странски инвеститори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Dec 2020 15:23:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png странски инвеститори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Четири странски инвеститори ја напуштија Македонија во последните месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/chetiri-stranski-investitori-ja-napushtija-makedonija-vo-poslednite-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/chetiri-stranski-investitori-ja-napushtija-makedonija-vo-poslednite-meseci/#respond Wed, 23 Dec 2020 15:23:28 +0000 https://kurir.mk/?p=447279

Годинава е најлоша година за инвестициите во Македонија. Оваа година прокнижени се само 119 милиони евра а покрај тоа што нема нови странски инвестиции Македонија ја напуштиле и четири инвеститори од странство во последните неколку месеци. Македонската економија се потешко се справува со последиците од корона пандемијата. Наместо нови странски инвестици, инвеститорите ја напуштаат Македонија. Владата раскина уште два договора за инвестирање во Тирз во Бунарџик. Од почетокот на пандемијата раскинати се вкупно 4 договори. Се работи за две Турски компании кои договори потпишале пред две години. Ќе се раскинат договорите со уште две компании кои требаше да инвестираат во Бунарџик. Ова пред еден месец го најави веќе екс директорот на зоните, а Владата го разгледувала ова и на седница. Се работи за две турски компании кои договори потпишале пред две години и уште не почнале со градба. Тие се откажале од намерата да инвестираат. Станува збор за Џемдаг Лајтенинг, компанија која произведува светилки за улично осветлување и Доган Отомотив која е производител на резревни делови за автомобилската индустрија. Овој сектор е во криза во целиот свет. Последните рестриктивни мерки нив Европа ќе придонесат побарувачката за автомобили дополнително да се намалува. Во компаниите во земјава кои работат како добавувачи за големите автомобилски фабрики, во моментов работа има, но неизвесно е каква ќе биде состојбата за десет дена. Пред два месеци Владата раскина договори со уште две компании, гермаснки Кеслер и албански Саген кои не почаа со градба во Бунарџик. Ова е прв пат до сега од страна на државата да се раскинат договори за закуп на земјиште со странски инвеститори, а тоа сега се случува веќе четврти пат во текот на неколку месеци. Владата даде дозвола на Дирекцијата да го раскине договорот со фармацевтската компанија Саген, кој требаше да инвестира 20 милиони евра во Илинден. Со албанскиот инвеститор беше потпишан договор во 2018, кога на прес-конференција беше објавено дека ќе вложува во две фази и дека ќе отвори 300 работни места. Подоцна имаше и свечен чин на отпочнување на изградбата со владини претставници. Претходно беше одлучено да се раскине и договорот со Кеслер. Германската компанија која во Бунарџик најавуваше 150 висококвалификувани вработувања во Бунарџик најверојатно останува да произведува електромотори во изнајмениот објект во Илинден. Договорот со Кеслер беше постигнат на крајот на 2017 а беа најавувани 150 вработувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/chetiri-stranski-investitori-ja-napushtija-makedonija-vo-poslednite-meseci/feed/ 0
Премиерот Заев најавува странски инвестиции, a за два месеци избрка четири странски инвеститори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-najavuva-stranski-investicii-a-za-dva-meseci-izbrka-chetiri-stranski-investitori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-najavuva-stranski-investicii-a-za-dva-meseci-izbrka-chetiri-stranski-investitori/#respond Tue, 17 Nov 2020 14:43:22 +0000 https://kurir.mk/?p=430773

Премиерот Зоран Заев деновиве кажа дека првата стратешка инвестиција ќе биде фабрика за зелена енергија а за другите три се водат тешки преговори. Наспроти ова Заев во изминатите 2 месеци раскина 4 договори со странски инвеститори. Заев во своето гостување на Националниот сервис пред два дена откри детали за стратешките инвестиции во земјава. Станува збор за фабрика за зелена енергија, објави премиерот Заев. - Меѓу другото, зборуваме и за Законот за стратешки инвестиции во државата. Четири се преговараат, едниот е договорен. Чекаме спогодба и ќе дојде тој Договор и во Собранието. Станува збор за фабрика за производство на зелена енергија. Ама, имаме уште три инвестиции кои што се преговараат. Тешко одат преговорите, но ќе се издоговорат деталите. Нови осум инвестиции, пак, покрај овие, се со веќе отпочнати иницијативи, рече премиерот Заев, откривајќи детали за стратешките инвестиции. Наспроти ваквите тврдења на премиерот Заев во изминатите 2 месеци 4 странски компании ја напуштија Македонија. Наместо нови странски инвестици, инвеститорите ја напуштаат Македонија. Владата пред една недела раскина уште два договора за инвестирање во Тирз во Бунарџик. Од почетокот на пандемијата раскинати се вкупно 4 договори. Последните две се турски компании кои договори потпишале пред две години. Станува збор за Џемдаг Лајтенинг, компанија која произведува светилки за улично осветлување и Доган Отомотив која е производител на резревни делови за автомобилската индустрија. Претходниот месец Владата раскина договори со уште две компании, германски Кеслер и албански Саген кои не почаа со градба во Бунарџик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/premierot-zaev-najavuva-stranski-investicii-a-za-dva-meseci-izbrka-chetiri-stranski-investitori/feed/ 0
Кипар го укинува „златниот пасош“ за богатите странски инвеститори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-go-ukinuva-zlatniot-pasosh-za-bogatite-stranski-investitori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-go-ukinuva-zlatniot-pasosh-za-bogatite-stranski-investitori/#respond Tue, 13 Oct 2020 14:47:22 +0000 https://kurir.mk/?p=415819

Кипар денеска ја укина профитабилната програма за доделување државјанство на богати странски инвеститори, по обвинувањата дека висок владин службеник и поранешен пратеник биле вклучени во обид да се заобиколат строгите правила и да се издаде пасош на имагинарен инвеститор за кој се смета дека имал криминално досие. Портпарол на Владата на Кипар, Кирјакос Кусиос, рече дека Кабинетот на премиерот ја прифатил препораката на министрите за внатрешни работи и за финансии за укинување на „златниот пасош“, кој на земјата во претходните години и донесе милијарди евра. Кусиос рече дека одлуката, која ќе стапи во сила на 1 ноември, се заснова на „долгогодишните слабости на Кипар во програмата за инвестиции, но и на злоупотребата на нејзините одредби“. Тој рече дека Владата со време ќе разгледа различни начини за привлекување странски инвестиции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kipar-go-ukinuva-zlatniot-pasosh-za-bogatite-stranski-investitori/feed/ 0
Нови откази – Си одат и вработени од странските инвеститори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-si-odat-i-vraboteni-od-stranskite-investitori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-si-odat-i-vraboteni-od-stranskite-investitori/#respond Wed, 16 Sep 2020 09:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=403916

Странските инвеститори Џонсон Мети и Ван Хол го редуцирале својот работен персонал во скопската индустриска развојна зона, а кризата предизвикана од пандемијата и натаму удира по компаниите кои се едни од најголемите работодавачи и најголеми извозници во Македонија. Сепак вакви процеси биле почнати и во Аптив, Кромберг и Шуберт, ODW Електрик. Според она што го дознава „Фактор“ од вработени во Џонсон Мети, околу 60 работници со постојано вработување и повеќето од нив вработени од основањето на компанијата во земјата, се отпуштени на крајот од минатата недела во две групи од по 30-мина. Со работниците биле постигнати договори да добијат како технолошки вишок шест просечни плати пресметано од последните шест месеци. Велат дека иако првично тоа не им се допаднало, на крајот сето тоа требало да изгледа како спогодба со производителот на катализатори, кој на глобално ниво донесе одлука за систематизација, според која од 1 октомври треба да се намалат 20 отсто од работните позиции и да се укинат одредени оддели. Џонсон Мети во претходен одговор ова го демантираше и најави дека останува на заокружената бројка од 1.000 вработени. -Може да потврдиме дека се консултираме со мал број колеги во Скопје, но се однесуваат само на неколку работни позиции. Овие разговори се одвиваат за да ни овозможат да направиме мали промени за да бидат во тек со Оперативниот Модел на фабриката. Ова гарантира начин на работа со стандард во секоја од нашите фабрики и се имплементира во нашата мрежа за да се осигуриме дека нашите објекти се подготвени за иднината. Нашиот објект во Скопје останува еден од најголемите, со повеќе од 1000 вработени луѓе. Остануваме целосно посветени на локалното подрачје, кое има критична улога во нашите идни успеси. Само за да се избегнат какви било недоразбирања, ова нема никаква поврзаност со Covid-19 и освен овие мали промени, нема да има никакви отпуштања, гласи одговорот на компанијата. Од Ван Хол одбиваат да кажат за колкава бројка на новоотпуштени работници станува збор, но потврдуваат дека на дел од нив им истекол договорот и со истите не е продолжен, додека на преостанатите, иако биле ангажирани на неопределено, им се заблагодариле за услугите. - Имаме намален обем на работа што се должи на намалената побарувачка во странство. Поради тоа бевме принудени да го редуцираме бројот на вработените. Согласно нашите планови, до крајот на годината не планираме дополнителни отпуштања, меѓутоа за 2021 не се знае, ни изјави Аврам Стојчевски директор на производителот на автобуси, приколки и други комерцијални возила. Стојчевски вели дека збирот на откази е интерно прашање на инвеститорот и дека не станува збор за драматична бројка, како и дека се гласини некои најави дека Ван Хол планира затворање на одреден период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/novi-otkazi-si-odat-i-vraboteni-od-stranskite-investitori/feed/ 0