Стразбур – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 16:29:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Стразбур – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сопственикот на Челзи го купува француски Стразбур https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sopstvenikot-na-chelzi-go-kupuva-frantsuski-strazbur/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sopstvenikot-na-chelzi-go-kupuva-frantsuski-strazbur/#respond Fri, 23 Jun 2023 16:29:02 +0000 https://kurir.mk/?p=849095

Американскиот конзорциум „BlueCo“, кој лани го купи премиерлигашот Челзи, ќе ја презема контролата и врз францускиот фудбалски прволигаш Стразбур. Англиските медиуми јавија дека сопственикот на Челзи, американскиот милијардер Тод Бојли и неговите соработници, за мнозинскиот пакет акции на Стразбур ќе платат околу 70 милиони евра. „Овој договор претставува ново поглавје во историјата на Стразбур. Ни претставува чест да бидеме дел од овој историски клуб. Оваа стратешка инвестиција ќе ја зајакне нашата присутност во европскиот фудбал, заедно со нашиот удел во Челзи“, соопшти синоќа американскиот конзорциум. Дел од навивачите на Стразбур не ја дочекаа со одобрување продажбата на клубот, а дел од нив се фотографираа со транспарент на кој пишуваше „Бојли, не си добредојден“. Стразбур минатата сезона заврши на 15 место во француската Лига 1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sopstvenikot-na-chelzi-go-kupuva-frantsuski-strazbur/feed/ 0
Мицкоски: Одлуката на Судот во Стразбур за 27-ми април е шамар за СДС и ДУИ кои водеа политичка хајка против опозицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-odlukata-na-sudot-vo-strazbur-za-27-mi-april-e-shamar-za-sds-i-dui-koi-vodea-politichka-hajka-protiv-opozitsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-odlukata-na-sudot-vo-strazbur-za-27-mi-april-e-shamar-za-sds-i-dui-koi-vodea-politichka-hajka-protiv-opozitsijata/#respond Mon, 22 May 2023 19:06:08 +0000 https://kurir.mk/?p=837619

Стигна пресуда од судот во Стразбур за 27 април каде јасно се вели дека биле прегазени човековите права и притворот бил злоупотребен. Оваа пресуда е шамар за власта на СДС ДУИ која ја водеше најбруталната политичка хајка против опозицијата, а целта е јасна, не дека, луѓе кои и сега се по затворите се терористи, туку затоа што од власта правеа притисоци за да им поминат уставните измени. Неколку години потоа судијката која, и го водеше случајот стана синоним за она што денес преставува и се вика кацарска судството, распаднат судски систем кој е корумпирана алатка во рацете на власта, како и СЈО камшик во рацете на СДС и ДУИ кои се распадна поради неговата криминализираност, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната трибина во Струмица посветена на здравството. Мицкоски укажа, стотици, би рекол илјадници семејства страдаа, а десетици своите најблиски ги испраќаа по затворите не затоа што се бараше правда, туку затоа што се водеше хајка. „Не велам дека луѓето од 27 април не употребиле сила, но ако за тоа лежат 200 години затвор, тогаш овие од власта треба да лежат 2000 години. Не може тие луѓе 200 години затвор, а Рашкоски на слобода, Рашковски на слобода, Ден Дончев со туце пари на летен одмор во Австралија, а ниту еден, ниту еден криминален случај решен. Ќе дојде ден кога сите овие ќе се соочат со правдата. А тие што ги водат овие хајки треба да знаат дека одговорност ќе има, за судиите, за обвинителите, за политичките субјекти кои нарачуваа брутални сценарија и ја газеа правдата и вистината“, заклучи Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-odlukata-na-sudot-vo-strazbur-za-27-mi-april-e-shamar-za-sds-i-dui-koi-vodea-politichka-hajka-protiv-opozitsijata/feed/ 0
„Одлуката на судот во Стразбур е потврда дека во Македонија имаме заробено судство од ДУИ и СДС кое служи за гонење на политички неистомиленици“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-na-sudot-vo-strazbur-e-potvrda-deka-vo-makedonija-imame-zarobeno-sudstvo-od-dui-i-sds-koe-sluzhi-za-gonene-na-politichki-neistomilenitsi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-na-sudot-vo-strazbur-e-potvrda-deka-vo-makedonija-imame-zarobeno-sudstvo-od-dui-i-sds-koe-sluzhi-za-gonene-na-politichki-neistomilenitsi/#respond Mon, 22 May 2023 06:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=837232

Одлуката на судот за човекови права во Стразбур потврди дека случајот 27 април беше политички процес, процес за гонење и тортура на политички неистомисленици е со цел да се случат Уставни измени во Собранието, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Одлуката од судот во Стразбур е само уште една потврда дека во Македонија судството и судиите се заробени од кликата на власт предводена од ДУИ и СДС. Потврда за тоа како криминалците од ДУИ и СДС ги користат судиите и јавните обвинители за закани, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука е само уште еден доказ за суровоста и изживувањето на Добрила Кацарска, за која доби своја лична награда - уставен судија. Додека невини луѓе лежат во затвор, криминалците од власта на ДУИ и СДС слободно хараат низ државата и секој ден стануваат се побогати, пљачкосувајќи го народот. За сите вмешани во овој политички случај, за сите обвинители и судии по промената на власта, која ќе е случи многу скоро, ќе има одговорност. Одговорност заради тортурите врз граѓаните кои се уште се во затворите и одговорност за малтретирањата и страдањата на семејствата на неоправдано осудените лица кои добија над 210 години затвор. Правда во Македонија ќе има. Правда за сите неоправдано затворени, како и одговорност за секој кој се вмешал во криминал и предавства, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-na-sudot-vo-strazbur-e-potvrda-deka-vo-makedonija-imame-zarobeno-sudstvo-od-dui-i-sds-koe-sluzhi-za-gonene-na-politichki-neistomilenitsi/feed/ 0
Шолц: Потребна е геополитичка и проширена Европска Унија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-potrebna-e-geopolitichka-i-proshirena-evropska-unija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-potrebna-e-geopolitichka-i-proshirena-evropska-unija/#respond Tue, 09 May 2023 10:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=832180

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Стразбур силно се заложи за проширување и создавање геополитичка Европска Унија, ориентирана кон иднината. - Европската Унија мора да се промени. Потребна ни е геополитичка Европска Унија, проширена и реформирана и ориентирана кон иднината, рече Шолц во својот говор пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур. Тој рече дека минатата година е донесена важна одлука во обликувањето на геополитичка Европа со доделување кандидатски статус на неколку земји, а со некои од нив се отворени и пристапни преговори. - Им кажавме на граѓаните на земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и во перспективата на Грузија: вие ни припаѓате нам, сакаме да станете дел од нашата Европска Унија, рече Шолц. Тој додаде дека не се работи за алтруизам, туку дека има економски причини за тоа и дека се работи за кредибилитетот на ЕУ. Тој посочи дека се работи и за мир во Европа по пресвртницата претставена со рускиот напад врз Украина. Шулц потенцира дека правичната политика на проширување значи исполнување на ветувањата дадени пред сè на земјите од Западен Балкан на кои пред 20 години им беше ветена европска перспектива. Успехот на политиката на проширување бара нормализација на односите меѓу Србија и Косово и продолжување на спроведувањето на реформите во земјите кандидати,  истакна тој. Германскиот канцелар се заложи за мултиполарен поредок во кој Европа ќе биде добро место за живеење, рамноправна со другите региони и земји во светот. Тој вели дека Европа има глобална одговорност и дека нејзината благосостојба не може да се одвои од ситуацијата во остатокот од светот. Шолц рече дека треба да се зајакне европската одбранбена индустрија, соработката во областа на воздушната одбрана, имплементацијата на Стратешкиот компас, поблиската соработка меѓу ЕУ и НАТО. Шолц се залага за зајакнување на трансатлантскиот сојуз на партнерска основа. „Колку повеќе инвестираме во нашата безбедност и одбрана, граѓанска отпорност, технолошки суверенитет, доверливи синџири на снабдување и нашата независност од критичните суровини, толку подобри сојузници сме на нашите трансатлантски пријатели“, рече Шолц. Германскиот канцелар побара континуирана поддршка за Украина во нејзината одбрана од руската агресија и помош од ЕУ за повоената обнова на земјата. Во однос на односите со Кина, која ЕУ ја дефинира како партнер и системски ривал, Шолц посочи дека го поддржува пристапот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која рече дека е неопходно да се намали ризикот од зависност од Кина, а не одвојување од Кина. Тој се заложи за партнерски односи со земјите од глобалниот југ, сериозно да се земаат предвид нивните грижи и легитимни интереси. „Затоа е важно Европа да покаже солидарност и да помогне во борбата против сиромаштијата, за осигурување снабдување со храна и да ги исполни ветувањата што ги даде во однос на заштитата на климата“, рече Шолц. Тој истакна и дека е неопходно да се склучат договори за слободна трговија со земјите од Јужна Америка, со Мексико, Индија, Индонезија, Австралија, Кенија и во иднина со многу други земји. „Европа мора да се сврти кон светот. Ако продолжиме со неплодни преговори за нови договори за слободна трговија во годините што доаѓаат, други ќе ги диктираат правилата - со пониски еколошки и социјални стандарди“, тврди германската канцеларка.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sholts-potrebna-e-geopolitichka-i-proshirena-evropska-unija/feed/ 0
Судот во Стразбур ќе се изјасни за поништената аболиција на Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/#respond Thu, 16 Feb 2023 07:27:46 +0000 https://kurir.mk/?p=801095

Европскиот суд за човекови права во Стразбур денеска треба да ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Судот во Стразбур треба да се изјасни по жалбата поднесена од осумина граѓани на Република Северна Македонија. Станува збор за аболицијата на Иванов од април 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов одлучи да ги помилува тогашните функционери од ВМРО-ДПМНЕ, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, беа донесени измени на Законот за помилување со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Од днешената одлука на Европскиот суд ќе зависи дали предметите на СЈО и судењата кои произлегоа од нив ќе продолжат или ќе запрат, а обвинетите и осудените ќе бидат аболирани. Доколку обвинетите и осудените лица бидат прогласени за жртви, државата можеби ќе треба да им плати и обесштетување. Поранешната судијка во Судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска, вели дека се ќе зависи што ќе биде наведено во самата одлука и што ќе биде понатаму обврска на државата или како тоа ќе се реперкуира на целокупната политичка ситуација во земјата. -Стразбур носи пресуда во која што се утврдува дека има повреда или нема повреда. Доколку утврди дека има повреда, тогаш треба да се види во што е таа повреда дали е процедурална или е суштинска повреда во мерит. Ако е процедурална тогаш странките имаат можност да бараат повторување на постапката, но повторно зависи што е процедурална повреда. Ако е повредата во мерит, треба да се види што е самата повреда и во зависност од тоа треба да се испитува дали треба да дојде до промена на законодавство или носење на нови закони, изјави за „Локално“ судијката Николовска.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-ke-se-izjasni-za-ponishtenata-abolitsija-na-ivanov/feed/ 0
Судот во Стразбур утре ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на екс претседателот Иванов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-utre-ke-ja-objavi-odlukata-za-ponishtenata-abolitsija-na-eks-pretsedatelot-ivanov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-utre-ke-ja-objavi-odlukata-za-ponishtenata-abolitsija-na-eks-pretsedatelot-ivanov/#respond Wed, 15 Feb 2023 13:44:24 +0000 https://kurir.mk/?p=800848

Европскиот суд за човекови права утре во Стразбур ќе ја објави одлуката за случајот со поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Станува збор за аболицијата од април 2016 година со која Иванов опфати 56 лица осомничени во поголем број предмети кои беа под ингеренции на тогашното Специјално Јавно Обвинителство. Аболицијата предизвика реакции и улични протести, кои резултираа со измени во Законот за помилување за да му се отвори простор на Иванов за повлекување на аболициите. Во предметот се засегнати и поранешните функционери од ВМРО-ДПМНЕ како екс премиерот Никола Груевски, министрите во неговата влада Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески, првиот човек на Управата за безбедност и разузнување Сашо Мијалков, но и тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев. Во објавата на Судот се наведува дека подносители на жалбата се осумина граѓани на Република Северна Македонија. Европскиот суд, по пет и пол години од поднесените апликации, ќе даде одговор дали предметите на СЈО и судењата кои се во тек ќе продолжат или ќе запрат и ќе се поништат а обвинетите и осудените, при евентуално поништување, ќе можат од државата да бараат обесштетување.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-vo-strazbur-utre-ke-ja-objavi-odlukata-za-ponishtenata-abolitsija-na-eks-pretsedatelot-ivanov/feed/ 0
Париз, Марсеј и уште четири француски градови ќе го бојкотираат СП во Катар https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pariz-marsej-i-ushte-chetiri-francuski-gradovi-kje-go-bojkotiraat-sp-vo-katar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pariz-marsej-i-ushte-chetiri-francuski-gradovi-kje-go-bojkotiraat-sp-vo-katar/#respond Tue, 04 Oct 2022 08:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=740740

Шест француски градови најавија бојкот на Светското првенство во 2022 година во Катар, пренесува „Ge.globo“, повикувајќи се на Градскиот совет на Париз. Според спортскиот портал, Париз, Марсеј, Лил, Стразбур, Ремс и Бордо нема да организираат натпревари во живо и други настани за фудбалскиот Мундијал. Оваа одлука е протест на градските лидери против Катар како земја домаќин на Светското првенство во 2022 година. Мундијалот во Катар ќе се игра од 20 ноември до 18 декември. Франција е во Д-групата заедно со Австралија, Данска и Тунис. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pariz-marsej-i-ushte-chetiri-francuski-gradovi-kje-go-bojkotiraat-sp-vo-katar/feed/ 0
Барање да се запре патувањето меѓу Стразбур и Брисел, поврзано со работата на Европскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baranje-da-se-zapre-patuvanjeto-megju-strazbur-i-brisel-povrzano-so-rabotata-na-evropskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baranje-da-se-zapre-patuvanjeto-megju-strazbur-i-brisel-povrzano-so-rabotata-na-evropskiot-parlament/#respond Mon, 15 Aug 2022 20:27:04 +0000 https://kurir.mk/?p=719050

Германски европратеник повика да престане практиката на патување меѓу Стразбур и Брисел, поврзана со работата на Европскиот Парламент, јави ДПА. ЕП се состанува во францускиот град за своите 12 сесии годишно, но други парламентарни активности се одржуваат во главниот град на Белгија. Поради ова, илјадници вработени и документи мора редовно да се движат меѓу Стразбур и Брисел. Даниел Фројнд од германската партија Унија 90/Зелени испрати писмо до претседателката на ЕП Роберта Мецола во кое бара укинување на овој систем поради енергетската криза во Европа предизвикана од руската војна во Украина. „Се соочуваме со акутен недостиг на енергија во Европа“, се вели во писмото. „Додека некои европски граѓани веројатно нема да можат доволно да ги загреат домовите в зима, ЕП непотребно загрева, осветлува и одржува два градежни комплекси во исто време“, вели европратеникот. Засега нема одговор од Мецола. За ова прашање долго време се дебатира во ЕУ, особено поради еколошки причини, но Франција има цврста контрола врз Стразбур, а промената може да се договори само со едногласност меѓу земјите-членки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/baranje-da-se-zapre-patuvanjeto-megju-strazbur-i-brisel-povrzano-so-rabotata-na-evropskiot-parlament/feed/ 0
УНЕСКО го прогласи Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-go-proglasi-strazbur-za-svetska-prestolnina-na-knigata-za-2024-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-go-proglasi-strazbur-za-svetska-prestolnina-na-knigata-za-2024-godina/#respond Thu, 21 Jul 2022 05:27:05 +0000 https://kurir.mk/?p=708115

УНЕСКО го избра Стразбур за Светска престолнина на книгата за 2024 година, како прв француски град со таа титула, што почна да се одредува од 2001 година, пренесе Бета. Во соопштението на УНЕСКО се вели дека биле „импресионирани“ од акцентот што Стразбур го става на книгата како средство за справување со предизвиците на социјалната кохезија и климатските промени. Годината на славење ќе почне на 23 април 2024 година, Светскиот ден на книгата и авторското право. Стразбур е 24-ти град кој е прогласен за Светска престолнина на книгата од 2001 година. Претходно беа Мадрид (2001), Њу Делхи (2003), Богота (2007), Порт Харкорт (2014), Гвадалахара (2022). Акра ќе биде во 2023 година. Глобалниот буџет што Стразбур ќе го одвои за програмата ќе достигне 4,5 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/unesko-go-proglasi-strazbur-za-svetska-prestolnina-na-knigata-za-2024-godina/feed/ 0
Во Стразбур почна летната сесија на ПССЕ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-strazbur-pochna-letnata-sesija-na-psse/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-strazbur-pochna-letnata-sesija-na-psse/#respond Mon, 20 Jun 2022 11:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=693133

Во Стразбур почна летната сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) која ќе трае до 24 јуни, на која учествува и македонска собраниска делегација. Говорите на претседателот на Република Грција, Катерина Сакеларопулу и холандскиот крал Вилем-Александар се меѓу главните точки на сесијата, јави дописникот на МИА. За парламентарците од 46-те земји членки на Советот на Европа ќе има и панел на високо ниво и интерактивна дебата на тема „Одбрана на демократската безбедност во Европа“, со учество на Сајмон Ковени, министер за надворешни работи и министер за одбрана на Ирска, претседателот на Комитетот на министри, Пека Хависто, министерката за надворешни работи на Финска, Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, како и Светлана Тихановскаја, лидер на опозицијата на Белорусија. Ова следува по поврзаниот извештај за „Неодамнешните предизвици за безбедноста во Европа: каква улога има Советот на Европа? “. Собранието ќе одржи две актуелни дебати за „Последиците од блокадата на Црното Море“ и за „Договорот за барателите на азил во Обединетото Кралство и критичката реакција на владата на одлуката на Европскиот суд за човековите права“. Други теми за кои ќе се разговара се хуманитарните последици од руската агресија врз Украина, со посебен акцент на внатрешната и надворешната миграција и одговорноста за соборувањето на летот МХ17. Ќе има и заедничка дебата за пријавените случаи на политички затвореници во Руската Федерација и потребата од враќање на човековите права и владеењето на правото во Северен Кавказ. Парламентарците, исто така, ќе разговараат за следење на онлајн комуникацијата, како да се спречи и да се бори против антисемитизмот во Европа и да се справат со болестите што може да се спречат со вакцини, преку квалитетни услуги и разоткривање на наративите против вакцината. Ќе има дебати за улогата на политичките партии во промовирањето на различноста и инклузијата – со која се предлага да потпишат нова Повелба за нерасистичко општество – и за правдата и безбедноста на жените во процесите на мир и помирување. На крајот, Собранието ќе расправа за исполнувањето на обврските од страна на Малта кои произлегуваат од членството во Советот на Европа и ќе го разгледа нејзиното партнерство за демократија со Парламентот на Република Киргистан. Предвидено е македонската делегација да земе учество на повеќе од овие дебати, како и во работите на комисиите на ПССЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-strazbur-pochna-letnata-sesija-na-psse/feed/ 0