Сторми Даниелс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Mar 2023 06:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Сторми Даниелс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Порно ѕвездата Сторми Даниелс ќе соработува со обвинителите во истрагата против Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porno-zvezdata-stormi-daniels-ke-sorabotuva-so-obvinitelite-vo-istragata-protiv-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porno-zvezdata-stormi-daniels-ke-sorabotuva-so-obvinitelite-vo-istragata-protiv-tramp/#respond Thu, 16 Mar 2023 06:51:51 +0000 https://kurir.mk/?p=812489

Порно ѕвездата Сторми Даниелс денеска се сретна со обвинителите во врска со обидите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да ја принуди да молчи со плаќања извршени преку поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен. Оваа вест ја соопшти нејзиниот адвокат - истиот ден кога Коен, во врска со истиот случај, сведочеше пред поротата во Њујорк. Неговото сослушување започна вчера. Сума од 130.000 долари беше платена на Сторми Даниелс во 2016 година, за време на последните недели од првата претседателска кампања на Трамп. Во тоа време, таа преговараше за нејзиното појавување на телевизија за да ги објави своите тврдења за сексуалната врска што ја имала со Трамп една деценија порано. Плаќањата оделе преку Коен, кој на сличен начин исплатил и друга жена - по инструкции на Трамп, тврди неговиот поранешен адвокат. Сторми Даниелс се сретна со обвинителите од Менхетен, одговори на нивните прашања и е подготвена да сведочи, објави нејзиниот адвокат Кларк Брустер на Твитер. Таа му се заблагодари, исто така преку Твитер, што и помогна „во нашата постојана борба за вистина и правда“. Окружното обвинителство на Менхетен одби да ги коментира овие информации. Коен по денешниот, веројатно последен ден од сведочењето, рече дека ќе продолжи да им дава на обвинителите „секакви информации и соработка што ќе им бидат потребни“. Иако ги прекина односите со Трамп, Коен рече дека ова не го прави од одмазда. Сторми Даниелс изјави дека во 2006 година имала сексуален однос со Трамп, кој не го сакала, но не се противела, а Трамп тврди дека тоа никогаш не се случило. Неговиот сегашен адвокат вели дека Трамп е повикан да сведочи пред големата порота во Њујорк, но не планира да го стори тоа. Во 2018 година, федералните обвинители го обвинија Коен за прекршување на финансирањето на кампањата поврзани со плаќањата на Сторми Даниелс и моделот на списанието Плејбој, Карен Мекдугал. Карен Мекдугал добила 150.000 долари, а тврдела дека имала афера со Трамп во 2006 и 2007 година додека тој бил во брак. Трамп го негираше тоа. Коен се изјасни за виновен, одлежа затворска казна и беше исфрлен од адвокатската комора. Федералните обвинители не поднесоа никакви обвиненија против Трамп. ссм/ фото:ЕПА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/porno-zvezdata-stormi-daniels-ke-sorabotuva-so-obvinitelite-vo-istragata-protiv-tramp/feed/ 0
Ја бранеше порно глумицата против Трамп, а сега тој заврши во затвор – еве што направил https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-braneshe-porno-glumicata-protiv-tramp-a-sega-toj-zavrshi-vo-zatvor-eve-shto-napravil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-braneshe-porno-glumicata-protiv-tramp-a-sega-toj-zavrshi-vo-zatvor-eve-shto-napravil/#respond Fri, 09 Jul 2021 08:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=534272

Мајкл Авенати, адвокатот кој стана светски познат застапувајќи ја порноглумицата Сторми Даниелс против Доналд Трамп, вчера беше осуден на 2,5 години затвор, за обид за изнуда од компанијата „Најки инк.“ Американскиот окружен судија за њујоршката општина Менхетн, Пол Гардеф изјави дека Авенати (50) „станал опиен од моќта на неговото стојалиште“ и го предал го својот клиент – колеџ-тренер за млади во кошарка, за своја лична корист. -Однесувањето на господинот Авенати е срамно. Тој ги запоседна побарувањата на својот клиент и ги искористи тие тврдења заради унапредување на својата корист, а тоа е – да изнуди милиони долари од „Најки“ за себе, рече Гардеф. Изрекувањето на пресудата претставува очекуван пад за контроверзниот адвокат. Авенати се соочува со уште три други судски процеси за измама, вклучително и кон Даниелс, чие правно име е Стефани Клифорд. Во случајот „Најки“, Авенати е осуден за закана дека ќе обелодени наводни коруптивни исплати на оваа спортска компанија кон семејства од повеќе колеџи, освен ако таа не му плати и до 25 милиони долари нему и на друг адвокат – за истраги. „Најки“ негираше дека тие сториле погрешно дело. „Пресудата и казната зборуваат сами за себе“, се вели во нивното соопштение. Авенати беше осуден и за измама на тренерот Гери Френклин, со тоа што не му рекол дека нема да има договор доколку нема физичка истрага. Гардеф ги читаше подробно и снимените искази на Авенати, каде што има и вулгарности, пред да ја изрече казната. А, таа вклучува и дополнителни три години надзор по ослободувањето од затвор. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ja-braneshe-porno-glumicata-protiv-tramp-a-sega-toj-zavrshi-vo-zatvor-eve-shto-napravil/feed/ 0
Зборуваше дека има афера со Трамп: Порно актерката уапсена додека танцувала на шипка https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zboruvashe-deka-ima-afera-so-tramp-porno-akterkata-uapsena-dodeka-tancuvala-na-shipka/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zboruvashe-deka-ima-afera-so-tramp-porno-akterkata-uapsena-dodeka-tancuvala-na-shipka/#respond Thu, 12 Jul 2018 10:01:48 +0000 https://kurir.mk/?p=75955

Порно глумицата Сторми Даниелс, која пред неколку месеци беше актуелна поради својата наводна афера со американскиот претседател Доналд Трамп, е уапсена вчера за време на настап во стриптиз клуб во Колумбус, Охајо. Причина за апсењето, официјално, е тоа што „му дозволила на гостин од публиката наводно да ја допре на несексуален начин“, истакна нејзиниот адвокат Мајкл Авенати. - Ова е местенка и е политички мотивирано. Знак на очај. Ние ќе се бориме со сите сили против овие неосновани обвиненија, изјави Авенати. Трамп ги негираше тврдењата на порно глумицата дека имала афера со него, иако извори блиски до опкружувањето на претседателот признаа дека девојката добила 130.000 долари како дел од спогодбата, јавуваат западните медиуми. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/zboruvashe-deka-ima-afera-so-tramp-porno-akterkata-uapsena-dodeka-tancuvala-na-shipka/feed/ 0
Сторми Даниелс вели дека и се заканувале за да молчи за врската со Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stormi-daniels-veli-deka-i-se-zakanuvale-za-da-molchi-za-vrskata-so-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stormi-daniels-veli-deka-i-se-zakanuvale-za-da-molchi-za-vrskata-so-tramp/#respond Mon, 26 Mar 2018 06:16:37 +0000 https://kurir.mk/?p=33004

Порно-ѕведата Сторми Даниелс, која тврди дека имала сексуална врска со американскиот претседател Доналд Трамп во времето кога тој не бил во политиката, изјави дека во 2011 година и се заканувале за да молчи. Сторми Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, во интервју за Си-Би-Ес изјави дека со детето одела на фитнес во Лас Вегас, кога на паркинг и се приближил непознат маж. - Тој дојде до мене и ми рече: Остави го Трамп на мир. Заборави ја таа историја. Потоа се наведна, ја погледна ќерка ми, и рече: Колку убаво девојче. Ќе биде штета доколку и се случи нешто на мајка и, и си замина, раскажа порно-ѕвездата. Таа вели дека само еднаш, во јули 2006 година, имала интимна средба со Трамп, но останале во врска околу една година. Неколку дена пред претседателските избори во 2016 година, адвокат на Трамп и платил 130.000 долари за да молчи. Претходно адвокатот соопшти дека тој и платил на Сторми Даниелс, а претседателот ништо не знаел за тоа. На 6 март таа поднесе тужба против претседателот, велејќи дека никогаш не потпишала договор за молчење за интимната врска меѓу нив. Но, нејзиниот поранешен адвокат и поранешен бизнис агент ја притиснал да потпише изјава во која негира дека имала врска со Трамп. Оваа изјава беше објавена од адвокатот на Трамп како доказ дека таква врска не постоела. Белата куќа не сакаше да го коментира интервјуто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stormi-daniels-veli-deka-i-se-zakanuvale-za-da-molchi-za-vrskata-so-tramp/feed/ 0
Сторми, кошмарот на Меланија сака да проговори https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/stormi-koshmarot-na-melanija-saka-da-progovori/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/stormi-koshmarot-na-melanija-saka-da-progovori/#respond Wed, 07 Mar 2018 21:55:50 +0000 http://kurir.mk/?p=28224

Поранешната американска порно-актерка, Стефани Клифорд, позната како Сторми Даниелс, поднесе во Врховниот суд на Лос Анџелес тужба да биде прогласена за неважечка забраната да изнесе информации за интимната врска со Доналд Трамп, додека бил веќе оженет Меланија. Сторми, (38) е продуцент. Клифорд истакнува дека на документот недостасува потписот на Трамп. Двајцата имале односи во 2006 година, кога Трамп веќе беше во брак со Меланија. Неговиот адвокат и предложил на русокосата 130.000 долари за да молчи – тоа се случило 10 години по односите – во 2016 година, еден месец пред изборите. Скандалот избувна овој јануари. Барателот го поднесува оригиналот на документот и неговите додатоци од 28.10.2016 година. Под текстот стојат потписите на правниот советник на Трамп, Мајкл Коен и оној на Клифорд, кој фигурира под името Пеги Петерсон. Трето име, Дејвид Денисон, исто така е измислено. Во анексите се прецизира дека Денисон е Трамп, кој сепак не го потпишал ниту договорот, ниту анексите. Клифорд добила од Коен 130 илјади долари во замена за обврската да не открива доверливи податоци за Трамп и негови љубовници, да не ја дава на никого преписката со него преку мејл и слики на милијардерот. Клифорд ја обвини адвокатската фирма на Трамп во февруари оваа година дека се обиделе по судски ред да ја принудат да го почитува договорот и да не дава сензационални интервјуа за врската со сегашниот претседател. Прв за платените 130.000 долари соопшти „Wall Street Journal“ во јануари. Според весникот, Коен платил на Клифорд месец пред изборите во 2016, за да не зборува за аферата со Трамп во 2006-та – година по свадбата на милијардерот со третата сопруга Меланија. 4 месеци порано, таа го роди нивниот син Барон. Политичките аналитичари си ги „удираат“ главите, за да објаснат зошто кога станува збор за Трамп, таквото откритие води само до колективно кревање на раменици. Првиот настап на претседателското семејство по скандалот беше исто така интересно – Меланија изгледаше повлечена и не одговори на обидите на Трамп да ја зграпчи раката пред новинарите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/stormi-koshmarot-na-melanija-saka-da-progovori/feed/ 0
Порно актерка го тужи Трамп https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/porno-akterka-go-tuzi-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/porno-akterka-go-tuzi-tramp/#respond Wed, 07 Mar 2018 09:36:54 +0000 http://kurir.mk/?p=28046

Порно глумицата Сторми Даниелс поднесе тужба против американскиот претседател Доналд Трамп, со која бара да се поништи договорот кој го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година. Таа вели дека договорот не е во ред затоа што ја спречил да зборува за наводните сексуални средби со Трамп. Во тужбата, поднесена во Виш суд во Лос Анџелес, се наведува дека договорот склучен на 28 октомври 2016 година е „ништовен и без последици“, бидејќи не го потпишал лично Трамп. Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјави дека сака пред јавноста да ги изнесе сите детали од наводниот однос со Трамп, неколку недели пред изборите, односно кога било побарано од неа да молчи за врската од пред десет години. Таа тврди дека почнала да има „интимни односи“ со Трамп во 2006 година и продолжиле во 2007 година, а се среќавале во Невада и Калифорнија. Според неа, Трамп и платил 130 илјади долари за договор за молчење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/porno-akterka-go-tuzi-tramp/feed/ 0