странски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 22 May 2023 09:35:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png странски државјани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На ГП „Табановце“ уапсени странски државјани, пронајдена дрога https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-gp-tabanovtse-uapseni-stranski-drzhavjani-pronajdena-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-gp-tabanovtse-uapseni-stranski-drzhavjani-pronajdena-droga/#respond Mon, 22 May 2023 09:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=837325

На 21.05.2023 во 12.30 часот на Граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Табановце ги лишиле од слобода Н.К.(65) од Република Грција и Х.Ф.М.(46) од Австрија. При преглед во патничко возило „мерцедес“ со австриски национални ознаки, кое го управувал Н.К., а сопатник бил Х.Ф.М., биле пронајдени и одземени марихуана, епрувети со кафеава течност и други предмети. Лицата биле предадени на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Куманово за понатамошна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-gp-tabanovtse-uapseni-stranski-drzhavjani-pronajdena-droga/feed/ 0
Странските државјани кои ќе се борат во Украина ќе можат да добијат државјанство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stranskite-drzavjani-koi-kje-se-borat-vo-ukraina-kje-mozat-da-dobijat-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stranskite-drzavjani-koi-kje-se-borat-vo-ukraina-kje-mozat-da-dobijat-drzavjanstvo/#respond Wed, 09 Mar 2022 07:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=643730

Заменик украинскиот министер за внатрешни работи Јевхен Џенин изјави дека странските државјани кои доброволно ќе се борат за Украина ќе имаат право на украинско државјанство, пренесе украинската национална новинска агенција Укринформ. -Украина формира меѓународна легија за територијална одбрана составена од странци кои сакаат да се приклучат на отпорот против руските агресори и да ја одбранат глобалната безбедност, објави Укринформ. Чекаат 16.000 борци -Овие луѓе ќе потпишат договор, ќе добијат воен пасош, кој потоа ќе им ја замени дозволата за престој. Во иднина, ако некој од овие странски државјани сака да стане украински државјанин, нашето законодавство ќе му го дозволи тоа, рече Џенин. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stranskite-drzavjani-koi-kje-se-borat-vo-ukraina-kje-mozat-da-dobijat-drzavjanstvo/feed/ 0
Мигранти сеат страв во Србија – киднапираат странски државјани и бараат откуп за нив https://arhiva.kurir.mk/svet/region/migranti-seat-strav-vo-srbija-kidnapiraat-stranski-drzavjani-i-baraat-otkup-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/migranti-seat-strav-vo-srbija-kidnapiraat-stranski-drzavjani-i-baraat-otkup-za-niv/#respond Wed, 01 Dec 2021 09:26:34 +0000 https://kurir.mk/?p=602346

Тројца млади момчиња од Пакистан, киднапирале двајца индиски државјани, а потоа ги малтретирале во стан во Палилула, барајќи од пријателите и роднините на жртвите откуп од 1.000 евра. На тој ден граѓаните на Индија биле на главната автобуска станица во Белград со поголема група сонародници. Рекле дека одат по храна но не се вратиле. Пакистанците им пришле на двајцата Индијци и им понудиле сместување. Потоа биле однесени во стан во Палилула и таму ги претепале за добро да ги заплашат. Прво им ги побарале сите пари што ги имаат со себе, во износ од неколку стотици евра, а потоа да им се јават на пријателите и да им кажат што им се случило, со барање за откуп од 1.000 евра. Нивните загрижени пријатели за тоа време ги барале низ целиот град, а потоа им се јавиле. Но, веднаш повикале полиција, која ги пронашла киднаперите и ги уапсилe.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/migranti-seat-strav-vo-srbija-kidnapiraat-stranski-drzavjani-i-baraat-otkup-za-niv/feed/ 0
МНР: Сите страни во Авганистан да обезбедат напуштање на земјата на странските државјани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-site-strani-vo-avganistan-da-obezbedat-napushtanje-na-zemjata-na-stranskite-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-site-strani-vo-avganistan-da-obezbedat-napushtanje-na-zemjata-na-stranskite-drzavjani/#respond Mon, 16 Aug 2021 10:19:10 +0000 https://kurir.mk/?p=551132

Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници ги повикуваат сите страни во Авганистан, да овозможат безбедно напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјат. -Имајќи ја предвид сериозно влошената безбедносна ситуација во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи во соработка со стратешкиот партнер САД, како и останатите НАТО сојузници ги повикува сите страни во Авганистан, да го почитуваат и овозможат безбедното напуштање на земјата од страна на заинтересираните странски државјани кои во моментов се наоѓаат таму, како и на жителите на Авганистан кои сакаат да ја напуштат земјата. Оние субјекти и организации кои се позиција на сила и власт во земјата треба да ја носат и одговорноста за заштита на човечките животи, како и за итно возобновување на безбедноста и стабилноста на земјата, стои во соопштението. Министерството за надворешни работи, воедно посочува дека продолжува внимателно да ја следи состојбата во Авганистан и да презема чекори во насока на заштита на државјаните на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на земјата. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера на фб профилот објави дека остварил контакт со неговиот турски колега Мевљут Чавушоглу од кого добил уверување дека доколку има потреба ќе помогнат при извлегување на македонските државјани од Авганистан. Од МНР вчера наведоа дека во Авганистан има околу 100 наши државјани, и оти засега сите се на безбедни локации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-site-strani-vo-avganistan-da-obezbedat-napushtanje-na-zemjata-na-stranskite-drzavjani/feed/ 0
Приведени странски државјани, поднесена кривична пријава за „криумчарење на мигранти“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-stranski-drzavjani-podnesena-krivichna-prijava-za-kriumcharenje-na-migranti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-stranski-drzavjani-podnesena-krivichna-prijava-za-kriumcharenje-na-migranti/#respond Wed, 11 Aug 2021 12:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=549199

На 10.08.2021 од страна на инспектори од Оддел за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север биле приведени A.Б.(45), државјанин на Косово и Н.С.(49), државјанка на Романија, како и две косовски државјанки, а денеска (11.08.2021) до ОЈО за организиран криминал и корупција Скопје, поднесена е кривична пријава против А.Б. и Н.С., поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „Криумчарење на мигранти“, предвидено по член 418-б став 1 од Кривичниот законик. Имено, на 10.08.2021 во 17.00 часот на излез од државата на Граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје “ се пријавиле С.В.(42) со српска патна исправа и Л.Б.(18) со косовска патна исправа, за кои било констатирано дека не се нивни. Во нивна придружба патувала и второпријавената Н.С., која ги спроведувала двете женски лица со туѓи патни исправи, поради што трите биле приведени во полициска станица. При извршен службен разговор, С.В. за себе дала податоци дека е Л.П.(33) од Косово, а Б.Л. дека е Е.Х.(18) од Косово и појасниле дека со провопријавениот А.Б. биле договорени тој да им организира превоз од Р. Косово до Меѓународен аеродром Скопје и да им овозможи да заминат во Р. Франција со туѓи патни исправи, за одреден паричен надомест. Притоа, А.Б. заедно со второпријавената Н.С., која ја претставил како негова сопруга, со возило џип „мерцедес“, со француска национална ознака ги земале од Косово и ги пренеле преку косовско-македонската граница. Н.С. ги потврдила нивните наводи и појаснила дека таа требало да им помогне да заминат за Франција. По распишана потрага по А.Б., тој околу 23.30 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Белановце и по извршениот разговор комплетно го појаснил делото, додавајќи дека тој им ги дал туѓите патни исправи со цел да заминат во Франција. По насоки на Јавен обвинител од ОЈО ГОКК Скопје, Л.П. и Е.Х. биле сместени во Прифатен центар за странци Скопје за понатамошна постапка, додека првопријавениот и второпријавената ќе бидат изведени пред Судија за претходна постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/privedeni-stranski-drzavjani-podnesena-krivichna-prijava-za-kriumcharenje-na-migranti/feed/ 0
Државјани на Англија фатени во кругот на Генерал штаб, го крателе патот до хотел https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drzavjani-na-anglija-fateni-vo-krugot-na-general-shtab-go-kratele-patot-do-hotel/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drzavjani-na-anglija-fateni-vo-krugot-na-general-shtab-go-kratele-patot-do-hotel/#respond Sat, 20 Mar 2021 15:29:14 +0000 https://kurir.mk/?p=485327

Во СВР Скопје вчера вечерта било пријавено дека во кругот на Генерал Штаб на АРМ на ул.„Орце Николов“ биле забележени и задржани двајца странски државјани. Тие биле приведени во Полициска станица Центар и било утврдено дека се работи за Ј.С.Х.(28) и O.J.Х.(33), двајцата државјани на Англија. -Во разговор со полициски службеници изјавиле дека се обиделе да го скратат патот до хотелот каде биле сместени и не знаеле дека влегле во објект во кој не смеат да се движат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drzavjani-na-anglija-fateni-vo-krugot-na-general-shtab-go-kratele-patot-do-hotel/feed/ 0
Двајца турски и еден швајцарски државјанин обвинети за фалсификување на ПЦР тестови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-turski-i-eden-shvajcarski-drzavjanin-obvineti-za-falsifikuvanje-na-pcr-testovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-turski-i-eden-shvajcarski-drzavjanin-obvineti-za-falsifikuvanje-na-pcr-testovi/#respond Tue, 16 Mar 2021 11:26:29 +0000 https://kurir.mk/?p=483140

Против двајца турски и еден швајцарски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози заради кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 1 од Кривичниот законик. Во одвоени кривично-правни настани, обвинетите го сториле делото така што на пасошката контрола на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот. Иако воопшто не се тестирале во наведените лаборатории во Скопје и знаеле дека потврдите се лажни, тие ги прикажале сертификатите како вистински пред овластените службени лица.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/dvajca-turski-i-eden-shvajcarski-drzavjanin-obvineti-za-falsifikuvanje-na-pcr-testovi/feed/ 0
Трудо повика на единствен фронт против Кина заради апсењето странски државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-povika-na-edinstven-front-protiv-kina-zaradi-apsenjeto-stranski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-povika-na-edinstven-front-protiv-kina-zaradi-apsenjeto-stranski-drzavjani/#respond Fri, 15 Jan 2021 07:03:10 +0000 https://kurir.mk/?p=455527

Канадскиот премиер Џастин Трудо ги повика земјите ширум светот да создадат единствен фронт против апсењето странски државјани во Кина. Британските медиуми јавуваат дека Трудо ова го побара откако Канада повеќепати бараше од своите партнери да извршат притисок врз Пекинг да ослободи двајца уапсени канадски државјани. -Имаме огромно ниво на координација, не само со САД, туку и со сојузниците ширум светот, со цел постојано да го поставуваме прашањето за присилната дипломатија, што Кина се почесто ја користи, рече Трудо во интервју емитувано вчера. „Кина уапси двајца мажи откако канадската полиција, по американски налог, ја уапси шефицата на финансиската служба на компанијата „Хуаевј“, Менг Ванџу. Таа се наоѓа во домашен притвор во Ванкувер додека ја води правната битка за да биде испорачана во Кина, додаваат британските медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/trudo-povika-na-edinstven-front-protiv-kina-zaradi-apsenjeto-stranski-drzavjani/feed/ 0
Финска ги олеснува ограничувањата за влез на странски државјани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-gi-olesnuva-ogranichuvanjata-za-vlez-na-stranski-drzavjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-gi-olesnuva-ogranichuvanjata-za-vlez-na-stranski-drzavjani/#respond Fri, 11 Sep 2020 14:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=402114

Со цел да има поголем број туристички и деловни посети, Финска ќе ги релаксира многу строгите критериуми што важат за влез на странски државјани во земјата поради пандемијата на коронавирусот. Според сегашните прописи, влезот во Финска е забранет за граѓаните на земјите каде што зачестеноста на заразата со коронавирусот е над 8 до 10 случаи на 100.000 жители, што влијае на голем број европски земји, вклучувајќи ја и соседна Шведска. Сепак, од 19 септември тој праг ќе се подигне на 25 заразени на 100.000 жители, а патниците од земји каде стапката на зараза е повисока ќе можат да влезат со приложен доказ за негативен тест за коронавирус, но во тој случај важи обврската за самоизолација од две недели или додека не се приложат докази за втор негативен тест. Со 7,8 заразени на 100 000 жители, Финска веќе две недели бележи една од најниските стапки на зараза со коронавирус во Европа. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finska-gi-olesnuva-ogranichuvanjata-za-vlez-na-stranski-drzavjani/feed/ 0
На Водно уапсени тројца странски државјани, во автомобилот им била пронајдена марихуана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-vodno-uapseni-trojca-stranski-drzavjani-vo-avtomobilot-im-bila-pronajdena-marihuana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-vodno-uapseni-trojca-stranski-drzavjani-vo-avtomobilot-im-bila-pronajdena-marihuana/#respond Sun, 16 Aug 2020 10:23:25 +0000 https://kurir.mk/?p=391272

На 15.08.2020 во 20.20 часот на Средно Водно во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.О. и М.Ф., двајцата од Р.Турција, како и М.Т. од Кипар, затоа што во возилото во кое се превезувале била пронајдена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/na-vodno-uapseni-trojca-stranski-drzavjani-vo-avtomobilot-im-bila-pronajdena-marihuana/feed/ 0