странски работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Jan 2023 19:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png странски работници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонскиот пазар отворен за работници од странство, се чека ратификација на договорите од „Отворен Балкан“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/makedonskiot-pazar-otvoren-za-rabotnitsi-od-stranstvo-se-cheka-ratifikatsija-na-dogovorite-od-otvoren-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/makedonskiot-pazar-otvoren-za-rabotnitsi-od-stranstvo-se-cheka-ratifikatsija-na-dogovorite-od-otvoren-balkan/#respond Sat, 28 Jan 2023 19:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=793247

Во македонскиот парламент се уште се чека ратификација на Договорите од иницијатијата Отворен Балкан со кои се предвидува од Македонија, Србија и Албанија да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји. Тоа е последниот чекор со кој македонскиот пазар на труд, но и пазарите на труд во Албанија и Србија ќе станат отворени за работници од трите земји со што ќе се зголеми мобилноста во регионот. За тоа да се случи постојано апелираат и од бизнис секторот, но и националниот координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец. „Имаше објективни причини и пречки зошто македонскиот парламент ги немаше изгласано ратификациите на договорите од Отворен Балкан, а тие во главно се сведуваа на блокадите од страна на опозицијата. Сепак, два од договорите, оние кои се однесуваат на отстранувањето на работните дозволи поминаа на комисијата за надворешни работи во Собранието, откако опозицијата се одважи да ја тргне блокадата, изјави неодамна Забрчанец. Согласно договорите, ќе се воведе Идентификациски број кој ќе биде сличен на единствениот матичен број за граѓаните на „Отворен Балкан“, а со добивање на ИД бројот, македонските работници нема да мора да вадат работна дозвола за Србија или Албанија, ниту пак тоа ќе треба да го прават работници од Албанија или Србија кои сакаат да работат во Македонија. Надминувањето на проблемот со недостиг на работна сила, сериозно се разгледува и во Владата која, според најавите, кон решенијата пристапува долгорочно и стратешки, а тоа го потврди и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, во државава, веќе и да не постои нема компанија која не се бори со недостаток на работна сила. „Краткорочна цел во која треба да гледаме, а која ќе има долгорочни ефекти е покачување на продуктивноста и соодносот со платите но и конечно мораме да зборуваме за отворање на нашиот пазар на труд. Моја заложба е на пролет оваа година да ја отвориме целосно дискусијата како и Оперативниот план за вработување за квотата за странци во нашата земја. Сметам дека е време да го отвориме нашиот пазар на труд, со цел, зголемување на конкурентноста а знаеме дека за зголемување на конкурентноста клучен е човечкиот фактор“ порача неодамна Битиќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/makedonskiot-pazar-otvoren-za-rabotnitsi-od-stranstvo-se-cheka-ratifikatsija-na-dogovorite-od-otvoren-balkan/feed/ 0
Германија ги отвора вратите за странските работници, објавени нови правила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-gi-otvora-vratite-za-stranskite-rabotnici-objaveni-novi-pravila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-gi-otvora-vratite-za-stranskite-rabotnici-objaveni-novi-pravila/#respond Fri, 02 Dec 2022 10:10:58 +0000 https://kurir.mk/?p=770027

Германската економија со години не може да привлече доволно квалификувани работници, а овој проблем наскоро ќе се влоши со пензионирањето на бејби бум генерацијата. Владата претстави план со кој пошироко се отвораат вратите за работната сила од земјите надвор од Европската унија, пренесува ДПА. Според нацртот, странците повеќе нема да бидат ограничени само на професијата, па така, на пример, механичар ќе може да работи како магационер или полицаец како келнер. При разгледување на апликацијата за работна виза, искуството ќе добие тежина, а преводот на квалификации на германски ќе изгуби важност за влез во Германија. Планот вклучува и иновативен систем за бодување за работници од трети земји, вклучувајќи ги и земјите од Западен Балкан. Министрите се согласија за основните принципи, дека „критериумите можат да бидат квалификации, јазични вештини, работно искуство, семејни врски со Германија и возраст“. Прашањето за бодување на небулозните категории на познавање на јазикот и семејните врски штотуку доаѓа на агендата за дискусија во трипартитната коалиција на канцеларот Олаф Шолц. Според тоа, службите за странци поповолно ќе ги одмеруваат способноста за интеграција со претходен престој во Германија, работа кај германски работодавач, но и доколку кандидатот има роднини во Германија. Нацртот сè уште не дефинира каков статус треба да имаат тие роднини, на пример дали треба да се вработени. Полесната имиграција е дел од планираната реформа на законите за азил и миграција што министерката за внатрешни работи Ненси Фезер сака да ја иницира до крајот на годината. Бундестагот утре треба да гласа за таканаречената можност за право на престој, односно за отворање перспектива за престој за добро интегрираните странци кои подолго време живеат во Германија без безбеден статус. Почнувајќи од 31 октомври 2022 година, секој што живеел во земјата најмалку пет години и не сторил кривично дело, треба да добие 18 месеци да ги исполни условите за долготраен престој – тука спаѓаат јазичните вештини и сопствените средства за егзистенција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-gi-otvora-vratite-za-stranskite-rabotnici-objaveni-novi-pravila/feed/ 0
ОТКРИЕНО: Ова е најскапиот град во светот за странски работници https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieno-ova-e-najskapiot-grad-vo-svetot-za-stranski-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieno-ova-e-najskapiot-grad-vo-svetot-za-stranski-rabotnici/#respond Tue, 22 Jun 2021 08:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=526469

Главниот град на Туркменистан, Ашкабад, е најскапиот град во светот за странски работници, покажуваат резултатите од годинешното истражување на трошоците за живот спроведено од американската компанија Мерсер за управување со имот. Годишниот извештај на Мерсер рангира 209 градови во светот врз основа на споредба на трошоците за живот, што вклучува трошоци за домување, превоз, храна и забава, користејќи го Њујорк како компаративна основа, јави Си Ен Ен. Ашкабад, кој беше втор на минатогодишната листа, некако се рангира во групата 10 најскапи градови за странски работници, во која има главно светски деловни и финансиски центри како Хонгконг, кој беше најскап лани и втор оваа година, потоа Токио (четврти), Цирих (петти) и Сингапур (седми). Според извештајот на Мерсер, сегашната финансиска криза во Туркменистан, која резултира со недостиг на храна и хиперинфлација, доведе до скок на трошоците за живот во Ашкабад во последните неколку години. Како најголемо изненадување во однос на минатогодишното истражување, Мерсер го посочува Бејрут, кој скокна од позицијата 45-ти најскап град за гастарбајтери во 2020 година, на третото место оваа година. Европските градови, исто така, беа рангирани релативно како поскапи од американските градови оваа година, со еврото што се зголеми речиси 11 проценти во однос на доларот, што резултираше Њујорк дури и да не се најде меѓу првите 10, додека Париз се искачи од минатогодишното 50. на 33. место. Што се однесува до најевтините градови за работници од странство, на „долниот“ дел на рангирањето на Мерсер се наоѓаат Тбилиси, главниот град на Грузија (207. место), Лусака, Замбија (208) и главниот град на Киргистан, Бишкек (209).]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieno-ova-e-najskapiot-grad-vo-svetot-za-stranski-rabotnici/feed/ 0
Франција воведува квоти за странски работници надвор од ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-voveduva-kvoti-za-stranski-rabotnici-nadvor-od-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-voveduva-kvoti-za-stranski-rabotnici-nadvor-od-eu/#respond Tue, 05 Nov 2019 13:49:18 +0000 https://kurir.mk/?p=260445

Франција првпат ќе воведе квоти за работници од земји надвор од Европската Унија, на кои ќе им биде овозможен влез во земјата, соопшти денеска министерката за труд Муриел Пеницауд. Таа појасни дека квотите ќе бидат одредени следното лето, дополнувајќи дека Владата ќе состави попис на релевантни занимања кои ќе бидат покриени со тие квоти, иако е приоритет да се вратат Французите на пазарите на труд. – Наш приоритет е да им се помогне на Французите да се вратат на пазарот на труд. Дури потоа ќе се свртиме кон бегалците и ќе им овозможиме да најдат работа, истакна министерката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-voveduva-kvoti-za-stranski-rabotnici-nadvor-od-eu/feed/ 0
Хрватска ќе увезе 63.600 странски работници https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-uveze-63-600-stranski-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-uveze-63-600-stranski-rabotnici/#respond Wed, 19 Dec 2018 08:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=142198

До крајот на овој месец хрватската Влада ќе ја утврди годишната квота за вработување на странци во 2019 година на која, според предлогот, би требало да се најдат дури 63,600 работници. Хрватска првпат ќе увезе и 200 постојани медицински сестри или техничари, но сепак најмногу недостасуваат работници во градежниот и туристичкиот сектор. Извршниот директор на хотелите „Јадранка“, Рикардо, Хески изјави дека овие хотели ставаат акцент на интернет едукација на работниците со што ги стимулираат да дојдат кај нив и да гледаат на долгорочна соработка што е во интерес на двете страни. – Освен што настојуваме да им обезбедиме најквалитетни услови на нашите работници, настојуваме да им обезбедиме и дополнителни бенефиции и ги наградуваме за верност, изјави Хески за ХРТ и додаде дека има најмногу работници од Славонија, а од странците од БиХ, Србија и Македонија. Претставникот на хрватската Управа за пазар на труд и вработување Даворко Бишкулиќ – Лемиќ изјави дека квотата за вработување странци во 2019 година е значително поголема од минатата година, но соодветствува со реалните потреби на пазарот за труд. – Хрватска во Заводот за вработување има 147 илјади невработени и целта ни е да ја активираме и домашната работна сила, нагласи Бушкулиќ – Лемиќ. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-kje-uveze-63-600-stranski-rabotnici/feed/ 0