страв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Mar 2023 08:23:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png страв – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Храбро прифати ги: Неколку причини зошто не треба да се плашиш од личните слабости https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/hrabro-prifati-gi-nekolku-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-plashish-od-lichnite-slabosti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/hrabro-prifati-gi-nekolku-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-plashish-od-lichnite-slabosti/#respond Mon, 20 Mar 2023 08:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=814010

Многу луѓе чувствуваат страв и срам поради нивните слабости. Може да се плашите од последиците од вашите слабости и да се чувствувате вознемирени поради тоа што вашите слабости ќе станат очигледни на другите. Можеби и самите сметате дека ваша слабост е лошата дисциплина на децата, ниските амбиции, слабите социјални вештини, неразбирањето на одредени концепти, како што се финансиите, интровертноста и слично. Кога луѓето доживуваат нешто за себе како „слабост“, најмногу поради наметнатото мислење од општеството или ниската самодоверба, тие обично избегнуваат се што го поттикнува. Ова води до дополнителна атрофија, на пример, како да мислите дека вашата десна рака е послаба од левата, па секогаш ја користите само левата. Ова всушност ја прави десната рака послаба бидејќи мускулите слабеат. Еве зошто не треба да се плашите од вашите „слабости“ и да избегнувате ситуации во кои може да наидете на нив. 1. Луѓето кои се добри во се може да изгледаат многу досадно, па дури и одбивно. Никој не е совршен, па оние кои се обидуваат да остават таков имиџ делуваат неискрено. 2. Лесно можете да ги надоместите слабостите со тоа што ќе се дружите со луѓе на кои вашата слабост им е силата. 3. Можете да ги комбинирате вашите слабости со вашите силни страни. Ако, на пример, сте одлични во технологијата, но не сакате да се дружите лице в лице, обидете се да најдете пријатели на Интернет. 4. Слабостите може да ве наведат да барате креативни решенија за проблемите на кои другите не би ни помислиле. 5. Да се ​​биде добар во сè не е неопходно за успех во остварувањето на вашите цели. 6. Да се ​​биде добар во сè не е неопходно за да бидеш сакан или почитуван. 7. Ранливоста, како барање помош или совет и откривање на слабости, може да изгради блискост и доверба во односите. 8. Познавањето на вашите слабости може да ви помогне да ги изберете животните патишта и да донесувате големи одлуки. 9. Слабостите не се скаменуваат. Ако сакате да работите на нив, секогаш можете. 10. Слабостите понекогаш имаат неочекувани позитивни последици. Избегнувањето е лошо за менталното здравје и може да предизвика многу проблеми. Колку помалку се плашите од вашите слабости, толку помалку ќе избегнувате сценарија кои предизвикуваат тој срам и вознемиреност. Тоа ќе влијае на тоа како се чувствувате, што постигнувате и вашите односи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/hrabro-prifati-gi-nekolku-prichini-zoshto-ne-treba-da-se-plashish-od-lichnite-slabosti/feed/ 0
Германка со страв од пајаци во паника повикала полиција https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanka-so-strav-od-pajaci-vo-panika-povikala-policija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanka-so-strav-od-pajaci-vo-panika-povikala-policija/#respond Mon, 31 Oct 2022 11:18:28 +0000 https://kurir.mk/?p=753140

Германка која страда од арахнофобија, исплашена побарала помош од полицијата во Баден-Виртемберг. Според полицискиот извештај, 33-годишната жена пријавила дека видела пајак во нејзиниот автомобил и дека ѝ била потребна итна помош бидејќи не можела да продолжи да вози. Полицајците го пребарале возилото, но пајаци биле пронајдени, па жената се смирила. Таа го продолжила своето патување, според полицијата. Арахнофобијата е патолошки страв од пајаци. Луѓето со арахнофобија ги проверуваат своите кревети неколкупати пред спиење. Стравот од пајаци може да стане причина и за избегнување прошетки во природа. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/germanka-so-strav-od-pajaci-vo-panika-povikala-policija/feed/ 0
И посилниот пол има свои стравови – еве од што се плашат мажите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/i-posilniot-pol-ima-svoi-stravovi-eve-od-shto-se-plashat-mazite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/i-posilniot-pol-ima-svoi-stravovi-eve-od-shto-se-plashat-mazite/#respond Sun, 18 Sep 2022 19:29:36 +0000 https://kurir.mk/?p=734568

Никогаш не би кажале, но жените и мажите делат исти стравови во љубовните односи, но посилната половина никогаш не би ги признала своите. Мажите сметаат дека нивната сила не е недостаток на страв, туку способноста да го контролираат стравот и да го сокријат од средината. Недостаток на искуство Колку пати сте го излажале партнерот за бројот на мажи со кои сте спиеле? Тоа го прават и мажите. Иако понекогаш сакаат да се пофалат со богато искуство, вистината често не е таква. Секој маж сака да изгледа како мачо, поради што често измислуваат работи за да го постигнат тој ефект. Љубомора Скоро сите чувствуваат љубомора, но ретко кој тоа отворено ќе го покаже зашто тоа би значело дека всушност имаат помала самодоверба. Ако партнерот не покажува знаци на љубомора кога ќе го споменете поранешното момче или некој колега, тоа не значи дека не е љубоморен. Тие секогаш се грижат и се споредуваат со мажите во вашата околина, но никогаш нема да ви го признаат тоа. Пари Познат синдром на моќ. Околината се уште диктира дека мажите треба да бидат одговорни за финансиската сигурност на семејството, но има и такви кои одамна не живеат патријахално, па жените и мажите заработуваат исто, или жените заработуваат повеќе. Меѓутоа, ни тогаш на мажот не му е сеедно што жените се избориле за еманципација, зашто тие се уште стојат на ставот дека ако не заработуваат доволно, никогаш нема да се остварат како вистински мажи. Треба да сфатат дека парите не се предуслов за да имаат жена крај себе, туку нивната грижа и љубов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/i-posilniot-pol-ima-svoi-stravovi-eve-od-shto-se-plashat-mazite/feed/ 0
Четири од пет деца во Појасот Газа страдаат од депресија, тага и страв https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-od-pet-deca-vo-pojasot-gaza-stradaat-od-depresija-taga-i-strav/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-od-pet-deca-vo-pojasot-gaza-stradaat-od-depresija-taga-i-strav/#respond Thu, 16 Jun 2022 05:38:35 +0000 https://kurir.mk/?p=691447

Четири од пет деца во Појасот Газа страдаат од депресија, тага и страв, предизвикани од 15-годишната израелска блокада на таа крајбрежна територија, се вели во извештајот на организацијата Спасете ги децата (Save the Children). За време на изготвувањето на извештајот, насловен „Затвореници“, беа направени интервјуа со 488 деца и 168 родители или старатели во Појасот Газа. Блокадата на Газа е воведена во јуни 2007 година, што сериозно влијаеше на нејзината економија и драматично го ограничи патувањето. Тоа особено ги погоди децата, кои сочинуваат 47 отсто од населението на Газа од околу два милиона луѓе. Околу 800.000 деца од Газа не знаат за живот без блокада, а доживеале шест многу опасни ситуации – шест ескалации на насилство и пандемијата Ковид-19. Во извештајот се забележува дека менталното здравје на децата во Газа драстично се влошило од последниот сличен извештај пред четири години, при што емоционалните проблеми се зголемиле од 66 на 80 отсто. Процентот на деца кои чувствуваат страв скокна од 50 на 84 проценти, оние кои се чувствуваат нервозни е 80 проценти, во споредба со претходните 55 проценти, депресијата е присутна во 77 проценти од случаите (претходно 62 проценти), а тагата се чувствува кај 78 проценти од децата (претходно 55 проценти). Организацијата тврди дека повеќе од половина од децата во Газа размислуваат за самоубиство, а три од нив размислуваат за самоповредување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetiri-od-pet-deca-vo-pojasot-gaza-stradaat-od-depresija-taga-i-strav/feed/ 0
Имате страв од возење: Овие неколку совети ќе ви помогнат да го надминете https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/imate-strav-od-vozenje-ovie-nekolku-soveti-kje-vi-pomognat-da-go-nadminete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/imate-strav-od-vozenje-ovie-nekolku-soveti-kje-vi-pomognat-da-go-nadminete/#respond Thu, 12 May 2022 13:23:15 +0000 https://kurir.mk/?p=675721

Ако имате страв од возење, постојат неколку начини да го надминете Многу луѓе, и покрај тоа што имаат возачка дозвола, имаат неверојатен страв сами да седнат зад воланот. Сепак, експертите велат дека постојат неколку начини како да го надминете и да уживате во возењето. Кој е стравот од возење? Експертите тврдат дека стравот од возење не е страв од тоа, туку се плашат од напади на паника доколку дојде до непредвидена ситуација на патот. Овој тип на страв произлегува од свесноста за ризикот и одговорноста што ја имате зад воланот. Направете пријатен амбиент во автомобилот За да се чувствувате удобно во внатрешноста на вашиот автомобил, треба да создадете амбиент кој ќе биде пријатен. Секоја година, производителите на автомобили се трудат да создадат совршена атмосфера, па покрај удобноста и комфорот, има и седишта со масажери, кои дополнително можат да ви помогнат да го надминете стравот. Посветете се на учењето да возите Ако не сте возеле подолго време откако сте положиле, потребно е да го возите автомобилот некое време со искусен возач или инструктор кој најдобро ќе ви помогне во тоа. Возете полека, за да стекнете рутина, така што вниманието ќе биде насочено кон менување на брзината, сигнализацијата и настаните на патот. Вербата во себе и автомобилот Како и со сè што правите, прво треба да имате доверба во себе, а потоа во автомобилот што го возите. За да стекнете доверба, потребно е автомобилот да биде целосно исправен, а потоа да имате автомобил кој одговара на вашиот тип на личност, бидејќи треба целосно да ви одговара, за да не доживеете непријатни искуства. Вежбајте длабоко дишење Длабокото дишење ја намалува напнатоста и ја зголемува концентрацијата. Ве враќа во моментот во кој се наоѓате и на тој начин го одвлекува вашето внимание од негативните мисли и настани во околината. Оваа техника можете да ја примените дома или во која било неблагодарна ситуација во која ќе се најдете. Ова ќе ја зголеми безбедноста при возење, бидејќи нападите на паника ќе станат поретки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/imate-strav-od-vozenje-ovie-nekolku-soveti-kje-vi-pomognat-da-go-nadminete/feed/ 0
Дали имате страв од возење што не можете да го објасните? Ова е најверојатно вашата дијагноза https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-imate-strav-od-vozenje-shto-ne-mozete-da-go-objasnite-ova-e-najverojatno-vashata-dijagnoza/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-imate-strav-od-vozenje-shto-ne-mozete-da-go-objasnite-ova-e-najverojatno-vashata-dijagnoza/#respond Sun, 06 Jun 2021 18:05:28 +0000 https://kurir.mk/?p=519758

Постојат два збора кои го објаснуваат стравот од возење или управување со моторно возило. Првиот е вехофобија и се однесува на стравот од активно возење. Латински „вехо“ значи возење. Фобијата да се биде во автомобил е амаксофобија. Тоа подразбира самиот процес на возење, како и возење во автомобил или некоја друга форма на превоз како патник. Етимолошки, зборот потекнува од грчките „амаксос“ (кочија) и „фобос“ (голем страв, фобија). Причините за овие стравови можат да бидат сообраќајна несреќа, но исто така и неопределен страв од возење, патување или моторни возила. Симптомите на луѓето кои страдаат од амаксофобија вклучуваат потење, вртоглавица, стомачни тегоби, стегање во градите, забрзано чукање на срцето, нагон за плачење или крик, мускулна напнатост и паника, според прегледот на ХАК. Овие непријатни чувства честопати се придружени со негативни мисли, грижи, несигурности, страв и очекување на опасност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/dali-imate-strav-od-vozenje-shto-ne-mozete-da-go-objasnite-ova-e-najverojatno-vashata-dijagnoza/feed/ 0
Стравовите ве откриваат: Какви сте како личност според тоа од што се плашите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/#respond Wed, 07 Apr 2021 06:59:25 +0000 https://kurir.mk/?p=493450

Не е лесно да живеете со фобии. Тие не се појавуваат без причина, а многу влијаат на нашата личност и приоритети во животот. Експертите го објаснуваат значењето на некои од најчестите појави. Страв од висина Тоа покажува дека имате силна свест за себе, а тоа што се плашите дека сте одделени од Земјата зборува дека во животот цврсто стоите на земја, реални сте. „Чувствуваме страв кога ќе го загубиме најосновниот начин на контрола на чувствата на кои им пристапуваме на она што не интересира и се оддалечуваме од она што не плаши“, објаснува „Psychology Today“. Страв од мрак Тоа покажува дека сте креативни. Според пишувањето на „Medical Dаily“ научниците веруваат дека произлегува од генетскиот код кој  е присутен кај нас и некогаш одамна не присилувал да ги избегнуваме ноќните грабливци. Трајниот страв од мрак е поврзан и со страв од непознато. Како прво, темнината го попречува нашиот вид, а тоа ја попречува и способноста за разбирање, темнината заслепува едно од нашите најважни сетила. Луѓето кои страдаат од никтофобија создаваат некои слики од она што го гледаат или не го гледаат. Ако сте меѓу нив, тоа покажува дека имате премногу активна фантазија, односно вашиот мозок создава слики, иако пред вас ништо не гледа. Страв од пајаци Ова покажува дека сте лидер. Овој вид на страв е еден од најчестите. Според истражување спроведено во Велика Британија, од 261 испитани постари лица, 32 отсто од жените се изјасниле дека имаат страв од пајаци, како и 18 отсто од мажите. Страв од змии Овие луѓе често се заземаат за другите. Токму тоа го покажува вашиот страв од змии, кога проработува вашиот заштитнички инстинкт. Страв од крв Ова значи дека сте мирни и прибрани. Кај луѓето кои страдаат од хемофобија срцето започнува забрзано да чука кога ќе здогледаат крв или отворена рана. „Тоа покажува дека имате силен заштитнички инстинкт и обично сте мирни и прибрани во својата заедница“, објаснува доктор Џордан Ганс, невролог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/feed/ 0
Овој страв мажите не можат да го разберат: Зошто жените се плашат да останат сами дома? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-strav-mazite-ne-mozat-da-go-razberat-zoshto-zenite-se-plashat-da-ostanat-sami-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-strav-mazite-ne-mozat-da-go-razberat-zoshto-zenite-se-plashat-da-ostanat-sami-doma/#respond Sun, 14 Mar 2021 18:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=482055

Според една статија објавена на The Daily Mail, сè повеќе и повеќе жени се плашат да останат сами во својот дом. И покрај тоа што не станува збор за официјална фобија, голем број жени ги искусуваат истите симптоми како и кај другите добро познати фобии. Ејми Керол, 39, која е мајка на едно дете, вели дека секогаш кога нејзиниот сопруг не е дома за време на ноќта таа оди кај нејзините родители кои живеат на само 20-тина минути од нив или ги поканува тие да дојдат во нејзиниот дом со цел таа да не биде сама. Ејми објаснува дека кога е сама се чувствува непријатно и параноично бидејќи постојано ѝ доаѓаат мисли дека некој ќе провали во нејзиниот дом. Доколку направите едноставно пребарување на Гугл, ќе забележите дека постојат илјадници очајни жени кои не можат да останат сами во својот дом. Една жена го објаснува своето искуство на следниов начин: „Втора вечер по ред сум без мојот сопруг и во моментов се плашам дека некој може да провали или пак, дека веќе се крие во мојот дом. Го проверив подрумот, тоалетите и сите простории долу, но немам храброст да се качам на другиот кат за да ги проверам спалните соби и поткровјето.“ Клиничкиот психолог Лаура Галбрејт вели дека жените самите се плашат со овие мисли дека некој ќе провали во нивниот дом. „Ние живееме во индивидуалистички свет каде што сè помалку има чувство на заедница, па токму затоа и не ги знаеме нашите соседи што доведува до посилно развивање на овие стравови“, вели таа. „Но, иронијата е дека ризикот всушност е намален во модерните времиња.“ Една авторка, Ноел Хоуи, решила да напише нешто повеќе за своето искуство и целиот процес низ кој поминала борејќи се со овој страв. „Првата ноќ беше пекол. Постојано се обидував да слушнам дали има некои звуци. Исто така ги преуредив објектите на масата со цел да формираат помалку застрашувачка сенка на таванот во спалната соба и малку се опуштив кога мојот син ми побара чаша вода. Тоа ми даде изговор да станам од кревет“, вели таа. „Но, поминав 3 вечери сама и ништо не случи. Со секоја нова вечер мојот страв сè повеќе се намалуваше и успеав да најдам начин како да уживам во чаша вино или разговор со мојот син.“ Д-р Катарин Ајивор-Најгард вели дека откако жените ќе почнат разумно да размислуваат за ризикот, тие се фокусираат на слободното време како на нешто позитивно. „Испланирајте вечер која едвај ја чекате. Започнете да размислувате за тоа колку би било прекрасно конечно да ја прочитате книгата за која сте немале време или пак, згответе си вкусна вечера и наградете се со десерт. На овој начин вие нема да чувствувате толку голема анксиозност и ќе можете да ги насочите вашите мисли кон позитивната страна.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-strav-mazite-ne-mozat-da-go-razberat-zoshto-zenite-se-plashat-da-ostanat-sami-doma/feed/ 0
Oд што се плаши вашиот хороскопски знак: Бикот од сиромаштија, лавот од предавство… https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/od-shto-se-plashi-vashiot-horoskopski-znak-bikot-od-siromashtija-lavot-od-predavstvo-2/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/od-shto-se-plashi-vashiot-horoskopski-znak-bikot-od-siromashtija-lavot-od-predavstvo-2/#respond Fri, 02 Aug 2019 15:21:58 +0000 https://kurir.mk/?p=225826

Прочитајте од што најмногу се плашите според вашиот хороскопски знак. Овен – Страв од ропство Овните се луѓе кои не е лесно да ги заплашите затоа што секое застрашување делува како предизвик за нивната вродена храброст. Од време на време Овните стануваат свесни за брзината со која минува времето и затоа често се плашат од старост, губење на телесната сила и моќ. На психолошки план, Овните се плашат да не бидат игнорирани од околината и ако нивниот труд остане непризнаен. Во секој Овен постои потсвесен страв од затворање или било какво ограничување на физичката слобода, што кај претставничките на понежниот пол претставува главна препрека за неконтролирано изливање на огнениот темперамент. За Овните е својствено на стравот да реагираат насилно водени од мотото “нападот е најдобра одбрана“. Бик – Страв од сиромаштија Добро испланираниот живот кој го водат биковите не остава многу место за стравови. Но, стравот од сиромаштијата, од губење на имот и лични работи е оној кој не ги заобиколува. Со оглед на тоа дека Биковите мора да контролираат се, овој страв ги прави поспори и претпазливи, па во склоп на тоа се замислуваат за секоја ситуација во која се очекува да постапат брзоплето. Во својот „имот“ ја вбројуваат и саканата личност, па затоа се вклучува и страв од губење на љубовта. Бикот спаѓа во најљубоморните знаци во зодиакот, што значи немаат самодоверба. Близнаци – Играта ги штити од страв Земајќи предвид дека се сфаќаат како игра, Близнаците не се особено плашливи. И ако се уплашат од нешто успешно го прикриваат тоа. Површните Близнаци се плашат од ситуации кога треба да завземат став или да ја изразат својата волја. Тие чувствуваат страв од сериозни, строги, одлучни и систематични луѓе, кои повеќе ги ценат делата од зборовите. Ситуација која мириса на авантура или опасност, повеќе ќе ги привлече отколку да ги исплаши. На психолошко ниво, Близнаците се плашат од старост, затоа што сметаат дека заради тоа би биле приковани на едно исто место и би зависеле од другите. Но, повеќе се плашат од самотијата и затоа цел живот го поминуваат во настојување да не останат сами со своите збркани мисли. Рак – Фантазиите ги хранат стравовите Полесно е да се каже од што НЕ се плашат. Со оглед на тоа дека се многу приврзани за фамилијата и домот, на врвот на листата на стравови на типичните ракови е стравот од распаѓање на семејството. Самата помисла на развод на бракот, брачна невера, губење или заминување на децата од домот на родителите и слични неволји, предизвикуваат депресија кај Раковите. Сличен, речиси параноичен страв, покажуваат од преселба, губење или оштетување на домот и постојано замислуваат какви се несреќи би можеле да ги снајдат во домот, а имаат богата фантазија. Раковите исто така се плашат од злоба, одмазда, предизвикување, караници и несогласување, а голем дел од својот професионален живот поминуваат во страв од надредените. Лав – Страв од предавништво Заедно со Овенот, Лавот е веројатно најхрабар член на зодиачката заедница. Правата причина за нивната значајност во општеството се крие во стравот од туѓиот презир, јавен срам или неуспех. Бидејќи им е важно туѓото мислење, Лавовите изведуваат јуначки дела само за да не излезат кукавици пред другите. Често изведуваат и некои прави подвизи за да се направат важни пред околината. Лавовите се плашат од ситуации кои ги водат кон промена на состојбата, особено ако динамиката на промената неможе да се контролира. Се плашат од можно издавање од пријателите или соработниците, и тој страв често преминува во параноја. Девица – Страв од неред Свесни за недостатокот на храброст, Девиците избегнуваат ситуации во кои треба да се однесуваат храбро. Темелно и долгорочно ги планираат сите можни проблеми и своите реакции на нив, па кога ќе се појави проблем спремно излегуваат со решение. Ако се работи за непредвидлива ситуација, стравот може потполно да ги блокира. Помислата за живот во неред и нечистотија како и дезорганизација е на листата на стравови кај Девиците. Цел живот мака мачат со хипохондријата и се плашат да ги изразуваат чувствата. Вага – Страв од караници Во потрага по животната хармонија Вагата повремено се соочува со луѓе кои не ги делат нејзините животни вредности. Страв од караници, тепачки, навреди и грубости, самотија и изолираност се примарни стравови кај Вагите. На интимен план, целиот живот се плашат од љубовно одбивање, разочарување и искористување, но тоа не ги плаши доволно и понатаму влегуваат од една во друга промашена врска. Попрво би прифатиле живот со некој манијак и перверзник отколку да останат сами. По Девиците, тие се вториот хипохондричен знак во зодиакот и се плашат од цела колекција на болести, почнувајќи од обична настинка па се до умислување на различни опасни пореметувања. Шкорпија – Страв од немоќ На прв поглед изгледаат храбро, но позади ладнокрвната маска се крие суштество кое не е баш имуно на стравови, иако сакаат да остават таков впечаток. Нивен одбранбен механизам е мазохизмот, па затоа и не се плашат од насилство и опасности. Најизразен е стравот од сексуална полова немоќ, а веднаш потоа следат стравот од старост, зависност од другите и ограничување. Кај Шкорпиите постои и страв од издавање и лажење, а во врска со тоа тие се плашат и од ситуациите каде би можеле да бидат жртва на неверство или раскинување. Стрелец – Страв од притисок (искористување) Во својот безгрижен и алтруистички свет, Стрелците пронаоѓаат малку работи кои им влеваат страв. Сепак кога се наоѓаат во ситуации кога им вршат притисок или им ја ограничуваат слободата, и тогаш овие ведри оптимисти чувствуваат страв. Не се рамнодушни и кога може да бидат жртви на неправда и насилство. Уште еден постојано присутен страв кај овој огнен знак е стравот од непризнавање на нивна заслуга за некој успех на работа или на друго место, доколку тоа им пречи во понатамошното напредување во хиерархијата. На психолошки план, кај Стрелците постои страв од општ неред, односно непочитување на законите, а во кризни ситуации Стрелците јасно покажуваат страв од загрозување на демократијата и граѓанската слобода. Јарец – страв од туѓо мислење Ладната организираност и ефикасност кај Јарците го прикрива долгиот список на стравови. Секој Јарец, помалку или повеќе пати од имагинарни стравови, кои се резултат на нивната песимистичка природа. Психолошки гледано Јарците се плашат од сплетки, разочарувања и предавства. На второ место е сепак стравот од несреќни околности кои по негово верување, влијаат само на него. Се плашат да не станат мета на потсмев од околината ако направат некој погрешен потег или исказ. Не прифаќаат и се плашат од туѓи шеги во нивно име. Водолија – Грижа за целиот свет Водолиите може да се вбројат во храбри знаци. Тие се плашат, но пред се за општото добро. Се ужасуваат од појави кои се дел од секојдневниот модерен живот како – насилство, злочини, војни, глад, загадување, расна нееднаквост, верски проблеми и други состојби, без разлика дали некако влијаат врз нив. Водолиите ги мачи и стравот дека еден ден ќе треба да ги напуштат своите идеали и да станат подередени во хиерархискиот систем, а покажуваат и голем страв од постојано врзување за еден партнер. Риби – Страв од се живо Дефинитивно најплашливиот знак – збир од стравовите на сите останати знакови. Тука се вклучени: телесно насилство, закани и навреди, самотија и одбегнување, болест и смрт, а посебно се плашат од духови, вампири и други чудовишта. Во склоп на околината во која живеат се плашат од неред и природни катастрофи, а и обична гужва и галама, предизвикуваат непријатно чувство кое се граничи со паника. И покрај бројните стравови, Рибите имаат способност за пронаоѓање излез и во најтешките ситуации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/od-shto-se-plashi-vashiot-horoskopski-znak-bikot-od-siromashtija-lavot-od-predavstvo-2/feed/ 0
Нешто чудно се случувало во нивниот двор: Кога ја виделе снимката останале во шок и страв (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neshto-chudno-se-sluchuvalo-vo-nivniot-dvor-koga-ja-videle-snimkata-ostanale-vo-shok-i-strav-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neshto-chudno-se-sluchuvalo-vo-nivniot-dvor-koga-ja-videle-snimkata-ostanale-vo-shok-i-strav-video/#respond Tue, 05 Mar 2019 12:47:32 +0000 https://kurir.mk/?p=171443

Застрашувачки момент бил забележан од надворешната камера во една семејна куќа во англиското село Игл, а сцената е забележана во дворот на поранешно училиште, кое е сега дом на едно семејство, пренесуваат англиските медиуми. Мајката Аманда Пападопоулос, која ја видела снимката од камерата, воочила необични движења, кои, како што опишала таа за англиските медиуми, изгледале како дух на дете кое трча по дворот. На снимката која е споделена на социјалните мрежи, се забележува како нешто се движи по дворот, а изгледа како да има стапала и како да може да се гледа преку него. Непознатиот објект во дворот поминал два часа. -Не гледаш секој ден такво нешто на екранот. Помислив: О Боже, ајде да го погледнам тоа уште еднаш. Но, не сакам тоа премногу да го гледам. Мојот сопруг мисли дека тоа е фантастично, но јас сум малку повеќе исплашена“, раскажува Аманда за „Сан“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/neshto-chudno-se-sluchuvalo-vo-nivniot-dvor-koga-ja-videle-snimkata-ostanale-vo-shok-i-strav-video/feed/ 0