стрелки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 27 Mar 2022 07:13:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стрелки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кои се психофизичките последици кај луѓето со поместувањето на стрелките на часовникот?! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-psihofizichkite-posledici-kaj-lugjeto-so-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-psihofizichkite-posledici-kaj-lugjeto-so-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot/#respond Sun, 27 Mar 2022 07:13:10 +0000 https://kurir.mk/?p=653990

Ваквите промени имаат директно влијание врз хормонскиот систем, имуниот систем и работата на срцето Психофизичките последици се неминовни при секое поместување на стрелките на часовникот, велат стручните лица. Тоа значи дека скоро секој од нас денеска, при започнувањето на денот има почувствувано поспаност, а можеби и главоболкa, и промена во расположението. Изминатата вечер со поместување на стрелките на часовникот за еден час понапред почна летното сметање на времето. Иако, Европската комисија пред неколку години испрати предлог до Советот на Унијата за да се укине поместувањето на стрелките на часовникот со што ќе остане во сила зимското сметање на времето, земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, со што овој режим продолжува да се применува. Меѓутоа, ваквите промени според доктор Бојан Трајковски имаат директно влијание врз хормонскиот систем, имуниот систем и работата на срцето. Тој појаснува дека промените се бројни. -Традиционално двапати годишно се случува познатата промена во стрелките на часовникот, но многу ретко се посветува внимание што може да направи и како тоа ќе делува на човечкото здравје. Науката вели дека главните промени кои настануваат се во циклусот на спиење кое пак е директно врзано со хормонскиот систем, имуниот систем и работата на срцето. Согласно тоа последиците т.е. промените се бројни од промена во апетитот, промени во расположението, појава на хипертензија, односно покачен крвен притисок, пропратена со тахикардичен синус ритам забрзан пулс, раздрасливост, несоница, главоболни, мачнини, омалаксаност, промени во концентрацијата и меморијата, вели доктор Трајковски за МИА. Почетокот на летното сметање на времето претставува и почеток на проблемите особено за лицата со хронични заболувања. И како што вели доктор Трајковски, кај овие лица е потребно особено подолг период, а некогаш и промена во терапијата со цел успешна стабилизација. -Најголемите промени ги гледаме кај луѓето кои боледуваат од хипертензија и кај жени со чести мигренозни атаки. Делуваме согласно симтоматологијата и со терапија која би ги олеснила постоечките симптоми и би им помогнала полесно да ја пребродат промената, појаснува Трајковски. За стресот и заморот како една од последиците од оваа промена, психологот Атанас Иваноски објаснува дека овие појави честопати доведуваат до состојба во која се намалува продуктивноста кај човекот. -Со оглед на тоа што може да предизвика стресот, како и искусувањето на психофизичкиот замор како состојба, тогаш за очекување е истите да влијаат негативно врз продуктивноста кај поединецот и намалување на неговата мотивација за извршување на одредени активности. Многу често, ова е тема на голем број истражувачи кои во своите истражувања ги имаат вклучено стресот и состојбата на психички и физички замор како релевантни независни варијабли со цел да утврдат како истите влијаат врз степенот на продуктивност и во кој степен е изразена нивната поврзаност. Несомнен е фактот дека поголем дел од спроведените истражувања потврдуваат дека стресот и заморот имаат влијание врз продуктивноста и дека постои одредена поврзаност, вели психологот Иваноски. Доктор Трјковски подвлекува дека онаа група на луѓе која е навикната на фиксно работно време речиси секогаш се соочува со потешкотии при прилагодувањето. -Кај секој се одразува различно. Одредена група на луѓе лесно ги поднесува ваквите промени особено ако работното место е со сменско работење, па промените во биоритамот не се необични за ваквите луѓе, додека онаа другата група која е научена на фиксно работно време и стабилен биоритам речиси секогаш се соочува со потешкотии во регулирањето на промените кои кај нив ги носи ваквото поместување на часовникот, изјави тој. Од друга страна пак, од Организацијата на работодавачи за МИА изразија загриженост, велат дека ја поддржуваат идејата да се прекине праксата на промена на сметањето на времето во зима и лето. -Многу истражувања во ЕУ потврдија дека промената на стрелките на часовникот негативно влијаат на работниците и дека предизвикува стрес кај организмот. Затоа ја подржуваме европската иницијатива да се прекрати со промената на времето во зима и во лето. Се разбира дека почетокот и завршетокот на работното време ќе треба да го утврди секоја компанија поединечно во зависност од дејноста, структурата на работната сила и други фактори, истакнуваат оттаму. Потенцираат дека од оваа промена особено се засегнати работничките во текстилната индустрија. -Некои работодавачи укажуваат на фактот дека на работниците во прва смена кои доаѓаат буквално уморни на работа им е потребно време од половина час да можат да отпочнат продуктивно да работат. Ова е особено присутно во текстилната индустрија каде работничката е потребно да го прекрати сонот еден до два часа пред почетокот на работното време за да може децата да ги подготви за градинка и да ги однесе до градинката. Затоа кај оние дејности каде се работи само во една смена работното време треба да им овозможи на работниците доволно време за сон и одмор, оценуваат од Организацијата. Истражување спроведено од страна на Универзитетот во Колорадо Болдер, посочува на тоа дека фаталните сообраќајни несреќи во САД се зголемуваат за 6 проценти во текот на работната недела по „пролетта напред“, што резултира со дополнителни смртни случаи секоја година. Студијата, објавена на 30 јануари проценува дека севкупно, во текот на дваесет и две годишните анализирани податоци, околу 627 луѓе загинале во сообраќајни несреќи со фатални последици поврзани со пролетното префрлање на летното сметање на времето. Сепак, кога станува збор за летното сметање на времето постојат и одредени предности, па така со поместувањето на стрелките на часовникот денот ќе биде поголем, а ние ќе бидеме изложени повеќе на сонце, односно на витаминот Д. Во однос на предностите, доктор Трајковски наведе неколку препораки, истакнувајќи дека придржувањето кон нив ќе овозможи полесно справување со промената. -Како и секогаш препораката е да се искористи што е можно повеќе од денот. Тоа подразбира чести прошетки во природа, да сме на сонце и околно зеленило, да се конзумира повеќе овошје и зеленчук, водата да ни биде вклучено со некој минимум од 2 до 3 литри дневно, а како ќе се зголемуваат температурите конзумацијата на алкохол и тоа како треба да ја намалиме се со цел, намалување на можноста за дехидратација, а со тоа и нови промени во здравствената состојба на луѓето. Физичката активност е нешто кое е секако препорачливо без разлика на возраста, особено кај пациенти со обезност и променети крвни параметри со цел нивно регулирање преку активност, без употреба на медикаментозна поддршка, порачува Трајковски. На прашањето колку време ќе ни биде потребно за да се прилагодиме, тој посочува дека временскиот интервал секогаш е индивидуален и најчесто зависи од моментално здравје на човекот, начинот на живот, стресот со кој се соочува на дневно ниво, како и секојдневните работни обврски. Во годината вообичаено е часовниците да се поместуваат еден час нанапред на пролет, а да се враќаат еден час наназад на есен. Овој систем е предложен во 1905 година од Вилијам Вилет, а првпат бил широко применет во 1916 година како военовременска мерка насочена кон заштеда на јаглен. И покрај несогласувањата, многу земји го користат. Денеска во Европа е прифатено летното сметање на времето да започнува во последната недела од март, а да завршува во последната недела на октомври. Во САД летното сметање започнува во втората недела на март, а завршува во првата недела на ноември. На јужната полутопка почетокот на летното време е обратен од северната. извор: nezavisen.mk]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koi-se-psihofizichkite-posledici-kaj-lugjeto-so-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot/feed/ 0
Почна летното сметање на времето, но не во сите земји, еве кои земји не го практируват ова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-letnoto-smetanje-na-vremeto-no-ne-vo-site-zemji-eve-koi-zemji-ne-go-praktiruvat-ova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-letnoto-smetanje-na-vremeto-no-ne-vo-site-zemji-eve-koi-zemji-ne-go-praktiruvat-ova/#respond Sun, 27 Mar 2022 07:00:50 +0000 https://kurir.mk/?p=653978

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час напред ноќеска во два часот по полноќ почна летното сметање на времето. Летното сметање на времето почнува секој последен викенд во март и трае до последниот викенд во октомври, кога повторно настапува зимоското сметање на времето. Годинава летното сметање на времето ќе трае до 30 октомври во 3 часот по полноќ. Освен кај нас, летното сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европските земји, освен Исланд, Русија и Белорусија. Сезонското менување на времето, освен во Европа, се применува и во повеќето земји од Северна и Централна Америка, како и во повеќе други држави во светот. Европскиот парламент на 4 март 2019 година изгласа да биде укинато сезонското поместување на времето од 2021 година. Но, Советот на ЕУ сè уште нема донесено конечна одлука, па не е сосема сигурно кога ќе биде последното поместување на часовниците во ЕУ. Времето не се менува во Јапонија, Кина, Јужна Кореја, ниту во земјите од африканскиот континент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-letnoto-smetanje-na-vremeto-no-ne-vo-site-zemji-eve-koi-zemji-ne-go-praktiruvat-ova/feed/ 0
Дали поместувањето на стрелките на часовникот може да предизвикаат мозочен или срцев удар?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot-moze-da-predizvikaat-mozochen-ili-srcev-udar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot-moze-da-predizvikaat-mozochen-ili-srcev-udar/#respond Sat, 26 Mar 2022 09:06:40 +0000 https://kurir.mk/?p=653663

Летното сметање на времето е наметнато едночасовно губење на сонот, а телото треба да се подготви за овој шок, бидејќи утре ги поместуваме стрелките на часовникот. Летното сметање на времето ни носи дополнителна сончева светлина, подолги пролетни и летни вечери, но експертите за спиење велат дека тоа не е секогаш најдобрата транзиција за нашиот внатрешен часовник. Оваа година се префрламе на летно сметање на времето во недела на 27-ми март во 2 часот по полноќ. Летното сметање на времето е наметната едночасовна загуба на сон - Летното сметање на времето е наметнато едночасовно губење на сонот, кое може да ни влијае исто како и губењето на еден час сон секоја вечер. Ова е нешто за што треба да се знае и да се подготви ако е можно - вели д-р Филип Алапат, доцент по медицина на спиење на колеџот „Бејлор“. На повеќето возрасни лица им требаат помеѓу 7 и 9 часа сон во текот на ноќта, додека на децата може да им требаат до 11 часа или повеќе. Д-р Алапат објаснува дека губењето на сонот е поврзано со негативни ефекти врз здравјето и перформансите во текот на денот: - Намален распон на внимание - Зголемен број на професионални или сообраќајни несреќи - Во посериозни случаи, се јавуваат штетни здравствени состојби како што се мозочен удар или срцев удар. Совети за подготовка на телото за летно сметање на времето Годинава летното сметање на времето започнува во недела на 27-ми март во 2 часот по полноќ. Д-р Алапат нуди совети како да го подготвиме нашето тело за фактот дека ќе изгубиме еден час или повеќе сон: Поместувајте го алармот постепено по 30 минути. Ова треба да започне најмалку два дена пред почетокот на летното сметање на времето, додека не се разбудите еден час порано од вообичаеното. Ако не можете да станете половина час порано, обидете се да си легнете барем еден час порано во сабота или поспијте малку во недела за да спречите поспаност следниот ден. Чувајте ја спалната соба ладна, темна и тивка за да го оптимизирате квалитетот на спиењето. Ладна соба ќе ви го олесни заспивањето. Ограничете го времето пред екран пред спиење - избегнувајте да гледате телевизија и да зјапате во екранот на телефонот непосредно пред спиење. Иако летното сметање на времето ги нарушува вообичаените рутини за спиење на луѓето, д-р Алапат додава дека е добра идеја да се обидеме да одржуваме редовно време за спиење, како и да се будиме кога се прилагодуваме на променливото време. - На повеќето луѓе им треба одреден распоред, што значи дека нашето тело го има очекуваното време за спиење и очекуваното време за будење. Секое отстапување од тој редовен распоред може да го намали квалитетот на нашиот сон и да предизвика можна поспаност во текот на денот - истакна д-р Алапат. Попладневната дремка може да ги надомести изгубените часови сон На пример, наоѓањето време за спиење во попладневните часови може да помогне и да ги надомести пропуштените часови. Д-р Алапат ги охрабрува луѓето на пократки дремки од околу 30 минути, или уште пократки, порано во текот на денот, бидејќи дремките може дополнително да го нарушат квалитетот на сонот ако се случи да заспиеме доцна во денот. - Клучно е да се осигураме дека тоа нема да влијае на претстојниот период на спиење. Ако дремете во 18 часот, тоа би можело да ви го наруши сонот ако обично одите во кревет во 22 часот. Меѓутоа, ако можете да дремете околу 13 или 14 часот, телото подобро ќе го толерира и нема многу да влијае на нашиот ноќен сон – објасни д-р Алапат. Апчиња за спиење и мелатонин кои ќе ви помогнат да заспиете побрзо Ако не сте навикнати да одите порано во кревет, можеби ќе можете да користите додатоци како мелатонин, кои ни помагаат да заспиеме побрзо. Д-р Алапат советува прво да го пробаме претходниот совет, а потоа да се консултираме со лекар, пред да почнеме да експериментираме со некој нов лек или додаток. - Мала е веројатноста дека мелатонин во помали дози (1 или 2 mg) ќе создаде некаков значаен ефект врз спиењето. Секогаш кога се обидувате да земате лекови или суплементи за да помогнете во некој аспект од вашето здравје, добро е да добиете мислење од лекар за да бидете сигурни дека ја правите вистинската работа и дека ништо сериозно не се случува - советува д-р Алапат, кој препорачува посета на лекар, добивање апчиња за спиење ако почувствувате симптоми на несоница, ако не можете редовно да спиете во текот на ноќта или ако чувствувате постојана поспаност во текот на денот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-pomestuvanjeto-na-strelkite-na-chasovnikot-moze-da-predizvikaat-mozochen-ili-srcev-udar/feed/ 0
ОД УТРЕ ЛЕТНО СМЕТАЊЕ НА ВРЕМЕТО, СТРЕЛКИТЕ ОД 2 ГИ ПОМЕСТУВАМЕ НА 3 ЧАСОТ: Идејата на ЕУ за укинување на поместувањето на стрелките најверојатно не успеа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-letno-smetanje-na-vremeto-strelkite-od-2-gi-pomestuvame-na-3-chasot-idejata-na-eu-za-ukinuvanje-na-pomestuvanjeto-na-strelkite-najverojatno-ne-uspea/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-letno-smetanje-na-vremeto-strelkite-od-2-gi-pomestuvame-na-3-chasot-idejata-na-eu-za-ukinuvanje-na-pomestuvanjeto-na-strelkite-najverojatno-ne-uspea/#respond Sat, 26 Mar 2022 07:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=653614

Летното сметање на времето започнува ноќва кон недела на 27 март во два часот со поместување за еден час нанапред. Времето во два часот ќе се смета како три часот. Со оглед на тоа што земјите-членки на ЕУ не се договорија за предложеното укинување на часовникот, овој режим останува на сила. Иако Европската комисија пред неколку години предложи да се укине сезонското поместување на часовникот, земјите-членки се уште не се договориле за тоа, а се чини дека нема да се договорат во догледно време. Европската комисија испрати предлог до Европскиот парламент и Советот на Европската унија во септември 2018 година според кој земјите-членки би можеле самостојно да одлучуваат за понатамошниот постојан избор на нивното стандардно време, односно дали трајно ќе го задржат зимското или летното сметање на времето, но ќе бидат обврзани да ја известат Комисијата за нивниот избор најмалку шест месеци пред промената да стапи на сила. Во дебатата започната во есента 2018 година, земјите-членки истакнаа дека примената на хармонизиран и добро координиран пристап низ ЕУ, во однос на изборот на стандардно време, ќе биде од клучно значење за да се избегне поделеноста и нееднаквоста на временските.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-letno-smetanje-na-vremeto-strelkite-od-2-gi-pomestuvame-na-3-chasot-idejata-na-eu-za-ukinuvanje-na-pomestuvanjeto-na-strelkite-najverojatno-ne-uspea/feed/ 0
Неизвесно укинувањето на сезонското сметање на времето во 2019 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesno-ukinuvanjeto-na-sezonskoto-smetanje-na-vremeto-vo-2019-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesno-ukinuvanjeto-na-sezonskoto-smetanje-na-vremeto-vo-2019-2/#respond Mon, 29 Oct 2018 12:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=120824

Укинувањето на сезонските промени во сметањето на времето може да не се случи во 2019 поради отсуство на консензус кај земјите членки на ЕУ. Ова го потврди денеска австрискиот министер за транспорт, Норберт Хофер, чија земја претседава со ЕУ до јануари. -Ако бараме да се направи тоа во 2019 како што сугерира Комисијата, тоа нема да биде поддржано од мнозинството земји членки, изјави Хофер. Европската Комисија по широка консултација со европската јавност најави дека ЕУ ќе ги укине летното и зимското сметање на времето. Нејзината амбиција е тоа да се случи веќе во 2019 година. На земјите членки останува одлуката дали ќе го одберат летното или зимското сметање на времето, а изборот треба да и го соопштат на Европската Комисија до април 2019. -Во одредни области технички подготовки ќе бидат потребни, на пример авиокомпаниите ни велат дека им се потребни најмалку осумнаесет месеци за да се подогтват, изјави австрискиот министер. Тој предупреди дека треба да се внимава да не се создаде „пачворк“ од временски зони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/neizvesno-ukinuvanjeto-na-sezonskoto-smetanje-na-vremeto-vo-2019-2/feed/ 0
Дали оваа година ќе биде последна со зимско сметање на времето? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ovaa-godina-kje-bide-posledna-so-zimsko-smetanje-na-vremeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ovaa-godina-kje-bide-posledna-so-zimsko-smetanje-na-vremeto/#respond Mon, 22 Oct 2018 09:02:17 +0000 https://kurir.mk/?p=117989

Викендот 28-ми кон 29-ти овој месец во Македонија ќе почне зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се поместат, а согласно донесената одлука во Европа да се укине промената на времето, во Македонија се следи процесот на усвојување на предлог директивата и претстои усогласување на националното законодавство на РМ и определување на начинот на транспонирање на ЕУ директивата. Иако биоритамот полесно се приспособува на поместување на часовникот назад отколку напред, сепак, несоницата и понатаму останува како најчеста нус-појава. Идејата за поместување на времето ја осмислил иноваторот Бенџамин Френклин кој ја изнел пред своите колеги во 1784 година, бидејќи му пречело што губиме многу дневна светлина. Предложил напролет да се поместува часовникот напред, но идејата не му заживеала. Во почетокот на 20 век идејата први ја прифатиле Германците, а во бивша Југославија влегла дури во 1983 година. Додека северниот дел на планетата преминува на зимско, јужниот дел оди на летно сметање на времето. Поместувањето на часовникот може да ја наруши хормоналната слика што предизвикува низа тегоби како што се мигрени, нервоза и депресија. Поради враќање на часовникот наназад, луѓето губат енергија и повеќе ги чувствуваат временските прилики. Освен редовно вежбање и избегнување тешки оброци, важно е да воспоставите ритам на спиење. Ако порано сте легнувале во 23 часот, сега е најдобро да заминете на спиење во 22 часот. Одбегнувајте ги попладневните дремки зашто телото ќе мисли дека времето не се променило и приспособувањето ќе оди потешко и побавно. И уште нешто – не заборавајте на витаминот Д, кој е многу важен за здравјето, а спречува и остеопороза, депресија… Затоа запомнете дека во зима, поради недостаток на сончева енергија, може да се појави негов недостаток. Во исхраната вклучете намирници како риба, жолчки од јајца, сирење, млечни производи… Зимското сметање на времето трае до последниот викенд во март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dali-ovaa-godina-kje-bide-posledna-so-zimsko-smetanje-na-vremeto/feed/ 0
ЕК предлага крај за сезонското поместување на стрелките на часовникот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-kraj-za-sezonskoto-pomestuvanje-na-strelkite-na-chasovnikot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-kraj-za-sezonskoto-pomestuvanje-na-strelkite-na-chasovnikot/#respond Wed, 12 Sep 2018 12:30:21 +0000 https://kurir.mk/?p=99905

Европската Комисија денеска го стави на маса предлогот за укинување на сезонското сметање на времето, откако јавната консултација со граѓаните донесе рекордно висок број да одговори во текот на ова лето. -Поместувањето на часовникот мора да престане. Земјите членки треба да одлучат дали нивните граѓани ќе живеат по летно или по зимско време. Очекувам Парламентот и Советот да го споделат овој став и да изнајдат решение кое ќе функционира за нашиот внатрешен пазар, изјави денеска претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, за време на неговото обраќање пред Европскиот парламент. Сезонското менување на времето постои од седумдесеттите години на минатиот век со цел енергетска заштеда, но Европската Комисија смета дека во 2018 ова нема повеќе смисла бидејќи, според експертски студии, енергетската заштеда е маргинална, а импактот врз здравјето на граѓаните е се поголем, стои во објаснувањето на ЕК. Предлогот на ЕК треба да биде одобрен од Европскиот Парламент и од земјите членки на ЕУ за да стапи на сила. Земјите членки ќе треба да се договорат за тоа кое време ќе се усвои – зимското или летното. Доколку помине предлогот последното поместување на стрелките часовниците би се случило во 2019.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-kraj-za-sezonskoto-pomestuvanje-na-strelkite-na-chasovnikot/feed/ 0