стрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 03 Nov 2023 16:34:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png стрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Совети за помалку стрес и понизок крвен притисок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-pomalku-stres-i-ponizok-krven-pritisok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-pomalku-stres-i-ponizok-krven-pritisok/#respond Fri, 03 Nov 2023 16:34:21 +0000 https://kurir.mk/?p=896238

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ - со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот. Основниот совет сепак, гласи - никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми. Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок. Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците. Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето. При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи - испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно. И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/soveti-za-pomalku-stres-i-ponizok-krven-pritisok/feed/ 0
Оваа песна е најрелаксирачка на светот: Слушнете ја, може да ви го намали стресот за 60 отсто https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ovaa-pesna-e-najrelaksirachka-na-svetot-slushnete-ja-mozhe-da-vi-go-namali-stresot-za-60-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ovaa-pesna-e-najrelaksirachka-na-svetot-slushnete-ja-mozhe-da-vi-go-namali-stresot-za-60-otsto/#respond Mon, 02 Oct 2023 09:39:34 +0000 https://kurir.mk/?p=884128

Истражувачи од Универзитет на Пенсилванија во Филаделфија, САД, ја пронајдоа најрелаксирачката песна на светот - „Weightless“ од групата „Маркони јунион“. Во истражувањето за анксиозност и стрес пред операција, учествувале 157 возрасни лица поделени во две групи. Така, првата група луѓе примиле еден до два милиграми „Мидазолам“ три минути пред блокадата на периферните нерви, а втората група ја слушале песната, инаку објавена 2012 година. Резултатите покажале дека пациентите кои ја слушале песната имале слично ниво на анксиозност како првата група, што посочува дека музиката е исто толку благотворна во намалувањето на стресот. Како што пренесуваат стручните списанија таа песна може да ја намали анксиозноста за дури 60 отсто. Музикотерапијата може да биде алтернатива за користење на „Мидазолам“ пред периферна општа анестезија. Сепак, потребни се дополнителни истражувања, посочува написот. Сепак, истражувачите забележуваат дека пациентите кои го зеле лекот изјавиле дека се позадоволни од целокупното тоа искуство во однос на другата група. Тие веруваат оти тоа е можеби затоа што на пациентите не им било дозволено да изберат што ќе слушаат или зашто е полесно да се комуницира без музика.   (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ovaa-pesna-e-najrelaksirachka-na-svetot-slushnete-ja-mozhe-da-vi-go-namali-stresot-za-60-otsto/feed/ 0
Ситуации кои го тестираат секој брак: Кога тоа ќе се случи, партнерите покажуваат колку се подготвени да се жртвуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/situatsii-koi-go-testiraat-sekoj-brak-koga-toa-ke-se-sluchi-partnerite-pokazhuvaat-kolku-se-podgotveni-da-se-zhrtvuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/situatsii-koi-go-testiraat-sekoj-brak-koga-toa-ke-se-sluchi-partnerite-pokazhuvaat-kolku-se-podgotveni-da-se-zhrtvuvaat/#respond Mon, 02 Oct 2023 08:56:45 +0000 https://kurir.mk/?p=884104

Бракот е голем чекор, но и голема одговорност. Потребен е компромис и без него тешко може да функционира на долг рок. Со себе носи различни ситуации, од кои многу може да ги донесат до искушение партнерите. Сè што изградиле низ годините често се доведува во прашање. Кога се случуваат тешки работи како болест, проблеми со плодноста, па дури и изневерување, најдобро се гледа колку паровите се спремни да се жртвуваат и да се придржуваат до познатото „во добро или во лошо“. Сепак, постојат некои други ситуации кои би можеле да ве стават на тест, а овие две се најчести. Породување Првите месеци по раѓањето на детето се и прекрасни и тешки. Недостатокот на сон и сомнежите за се што правите предизвикуваат нервоза, па расправиите се почести. Потрудете се грижата за детето подеднакво да ја делите со партнерот, за да не го носите сами целиот товар. Ќе го намали стресот и ќе ве поврзе уште подлабоко. Стрес поради работа и пари Финансиската криза е огромен товар за бракот, а недостатокот на основни ресурси може да ги натера луѓето да се обвинуваат едни со други за отпуштања, лоши инвестиции или непромислено трошење. Таквата ситуација го менува моменталниот начин на живот, предизвикува стрес и влијае на целото семејство. Треба да му пристапите со ладна глава и заедно да одлучите кој е вашиот следен чекор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/situatsii-koi-go-testiraat-sekoj-brak-koga-toa-ke-se-sluchi-partnerite-pokazhuvaat-kolku-se-podgotveni-da-se-zhrtvuvaat/feed/ 0
ОВИЕ намирници ќе ви помогнат ако денес сте под стрес https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-namirnitsi-ke-vi-pomognat-ako-denes-ste-pod-stres/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-namirnitsi-ke-vi-pomognat-ako-denes-ste-pod-stres/#respond Mon, 21 Aug 2023 16:30:40 +0000 https://kurir.mk/?p=869239

Ви се чини дека во последно време сè почесто ја губите битката со стресот, а можете да го ублажите и на природен и вкусен начин. Во тоа, пред сè, можат да ви помогнат следните пет намирници. Портокал Ако во последно време сте често под стрес, почестете се со портокал. Агрумите како портокалите и мандарините содржат висока количина на витамин Ц, кој се покажал како корисен во борбата против стресот. Зголеменото ниво на витамин Ц може да го намали нивото на кортизол (хормонот на стрес), како и вашиот крвен притисок кој може да се зголеми во текот на подолгите стресни ситуации. Бадеми и други јаткасти плодови Бадемите, ф’стаците и оревите се богати со омега-3 масни киселини кои го намалуваат нивото на стрес и истовремено ве штитат од депресија. Овесна каша Не само што е секогаш добар избор кога сакате здрав оброк кој ќе ве засити, туку овесната каша и го намалува нивото на хормонот на стресот во вашиот организам. Внесот на овесна каша исто така може да го зголеми нивото на серотонин, хормон кој ја има главната улога во ситуациите кога се чувствуваме среќно и задоволно. Темнa чоколадa Освен што е одличен деликатес, чоколадата може да направи чуда кога е во прашање вашето расположение. Темната чоколада го ублажува стресот и кај лицата кои страдаат од анксиозност. Чај од камилица Ако сите горенаведени намирници сè уште не се доволни за да се ослободите од стресот, пробајте да ги „залеете“ со шолја топол чај од камилица. Оваа топла напивка има својства кои ќе го ублажат стресот и ќе ве смири во текот на нервозните ситуации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-namirnitsi-ke-vi-pomognat-ako-denes-ste-pod-stres/feed/ 0
Ќе исчезне секоја болка: Стиснете ја оваа точка на телото, со причина ја нарекуваат „врата на рајот” https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ke-ischezne-sekoja-bolka-stisnete-ja-ovaa-tochka-na-teloto-so-prichina-ja-narekuvaat-vrata-na-rajot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ke-ischezne-sekoja-bolka-stisnete-ja-ovaa-tochka-na-teloto-so-prichina-ja-narekuvaat-vrata-na-rajot/#respond Tue, 15 Aug 2023 20:16:00 +0000 https://kurir.mk/?p=867146

Симптомите на стрес се бројни и непријатни. Главоболки, дигестивни нарушувања, несоница и нервоза се некои од ситуациите кои можете да ги решите во само неколку минути со притискање на една точка. Стресот е секојдневна појава, која повеќето од нас ја доживуваат. Освен нервоза, постојат многу физички симптоми, како што се главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и дигестивни нарушувања. Кинескиот метод на третман познат како акупресура објаснува дека постојат одредени антистресни точки на човечкото тело, со чија стимулација телото се опушта и го ублажува стресот. Една таква се вика Шен Мен, која во слободен превод значи „врата на рајот”. Со притискањето на ова антистресно место се намалува стресот, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот, ја ублажува болката. Точката се наоѓа на внатрешниот горен дел на увото, а со мало триење станува активна. Еве како со масажа на точка Шен Мен можете да го опуштете телото и духот: Со стапче за уво притиснете ја точката и нежно масирајте. Дишете полека и длабоко, слушајте го вдишувањето и издишувањето. Додека дишете, погледнете лево, а за време на издишување на десно, но без да ја вртите главата. Постепено ќе се чувствувате како вашето тело се релаксира, симптомите на стрес ќе се намалат. Совети: Точката можете да ја масирате и со врвот на прстите. Масирајте ја точката секогаш кога чувствувате дека сте под голем стрес Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ke-ischezne-sekoja-bolka-stisnete-ja-ovaa-tochka-na-teloto-so-prichina-ja-narekuvaat-vrata-na-rajot/feed/ 0
Ако сте вознемирени, под стрес, испробајте го овој древен кинески трик: Држете коцка мраз на овој дел од телото 20 минути дневно https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-ste-voznemireni-pod-stres-isprobajte-go-ovoj-dreven-kineski-trik-drzhete-kotska-mraz-na-ovoj-del-od-teloto-20-minuti-dnevno/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-ste-voznemireni-pod-stres-isprobajte-go-ovoj-dreven-kineski-trik-drzhete-kotska-mraz-na-ovoj-del-od-teloto-20-minuti-dnevno/#respond Fri, 28 Jul 2023 13:13:52 +0000 https://kurir.mk/?p=861151

Според традиционалната кинеска медицина, држењето на коцка мраз на вратот по дваесет минути секој ден прави чуда. Посебно помага кога сме незадоволни од се и сешто, се жалиме на стрес, вознемирени сме, лошо спиеме, имаме главоболки и менструални болки… Старите Кинези ваквите проблеми ги третирале со акупресура, а прецизно стимулирање на одредена точка на вратот наводно не ослободува од гореспоменатите заболувања. Таканаречената точка на Фенг Фу се наоѓа во вратот, во шуплината на долниот крај на черепот, токму таму каде што е вдлабнатината на задниот дел од главата. Ако држите коцка мраз таму дваесет минути и ако ја правите секој ден, се вели дека е успешна во ослободувањето од болката, стресот и проблемите со спиењето. Исцелувањето може дополнително да се стимулира со удобно легнување на стомак, завиткување коцка мраз во крпа, таргетирање на точката Фенг Фу и опуштање дваесет минути. Се верува дека кога го стимулирате, го водите телото на пат кон зајакната животна енергија. И ова, според традиционалната кинеска медицина, обезбедува мирен сон, го стимулира варењето, ги намалува главоболките, забоболките и болките во телото и го поддржува дишењето и циркулацијата. Ги ублажува вагиналните и гастроинтестиналните инфекции и ја стимулира тироидната жлезда. Се вели дека го стабилизира нервниот систем и ‘рбетот и помага при проблеми со крвниот притисок и артритис. Ја намалува дебелината и помага при психички проблеми како депресија, хроничен стрес, исцрпеност или несоница, исто така ги намалува менструалните проблеми, па дури и целулитот. Дури и ако не сте љубител на акупресурата, дваесет минути опуштено лежење со коцка мраз за ладење навистина може да ви помогне психички и физички да се опуштите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ako-ste-voznemireni-pod-stres-isprobajte-go-ovoj-dreven-kineski-trik-drzhete-kotska-mraz-na-ovoj-del-od-teloto-20-minuti-dnevno/feed/ 0
Ослободете се од стресот, ќе ви помогнат ОВИЕ три совети https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/oslobodete-se-od-stresot-ke-vi-pomognat-ovie-tri-soveti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/oslobodete-se-od-stresot-ke-vi-pomognat-ovie-tri-soveti/#respond Tue, 06 Jun 2023 20:16:11 +0000 https://kurir.mk/?p=842960

Три најважни антистрес совети: 1.Посветете се на само на една работа Работете едно по едно и посветете се на задачата на која работите. И предајте се целосно додека не ја завршите. И така списокот на она што мора да се направи никогаш не престанува. 2.Ослободете се од идеализирање Стресот не го прават надворешните фактори, работата или проблемите во семејството, тие се само дел од нашиот живот. Стравот го произведува стресот. Страв од неуспех, страв дека нема да бидеме сакани, дека не сме доволно добри, страв дека некој ќе не остави… Коренот на стравот лежи во идеалот кој сами го креираме и потоа се плашиме дека нема да може да го достигнеме. Во главата ја гледаме само сликата за успешен и совршен себе, опкружен со слични луѓе, кој постојано ужива. Кога ќе сфатиме дека тоа е невозможно, тогаш сме повредени. Останува само стресот кој се родил додека сме се грижеле дали сме го достигнале идеалот на успехот. Наместо да си нанесуваме болка, да ја прифатиме неизвесноста и да веруваме дека ќе биде добро. Помалку ќе се плашиме, а стресот ќе се намали. 3. Прифатете ги другите со насмевка Обично се вознемируваме кога другите не се однесуваат така како што мислиме дека треба. Наместо да се вознемируваме, треба да се обидеме да ги прифатиме другите. Ако ги прифатиме, во нив ќе препознаеме дел од себе – несовршени, во потрага по среќата, во борба со среќата…Затоа прифатете ги од срце, уживајте во времето поминато со нив и ќе бидете посреќни, а помалку под стрес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/oslobodete-se-od-stresot-ke-vi-pomognat-ovie-tri-soveti/feed/ 0
Стресот е причина за вишокот килограми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stresot-e-prichina-za-vishokot-kilogrami/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stresot-e-prichina-za-vishokot-kilogrami/#respond Thu, 13 Apr 2023 13:33:28 +0000 https://kurir.mk/?p=823387

Стресот не може да го снема од нашиот живот, но со различни вежби за управување со истиот, можеме да му се спротивставиме и да спречиме појава на хроничен стрес. Иако следниве методи ќе ви изгледаат премногу “западњачки”, само присетете се каква работа имате – и кај нас се работи до 16/17/18 часот и барањата на работодавците се сe’ поголеми. Методите за опуштање и справување со стресот се следни: Активирајте се – физичка активност, од пешачење до пливање и кревање тегови, значително влијае на намалување на стресот, благодарение на хормоните на среќа кои се лачат при вежбање. Медитирајте – загледајте се во нешто, престанете да размислувате за изминатиот ден и уживајте. Смејте се – нема подобар лек за стресот од смеењето. Контактирајте со вашите пријатели – можеби во секојдневната брзаница сте ги заборавиле своите пријатели. Одвојте време да се најдете и видите со нив, ќе видите дека не сте единствените кои имаат проблеми. Контролирајте колку работите – научете да кажете НЕ. Не мора секогаш вие сe’ да правите, пронајдете начин да ја прераспределите работата и на другите колеги. Вежбајте јога – овие вежби и дишењето кои се практикуваат при вежбање јога доста поволно делуваат на нашето здравје. Спијте – добриот сон е природен релаксант. Во текот на спиењето нашето тело се регенерира. Хранете се здраво – пријатен, здрав оброк е одмор за душата и телото. Побарајте помош – иако психотерапијата не е толку популарна кај нас, е навистина одличен начин да се справите со стресот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stresot-e-prichina-za-vishokot-kilogrami/feed/ 0
Истражување: Начинот на кој се користи компјутерот го открива степенот на стрес на работа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-nachinot-na-koj-se-koristi-kompjuterot-go-otkriva-stepenot-na-stres-na-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-nachinot-na-koj-se-koristi-kompjuterot-go-otkriva-stepenot-na-stres-na-rabota/#respond Wed, 12 Apr 2023 08:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=823115

Начинот на кој луѓето пишуваат на тастатурата и го користат компјутерското глувче, може да биде подобар показател за стрес отколку мерењата срцев ритам, посочуваат швајцарски истражувачи. Како што велат, нивниот модел може да помогне да се спречи хроничен стрес. Истражувачите од Швајцарскиот технолошки институт во Цирих (ЕТХЗ), набљудувале 90 учесници во лабораторија како извршуваат канцелариски задачи од реалниот свет, како што се закажување состаноци или снимање и анализа на податоци. Научниците го набљудувале користењето на глувчето и пишувањето на испитаниците, како и отчукувањата на срцето и редовно ги прашувале колку се тие под стрес. - Тоа кажува повеќе за нашето ниво на стрес отколку отчукувањата на срцето во работната средина, истакна математичарката и една од авторите на научниот труд, Мара Нажлин. На некои учесници им било дозволено да работат непречено, но половина од групата постојано биле прекинувани со пораки за разговор или повици за состанок. Истражувачите открија дека луѓето под стрес пишуваат и го движат глувчето поинаку од оние кои се опуштени. - Имено, луѓето под стрес почесто и понепрецизно го движат глувчето, вели Нажлин. Исто така, откриено е дека луѓето кои се чувствуваат под стрес во канцеларија прават повеќе печатни грешки и се склони да пишуваат нагло и брзо, со многу кратки паузи. Од друга страна, пак, опуштените луѓе прават помалку, но подолги паузи кога пишуваат и работат на своите компјутери. Врската меѓу стресот и употребата на тастатурата и глувчето може да се објасни со тн. теорија на невромоторна способност. - Зголеменото ниво на стрес негативно влијае на способноста на нашиот мозок да обработува податоци. Тоа влијае и на нашите моторни способности, објасни психологот Џасмин Кер. Се истакнува и дека секој трет вработен во Швајцарија страда од стрес на работа. „Засегнатите често не сфаќаат дека нивните физички и ментални ресурси се намалуваат, додека не е предоцна“, се вели во написот. Научниците сметаат дека треба да им се помогне на работниците брзо да го идентификуваат стресот, меѓу другото, и создавајќи алатки за следење на нивната работа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/istrazhuvane-nachinot-na-koj-se-koristi-kompjuterot-go-otkriva-stepenot-na-stres-na-rabota/feed/ 0
Под стрес сте? Треба да јадете ореви! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pod-stres-ste-treba-da-jadete-orevi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pod-stres-ste-treba-da-jadete-orevi/#respond Sun, 09 Apr 2023 16:11:12 +0000 https://kurir.mk/?p=822184

Нервниот систем може да се одржува стабилен, меѓу другото, и со помош на ореви, изјавила диетологот Маргарита Корољова за списанието „Нејшн њуз”. Според неа, оревите помагаат за поздрав нервен систем, благодарение на витаминот А, Е и К и на масните киселини што се содржат во нив. Тоа е зашто главниот мозок, во повеќе од една третина се состои од масти. За поцврст нервен систем може да послужат производи што содржат и поголема количина витамини од групата Б. Тоа може да биде зеленчук, зрнеста храна, зелена салата и мешунки. Сѐ тоа е здраво за целото човеково тело, па и за нервниот систем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pod-stres-ste-treba-da-jadete-orevi/feed/ 0