строг карантин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 10 Feb 2021 12:36:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png строг карантин – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во соседството од утре најстрог карантин- ќе биде сличен како на почетокот на пандемијата во март минатата година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-od-utre-najstrog-karantin-kje-bide-slichen-kako-na-pochetokot-na-pandemijata-vo-mart-minatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-od-utre-najstrog-karantin-kje-bide-slichen-kako-na-pochetokot-na-pandemijata-vo-mart-minatata-godina/#respond Wed, 10 Feb 2021 12:36:13 +0000 https://kurir.mk/?p=466790

Целосно затворање на бизнисите и услугите што претходно беа отворени, како што се продавниците, фризерските и козметичките слони, берберниците, но затворање и на училиштата и градинки, литургии во црквите без верници, укинување на услугат „click away“, полициски час од 21 часот од понеделник до петок и од 18 часот за време на викендите, движење само по претходно испратена смс порака, задолжителна употреба на маска, се дел од мерките што од утре наутро стапуваат во сила во областа Атика, јави дописничката на МИА од Атина. Поширокиот регион на Атина како што вчера соопшти грчкиот премиер, влегува во строг карантин до 28 февруари, што е речиси идентичен на првиот, во март минатата година, а заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и генералните секретари од надлежните министерства денеска на прес конференција детално ги објаснија мерките. Отворени ќе бидат само супермаркетите, продавниците за храна, аптеките, продавниците за домашни миленичиња, бензинските станици, центрите за техничка контрола на возила, како и сервисите за возила. Исклучок има за цвеќарите кои ќе бидат отворени само следниот викенд на 13 и 14 февруари. Угостителските објекти, кои се целосно затворени веќе три месеци, како и досега ќе можат да работата со достава и со услугата „take away“. Учениците во Атина, како од основните, така и од средните училишта од утре почнуваат со онлајн настава, а затворени ќе бидат и градинките. Во државниот сектор за 50 отсто од вработените, задолжителна е работа од дома, додека пак за приватиот сектор, задолжителна е работатат од дома за колку е можно повеќе вработени. Хардаљас рече дека иако ја разгледале можноста за воведување смс пораката за физичка активност да важи само во рамките на општината во која живеат граѓаните, сепак тоа не било изводливо и нема забрана за движење меѓу општини за индивидуално спортување. Мeѓутоа, истакна дека препораката е „движењето да биде со мерка“. Литургиите во црквите ќе бидат без присуство на верници, а за свадби, погреби и крштенки, дозволени се најмногу девет лица . Јавниот превоз во Атина ќе функционира со 65 отсто од капацитетот, а бродовите со 50 или 55 проценти во зависност од видот. Во автомобилите и такси возилата дозволени се најмногу две лица. Хардаљас рече дека освен почитувањето на мерките, важни се и контролите кои ги врши Националната служба за транспарентност на Грција. Раководителот на службата Ангелос Бинис на денешната прес конференција рече дека во периодот од 1 ноември 2020 година до 31 јануари 2021 година биле направени 6,5 милони контроли и изречени 153.918 казни во висина 45,7 милиони евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-sosedstvoto-od-utre-najstrog-karantin-kje-bide-slichen-kako-na-pochetokot-na-pandemijata-vo-mart-minatata-godina/feed/ 0
Поради ширењето на мутираниот коронавирус, Франција би можела да оди во строг карантин https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shirenjeto-na-mutiraniot-koronavirus-francija-bi-mozela-da-odi-vo-strog-karantin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shirenjeto-na-mutiraniot-koronavirus-francija-bi-mozela-da-odi-vo-strog-karantin/#respond Fri, 22 Jan 2021 09:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=458402

Франција ќе мора да прибегне кон строги ограничувачки мерки како оние во Ирска и во Велика Британија, ако не успее да го спречи ширењето на мутираниот коронавирус. Тоа го изјави денеска францускиот епидемиолог и владин советник Арно Фонтане. Тој за француското радио Ентер нагалчси дека мерката ќе зависи од напредокот во ширењето на мутираниот коронавирус. Според него, друг проблем е што Франција е во многу тензична ситуација поради исцрпениот медицински персонал во болниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-shirenjeto-na-mutiraniot-koronavirus-francija-bi-mozela-da-odi-vo-strog-karantin/feed/ 0