странски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 16:54:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png странски јазик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Добро е децата да учат странски јазик, но не брзајте – еве кога е најдобро да започнат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobro-e-decata-da-uchat-stranski-jazik-no-ne-brzajte-eve-koga-e-najdobro-da-zapochnat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobro-e-decata-da-uchat-stranski-jazik-no-ne-brzajte-eve-koga-e-najdobro-da-zapochnat/#respond Tue, 20 Sep 2022 16:53:41 +0000 https://kurir.mk/?p=734816

Учењето на странски јазици влијае на нивото на самодоверба и ја поттикнува желбата на децата да учат што повеќе. Стручњаците сепак советуваат дека со сериозни лекции не треба да се почнува прерано. Побрзо решавање на проблеми, поголема креативност, развивање на критичко мислење, зајакнување на меморијата, завидна социјална интелигенција се „последици“ на рано учење на странски јазик. Студиите покажуваат дека тоа доведува до бројни резултати во училиште. Стручњаците велат дека мозокот на тој начин поинтензивно се развива и повеќе се вежба. Добро е да се почека за третиот роденден, бидејќи до тогаш децата го усвојуваат мајчиниот јазик, а и ментално и емотивно се подготвени на период на социјализација. До таа возраст, добро е на детето да му пеете и пуштате песни на странски јазик. Наставниците по англиски велат дека е најдобро детето да почне да посетува официјален курс по странски јазик во прво одделение. Од друга страна, се смета дека курсот сериозно треба да се почне откако детето ќе научи латиница, значи во трето одделение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dobro-e-decata-da-uchat-stranski-jazik-no-ne-brzajte-eve-koga-e-najdobro-da-zapochnat/feed/ 0
Зборувањето странски јазик може да го одложи умствениот пад https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zboruvanjeto-stranski-jazik-moze-da-go-odlozi-umstveniot-pad/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zboruvanjeto-stranski-jazik-moze-da-go-odlozi-umstveniot-pad/#respond Thu, 14 Apr 2022 10:17:05 +0000 https://kurir.mk/?p=662903

Нови научни сознанија посочуваат дека говорењето странски јазик, покрај мајчиниот, му дава на мозокот вежба, обезбедувајќи така ментална стимулација – потребна и доволна да се спречи или одложи когнитивниот пад. За разлика од другите фактори за кои се смета дека штитат од состојби на проблеми со помнењето, како што се физичкото вежбање или диетите, знаењето втор јазик останува трајно со нас. Во истражување објавено во психолошкото списание „Фронтиерс“ (Frontiers in Psychology), испитувачите спровеле когнитивен тест на 63 луѓе со над 60 години кои зборуваат најмалку два јазика, со различна флуентност. Според анализата, на овие тн. билингвални лица им се дијагностицира деменција во просек 5-7 години подоцна од оние кои говорат еден јазик. Познавањето на друг јазик обезбедува постојана активност во мозокот. Д-р Федерико Гало смета дека тоа укажува дека двојазичноста кај човекот може да биде еден од најсилните начини за заштита од деменција. – Може да започнеме, па да се откажеме од физичките вежби, или на пр. да пробаме една или друга диета, или да смениме работа, но јазикот останува со нас цел живот… Ние комуницираме, гледаме филмови и читаме книги, а мозочните центри за јазикот постојано работат во нашите умови, изјави тој. Д-р Гало смета и дека имајќи предвид дека во мигов не постои лек за деменција и стареење на мозокот воопшто, секое забавување или одложување на нејзиниот почеток е клучно. – Потребни се огромни финансиски ресурси за да се развијат фармацевтски третмани. Затоа, изнаоѓањето и истражувањето алтернативни начини за забавување на когнитивното стареење треба да стане приоритет во науката, вели д-р Гало.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zboruvanjeto-stranski-jazik-moze-da-go-odlozi-umstveniot-pad/feed/ 0
Никогаш не е доцна да учите, еве како полесно да совладате странски јазик! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-e-docna-da-uchite-eve-kako-polesno-da-sovladate-stranski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-e-docna-da-uchite-eve-kako-polesno-da-sovladate-stranski-jazik/#respond Sun, 06 Mar 2022 21:31:25 +0000 https://kurir.mk/?p=641998

Како полесно да совладате странски јазик? Не очекувајте да бидете перфектни Ова е можеби најважниот совет кој треба да го примените кога започнувате да учите странски јазик. Потребно е многу време и труд за јазикот да се совлада, па доколку тежнеете кон перфекција, може да се обесхрабрите. Бидете трпеливи и упорни и најважно од сè, бидете задоволни од својот напредок. Не заборавајте, ништо не се постигнува преку ноќ! Ставете налепници на предметите во домот Ова е многу корисен начин да совладате што повеќе поими. Ставете налепници на што повеќе предмети, на пример, ако учите англиски, на шпоретот ставете налепница „oven”. Секојдневното среќавање со зборовите од налепниците ќе ви помогне брзо и лесно да го збогатите вашиот речник. Учете редовно Обидете се секој ден да посветите време на учењето. Ќе има денови кога ќе имате впечаток дека ништо не сте научиле, но тоа не смее да биде причина да прескокнете час. Без разлика дали учите сами или посетувате училиште за јазици, редовноста е клуч за успех. Зборувајте си сами со себе Во почетокот можеби ќе ви биде смешно, но кога ќе се навикнете ќе забележите колку е корисно. Гласно разговарајте со замислен соговорник, смислувајте разни ситуации, прашувајте и одговарајте. Обидете се да користите што повеќе нови зборови и изрази. Внимателно слушајте Правилниот изговор е многу важен. Без разлика дали гледате телевизија, слушате музика или имате можност да слушате разговор на јазикот кој го учите, внимателно слушајте и повторувајте ги зборовите. Најдете си партнер за учење Јазикот најлесно се совладува кога имате соговорник. Најдете си партнер и користете ја секоја можност да разговарате и да работите на граматиката. Методи има многу, без разлика кои ќе ги примените, ако сте упорни и покажете интерес, резултати сигурно ќе има. Никогаш не е доцна, не заборавајте дека човекот учи додека е жив!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nikogash-ne-e-docna-da-uchite-eve-kako-polesno-da-sovladate-stranski-jazik/feed/ 0
Над една третина Македонци зборуваат еден странски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-edna-tretina-makedonci-zboruvaat-eden-stranski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-edna-tretina-makedonci-zboruvaat-eden-stranski-jazik/#respond Wed, 26 Sep 2018 09:53:36 +0000 https://kurir.mk/?p=106234

Во 2016 година 38 отсто од Македонците, меѓу 25 и 64 годишна возраст, кажале дека имаат познавање од еден странски јазик. Кога станува збор за познавање на два странски јазика оваа бројка опаѓа на 20 отсто, додека само девет отсто од Македонците имаат познавање од три или повеќе странски јазици, покажуваат последните податоци на Европскиот институт за статистика, Евростат, објавени по повод Европскиот ден на јазиците. Македонија бележи полоши резултати од ЕУ во целина, но подобри од неколку земји членки на Унијата. На ниво на ЕУ, 65 отсто од граѓаните велат дека познаваат еден странски јазик, покажува Евростат. По земји членки, најдобри резултати бележат Шведска со 97 отсто, Летонија, Данска и Литванија со 96 отсто, Луксембург со 95 отсто, Финска и Малта со 92 отсто и Естонија со 91 отсто. Финска и Словенија, пак, имаат највисоки бројки во однос на познавањето на три или повеќе јазици (45 и 38 отсто). Најниско познавање на странски јазици има во Велика Британија каде само 35 отсто од граѓаните познаваат еден странски јазик, потоа Романија со 36 отсто, Унгарија 42 отсто и Бугарија каде половина од населението не познава ниту еден странски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nad-edna-tretina-makedonci-zboruvaat-eden-stranski-jazik/feed/ 0