странски туристи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 11:00:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png странски туристи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во август земјава ја посетиле над 102.000 странски туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-avgust-zemjava-ja-posetile-nad-102-000-stranski-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-avgust-zemjava-ja-posetile-nad-102-000-stranski-turisti/#respond Fri, 13 Oct 2023 11:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=888477

Во земјава во август годинава се евидентирани вкупно 216.872 туристи, од кои 114.811 (52,9%) биле домашни, а 102.061 (47,1%) странски туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, тие оствариле 877.138 ноќевања, од кои 75,2 отсто ги оствариле домашните, а 24,8 отсто странските туристи. Во првите осум месеци од годинава за 22 отсто е зголемен бројот на туристите во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има зголемување за 0,4, а кај странските за 42,4 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 9,6 отсто и тоа за 1,2 отсто кај домашните и за 25,5 отсто кај странските туристи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-avgust-zemjava-ja-posetile-nad-102-000-stranski-turisti/feed/ 0
МВР СО ДЕТАЛИ: Пронајдени тројцата странски туристи кои се изгубиле во Националниот парк Галичица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pronajdeni-trojtsata-stranski-turisti-koi-se-izgubile-vo-natsionalniot-park-galichitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pronajdeni-trojtsata-stranski-turisti-koi-se-izgubile-vo-natsionalniot-park-galichitsa/#respond Mon, 24 Jul 2023 09:27:57 +0000 https://kurir.mk/?p=859389

На 23.07.2023 во 15.42 часот во СВР Битола, Н.А.(33) од САД пријавила дека таа, нејзиниот сопруг Л.Ц.(33) и нејзиниот брат J.A.(30), сите државјани на САД, се изгубиле во Националниот парк Галичица. Според пријавеното, тие тргнале да планинарат кон врвот Галичица, при што се разделиле и по кратко време се изгубиле. Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола - ОВР Ресен, во содејство со спасувачката служба на Црвен крст од Охрид извршија пребарување на теренот, при што во 17.30 часот биле пронајдени, а подоцна биле спуштени на патеката што води кон село Лескоец, каде што биле прифатени и со возило од Националниот парк Галичица биле транспортирани до асфалтниот пат Царина-Трпејца. Притоа, тие биле прегледани од екипа на Итната медицинска помош Ресен и било констатирано дека се во добра здравствена состојба, по што заминале во сместувачкиот објект во Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-pronajdeni-trojtsata-stranski-turisti-koi-se-izgubile-vo-natsionalniot-park-galichitsa/feed/ 0
Скопје домаќин на Европско одбојкарско првенство, се очекуваат до 20.000 ноќевања од странски туристи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/#respond Fri, 21 Jul 2023 11:52:31 +0000 https://kurir.mk/?p=858731

Дополнителни 15 000 - 20 000 ноќевања од странски туристи го очекуваат Скопје кој е еден од градовите домаќини на претстојното Европско првенство во одбојка. Како што рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски, се очекува зголемен број навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора, но и од други земји. -Скопје очекува значително зголемен број туристи за Европското одбојкарско првенство. Главниот град ќе има дополнителен „буст“ со Европското одбојкарско првенство и по едната група во август и септември, очекуваме дополнителни 15 000 - 20 000 ноќевања од дестинации - навивачи од Холандија, Полска, Црна Гора и други земји, истакна Јаневски на средба со новинарите. Според него, се покажува дека спортскиот туризам, како и авантуристичките форми на туристичката понуда и трајните врски со одредени пазари и тур оператори на светско ниво, даваат резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-domakin-na-evropsko-odbojkarsko-prvenstvo-se-ochekuvaat-do-20-000-nokevana-od-stranski-turisti/feed/ 0
Индија отворена за странските туристи по 19 месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-otvorena-za-stranskite-turisti-po-19-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-otvorena-za-stranskite-turisti-po-19-meseci/#respond Fri, 15 Oct 2021 11:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=579559

Индија денеска се отвори за странските туристи, 19 месеци откако ги затвори границите поради пандемијата со Ковид-19. -Туристички визи прво ќе им бидат издадени на оние кои доаѓаат во Индија со чартер летови, а од 15 ноември ќе се прошири на патниците од сите летови, соопшти Министерството за внатрешни работи. Протоколите за туристите ќе ги објави Министерството за здравство, но индиските медиуми јавуваат дека патниците најверојатно ќе треба да бидат вакцинирани или да имаат негативен тест не постар од 72 часа пред летот. Минатата година Индија ја посетија помалку од три милиони луѓе, што е за 75 проценти помалку од 2019 година. Њу Делхи планира да додели 500.000 бесплатни визи за помош на туристичкиот сектор, а тоа се очекува да поттикне кратки туристички тури. Индија е втора по бројот на заразени лица. Од почетокот на пандемијата имаше 34 милиони случаи, а 451.000 луѓе починаа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-otvorena-za-stranskite-turisti-po-19-meseci/feed/ 0
Шпанија покрена кампања за привлекување странски туристи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-pokrena-kampanja-za-privlekuvanje-stranski-turisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-pokrena-kampanja-za-privlekuvanje-stranski-turisti/#respond Thu, 18 Jun 2020 15:59:55 +0000 https://kurir.mk/?p=359553

За да  привлече странски туристи исплашени од коронавирусот, шпанската Влада  почна меѓународна кампања за да порача дека е безбедна земја и најави програма од 4,2 милијарди евра за помош на своите туристички компании. Кампањата „Spain for sure“ официјално ја отвори шпанскиот крал и кралица во Музејот дел Прадо во Мадрид, само три дена пред Владата да ги отвори своите граници за странските туристи. Со оваа кампања, Владата сака да им испрати порака на патниците кои се подготвуваат за годишни одмори дека Шпанија е безбедна здравствена дестинација. Лани повеќе од 80 милиони туристи ја посетија Шпанија, што беше рекордна година, но сега нејзините плажи се празни, хотелите допрва ги отвораат своите врати, а околу еден милион туристички работници неизвесно чекаат да се вратат на работа. За да се спречи ширењето на инфекцијата, Владата забрани туристички патувања на 14 март и затворени граници, освен за итни случаи и прекугранични работници. В понеделник, границите повторно ќе бидат отворени за патниците од земјите на Европската унија, без обврска за самоизолација кога ќе влезат во Шпанија. Иако на 1 јули го најави отворањето на границите, Владата одлучи да ги отвори една недела порано за да ги намали штетите за економијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-pokrena-kampanja-za-privlekuvanje-stranski-turisti/feed/ 0
Бројот на странски туристи во Франција може да се намали од 60 до 80 отсто во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-stranski-turisti-vo-francija-moze-da-se-namali-od-60-do-80-otsto-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-stranski-turisti-vo-francija-moze-da-se-namali-od-60-do-80-otsto-vo-2020-godina/#respond Thu, 07 May 2020 13:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=343056

Бројот на странски туристи може да опадне од 60 до 80 отсто во 2020 година како последица на пандемијата на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. Ова предвидување го издаде Светската туристичка организација (ОМТ), која предвидуваше на крајот на март пад од 20 до 30 отсто. Во првиот квартал во текот на годината бројот на странски турсити веќе опадна за 22 отсто, па дури и за 57 отсто во март, откако почнаа карантините во многу земји, се вели во соопштението на оваа агенција на ОН со седиште во Мадрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-stranski-turisti-vo-francija-moze-da-se-namali-od-60-do-80-otsto-vo-2020-godina/feed/ 0
Драма на Попова Шапка со странски туристи: Се пресретнале два ратрака кои пренесувале патници, па започнал хаосот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-popova-shapka-so-stranski-turisti-se-presretnale-dva-ratraka-koi-prenesuvale-patnici-pa-zapochnal-haosot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-popova-shapka-so-stranski-turisti-se-presretnale-dva-ratraka-koi-prenesuvale-patnici-pa-zapochnal-haosot/#respond Tue, 18 Feb 2020 15:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=305615

М.С., косопственик на фирма од Тетово, завчера  околу 16:00 часот во СВР Тетово пријавил дека кај место викано „Вакуф“, во планинскиот предел на Попова Шапка, додека со ратрак превезувал патници по планинскиот предел, бил пресретнат од друг ратрак, сопственост на фирма од Скопје. Според пријавеното, во тој момент од него излегол сопственикот на таа фирма, Т.Т.(49) од Хрватска, со регулиран привремен престој во Тетово, се качил на неговиот ратрак и почнал да ги навредува патниците – странски државјани и барал од нив да не се возат со ратракот на М.С., по што заминал. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-popova-shapka-so-stranski-turisti-se-presretnale-dva-ratraka-koi-prenesuvale-patnici-pa-zapochnal-haosot/feed/ 0
Повеќе од три милиони странски туристи ја посетиле Русија за време на Светското првенство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-tri-milioni-stranski-turisti-ja-posetile-rusija-za-vreme-na-svetskoto-prvenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-tri-milioni-stranski-turisti-ja-posetile-rusija-za-vreme-na-svetskoto-prvenstvo/#respond Mon, 16 Jul 2018 13:17:21 +0000 https://kurir.mk/?p=77409

Повеќе од три милиони странски туристи ја посетија Русија за време на Светското првенство, двојно повеќе во споредба со Зимските олимписки игри во Сочи. Ова го изјави премиерот на земјата, Дмитриј Медведев. - Според првичните проценки, градовите кои беа домаќини на фудбалските натпревари од првенството, вкупно се посетени од повеќе од три милиони странски туристи. Тоа е двојно повеќе од Олимписките игри во Сочи во 2014 година. Уверен сум дека голем дел од овие туристи ќе ја напуштат Русија со одлични впечатоци, рече Медведев. Премиерот им се заблагодари на жителите на сите градови каде што се одиграа натпреварите, како и на волонтерите. Русија им дозволи на странците кои доаѓаат на најпрестижните фудбалски турнири да влезат во земјата без виза. Медведев изрази уверување дека овој голем број странски туристи позитивно ќе влијаат на перцепцијата на Русија низ целиот свет. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-tri-milioni-stranski-turisti-ja-posetile-rusija-za-vreme-na-svetskoto-prvenstvo/feed/ 0