Страчинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 10:40:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Страчинци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стефковски: Страчинци доби нов спортски терен со вештачка трева https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-strachinci-dobi-nov-sportski-teren-so-veshtachka-treva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-strachinci-dobi-nov-sportski-teren-so-veshtachka-treva/#respond Wed, 21 Sep 2022 10:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=735698

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денес го посети населеното место Страчинци каде што се пушти во употреба новиот спортски терен изграден на подлога од вештачка трева. -Утрово имав можност да го посетам подрачното училиште на ООУ Кирил и Методиј во населеното место Страчинци со цел да го пуштиме во употреба новото игралиште на подлога од вештачка трева што го изградивме во дворот на училиштето. Игралишето го отворивме со активност организирана во рамки на проектот за Меѓуетничка интеграција во образованието каде ученици од различни етнички заедници изведуваа штафетни вештини. Им благодарам на наставниците по физичко и здравствено образование од централното и подрачното училиште на ООУ Кирил и Методиј за одличната организација на активноста која ја организираме согласно заклучоците на Советот за превенција, напиша Стефковски на Фејсбук. Истакна дека изминатиот период се инвестираше и во училишниот двор каде што се изгради плочник од павер елементи, беше поставена урбана опрема и целосно се изгради потпорниот ѕид. -Реализацијата на проекти продолжува насекаде низ општина Гази Баба, додава Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-strachinci-dobi-nov-sportski-teren-so-veshtachka-treva/feed/ 0
Претрес во скопско, пронајдено оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-skopsko-pronajdeno-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-skopsko-pronajdeno-oruzje/#respond Mon, 04 Oct 2021 15:33:00 +0000 https://kurir.mk/?p=572858

Денеска (04.10.2021) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога и оружје по претходно добиени оперативни информации и добиена судска наредба за претрес, извршија претрес во дом на А.С. (39) од с. Страчинци, скопско. При претресот пронајдени се два пиштоли, една пушка и три куршуми. А.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pretres-vo-skopsko-pronajdeno-oruzje/feed/ 0