струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 12:36:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png струја – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Престана со работа главната единица за производство на струја во болница во Газа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prestana-so-rabota-glavnata-edinitsa-za-proizvodstvo-na-struja-vo-bolnitsa-vo-gaza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prestana-so-rabota-glavnata-edinitsa-za-proizvodstvo-na-struja-vo-bolnitsa-vo-gaza/#respond Thu, 02 Nov 2023 12:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=895807

Престана со работа главната единица за производство на струја во болницата во близина на бегалскиот камп Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти тамошното Министерство за здравство. Портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф Ал-Кудра, во телевизиско обраќање рече дека болницата сега работи со помал, резервен генератор, но мора да ги исклучи светлата во повеќето простории, да ги исклучи генераторите на кислород, како и ладилникот во мртовечницата. „Овие итни мерки ќе и овозможат на болницата да работи само уште неколку дена. Меѓутоа, ако не можеме да обезбедиме струја или гориво, ќе се соочиме со катастрофа“, предупреди Ал-Кудра. Шеснаесет од 35-те болници во Појасот Газа повеќе не се во можност да лекуваат пациенти поради недостиг на гориво, изјави денеска портпаролот на Министерството за здравство на Хамас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prestana-so-rabota-glavnata-edinitsa-za-proizvodstvo-na-struja-vo-bolnitsa-vo-gaza/feed/ 0
Таксата за транзит на руски гас ја отвара можноста за зголемување на цената на парното и струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/#respond Thu, 02 Nov 2023 06:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=895575

Бугарската такса за транзит на руски гас може да резултира со поскапување на рускиот енергенс за крајните корисници што, пак, ќе предизвика зголемување на цената на парното и струјата. Северна Македонија бара ослободување на капацитетите за гас и таксата да не важи затоа што, како што вчера изјави премиерот Димитар Ковачевски, таа е неправедно наметната. Воведувањето на оваа такса, според него, ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и на парното. - Затоа побаравме да се ослободи капацитетот за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на „Газпром“ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, рече Ковачевски, додавајќи дека заедно со министерот за економија веќе реагирале до Европската комисија. Министерот за економија Крешник Бектеши вчера соопшти дека до крајот на ноември ќе се чека одговор на барањето до Европската комисија за таксата за транзит на рускиот гас. - До крајот на месец ноември ќе чекаме одговор на нашата реакција и нашето барање до Европската комисја за воведената такса за транзит на руски гас од страна на Бугарија. Нашето барање е да се ослободат дополнителни капацитети на гасоводот којшто го имаме со Бугарија и којшто е целосно закупен од „Гаспром“. Доколку не се ослободат потребните количини за нашите потреби, ќе бараме конпензирање на штетата од страна на Европската комисија за непочитување на нивните директиви, а зошто да не и да ја бараме правдата во меѓународен спор со Европската комисија и со „Булгаргастранс“, истакна Бектеши во емисијата „Аргумент плус“ на Телевизија 24. Од друга страна, според Регулаторната комисија за енергетика, не се очекува корекција на цената до крајот на грејната сезона. -Корекции на цената до крајот на грејната сезона нема да има без разлика на таксата за руски гас. На последниот тендер за набавка на природен гас, цената е вообичаена и е некаде во рамки на берзата во Холандија, најголемата берза во Европа. Дали во таа цена е вкалкулиран екстра трошок или не, не знаеме, но цената е во рамки на цената на европските берзи. Верувам дека во наредниот период ќе бидат преземени сите мерки, зашто Македонија на ниту еден начин не треба да биде погодена од воведувањето на оваа такса зашто оваа такса се однесува исклучиво на руски гас и јасно е дека земјава не била таргетот, туку тоа се други држави кои не знам од кои причини се однесуваат така како што се однесуваат, изјави во вторникот претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Реакции за воведувањето на таксата за рускиот гас од страна на Бугарија имаше и од страна на српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. - Ова е голем проблем за нас. Тоа ќе доведе до драстично зголемување на цената на гасот за дополнителни 100 евра за 1000 кубни метри гас. Ова е ужасно зголемување и ќе разговараме со бугарската страна. И оваа одлука не треба да важи за Србија, реагираше српскиот претседател Александар Вучиќ. Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто, новите бугарски такси се неприфатливи и ја загрозуваат европската солидарност. Од Европската комисија вчера изјавија дека Бугарија има право сама да одлучува како ќе ги користи приходите од наплатата на таксата. - Таксите што ги наплаќа Бугарија за транзит на рускиот гас за Србија, Унгарија и Северна Македонија се национална мерка и затоа право на Бугарија е да одлучи каде ќе ги насочи овие приходите, изјави портпаролот на ЕК за климатска акција и енергија Тим Мекфи, потсетувајќи дека во 11-те пакет-мерки што ЕУ ги воведе против Русија, во делот на енергенсите санкции се предвидени само за нафтата и јагленот, но не и за гасот. Бугарија на 13 октомври воведе такса за транзит на рускиот гас низ нејзина територија во висина од 10 евра за мегават час, од која очекува годишен приход од 1,2 до 1,5 милијарди евра, средства кои, како што најави минатата недела бугарскиот премиер Николај Денков, би можеле директно да завршат во Буџетот на ЕУ. Софија очекува првите приходи од новата такса да се најдат на нејзината сметка на 14 ноември, но некои бугарски енергетски експерти изразуваат сомнеж дека земјата воопшто ќе добие некакви средства. Експертот Калојан Стајков за „Еурактив“ изјави дека гасоводот преку кој транзитира гасот „тешко дека ќе може да се оквалификува како руски, бидејќи поврзува неколку извори“ на енергенсот. „Газпром“ досега не се изјасни за новата енергетска такса и не е познато дали има намера да ја плаќа. Бугарскиот министер за финансии Асен Василев минатата недела изјави дека доколку „Газпром“ одбие да ја плаќа таксата ќе бидат запленети неговите финансиски гаранции на договорите во Бугарија, а може да се соочи со конфискување на имот во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/taksata-za-tranzit-na-ruski-gas-ja-otvara-mozhnosta-za-zgolemuvane-na-tsenata-na-parnoto-i-strujata/feed/ 0
Без струја неколку улици во Кисела Вода и Карпош и поголем дел од Визбегово https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-struja-nekolku-ulitsi-vo-kisela-voda-i-karposh-i-pogolem-del-od-vizbegovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-struja-nekolku-ulitsi-vo-kisela-voda-i-karposh-i-pogolem-del-od-vizbegovo/#respond Wed, 25 Oct 2023 06:04:49 +0000 https://kurir.mk/?p=892769

ЕВН известува дека, поради технички зафати во електро-дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во општините Кисела Вода и Карпош и поголемиот дел од населбата Визбегово во општина Бутел. Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Лазар Димитров' во Кисела Вода. Од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците „Ристо Равановски“, „Анкарска“ и „Борка Талевски' во Карпош. Од 10:00 до 13:00 часот, корисниците од поголемиот дел од населба Визбегово во општина Бутел. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/bez-struja-nekolku-ulitsi-vo-kisela-voda-i-karposh-i-pogolem-del-od-vizbegovo/feed/ 0
Црвениот крст предупредува: Болниците во Газа без струја може да се претворат во мртовечници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveniot-krst-predupreduva-bolnitsite-vo-gaza-bez-struja-mozhe-da-se-pretvorat-vo-mrtovechnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveniot-krst-predupreduva-bolnitsite-vo-gaza-bez-struja-mozhe-da-se-pretvorat-vo-mrtovechnitsi/#respond Fri, 13 Oct 2023 11:03:48 +0000 https://kurir.mk/?p=888479

Болниците во Газа ризикуваат да се претворат во мртовечници без струја - велат од Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Единствената електрана во Газа остана без гориво во средата, а резервните генератори би можеле да престанат да работат за неколку часа, додава Би-Би-Си. Медицинските центри беа преполни откако Израел воведе „тотална опсада“ на Газа и ја нападна територијата со воздушни и артилериски напади. Израел вети дека нема да ја врати електричната енергија и нема да дозволи основни ресурси и хуманитарна помош во Газа додека Хамас не ослободи околу 150 заложници што ги киднапираше за време на нападите во саботата. „Како што Газа ја губи струјата, болниците ја губат електричната енергија, со што се изложени на ризик новороденчињата во инкубатори и постарите пациенти на кислород. Дијализата на бубрезите престана, а рендген не може да се направи“, рече Фабрицио Карбони, директор на МКЦК за регионот. „Без струја, болниците ризикуваат да се претворат во мртовечници“, предупреди тој, додавајќи дека болниците сè уште работат на генератори, но дека горивото ќе трае само „неколку часа“. Долги редици се гледаат пред болниците во Газа, а повредените чекаат помош. Потребната медицинска опрема е при крај, здравствените работници апелираат граѓаните да даруваат крв. Децата, од кои некои се тешко повредени, лежат во болнички кревети и плачат чекајќи да се лекуваат. Најголемиот јавно здравствен комплекс во Појасот Газа, болницата Ал-Шифа, е „преоптоварен“, изјави тамошниот лекар за Би-Би-Си. „Тешко дека можеме да се справиме со пациентите“, рече д-р Мохамад Матар, пренесува BBC.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tsrveniot-krst-predupreduva-bolnitsite-vo-gaza-bez-struja-mozhe-da-se-pretvorat-vo-mrtovechnitsi/feed/ 0
Болниците во Газа би можеле да останат без струја за неколку часа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnitsite-vo-gaza-bi-mozhele-da-ostanat-bez-struja-za-nekolku-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnitsite-vo-gaza-bi-mozhele-da-ostanat-bez-struja-za-nekolku-chasa/#respond Thu, 12 Oct 2023 10:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=888034

Болниците во Газа за неколку часа би можело да останат без струја, предупреди Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Тие претходно предупредија за болниците кои остануваат без гориво за нивните генератори на електрична енергија во Газа. Регионалниот директор на МКЦК за Блискиот Исток, Фабрицио Карбони изјави дека, колку што разбрале, сè уште има гориво за генераторите, но веројатно само за неколку часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bolnitsite-vo-gaza-bi-mozhele-da-ostanat-bez-struja-za-nekolku-chasa/feed/ 0
Птица предизвикала испад во ТС Битола 2, снабдувањето со струја по половина час е нормализирано https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ptitsa-predizvikala-ispad-vo-ts-bitola-2-snabduvaneto-so-struja-po-polovina-chas-e-normalizirano/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ptitsa-predizvikala-ispad-vo-ts-bitola-2-snabduvaneto-so-struja-po-polovina-chas-e-normalizirano/#respond Fri, 06 Oct 2023 08:02:43 +0000 https://kurir.mk/?p=885921

Денеска во раните утрински часови дојде до испад во ТС Битола 2 инициран од птица која прелетала во делот на 110 kV собирница при што дошло до прескок со еден од порталите на истата собирница. - Испадот предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија во траење од половина час, но со навремена реакција на вработените во Подружницата ОПМ (вработените во Одделот ТС, Одделот  ТКОИ, Одделот Релејна заштита и Одделот ДВ) се беше вратено во првобитната состојба, а снабдувањето со електрична енергија е нормализирано и се одвива непречено, соопштија од АД МЕПСО. Во соопштението се посочува дека штетите врз опремата од денешниот испад се незначителни, поради фактот што,с е подвлекува, АД МЕПСО - Скопје располага со кадар кој е еден од најдобрите во регионот и ваквите брзи и навремени интервенции се дел од нашата секојдневна работа. - Случаи од ваков тип, птица да предизвика испад во напојувањето, се исклучително ретки но за жал не и невозможни, информираат од АД МЕПСО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ptitsa-predizvikala-ispad-vo-ts-bitola-2-snabduvaneto-so-struja-po-polovina-chas-e-normalizirano/feed/ 0
Дневна евтина тарифа од 13 до 15 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dnevna-evtina-tarifa-od-13-do-15-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dnevna-evtina-tarifa-od-13-do-15-chasot/#respond Thu, 05 Oct 2023 12:25:08 +0000 https://kurir.mk/?p=885585

Домаќинствата евтината дневна тарифа на електричната енергија ќе може да ја користат од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Оваа бенефиција граѓаните ќе започнат да ја користат од декември. Иако, првично беше најавено дека евтината дневна тарифа ќе биде вратена со стартот на грејната сезона, тоа нема да се случи, регулаторот и ЕВН постигнаа, два часа поевтина струја во текот на денот домаќинствата да користат од декември. „Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Но, според информациите кои ги добивме од енергетската компанија која е во приватна сопственот, ЕВН Македонија само 170 илјади броила се со далечинска комуникација, односно толку броила може да се ресетираат директно од објектите на ЕВН, останатите нешто над 650 илјади броила ќе треба екипи на енергетската фирма да ги сетираат на лице место. Од ЕВН за ТВ 24 велат дека најголемиот дел од броилата ќе ги приспособат уште на први декември, а проблем може да им претставуваат недостапните броила. „Од први декември ќе влегува во сила, новиот тарифен систем, а од тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. До тогаш ЕВН ќе ги направи сите технички подготовки и софтверски тестирања и слично.“ Евтината дневна тарифа беше укината од страна на регулаторна на први јануари ланската година. Образложението тогаш беше дека тоа многу ја чини државата во време на енергетска криза. Кризата со енергенски не е завршена и ризиците се се уште присутни во однос на тоа како ќе се движат цените на електричната енергија и гасот на светските берзи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dnevna-evtina-tarifa-od-13-do-15-chasot/feed/ 0
Во првите шест месеци од годинава просечната цена на струјата за домаќинствата 6,737 денари за киловат час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava-prosechnata-tsena-na-strujata-za-domakinstvata-6-737-denari-za-kilovat-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava-prosechnata-tsena-na-strujata-za-domakinstvata-6-737-denari-za-kilovat-chas/#respond Mon, 02 Oct 2023 08:01:50 +0000 https://kurir.mk/?p=884049

Во првото полугодие од годинава просечната цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 6,737 денари по киловат час, што претставува пораст од 3,9 отсто во споредба со второто полугодие од 2022 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност (ДДВ) за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 6,980 до 11,744 денари по киловат час по групи на потрошувачи. Просечната цена, пак, на природниот гас без данокот на додадена вредност за крајните потрошувачи, освен домаќинствата, се движи од 40,357 до 57,790 денари по нормален кубен метар по групи на потрошувачи. Просечната малопродажна цена на природниот гас за домаќинствата е 69,614 денари за нормален кубен метар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vo-prvite-shest-mesetsi-od-godinava-prosechnata-tsena-na-strujata-za-domakinstvata-6-737-denari-za-kilovat-chas/feed/ 0
Арачиново и Липково со минимални, а Скопје со најголеми загуби на струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/arachinovo-i-lipkovo-so-minimalni-a-skopje-so-najgolemi-zagubi-na-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/arachinovo-i-lipkovo-so-minimalni-a-skopje-so-najgolemi-zagubi-na-struja/#respond Wed, 06 Sep 2023 12:14:16 +0000 https://kurir.mk/?p=875209

Во Арачиново загубите на електрична енергија во изминатиот период биле сведени на ниво од 10 отсто, во Липково ќе бидат под 10 отсто, а Скопје со 20 проценти е регион со најголеми загуби на електрична енергија, изјави директорот на ЕВН Електродистрибуција, Сашо Салтировски. Тој информираше дека до крајот на декември сите достапни броила на ЕВН ќе бидат сетирани за евтина дневна тарифа. Дел од броилата се т. н. смарт броила и тие ќе бидат сменети преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200. 000 корисници ќе имаат евтина струја. -Арачиново во јуни и јули има загуби од 10 проценти, тоа е на ниво на технички загуби и едно од наниските на ниво на цела Македонија. Слупчане проектот веќе се привршува, а општина Липково ќе биде првата општина во Македонија целосно покриена со смарт-броила и со загуби под 10 проценти, информираше Салтировски. Според него, струја повеќе се краде во руралните, а помалку во урбаните средини, додека етничкиот состав на населението не играло голема улога. -Скопје со 20 проценти е регион со најголеми загуби на електрична енергија, а морам да кажам дека Тетово има помалку загуби отколку Битола. Не е тоа поврзано етнички. Секаде каде што нема колективни згради, каде што средините се порурални, како Лисиче и Драчево, загубите се поголеми, додаде тој. Салтировски ги замоли граѓаните да им бидат достапни броилата, за како што рече, да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата. -Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Во викенд куќи не можеме да се сетира броилото ако куќата е затворена. Ако луѓето се на работа, а не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме. Во Арачиново броилата се надвор и таму со сигурност ќе бидат сетирани затоа што во изминатиов период тој проект е завршен, појасни Салтировски. Министерот за економија Крешник Бектеши потсети дека одлуката за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кое е независно тело. -Воведувањето на дневна евтина тарифа е поврзано со производството, со капацитетот на ЕСМ за да произведува струја во тие пикови. Согласно анализите кои се направени одлучивме сите заедно евтина дневна тарифа да биде воведена на 1 декември, изјави Бектеши и ги повика граѓаните кои сакаат да имаат евтина дневна тарифа од 1 декември да им дозволат пристап на службите на ЕВН до броилата за да можат да интервенираат. И директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами рече дека во моментов се врши верификација на електричните броила и по констатација дека грешките се во граница на максимална точност се става жиг дека се проверени. Тој ги повика сите граѓани кои се сомневаат за точност на електричните броила да се обратат во Бирото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/arachinovo-i-lipkovo-so-minimalni-a-skopje-so-najgolemi-zagubi-na-struja/feed/ 0
Салтировски: До крајот на декември сите достапни броила на ЕВН ќе бидат сетирани за евтина дневна тарифа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/saltirovski-do-krajot-na-dekemvri-site-dostapni-broila-na-evn-ke-bidat-setirani-za-evtina-dnevna-tarifa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/saltirovski-do-krajot-na-dekemvri-site-dostapni-broila-na-evn-ke-bidat-setirani-za-evtina-dnevna-tarifa/#respond Wed, 06 Sep 2023 11:01:45 +0000 https://kurir.mk/?p=875179

При крај сме со подготовките и како што ветивме до 1 декември годинава се ќе биде подготвено за воведување евтина дневна тарифа на електричната енергија, а до крајот на декември сите достапни броила ќе бидат сетирани, порача денеска менаџерот на Електродистрибуција Сашо Салтировски. -Дел од броилата се т.н. смарт броила, тие ќе ги смениме дури преку ноќ и веќе од 1 декември околу 200.000 корисници ќе имаат веќе сетирани тарифи, а другите би биле во текот на месецот. Многу ќе зависи од потрошувачите и достапноста на броилата, рече Салтировски во одговор на новинарско прашање при денешната посета на министерот за економија Крешник Бектеши на подружницата на ЕВН Македонија во Бутел заедно со директорот на Бирото за метрологија, Авдуљ Сељам Селами. Тој ги замоли граѓаните да им бидат достапни броилата, за како што рече, да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата. -Сите оние броила што ќе бидат достапни ќе бидат сетирани во текот на декември, а колку вкупно броила ќе бидат сетирани ќе зависи од достапноста на броилата. Сите броила што се достапни ги читаме еднаш месечно и сите тие ќе бидат сетирани, бидејќи тоа оди оптички со еден уред се оди од броило до броило и при читањето софтверот ги сетира како што треба да се сетира, појасни Салтировски. Нагласи дека во викенд куќи не можеме да се сетира броилото ако куќата е затворена. -Ако луѓето се на работа, а не се дома, а броилото е внатре не можеме да го сетираме. Во Арачиново броилата се надвор и таму со сигурност ќе бидат сетирани затоа што во изминатиов период тој проект е завршен, рече Салтировски. Министерот Бектеши потсети дека одлуката за воведување на евтина дневна тарифа на електричната енергија ја носи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) кое е независно тело. -Воведувањето на дневна евтина тарифа е поврзано со производството, со капацитетот на ЕСМ за да произведува струја во тие пикови. Согласно анализите кои се направени одлучивме сите заедно евтина дневна тарифа да биде воведена на 1 декември. Ги повикуваме сите граѓани кои сакаат да имаат евтина дневна тарифа од 1 декември да им дозволат пристап на службите на ЕВН до броилата за да можат да интервенираат. Ако броилото не е достапно тоа ќе биде сетирано од наредниот месец, посочи Бектеши]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/saltirovski-do-krajot-na-dekemvri-site-dostapni-broila-na-evn-ke-bidat-setirani-za-evtina-dnevna-tarifa/feed/ 0