странски јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Feb 2023 06:53:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png странски јазици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонците над европскиот просек според познавањето странски јазици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsite-nad-evropskiot-prosek-spored-poznavaneto-stranski-jazitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsite-nad-evropskiot-prosek-spored-poznavaneto-stranski-jazitsi/#respond Thu, 23 Feb 2023 06:53:35 +0000 https://kurir.mk/?p=803955

Македонија е над европскиот просек според познавањето странски јазици. Во земјава јазик различен од мајчиниот зборуваат 68,3 отсто од граѓаните. Според податоците на Евростат што ги објави Еуроњуз по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во Европа околу 65 отсто од населението знае барем еден странски јазик. За споредба, во САД само околу 20 отсто од возрасната популација зборува друг јазик. Постојат значителни варијации меѓу регионите на Стариот континент. Во нордиските земји голем процент од луѓето знаат најмалку два јазика, додека во Јужна Европа тоа не е случај. Спротивно на тоа, во Велика Британија, Босна и Херцеговина, Романија, Албанија, Унгарија и Бугарија помалку од 50 отсто од луѓето се повеќејазични. Луѓето во земјите каде што англискиот е мајчин јазик не изгледаат заинтересирани за учење друг јазик, па затоа само половина од Ирците зборуваат и разбираат барем уште еден странски јазик, а најлошо во Европа стои Велика Британија, каде што јазик различен од мајчиниот знае едвај 34 отсто од населението. Од земјите во нашето опкружување, најдобро позиционирана е Србија каде што 79,3 отсто знаат и друг јазик, следува Хрватска со 73,2 отсто, Грција 66,5, а на дното се Бугарија со 49,5, Албанија со 40 проценти и Босна и Херцеговина со 39 проценти.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsite-nad-evropskiot-prosek-spored-poznavaneto-stranski-jazitsi/feed/ 0
Топ 10 листа: Ова се најсекси странски јазици во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/top-10-lista-ova-se-najseksi-stranski-jazici-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/top-10-lista-ova-se-najseksi-stranski-jazici-vo-svetot/#respond Wed, 04 Apr 2018 09:21:37 +0000 https://kurir.mk/?p=36159

Платформата за учење странски јазици - Бабел спроведе анкета за тоа кој народ има најсекси нагласок на светот, и на топ листата нема место за Балканците. А пак, од словенските јазици, меѓу првите десет е само рускиот, и тоа на осмото место. Првото место му припадна на францускиот, а на второ место е италијанскиот јазик. Еве ја целата топ 10 листа: 1. француски 2. италијански 3. шпански 4. англиски 5. германски 6. португалски 7. шведски 8. руски 9. холандски 10. турски Анкетата опфати 15.000 луѓе од Бразил, Шпанија, Италија, Франција, Германија, Велика Британија, САД, Канада и Австралија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/top-10-lista-ova-se-najseksi-stranski-jazici-vo-svetot/feed/ 0