови на семејството или пријатели, а секој петти рекол дека сторителот му бил познаник. Корисниците на интернетот во второто годишно истражување „Индекс на култура на однесување на интернет“ биле испитувани за своите искуства во врска со 20 различни примери на онлајн ризикот кој се однесува на онлајн однесување, репутација и вознемирување, сексуална и лична слобода. Една четвртина од анкетираните изјавила дека престапникот бил некој кого го познавале само онлајн, а 37 проценти дека нивната изложеност на ризик на мрежата дошла од сосема непознат човек. Меѓу најистакнатите онлајн ризици се наоѓаат несакани контакти и различни врсти на измами, се наведува во соопштението. Како позитивно придвижување, во споредба со истражувањето од минатата година, е наведено дека е намелен бројот на испитаници кои не знаеле каде да побараат помош доколку дојде до онлајн ризик. Во новото истражување 45 проценти од испитаниците рекле дека знаат каде да побараат помош за решавање на ризикот на интернет, што е осум отсто подобро од претходната година, додека 46 проценти изјавиле дека се многу сигурни во својата способност да ги решат онлајн заканите. Мајкрософт истражувањето го спроведе во 23 држави, девет повеќе од претходната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-edna-tretina-zlostavuvani-na-internet-go-poznavale-storitelot/feed/ 0